IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 61>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:32
Вест хем ги носи Роналдињо и Бекам
 
 
Раководството на Вест хем е во грозничава потрага по звучно фудбалско име кое ќе привлече публика и ќе ги поттикне другите играчи

По неуспехот во своите редови да ги донесат Тиери Анри и Џо Кол, првите луѓе на Вест хем, Дејвид Саливен или Дејвид Голд повторно се обидуваат од Лос Анџелес Галакси да го доведат 35-годишниот Дејвид Бекам. Но според пишувањето на британскиот печат, тие се заинтересирани и за 30-годишниот Роналдињо, чиј агент и брат изјави дека тој сака да ја заврши кариерата во Милан.
Роналдињо има договор со „росонерите“ до 2011 г. а Бекам до 2012 г., но во Вест хем велат дека ќе бидат упорни да доведат барем еден од нив.
Вест хем минатата сезона ја заврши на 17-то место во првата англиска лига, последното кое гарантира опстанок.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:35
Фантастично изведен пенал од страна на јуниор на Шпанија
 
 



Шпанија продолжува да раѓа исклучителни фудбалски таленти. Уште еден од низата докази видовме денес за време на натпреварот на националната селекција на црвените на ЕП за Јуниори до 19 години.


Ла Роха успеа да се пласира во елиминационата фаза откако во групата забележаа 3 победи, вчера момците на Луис Мија со 3-0 ја декласираа селекцијата на Италија.

Интерен и доста воодушевувачки беше шутот на Есекиел Калвенте, напаѓачот на Бетиз, кој шутираше од белата точка. Клевенте затрча кон топката со намера да бие со десната нога а во последен момент ја погоди истата со лева и со тоа не му остави најмала шанса да одбрани.

 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:20
Видиќ уште четири години во Јунајтед

Српскиот репрезентативец Немања Видиќ се договори со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката со актуелниот англиски првак. Според новиот договор, искусниот стопер ќе заработува меѓу 70 и 90 илјади фунти неделно и со тоа ќе стане вториот најплатен играч на Јунајтед по Вејн Руни. Со продолжувањето на верноста кон "црвените ѓаволи", Видиќ ги прекина шпекулациите дека ова лето ќе се пресели во Реал Мадрид, кој е исклучително заинтересиран за него. Според новиот договор, Видиќ во следните четири години ќе заработи околу 18 милиони фунти.

"Во последно време се појавија многу неточни информации околу продолжувањето на кариерата на Немања. Ниедна од нив не излезе од кампот на Манчестер Јунајтед и затоа ние сме дополнително изненадени од ваквиот развој на настаните. Преговорите меѓу нас и Видиќ беа привремено прекинати кога тој замина на Светското првенство во Јужна Африка, но продолжија откако Србија доживеа елиминација. Договорот деновиве треба да биде потпишан, сега нашите адвокати ги подготвуваат документите кои подоцна советниците на Немања ќе ги проверат. Тој се уште е на одмор, но според планот, треба да потпише кога ќе се врати", изјави извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил.

Претходниот договор на Видиќ беше со важност до 2012 година и тој не беше задоволен од финансискот дел затоа што, иако носител на играта, беше далеку од најплатените во екипата. Манчестер Јунајтед неделава треба да седне на преговори и со Вејн Руни со кого исто така, начелно, е постигнат договор за продолжување на соработката под нови финансиски услови.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:21
Форлан прогласен за најдобар спортист во Уругвај

Најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство во Јужна Африка, Диего Форлан, е прогласен за спортист на годината во својата татковина Уругвај. Играчот на Атлетико Мадрид беше убедливо најзаслужен за пласманот на неговата репрезентација во полуфиналето на Мундијалот бидејќи постигна пет гола и двапати беше прогласуван за играч на натпреварите.

"Почестен сум што ја добивам оваа награда. Веќе имав можност да добивам признанија во странство, но оваа е во Уругвај, земјата каде што сум роден и затоа е голема привилегија", изјави Форлан.

Покрај Златната топка на Мундијалот во Јужна Африка, 31-годишниот напаѓач досега двапати беше Златна копачка на Европа, и тоа по еднаш како фудбалер на Виљареал и Атлетико Мадрид. Минатата сезона ги предводеше и "црвено-белите" до титулата во Лигата на Европа, што е прв трофеј за овој клуб по повеќе од четири децении. Не е ни чудо што за него летово се заинтересирани голем број европски гиганти, пред се Јувентус и Интер, а од втор план шанса очекува и Манчестер Сити. Самиот Форлан изјави дека е среќен на Висенте Калдерон и дека нема намера да си оди оттаму.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 16:36

Арсенал и Барселона договориле трансфер на Фабрегас?

Извор: Бета

Фудбалските клубови Арсенал и Барселона постигнале договор за трансфер на фудбалерот на англискиот тим Сеск Фабрегас во каталонскиот клуб, тврди во вторник шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Според изданието, двата клуба во тајност постигнале договор за преоѓање на Фабрегас, а до конечното потпишување недостасуваат уште неколку детали.

Барселона би требало да плати на Арсенал околу 45 милиони евра за шпанскиот репрезентативец.

Веста за трансферот на Фабрегас во Барселона треба да биде соопштена кон крајот на следната недела

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 15:14
Работнички ќе се обиде да му се спротистави на Ливерпул

Околу 22.000 гледачи ќе го следат утрешниот фудбалски спектакл од третото квалификациско коло од Лигата на Европа  меѓу Работнички и англискиот гигант Ливерпул. Портите на Националната арена „Филип Втори“ утре во 18:20 часот ќе бидат отворени за навивачите, а по налог на УЕФА со цел да се избегнат турканиците и да се овозможи подобра контрола на билетите ќе бидат затворени во 19:45, иако натпреварот почнува во 20:45 часот.

Ливерпул е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар иако стратегот на Работнички Зоран Стратев остава неколкупроцентна можност за сензација и позитивен исход под кој се подразбира и реми.

- Им кажав на фудбалерите дека треба да уживаат на теренот заедно со љубителите на фудбалот. Убеден сум дека ќе одиграат најдобро што можат и ќе го остават срцето на теренот. Атмосферата во клубот е на завидно ниво и се надевам дека љубителите на фудбалот ќе бидат задоволни без разлика на крајниот резултат на натпреварот. Ливерпул е апсолутен фаворит, иако потајно се надевам на позитивен  резултат под кој го подразбирам и нерешениот исход, рече Стратев на денешната прес-конференција.

Тој најави дека без разлика на големината на Ливерпул тактичката поставеност на Работнички ќе биде 4:3:3 со можна трансформација во 4:5:1 во зависност од резултатот. За утрешниот натпревар во составот ги најави фудбалерите кои се изборија Ливерпул да дојде во Скопје иако не исклучи кој било од останатите играчи да влезе во игра.

Капитенот на Работнички Никола Глигоров и вети на 22-илјадната публика дека ќе биде задоволна  од натпреварот и покрај трансферите во поголеми клубови на некои од играчите во последниве неколку недели.

- Во клубот владее опуштена атмосфера и цела седмица живееме и посакуваме Ливерпул во Скопје да настапи со најсилниот состав  и да видиме до каде сме, иако за резултатот би било подобро да дојдат без ѕвездите, рече Тодоров.

Од управата на Работнички посочуваат дека во продажба биле пуштени 20.000 нумерирани билети за двете трибини со специјална заштита кои веднаш се распродадени. Дури и партнерите на клубот и државните институции изразиле желба да си ги платат своите билети што и направиле. Гратиси им биле поделени единствено на најблиските на играчите.

Официјално 1.157 билети платил Ливерпул за своите навивачи, а биле одбиени барањата за 5.000 резервации за фудбалските фанови на англискиот гигант од соседните земји. Од натпреварот, според барањата за резервации, ќе известуваат и 80 новинари од Велика Британија.

Ливерпул веќе допатува во Скопје, а попладнево ќе одржи тренинг и прес-конференција. Екипата со себе носи огромна опрема, како и свои готвачи и медицински персонал.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 18:19
Fino, ako nisto drugo barem pari kje zberat...
Vleznicite se vekje prodadeni, potvrdena informacija...
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 20:30
Вечерва 20:45 РТС

ПАРТИЗАН - ХЕЛСИНКИ 3:0



Изменето од LiDivio - 29.Јули.2010 во 10:58
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 10:51
Марадона замина во аргентинската историјата

Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА) вчера рано наутро по средноевропско време Диего Марадона е сменет од селекторската функција во аргентинската репрезентација. Поточно, на Марадона со завршувањето на Светското првенство во Јужна Африка му истече договорот, а АФА донесе одлука дека нема да му понуди нов.

