![]() |
|
Како новинарите ги преживуваат последниве денови? |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 6> |
Автор | |
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како новинарите ги преживуваат задниве денови?
Сега ке оладат малце...ке здивнат.. Грујо Велики даде наредба ВМРО-ДПМНЕ како новогодишна честитка да ги повлече сите тужби против новинарите за клевета или лажна информација. На папата му се наметнува сериозна конк*ренција. |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новинарите во Македонија како и се страда од болест наречена “неединство во фелата“ и држење уста затворена да не се налути “газдата“.
Секој медиум има своја уредувачка политика која новинарот ја прифаќа или не, сам одлучува. Убава слика дава Вечер Дали новинарите не биле известени за политиката на медиумот од сопственикот и не знаеле како да ја вршат својата работа во согласност со уредувачката политика? Ако е така, крајно непрофесионално и неетички е да бидат избркани од работа. Но дали можеби тие ја знаеле уредувачката политика на медиумот и работеле во спротивност со неа не гледајќи ги интересите и потребите на медиумската куќа во која работат или пак работеле за личен интерес и интерес на оној кој стои зад нив лично? Но, следејќи го искуството со Канал 5, оваа телевизија никогаш не знаела каква уредувачка политика има, нту, пак, некогаш ја имала. Стихиен хаос - отприлика така секогаш изгледала програмата на оваа телевизија. Во практиката сите кои остануваат без работа и добиваат отказен рок во согласност со Законот за работни односи, добиваат различни социјални пакети, без разлика дали се работи за државни или приватни фирми. Ќе добијат ли социјални пакети претставниците на седмата сила? Ова би бил пожелен чекор за пребродување на финансиските тешкотиии до некое ново вработување. Како за сите, така и за нив!Новинарите да добијат социјални пакети |
|
![]() |
|
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Koj sto si seel toa i ke si znee........
![]() |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овој див капитализам кој се устрои и газди битанги...навистина биле зло...нарочно за чесните и професионалните...Оваа чума да не зафати и во сите јавни претпријатија и државната администрација...Властитутките и партиските војничиња тропаат на врата...
![]() |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вчера онака блиц слушав вести ама едно дослушав (бев во друштво со новинари) па морав
![]() за единството во осудата за плотизираноста на медиумите и за новинарското неединство, посебно ми се бендиса Ида Протугер што им лепна дека иако нејзе на времето ја оставиле сама да се бори таа им искажува подршка. Тоа е болеста на нашиот менталитет (од кој не се имуни ни новинарите) секој си плаче на свој гроб, секој боледува од соја болест. Секој САМ, нема заедништво на фелата, нема синдикат, нема заедничко здружение. Колку новинари поминаа и сеуште поминуваат низ стигматизација, анатеми, калање на нивниот образ, дигнитет и достоинство а нивните колеги молчат или чекаат некој друг прв да почне со одбрана. Факт е дека поделбата меѓу нив е длабока здравје подлабока и затоа газдите може да ги толчат колку сакаат. |
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Која црна интелегенција (секоја чест на неколкуте исклучоци) кога тие онака во сенка си ја редат за себе.
Ако се направи една статистика ке се види дека децата на таканаречената интелегенција во која ние се крстиме им се средени, со државни стипендии школувани, вработени во институции каде убаво се плаќа. Зашто би се бунеле и би си ја сечеле гранката на која седат? Ги читам колумните на некои од интелектуалата и ми врие, знаејки колку се контрадикторни и лицемерни бидејки ние сме мала земја и си се знаеме кај работи жената/мажот, каде му студирале /работат децата. ![]() |
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новинарите во Македонија се збирштина од разни провиниенции, и во која претежно новинарите изигруваат полтрони кон газдите.
