|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 37> |
Автор | ||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Црковоното устроjство во времето е трпело промени... Не може сегашната црковна уредба да е истата каква е била преди 1000 години. Има интересен материал по вопросот (на руски език): Принцип на каноничната териториja во православата традициjа |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Секако дека имало промени, но епархијата на чело со својот епископ, односно соборноста на Црквата останала камен-темелник дури и денес, па колку и некој да ја мати водата, некои нешта си се такви. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Vasilij ne pishuva za izbegal patriarh.
Pishuva deka bugarite imale arhiepiskop vo Dorostol/ne Preslav!!!/, Sofija, Voden, Meglen i nakraj vo OHRID. Crkvata si e edna. Nema nikakva nova crkovna organizacija, razlichna od starata. Ako tvrdish deka bila sozdadena nova crkva, bi trebalo da kazhesh i priblizitelno koga stanalo kreiranjeto na novata neBugarska crkva vo bugarskata drzhava. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А како тоа Црковното седиште било во Софија, Воден, Мегнел и Охрид? Постојано се "селело?". А тамошните епископи? Некаков доказ дали може да видиме дека во Софија, Воден, Меглен имало црковно седиште, дека таму имало некаков Патријарх или Архиепископ, кој бил прв меѓу еднаквите. Знам дека има еден список, кој утврдивме дека не е точен дури и на оваа тема. "Новата" црква својот зародиш го има уште во византиската држва, иако не станува збор за некаква нова Црква, туку за обнова на една друга Црква, која под налетот на Словените не опстоја. Самиот факт што бугарската држава употребуваше кирилица, а другата Црква глаголица, чинам дека доволно говори за разликите кои постоеле во самата Црква во Бугарија. Самиот расцеп со налетот на Византијците, ја врати Црквата во првобитната состојба, да биде дел од византиската држава. Изменето од Македон - 26.Јули.2010 во 15:29 |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Makedone, mnogu ti raboti fantazijata. Ajde da vidime od kade go znaesh pak toa shto go citiram. Znachi sega izleguva deka Kliment OHRIDSKI bil episkop na Justinijanata, a ne na Bugarskata crkva? |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
За разлика од други, барем не "преселувам седишта" како што ќе ми падне на ум. Св.Климент Охридски бил чедо на св.Кирил и Методиј, како таков, тој е продолжеток на традицијата на Светите Браќа, кои немале никаква врска со паганска Бугарија, ниту најмала. Несомнено е дека тој станал епископ на Бугарската Црква, но тој не се откажал од глаголицата, бидејќи и Охридската книжевна школа твори на глаголица. Преславската книжевна школа пак употребувала кирилица, уште од времето на Кирил Константин Преславски-Брегалнички. Побарај и самиот од кога датира првиот кириличен натпис во охридската книжевна школа, а од кога оној во Бугарија. Изменето од Македон - 26.Јули.2010 во 15:57 |
||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
http://www.museum-preslav.com/inscription.html
X vek pishuva |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македоне, извор дај не да си фантазираш.
А штом Василиј допушта дека седиштето на бугарскиот архиепископ /и/ било на различни места, значи е возможно, независно дали ти си запознаен со црковните работи или не. Колку и да си запознаен, Василиј знае повеќе од тебе за тоа што се случило. Или се повикувај на документи или да отвориме тема за историски толкувања. Ете Платеникот ќе пишува, гледам и ти си опседнат от толкување. |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Си заборавил што за определен период од време папското седалиште од Рим е било преселено во Авињон |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Василиј едно знаел, ама Архиепископите на друго се повикувале. Многу бргу го заборавиле Василиј II, иако им дал огромни привилегии. А Василиј може да допушта што и да сака, во согласност со политичките потреби, но тоа никој не му го прифаќа. Како што кажав, некој можеби и избегал, ама со него не избегала и Патријаршијата. Отвори тема каква што сакаш, ако има кој да пишува на неа. Јас не сум опседнат со толкување, за разлика од тебе не правам за секоја тема, која не ти се совпаѓа со твојот поглед разно-разни хипотези. Ете, d4 b3 постави најстар кириличен запис од Бугарија. А еве иповеќе ракописи од Македонија. Погледни од кога е првиот кирилски натпис, па спореди со тоа што го кажав. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Цело време чекам некој ова да го напише. Токму таа е разликата меѓу Православната Црква и Католичката Црква. Во Православната Црква нема "преселба на епархиите", за разлика од Католичката Црква. во Католичката Црква, Папата може да живее и во Јапонија одреден период, но тој пак си е римски епископ, надреден на другите. Во Православната Црква таква хиерархиска поставеност меѓу епископите нема. Во Православната Црква, не случајно и погоре кажав, сите епископи се еднакви, а Патријархот или Архиепископот е само прв меѓу еднаквите. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пак си пишуваш за некакви преселби на епархии, а никој такво нешто не тврди.
Фактите се такви, какви ги опишува Василиј. Тој не пишува дека поглаварот на црквата бил една личност. Пишува дека седиштето било во Дристра - Сердика - Воден - Мглен - Охрид. Треба да се обидаш да разбереш зошто било така, а не да го отфрлиш, без да имаш некаков аргумент. Ако толку ги познаваш каноните ете ти едно решение - Самуил бил во канонско општение со папата /по твои зборови/. Ако е возможен Авинјнскиот плен, зошто да не може архиепископот на Бугарија да има различно седиште по папските канони? Друго решение Кога е низвергнат поглаварот во Дристра, епоскопите се собираат и решават поглавар да им биде софискиот митрополит. По некое време тој се преселил при свети Петра и тогаш пак се собрале и овој пат за прв меѓу равни избрале друг. И уште еднаш така и накрај го избрале оној од Охрид.Стари може да ги избирале, па заради тоа да умирале толку. Ајде да видиме што ќе кажат за овие решенија црковните канони. Пред време те прашав зошто седиштето на Егзархот од Цариград било преместено во Софија, заборавив што одговори. Ако не тие тешко, дали ќе може уште еднаш. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Од ова кое го пишуваш, ненамерно или не познавајќи ги фактите, ти говориш за такво нешто.
Пак ќе прашам, има ли некаков доказ освен тврдењето на Василиј Втори, кој дури и не бил на власт, кога, според тебе, седиштето се менувало.
Нема да се обидувам да разберам нешто кое е само претпоставка.
Црквата тогаш дали била поделена или била соборна, односно немало папско преемство? Јас колку што знам тогаш Папата бил Патријарх на западот, немал толку голема моќ како што имал подоцна. Не случајно и се расцепи Црквата. А Авињонското заробеништво е нешто кое се случило многу подоцна, кога Црквата веќе била поделена.
Несвесно, повторно ги преселуваш седиштата. Кај нас, моментално е Архиепископ оној кој беше Митрополит на Пелагонија, а сега е Архиепископ Охридски и Македонски, кој ја возглавува скопската епархија. Арно ама, седиштето остана в Скопје, а не се пресели во епархијата чиј Митрополит беше Архиепископот пред изборот.
Побарај на истава тема, мислам дека ќе го најдеш одговорот. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Добро, ајде ќе бараме други патишта да се разбереме.
Историчарот од мојот потпис пишува
Истовремено зборува и за државата и за црквата, значи и според него центарот и на двете треба да се преместил од Преспа во Охрид. освен Василиј за нешто такво ни пишува и Јован Комнин, оној, кој прв се повикал на Јустинијаната. Самиот тој е црковно лице и можеби подобро ги познавал каноните од тебе.
Изменето од Каснакоски - 27.Јули.2010 во 12:41 |
||||||
Внеси реплика | страница <1 2930313233 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |