IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:32
Билетите за Ливерпул, по цена од 300 денари, во продажба од понеделник

Ливерпул ќе гостува на "Филип Втори" арената во Скопје во четврток, 29. јули, а почетокот на мечот ќе биде дополнително утврден.

Билетите за натпреварот со Ливерпул ќе чинат 300 денари. 1.100 билети за Северната трибина се резервирани за навивачите на Ливерпул, а 500 билети нема да бидат пуштени во продажба, бидејќи еден блок од трибината според прописите на УЕФА мора да биде оставен како тампон-зона меѓу домашните и гостинските навивачи.

Ова значи дека од понеделник во продажба ќе бидат пуштени 8.500 билети на редовните продажни места.

Во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт се прават напори до четврток Јужната трибина на Филип Втори да биде комплетно оспособена за користење. Дали во тоа ќе се успее ќе дознаеме во наредните неколку дена. Во случај на отворање на Јужна за овој натпревар целиот нејзин капацитет ќе им биде доделен на домашните навивачи, а билетите ќе чинат 300 денари, исто како и за Север.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 13:49
ПЕТКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН БЕЗ СВОИТЕ ЅВЕЗДИ НА ДУЕЛИТЕ СО РАБОТНИЧКИ
Ливерпул со "анонимци" во Скопје
* Без Џерард, Торес, Кујт, Џонсон, Џо Кол, Карагер, Пепе Реина, Маскерано... "црвените" ќе ги очекуваат дуелите со нашите "романтичари"

Рој Хоџсон, кој своето официјално деби на клупата на Ливерпул ќе го има во Скопје на препорака на стручниот тим во својот клуб во никој случај нема да смета на главните свои ѕвезди во клубот за средбите со Работнички во Лигата на Европа. Без Џерард, Торес, Кујт, Џонсон, Џо Кол, Карагер, Пепе Реина, Маскерано... "црвените" сосема извесно ќе ги очекуваат дуелите со нашите "романтичари". Стивен Џерард, Глен Џонсон, Џејми Карагер и новото засилување Џо Кол во моментов имаат само полесни тренинзите со тимот, па препораката е тие да не бидат вклучени во натпреварувачки ритам во оваа фаза од подготовките, додека, пак, финалистите од СП 2010, Фернандо Торес, голманот Пепе Реина и холандскиот напаѓач Дирк Кајт сè уште го користат својот одмор. Аргентинецот Хавиер Маскерано веќе е пред трансфер во Интер, далеку од тимот..., а за првите евро дуели не се планираат ниту дефанзивците Даниел Агер, и Словакот Мартин Шкртел...

"Се плашам дека ќе немаме доволно фудбалери за првите евро-дуели. Стручно-консултантскиот тим од клубот ме информираше дека ќе биде сосема погрешно доколку фудбалерите кои играа на СП во Јужна Африка се активираат на официјални натпревари вака рано на стартот од натпреварувачката година. Но, ако не ги вклучам нив тогаш ќе немаме кого да пријавиме, што значи како и да е ќе мора да балансираме", вели Рој Хоџсон.

Како и да е, факт е дека Ливерпул не е најподготвен за настап во својот најсилен состав на стартот од сезоната. Од поистакнатите имиња во клубот, за натпреварите со Работнички ќе може да се смета на бразилскиот фудбалер од средниот ред Лукас, резервниот голман Кавалиери, Италијанецот Алберто Аквилани, како и францускиот напаѓач Давид Н'Гог. Во тимот треба да бидат и новите засилувања, српскиот репрезентативец Милан Јовановиќ како и 2 милиони фунти вредниот млад шкотски дефанзивец Дени Вилсон, кој дојде од Глазгов Ренџерс. Шанса сигурно добиваат и "анонимните" Џеј Спиринг, Мартин Кели, Џон Шелви, Натан Еклстон, Стивен Дарби... Се разбира, секако повеќе од сериозен квалитет за македонските фудбалски услови, но далеку од тим кој ја носи тежината на името - Ливерпул.


Хоџсон: "Нема да брзаме со нови имиња за Лигата на Европа"

И покрај реалното отсуство на најдобрите свои играчи за првите евро натпревари, Рој Хоџсон нагласува дека нема да избрзуваат со купување нови имиња колку да се пополни бројката за натпреварите со Работнички.

"Нереално е, и покрај тоа што нема да сметаме на голем број првотимци, сега набрзина да купуваме нови имиња чисто колку да се пополнува бројката за настапите во Лигата на Европа. Нема да избрзуваме со нови фудбалери за кои подоцна би се каеле. Против Работнички ќе играме со тоа што го имаме на располагање во моментов. Оние кои се физички и психички најподготвени", истакнува Хоџсон дополнувајќи дека славата во Лигата на Европа не е високо рангирана во неговите планови за 2010/2011.



Кој е Ливерпул? - Англиската гордост

Не треба нешто премногу да се претставува тимот на Ливерпул кој е убедливо најтрофејниот европски клуб кој било кога досега гостувал во Скопје. Фудбалската гордост на Англија досега има 18 титули во Премиер лигата, седум ФА Купови, седум Лига купови, пет титули европски шампион и трикратен победник на Купот на УЕФА, што е убедлив рекорд на Англија.



ЛИЧНА КАРТА НА ЛИВЕРПУЛ

Основан: 15 март 1892 (од Џон Холдинг)

Стадион: "Енфилд". Капацитет: 45.276

Сопственици: Том Хикс и Џорџ Жилет (САД)

Претседател: Мартин Брајтон

Менаџер: Рој Хоџсон

Трофеи: 18 (Премиер лига), 7 (ФА Куп), 7 (Лига Куп), 5 (Куп на шампиони, Лига на шампиони), 3 (Куп на УЕФА)
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 13:51
СО ЗАМИНУВАЊЕТО НА РАУЛ ВО ШАЛКЕ
Роналдо и се враќа на "седумката"

Имајќи предвид дека Раул Гонзалез си заминува од Сантијаго Бернабе, од новата сезона Кристијано Роналдо ќе му се врати на својот омилен број - 7. Португалецот минатото лето мораше да ја прими "деветката" при доаѓањето од Манчестер Јунајтед затоа што немаше никакви шанси против капитенот и легендата на клубот кој со бројот седум ја помина целата кариера во Реал. Сега Раул е пред трансфер во Шалке и тоа е позитивна вест за Роналдо кој му се враќа на омилениот број.

Како што е познато, договорот на Раул со Реал Мадрид истекува идното лето, но тој не е во плановите на Жозе Мурињо и затоа ќе си ја бара среќата во Германија. Во "кралскиот клуб" веќе му подготвуваат проштален натпревар, но за тоа се уште нема официјални информации. Се спомнува 24 август кога Реал Мадрид би требало да одигра хуманитарен натпревар против светските ѕвезди, а на тој меч би требало да се прости и Гути кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Бешикташ.

Што се однесува до Роналдо, "седумката" беше негов заштитен знак во текот на целата кариера. Со неа почна уште во Спортинг, продолжи во Манчестер Јунајтед, а овој број е негова сопственост и во португалската репрезентација. Поради промената на бројот, тој лани го смени името и на својата колекција од ЦР7 во ЦР9, но сега најверојатно ќе го врати старото име. Меѓу другото, првпат по долго време, лани Роналдо не успеа да освои трофеј, но не смее да заборави дека не ја носеше омилената "седумка".

Со заминувањето на Гути, слободен во Реал Мадрид ќе остане и бројот 14, но главен кандидат за него е Чаби Алонсо.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 13:54
Од Чавез зависи иднината на Марадона
 
Диего Марадона, славната аргентинска фудбалска икона во пенеделник ќе одлучи дали ќе остане селектор на двојниот светски првак Аргентина, а според информациите се зависи од – советот на Уго Чавез
 
 

Марадона е во Венецуела во посета на својот пријател, претседателот на таа земја, Уго Чавез, а како што изтакна контроверзната легенда, советот од него ќе ја реши судбината околу останувањето селектор на „гаучосите“. Марадона во понеделник треба да има состанок со претседателот на федерацијата АФА, Хулио Грандона, кој веќе изјави дека ќе му понуди нова соработка на Марадона, а истото го бараат сите репрезентативци и цела Аргентина.

- Дојдов во Венецуела да побарам совет од мојот пријател Уго. Во понеделник имам состанок со Хулио Грандона кога ќе се вратам во Буенос Аирес и ќе решам што со мојата иднина – рекол Марадона.

Марадона е познат по своите социјалистички идеи, исти како Чавез и Фидел Кастро, кубанскиот комунистички диктатор, чија тетоважа има на раката. Марадона е борец против империјализмот на САД, а на Аргентина и ја донесе светската преуна во 1986 година на СП во Мексико Многумина веруваа дека во Јужна Африка како селектор одново може да ги предводи „гаучосите“ со трофејот, но испадна во четвртфиналето од Германија, иако дотогаш Аргентина играше најдобро и најубаво на турнирот.

Марадона и неговите 23 избраници беа дочекани како херои во татковината и покрај елиминацијата, затоа што контроверзната легенда беше вистински новитет на СП со својата појава, реакции и однос кон фудбалерите. Како херој Марадона беше дочекан и во Каракас, каде Чавез во негова чест изјави:

- На следното СП во Бразил, венецуела ќе учествува, а Аргентина ќе биде шампион – рекол Чавез, кој по пресконференцијата додал: да живее социјализмот, да живее татковината, да живее спортот и да живее Марадона!

Сите најави од Аргентина велат дека Марадона ќе остане со договор до СП Бразил 2014, со цел веќе в година да се освои Копа Америка на домашен терен, прв пат по 1993 година, а потоа и да се тргне во поход кон третата светска титула на тлото на најлутиот ривал, Бразил.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 13:57
голема%20насмевка голема%20насмевка голема%20насмевка 
 
 
Во Бундеслигата ќе игра и полицаец!
 
Фабијан Бол (31) е бек на новиот германски прволигаш во најсилната Бундеслига, Сент Паули. Бол и не е нешто многу интересен како име, но сега се почесто е медиумиски покриен од едноставна причина – тој е полицаец.
 

 
 
Бекот е професионален чувар на јавниот ред и мир, кој пред и по тренингот си ја врши својата основна работа. Сент Паули во изминатите години играше во пониските лиги, па Бол играше полуаматерски и мораше да работи и друга работа за да заработи за `ивот.

Но сега, екипата од злогласно преградие на Хамбург е член на елитата и Бол е еден од најзаслужните играчи. Но, има проблем затоа што ќе мора да се однесува професионално, што значи да одвои повеќе време за фудбал.

- Јас сум пред се полицаец. Тоа е мојата примарна работа – рече Бол, кој заработува 1.300 евра месечно, а признава дека е во дилема затоа пто во фудбалот би имал десетпати повеќе. - Морам да признаам дека не ми е лесно. Фудбалот го сметав како одмор од дежурствата по улиците. Што ќе биде во иднина, не знам, но мислам дека мојот живот ќе се сврти наопаку – додал тој.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 13:59

изненадување

 

Јувентус избркан од Торино поради У2
 
Најтрофејниот италијански клуб Јувентус ќе мора да го одигра својот меч во третотом квалификациско коло во Европската лига, во Модена, наместо во Торино поради концерт на мегапопуларните У2
 

 
 
„Старата дама“ привремено е избркана од својот матичен стадион поради закажаниот концерт, па клубот објави дека мечот ќе го игра во северноиталијанскиот град. Италија ќе се соочи со двојна ирска инвазија, затоа што по првиот меч во Даблин со шамрок роверс, следи концертот на тамошната група, како и реванш дуелот.

Ирските рокери уште пред неколку месеци го закажаа концертот на „Олимпико“ во Торини, па поради тоа Јувентус се согласи да си најде алтернативен терен за мечот со сонародниците на Боно Вокс и останатите членови на групата.

Сепак самиот факт што Јувентус има најмалку навивачи во Торино, ова преместување нема да се одрази премногу на посетеноста. Јувентус гради нов стадион, т.е. го реновира својот „Деле Алпи“, кој треба да биде готов до август идната година, а нема ниту спонзор на арената поради светската економска криза.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:00
Адидас бара оштета од Франција вредна 10 милиони евра
 
Германскиот производител на спортска опрема, „Адидас“, побара оштета од 10 милиони евра од Француската фудбалска федерација (ФФФ) за малиот број на продадени дресови инициран од фијаското на неодамна завршеното СП во Јужна Африка
 

 
 

Французите се избламираа со настапот на Мундијалот, каде го завршија своето учество во првата рунда по групи, а на катастрофалниот настап го зачинија и штрајкот и очајната атмосфера во погонот, со која се надополни лошата слика за „триколорите“.

Според престижниот магазин „Франс Фудбал“, германската корпорација побарала 10 милиони евра надокнада за непродадените дресови, но и извалканиот углед на фирмата која ги спонзорирала за лошиот настап и штрајкот со кој Французите беа центар на вниманието.

„Адидас“ меѓу другото на крајот на годината ќе ја прекине соработката со ФФФ, а главен спонзор на „галските петли“ ќе биде најголемиот ривал на Германците, „Најк“, со кого договорот бил потпишан уште пред СП.