Чолаковски (беше во Утрински), спроведуваше акција во 2001: „Еве сме - тепајте“, како независен новинар на Утрински, ама после во 2002 стана портпарол на владата на БЦ. Слично беше со „независниот“ новинар (недозавршен поп - Марјан Ѓуровски, чинам во Вест беше). До 2002 „независен“, после портпарол на Бучко во Мин. за Одбрана. Најновите случувања во Канал 5: Канал 5 ја формира Борис Стојменов некаде 1999. Пошто беше министер за финансии, Канал 5 беше про-владина. Од тоа време познати се речениците на БЦ кој во полупијана состојба велел „Ако се вратам пак на власт, Емил(синот на Борис) и Борис ќе продаваат блокчиња и фломастери на Камен мост“. Ама кога Борис Стојменов ја изгуби министерската позиција - Канал 5 стана опозициска телевизија. После 2002, за да неутрализира секаков реваншизам од страна на БЦ, Емил после 10-тина ручеци и вечери со БЦ, се согласува 50% од телевизијата да станела ко-сопственост на некој близок до БЦ (нема да го кажам кој е). Е во тој период во Канал 5 влегуваат „независни“ новинари од А1 и сличните „независни“ медиуми (Лидија Јанчовска, Снежана Лупевска, Весна Ковачевска, ...). Е арно ама како што викаат дека „политиката била ??рва“, со доаѓањето на Грујо во ВМРО-ДПМНЕ, и откачувањето на лоповот-предавник-бугарин и неговите поддржувачи од ВМРО-ДПМНЕ, Грујо им даде шанса на старите структури од ВМРО (МВР) (Змејко, Стојменов, ...) да се вратат во партијата. Канал 5 пак го менува к*рсот (затоа што и ко-сопственикот на Канал 5 се прешалта во меѓувреме и му даде корпа на БЦ). Но од 2006, до сега не видовме поголеми новинарски рокади. Си отидоа некои новинари - ама таа динамика не е невообичаена за ниту еден медиум во Македонија. Сега, кадрите на „ФАБРИКА“ (Чолаковски, Ѓуровски, Ордановски, Ѓунер Исмаил, Билјана Секуловска, Кате Блажевска, ...) поддржани од филмот на Велија Рамковски дека тој ќе бил идниот премиер, го дочекаа отпуштањето на новинари во Канал 5 како кец на десетка за да не убедат дека Грујо е Хитлер, а Протуѓер е Геринг. Арно ама - таа нивна „борба за демократија“ е веќе видена работа. Еднаш не прелагаа во 2002. Вторпат нема. Изменето од DameMak - 31.Јули.2010 во 09:19 |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како и многу други работи кај нас, и случајот со новинарите се претвори во пародија.
![]() Да не излезе ова ФАБРИКА 2, да гледаме реприза на стариот филм со нови глумци? Јасно им е и на новинарите дека уредувачката политика на медиумот ја определува сопственикот на капиталот од кој се финансира самиот медиум и неговиот персонал, јасно им е дека живееме во капиталистичко општество каде “отказ од работа“ е нешто што на секој вработен може да му се случи, посебно ако не си ги исполнува работните обврски, јасно им е и дека ако притоа постои прекршување на законите, мобинг, политички или друг вид на притисоци и неправилности - постојат судови каде за неправилностите треба да се покрене постапка и конечно да се расчисти со овие состојби, би требало да им е јасно и дека новинарството е специфична професија која си ги носи сите свои ризици, како што би требало и да им е јасно дека не постои држава на светот каде политиката, капиталот и лоби-групите не се обидуваат секојдневно да влијаат и да вршат притисоци врз новинарската мисла, преку своите центри на моќ. Или сеуште не им е јасно, па и новинарите тргнувајќи по теркот: “извори блиски на...“ даваат анонимни изјави за своите колеги од други медиуми, како изворот на кој пред некој ден се повика Шпиц: Откако Мартин Протоѓер од ВМРО-ДПМНЕ се појави во телевизијата почнаа да се прават списоци на неподобни новинари и почнаа политичките притисоци и опструкции врз сите оние кои сакаат да работат неутрално и објективно, вели за „Шпиц“ еден од новинарите, кој инсистираше да остане анонимен. Зошто анонимен? Зошто и овој новинар како и колешката му не излезе со име и презиме да каже што знае, та нели треба овие притисоци врз новинарството еднаш веќе да се разобличат, со анонимност ли ќе се решава проблемот? А се бориме за независно новинарство, бидејќи политичките притисоци и влијанија се и повеќе од очигледни? ![]() Низ медиумите пак се известува различно за случајот: колку новинари толку приказни. Па дури и коментарите од читателите на вестите се како наштанцани, во зависност во кој медиум се коментира. Изјавата од новинарката која се допишуваше со Груевски и Протуѓер е посебно сериозна и не знам ако ова што го тврди го слушала со години, зошто досега не прозборела? Тоа што е самохрана мајка сигурно ја става во незавидна ситуација, но и премолчувањето на вакво нешто не и оди во прилог на новинарската чест за која зборува (се до моментот додека не дошла опасноста од отказ): “Во обраќањето таа тврди дека Редакцијата на Канал 5 на интерфон ги слушала директивите што на новинарите и на уредниците им ги давал Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Груевски.“ Овие пак тврдат дека во просториите воопшто немале интерфон, па се прашуваат кај слушала и што слушала Весна? Од друга страна, во истиот медиум колега и е претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Р.Поповски, кој воопшто не важи за новинар наклонет кон власта и едно време знаеше и со свирчиња да протестира за неправди кон новинарите. Сега од ЗНМ писмена реакција и бесплатен адвокат, “а зад отпуштените новинари од Канал 5 не застанал никој од колегите.“ ![]() Канал 5 со својата верзија: отпуштената новинарка не добила отказ туку и било понудено спогодбено раскинување на договорот, не си ги исполнувала работните обврски, не доаѓала на работа и дека била толерирана токму поради нејзината ситуација. Ако таа не си ги исполнувала работните обврски, што е со другите отпуштени? И сега, независно новинарство - што беше тоа? Какофонија од звуци, како ова што се случува веќе 2 децении со нашето новинарство?!? Убаво кажа еден комуниколог: демократијата треба да се освојува, посебно кога притисоци се очигледни од сите страни. Новинарите треба да излезат и чесно да прозборат за она што го знаат, сами да се изборат за достоинството на својата професија, за некаков идеал на слободно, независно и професионално новинарство за кој постојано зборуваат, а никако да посегнат по него. За вакви сериозни обвинувања за притисоци од власта во уредувачка политика на медиум треба и спремност јавно да се прозбори, а не со изјави на анонимци и тоа дури кога ќе им дојде јајцето на газот. Се разбира дека и нивната ситуација е тешка како и на мнозинството во државата, трпат притисоци од многу страни, мораат да почитуваат уредувачка политика на медиумот (штом на тоа се согласиле, за да си го извадат лебот) иако понекогаш и не се согласуваат, но и поделеноста меѓу нив не е мала. Кога нема колегијалност и едни со други се напаѓаат наместо да се поддржуваат за да си ја подобрат ситуацијата, тешко дека нешто повеќе ќе се постигне. Ќе се замачкаат очи, ќе слегне прашината, некое трансферче ваму-таму и ќе заборавиме на случајот... |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Анастеа
Е ај да си жива и здрава
![]() ![]() ![]() Па зарем ТРЕБА ПРЕМИЕРОТ да им одговара на сите кои го оговараат ![]() Јас пак ке повторам она што рече Ида Протугер- Иако мене никој не ми даде подршка кога бев во иста ситуација, јас ним ке ги подржам во ова што ги снајде (парафраирам оти ме мрзи да ја барам изјавата-нека ми прости Ида која посебно ја ценам ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Mamamd
![]() ![]() Ама не е важно, важно да има скандали за кои ќе се зборува... А политичарите суетни, не верувам дека некој би се впуштил во ваква јавна преписка со некој обичен работник, доколку не се засегнати лично нели нивното “гооооолемо“ достоинство и чест. ![]() |
|
![]() |
|
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тууу ама се испогушкавте вие двете (Анастеа и Маманд), а за мене ништо
![]() Шпац и А-нула и Дреме се многу гласни за одбрана на правата на отпуштените новинари од Канал 5, а истото се случи во Шпац и Дреме кога отпуштија 20-тина новинари пред 2-3 години. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |