IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 30>
Прашање: Дали сте за влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?
Одговор Гласови Статистика
35 [49,30%]
36 [50,70%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 17:31
Дедо ми го учел татко ми дека сме македонци и дека треба цела Македонија да ја ослободиме без никаков Тито и без никакви комунисти.

Добро, го учел дека така треба, а дали така било, еее тоа е веќе друга приказна. Теорија е едно, а пракса и реалност е друго. Викаш ЦЕЛА Македонија?? Е па ајде соберете се без комунистите, т.е. без нас, и сите во напад на Солун...

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:16
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 05:38
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Дедо ми го учел татко ми дека сме македонци и дека треба цела Македонија да ја ослободиме без никаков Тито и без никакви комунисти.

Добро, го учел дека така треба, а дали така било, еее тоа е веќе друга приказна. Теорија е едно, а пракса и реалност е друго. Викаш ЦЕЛА Македонија?? Е па ајде соберете се без комунистите, т.е. без нас, и сите во напад на Солун...


Скокаш од една работа на друга кога ти снемуваат аргументи. Тоа за што се залагал дедо ми било пред 65-70 години. Денешната гео-политичка ситуација е сосема друга реалност, и мајтапења како твоите со националните чувства на македонецот се само одраз на безидејност или малодушност или малициозност кон сите македонци.

Ако неговата борба за ослободување на Македонија не била успешна, не ми дава тоа мене за право да се заложам сегашната Република Македонија да престане да постои како таква и да се прекрсти во нешто друго, или пак да се приклучи кон невозможни комунистичко-носталгични сојузи со Кина и Русија.

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:17
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 09:49
Originally posted by DameMak DameMak напиша:


... и мајтапења како твоите со националните чувства на македонецот се само одраз на безидејност или малодушност или малициозност кон сите македонци.


Кој одредил дека ти си поголем Македонец од мене. Како прво ти се мајтапиш со НОБ во Македонија, во која како што знаеме, најголем дел од учесниците во неа биле комунисти. Јас ја почитувам таа НОБ баш заради тоа што после неа Македонија ја добива својата современа државност.

Во врска со другите мајтапења, јас бев да се прекинат сите преговори со Грција и да го зачуваме уставното име Република Македонија т.е. Rep.of MACEDONIA, додека ти беше да направиме смешен компромис со МЕЈКДОНАЈЏА т.е. Republic of MAKEDONIJA... Сега кој си игра мајтап со Македонија и со националните чувства на Македонецот, види. Тоа што јас сум за социјалистички или комунистички систем не ме прави помал Македонец од тебе.

Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 09:52
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 10:15
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by DameMak DameMak напиша:


... и мајтапења како твоите со националните чувства на македонецот се само одраз на безидејност или малодушност или малициозност кон сите македонци.


Кој одредил дека ти си поголем Македонец од мене. Како прво ти се мајтапиш со НОБ во Македонија, во која како што знаеме, најголем дел од учесниците во неа биле комунисти. Јас ја почитувам таа НОБ баш заради тоа што после неа Македонија ја добива својата современа државност.

Во врска со другите мајтапења, јас бев да се прекинат сите преговори со Грција и да го зачуваме уставното име Република Македонија т.е. Rep.of MACEDONIA, додека ти беше да направиме смешен компромис со МЕЈКДОНАЈЏА т.е. Republic of MAKEDONIJA... Сега кој си игра мајтап со Македонија и со националните чувства на Македонецот, види. Тоа што јас сум за социјалистички или комунистички систем не ме прави помал Македонец од тебе.


„Стручното“ читање на Republic of MAKEDONIJA како МЕЈКДОНАЈЏА од тебе е навистина „стручно“ и ни укажува колку твоите ставови се за прифаќање.

П.С. Ц ц ц, Бог да чува како ставаш зборови во моја уста која не сум ги кажал (кога немаш аргументи во расправата). Со НОБ не се мајтапам (и никогаш нема да се мајтапам). Незнам од кај ти е пак тоа. Ако од едната страна на фамилијата имам вмровци, другиот дел од фамилијата ми е од Прилеп и се од фамилијата на Коце Солунски. Баба ми дури умре примаше боречка пензија. Ама јас без разлика на тоа ги презирам комуњарите (а не комунистите) затоа што тие го јаваа тој систем и беа „црвена буржоазија“, слично како што сега во Кина има црвена буржоазија од најсуров капиталистички тип.

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:19
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 10:49
Не е проблемот кој ,,стручно или нестручно,, го чита Мејкдонајџа. Проблемот е на кого му текнала ваква глупост... На некого ако не му текнала, јас немаше ни да се потрудам да ја прочитам на англиски Republic of Makedonija... Цела држава да преименуваш, а да се правиш ептен голем Македонец. Караманлис, Папандреу, Друцас и Бакојани да се собереа намаше ваков предлог да смислат...

Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 10:53
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 11:19
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Не е проблемот кој ,,стручно или нестручно,, го чита Мејкдонајџа. Проблемот е на кого му текнала ваква глупост... На некого ако не му текнала, јас немаше ни да се потрудам да ја прочитам на англиски Republic of Makedonija... Цела држава да преименуваш, а да се правиш ептен голем Македонец. Караманлис, Папандреу, Друцас и Бакојани да се собереа намаше ваков предлог да смислат...


Не е проблемот на кого му текнал предлогот Republic of Makedonija, туку е проблемот (или смешката) како ти „сручно“ се потруди со твојот англиски јазик (и со носталгијата по непостоечките комунистички уредувања во Кина и Русија) да го прочиташ ИЗВИТОПЕРЕНО на англиски и овде да ни ја покажеш твојата експертиза.

А од самата помисла дека единствената сламка за која се држиш и лобираш Македонија да не се приклучи кон НАТО и ЕУ (проблемот со името) би се решил на начин што нема да го смениме нашиот устав и нашето име тебе те ужаснува.


Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:20
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 11:45
Originally posted by DameMak DameMak напиша:


Не е проблемот на кого му текнал предлогот Republic of Makedonija, туку е проблемот (или смешката) како ти „сручно“ се потруди со твојот англиски јазик (и со носталгијата по непостоечките комунистички уредувања во Кина и Русија) да го прочиташ ИЗВИТОПЕРЕНО на англиски и овде да ни ја покажеш твојата експертиза.

А од самата помисла дека единствената сламка за која се држиш и лобираш Македонија да не се приклучи кон НАТО и ЕУ (проблемот со името) би се решил на начин што нема да го смениме нашиот устав и нашето име тебе те ужаснува.


Да влеземе во НАТО и ЕУ без да го смениме името??? Да беше тоа така до сега ќе бевме десет пати во НАТО и ЕУ (заедно со Словенија). Јас лично сум против членство во НАТО, а ако стварно влеземе во ЕУ како Р.Македонија т.е. Republic of MACEDONIA (како што ни е во уставот), ај тоа би можел некако да го поднесам. Не е прашањето како јас сум го поднесол распадот на комунизмот. Прашај ги сегашниве 400000 невработени како им е во вашиот прекрасен капитализам.

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:21
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:52
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:


... а ако стварно влеземе во ЕУ како Р.Македонија т.е. Republic of MACEDONIA (како што ни е во уставот), ај тоа би можел некако да го поднесам. Не е прашањето како јас сум го поднесол распадот на комунизмот. Прашај ги сегашниве 400000 невработени како им е во вашиот прекрасен капитализам.


Кај виде и кај прочита ти дека во нашиот устав сме запишани со Republic of MACEDONIA?

Во нашиот устав сме запишани како „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

И во 1991, и во 2001 пратениците во Собранието на Република Македонија изгласаа устав во кој никаде нема термин „Мацедониа“, а најмалку тој термин го има на латиница. А ако го браниш ставот дека МАКЕДОНИЈА на латиница морало да биде MACEDONIA, тогаш си многу контрадикторен или конфузен: од една страна не ги сакаш НАТО и американците а од друга страна многу го сакаш латиничниот назив MACEDONIA.


Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:


... Не е прашањето како јас сум го поднесол распадот на комунизмот. Прашај ги сегашниве 400000 невработени како им е во вашиот прекрасен капитализам.


Ова е офф топук, ама тие 400,000 невработени настанаа како последица на неодржливоста на економскиот систем на социјализмот или комунизмот. Да беше одржлив тој систем уште ќе постоеше, така што носталгијата по тој систем во најблага форма е само носталгија по една изгубена младост, ништо повеќе.

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:22
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 13:47
Прашај некој Грк како ќе ја именува провинцијата во Грција латинично (англиски). Сигурно нема да ти каже Makedonia туку Macedonia. ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ќе ја пишува само на грчки. Значи, на Грците тоа им е целта. Официјално во ОН и во други меѓународни организации кога ќе се напише на англиски јазик (тој е највлијателен јазик, не оти многу го ценам), нашата држава да се напише различно од MACEDONIA (на пример Makedonija). Ако си толку наивен да мислиш дека Грците некогаш ќе напишат на англиски Greek province of Makedonia (а не Macedonia), опасно си се излажал... Што се однесува до тоа дека не ги сакам Американците, а го сакам терминот Macedonia, не знам каде е тука конфузијата?? На тој јазик (англиски) терминот Македонија е Macedonia. Ако зборот ,,мачка,, е cat бидејќи не ги сакам Американците сега би требало да го преименувам во dog... Смешно.

ПС: Се сеќавам еден диџеј пред 3-4 години беше во Скопје и го слушав на интервју на телевизија... Знаеш како го изговараше Скопје? SKOPJE - СКАПЏИ...

Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 14:03
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:28
Колку толку го иѕедначив резултатот од гласањето, гласајќи НЕ за влез во ЕУ и НАТО под друго име освен уставното.
За жал, гледам дека мојот став станува утопија, со оглед на тоа дека другите 50% би смениле име за да влезат во тоа друштво....
Страшно, самоубиство од заседа....
Комедијата заврши, спуштете ја завесата, претставата „Македонија“ не е веќе на репертоар.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:31
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Колку толку го иѕедначив резултатот од гласањето, гласајќи НЕ за влез во ЕУ и НАТО под друго име освен уставното.
За жал, гледам дека мојот став станува утопија, со оглед на тоа дека другите 50% би смениле име за да влезат во тоа друштво....

Страшно, самоубиство од заседа....

Комедијата заврши, спуштете ја завесата, претставата „Македонија“ не е веќе на репертоар.


Уште пострашно е што некои ќе го сменат името, а ќе мислат дека ништо не сме смениле и сме го зачувале идентитетот...

Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 14:32
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:49
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Прашај некој Грк како ќе ја именува провинцијата во Грција латинично (англиски). Сигурно нема да ти каже Makedonia туку Macedonia. ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ќе ја пишува само на грчки.


Значи навистина рипаш од едно нешто на друго кога ќе ти снема аргументи. Те прашав: Во кој устав ти прочита дека ни сме „Мацедониа“?
Нема таков устав и нема зошто да браниме неуставно име затоа што било запишано на англиски јазик Мацедониа. Мојот предлог е решение за опстанување и непроменување на постојниот устав и тоа е компромисот со кој би го решиле спорот (а не Северна или било каква променета со придавка Македонија).
Арно ама тебе сафра те фаќа од помислата дека на тој начин ем ќе го решиме спорот, ем ќе влеземе во НАТО - бууууууу мнооогу страшна работа.

Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

ПС: Се сеќавам еден диџеј пред 3-4 години беше во Скопје и го слушав на интервју на телевизија... Знаеш како го изговараше Скопје? SKOPJE - СКАПЏИ...


Изгледа целата експертиза за англискиот јазик и извитоперувањето „Мејкдонајџа“ ја темелиш на стручни личности како тој ди-џеј.

Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:23
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 15:30
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Колку толку го иѕедначив резултатот од гласањето, гласајќи НЕ за влез во ЕУ и НАТО под друго име освен уставното.
За жал, гледам дека мојот став станува утопија, со оглед на тоа дека другите 50% би смениле име за да влезат во тоа друштво....

Страшно, самоубиство од заседа....

Комедијата заврши, спуштете ја завесата, претставата „Македонија“ не е веќе на репертоар.


Добро да те прашам нешто... Како се вика нашата држава во Обединетите Нации...??? Јас како што знам ние се викаме "Бивша Југословенска Република Македонија", така...??? Е па јас сум 100% сигурен дека треба да го смениме името и дека не треба да влеземе во ЕУ како БЈРМ... стопати е подобро да бидеме Северна Република Македонија отколку БЈРМ... Сега кој е патриотот...??? Ти кој си за БЈРМ или јас кој сум за СРМ...???
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 15:55
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Колку толку го иѕедначив резултатот од гласањето, гласајќи НЕ за влез во ЕУ и НАТО под друго име освен уставното.
За жал, гледам дека мојот став станува утопија, со оглед на тоа дека другите 50% би смениле име за да влезат во тоа друштво....

Страшно, самоубиство од заседа....

Комедијата заврши, спуштете ја завесата, претставата „Македонија“ не е веќе на репертоар.


Добро да те прашам нешто... Како се вика нашата држава во Обединетите Нации...??? Јас како што знам ние се викаме "Бивша Југословенска Република Македонија", така...??? Е па јас сум 100% сигурен дека треба да го смениме името и дека не треба да влеземе во ЕУ како БЈРМ... стопати е подобро да бидеме Северна Република Македонија отколку БЈРМ... Сега кој е патриотот...??? Ти кој си за БЈРМ или јас кој сум за СРМ...???
Јас сум за Република Македонија , ни бившо југословенска , ни северна, ни било каква друга....
Нема да станеш подобар ако од БЈРМ се преименуваш во СРМ, само го трчаш следниот круг од пеколот.
Твојата татковина е РМ - Република Македонија......
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.