"Донесовме многу болна одлука, но не постоеше друго решение. Претседателот Грондона рече дека има огромна разлика меѓу амбициите на АФА и она што Марадона го планира во иднина. Постоеше голема дупка која не може брзо да се пополни и затоа донесовме одлука да го завршиме првото поглавје со Марадона на селекторската функција. Вратите на репрезентацијата остануваат отворени за него, а ние сме секогаш тука за соработка", изјави портпаролот на АФА, Ернесто Черкис Биало.

На тој начин заврши 21-месечниот престој на клупата на репрезентацијата за Диего Марадона, престој обележен со контроверзи, афери и критиките на сметка на неговата работа и тренерското знаење. Марадона испроба повеќе од 100 фудбалери во својот мандат, а на Светското првенство се пласира низ "иглени уши" откако во јужноамериканските квалификации, меѓудругото, загуби од Боливија со 6:1.

Откако, сепак, го обезбеди пласманот на првенството, на крајно вулгарен начин ги навреди новинарите и сите останати кои ја критикуваа неговата работа поради што заработи повеќенеделна суспензија од ФИФА. Во Јужна Африка, пак, ја одведе Аргентина во четвртфиналето и таму доживеа дебакл од Германија со 4:0.

И покрај сето тоа, АФА најави дека планира да му го продолжи договорот сЕ до Светското првенство во Бразил 2014 иако сега се чини дека сето тоа беше само претстава за јавноста, особено домашната која му ја даде комплетната поддршка на својот миленик. Потоа следуваше ултиматум од Марадона дека ќе остане на функцијата само ако со него останат и сите негови сонародници, па тоа беше одлична можност за претседателот Хулио Грондона да ја искористи шансата. Инсистираше на смена на дел од асистентите на селекторот меѓу кои и големиот пријател на Диего, Алехандро Манкусо и на негово место да го донесе Оскар Руџери. Марадона не го прифати тоа, па следен чекор беше отказ.

"Марадона мораше да направи некои промени во стручниот штаб, но не успеавме да се договориме по тоа прашање. Никој не добил отказ, само не го продолживме договорот бидејќи не постоеја услови за тоа", изјави претседателот Грондона и додаде дека нема да брза со изборот на нов селектор на националниот тим.

И покрај раскинот на соработката, Марадона се уште има многу поддржувачи во земјата, дел од нив и на високи државни позиции.

"Јас сакав Марадона да остане и немам сомнение дека е сменет затоа што не им се допаѓаше на челниците на Федерацијата. Марадона е како камен, не се покорува на никого", изјави министерот за надворешни работи на Аргентина, Флоренсио Радацо. Во поддршка на Марадона излегоа и љубителите на фудбалот во Аргентина кои со мирни демонстрации пред централата на АФА го истакнаа својот протест за непродолжувањето на договорот.

Засега од Марадона нема официјална реакција во врска со отказот и се очекува во следните денови тој да излезе со коментар на случувањата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 11:18

Марадона обвинува дека бил предаден и излажан

 
Извор: AP

Легендарниот Диего Марадона, кој не доби нов договор на местото селектор на аргентинската репрезентација, обвини дека бил излажан и предаден од раководството на фудбалската федерација.

Марадона изјави дека директорот на аргентинската фудбалска федерација Карлос Билардо и претседателот Хулио Грондона работеле против него.

„Тие ме повикаа да ги изгладиме работите и да го згаснеме огнот и ние тоа го сторивме.  Грондона ме излажа, а Билардо ме предаде“, изјави Марадона.
Билардо беше селектор на Аргентина во 1986 година, кога репрезентацијата предводена од Марадона стана светски шампион.

„Дадов се од себе. Уверен сум дека аргентинскиот фудбал треба да биде во подобра позиција. Се обидов на играчите да им ја пренесам гордоста што ја чувствувам дека сум Аргентинец“, рече Марадона.

Аргентина под водство на Марадона беше елиминирана од последното Светско првенство во четвртфиналето, откако загуби од Германија со 0:4.

На местото на Марадона привремено е назначен селекторот на младата репрезентација до 20 години, Серџо Батиста

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 10:52
Баерн ќе брка петмина фудбалери

Тренерот на Баерн, Луис ван Гал, им врачил на шефовите на Баерн Минхен список од петмина фудбалери кои треба да бидат ставени на трансфер-листа пред почетокот на новата сезона. Во моментов, тој има 26 играчи на располагање, но сака да ги намали на 22 и во тимот да внесе тројца од младинскиот тим.

Според Билд, холандскиот стручњак наредил да се продадат: Андреас Отл (25 години), Анатолиј Тимошчук (31), Хосе Ернесто Соса (25), Марио Гомез (25) и Мартин Демикелис (29). Минатата недела Соса многу го изнервира Ван Гал за време на подготовките во Италија и поради тоа предвреме бил испратен дома. Гомез, пак, е една од целите на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Кикер тврди дека Баерн може да ги искористи Гомез и Тимошчук за во екипата да го донесе Един Џеко од Волфсбург откако пред два дена токму таква понуда била испратена во германскиот -првак од 2009 година. Босанецот и така сака да си замине, а Ван Гал нема доверба во Гомез, додека Тимошчук би можел да биде добро решение за позицијата последен играч за врска имајќи предвид дека Волфсбург е во потрага по таков фудбалер.

Инаку, подготовките на Баерн се веќе во тек, но репрезентативците кои настапија на Светското првенство во Јужна Африка ќе се приклучат на 2 август и тогаш официјално ќе биде одлучено кои фудбалери ќе бидат отстранети од екипата.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 10:55
Порази на Работнички и на Тетекс во квалификациите од ЛЕ

Изостанаа изненадувањата од македонските претставници во третото квалификациско коло во фудбалската Лига на Европа. Работнички синоќа беше поразен од европскиот гигант Ливерпул на арената „Филип Втори“ во Скопје, додека Тетекс од гостувањето кај Елфсборг се враќа со пет гола во својата мрежа.

Екипата на Работнички, не успеа да направи изненадување кое би била еднакво на сензација, во дуелот со славниот англиски клуб Ливерпул. Иако шансата за надигрување и евентуален поволен резултат во дуелот со десеткуваниот Ливерпул, фудбалерите на Работнички ја имаа и тоа пред исполнетите трибини на „Филип Втори“, сепак, разликата во квалитет дојде до израз.

Со головите на Н’Гог во 17-тата и 59-тата минута, Ливерпул се враќа на „Енфилд“ со два гола предност. Негативата од 2:0 пред гостувањето по седум дена во Англија, реално ги сведува на минимум шансите за пласман во следната рунда на „романтичарите“, па само фудбалско чудо може да го одведе Работнички до пласман во последното (4-то) квалификациско коло.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување екипата на Тетекс, е пред сигурна елиминација. Фудбалерите на Тетекс претрпеа висок и убедлив пораз од 5:0 на гостувањето во Борас, кај шведскиот претставник Елфсборг. По овој пораз, реванш дуелот закажан за 5 август во Скопје, ќе биде само формалност.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 18:19
Работнички пред казна за расизам

Екипата на Работнички ќе се соочи со казна од УЕФА, ако европската фудбалска унија реагира на пријавата дека за време на спектаклот со Ливерпул од трибините на арената „Филип втори“ имало расистички гестикулации




Според англиските медиуми, неколку слики од „мајмунски потези“ биле доволен доказ за расистичкото однесување на скопската публика, која била особено насочена кон двајцата црномурести фудбалери, Давид Н‘Гог и Давид Амо.

Македонската фудбалска федерација, потсетуваат англиските медиуми во минатото имаше проблем со расизмот, и заработи казна од 10.730 фунти поради таквото однесување кон Емил Хески, Сол Кемпбел и Ешли Кол во 2003 година.

Се ќе биде познато од извештаите што треба да ги напишат делегатот и УЕФА обзерверот до централата.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53817
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 23:18
ШТИПЈАНИ И ПОМЛАДИОТ ОД БРАЌАТА ПАНДЕВИ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА

Кафулето на Горан го спречи Сашко да дојде во Брегалница

ШТИП. - Брегалница и Сашко Пандев не се договорија. По дводневните преговори за премин во таборот на штипските "сини", процурија информациите дека двете страни не се спогодиле за само 1.000 евра, плус колку што тој барал за потпис на договорот. Но, градоначалникот на Штип Зоран Алексов, кој учествувал во разговорите, објаснува:
- Точно е тоа дека Сашко бараше повеќе од она што ние го нудевме. Брегалница во овој момент не можеше до крај да ги задоволи неговите барања. Но, низ преговорите добро се виде дека на Сашко не му беа важни толку парите, колку што сака да биде поблиску до Струмица, каде имал секојдневни ангажмани околу угостителскиот објект на брат му Горан. Затоа, тој, најверојатно, го има избрано Турново, за да има повеќе време и за кафулето на Горан - вели Алексов. (Ј.Т.)
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,152 секунди.