На Мундијалот, „Адидас“ оствари победа со шампионската круна на Шпанија, а германскиот концерн објави дека продале милион дресови на „црвената фурија“. Адидас беше и партнер на ФИФА и ја направи многукритикуваната топка Јабулани.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:02
Јувентус се поврзува со ангажман на Емануел Адебајор
 
 
Старата Дама се поврзува со напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор кој е алтернатива за Един Џеко од Волфсбург
Примарна цел на Јувентус на овој летен трансфер пазар е напаѓачот на Волфсбург, Един Џеко.

Генералниот директор, Бепе Марота во неколку наврати го потврди интересот за интернационалецот од БиХ но Волфсбург не помислува да се откаже од услугите на напаѓачот.

Пред два дена генералниот директор на Волфсбург, Диетер Хенес изјави дека Един Џеко и во следната сезона ќе биде дел од клубот со кого има договор до 2013.

Вчера низ медиумите од Италија се појави информација дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели дал зелено светло за испраќање понуда за услугите на Един Џеко вредна 30 милиони евра, која е пократка за десетина милиони евра од проценката на Волфсбург за интернационалецот на БиХ.

Доколку Старата Дама не успее во своите намери ќе биде приморана да се насочи кон други алтернативи и според денешното издание на Corriere dello Sport Емануел Адебајор е една од желбите.

’Граѓаните’ планираат ангажамн на нов напаѓач и покрај тоа што Роберто Манчини веќе има доволно опции за форот па доколку на Истленд пристигне ново име, некој од сегашните фудбалерите ќе треба да си заминат.

Corriere dello Sport вели дека Старата Дама сака да го искористи овој факт и ќе се обида да го ангажира интернационалецот од Того на едногодишна позајмица.

Јувентус е подготвен на Адебајор да му плаќа годишна плата од околу 5,5 милиони евра а во целата зделка би можел да биде вметнат и Момо Сисоко.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:06

Суспендирани сите француски фудбалери од СП

 


Сите 23 француски репрезентативци кои учествуваа на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, се казнети со неповикување на престојниот напревар против Норвешка.

Одлуката ја донесе извршниот одбор на Францускиот фудбалски сојуз, на предлог на новиот селектор Лорен Бланко.

Тоа ќе биде прв натпревар на триколорите под водство на Бланко, а ќе се игра на 11 август во Осло.

Француската репрезентација на овогодинешното Светско првенство се посрамоти како се резултратот така ис о однесувањето на репрезентативците. Тие освоија само еден бод, а напаѓачот Николас Ањелка беше избркан од репрезентацијата.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:08
УЕФА и официјално го покани Виљареал во Лига Европа
 
 



Европската куќа на фудбалот го информираше Виљареал дека клубот е поканет да се вклучи во турнирот Лига Европа за сезоната 2010/2011.


„Жолтата подморница“ ќе го замени тимот на Мајорка кој беше спречен да учествува во натпреварувањето поради финансиските проблеми со кои се соочува.

Интересно е што задолжувањата на Мајорка се токму кон тимот на Виљареал. Од клубот од Балеарските острови веќе објавија дека ќе поднесат жалба на решението на УЕФА.

Мајорка заврши на петтата позиција во Примера Дивисион во текот на минатата сезона и до последно се бореше за четвртата позиција и учество во квалификациите за Лигата на Шампионите со Севиља. Виљареал пак заврши седми и не успеа да обезбеди евроквота.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:12
Хунтелар пред вратите на „црвените“
 
 

Ливерпул е се поблиску до доведување на Клас Јан Хунтелар од Милан, холандскиот напаѓач кој никако не успеа да се наметне на „Сан Сиро“.

Додека беше во Херенвен и Ајакс, беше вистински играч за голови, но откако си замина од Холандија, за него започнаа тешките денови. Од летото 2009, до крајот на оваа сезона ги носеше дресовите на 2 великани, Реал и Милан, но ниту во еден клуб не доби вистинска шанса. Се повеќе се наоѓаше ан клупата, а милионите на банкарската смета не можеа да го развеселат запоставениот голгетер.

Сега му се укажува уште една шанса за нов почеток. Ливерпул загриза за холандскиот репрезентативец, а во италијанските и англиските медиуми се повеќе се пишува за неговиот траснфер.

Првата варијанта говори дека Хунтелар би дошол само на позајмица, во втората „црвените“ би можеле да ги обезбедат услугите на напаѓачот за околу 14 милиони фунти, што е најалку веројатно, а во третата износот на оштетата би се намалил ако Ливерпул го пушти во Милан крилниот напаѓач, Рајан Бабел.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 16:17

Македонски Американец во Напредок

 Повеќе од три недели, во погонот на кичевски Напредок престојува македонскиот Американец Дритон Рамадани, дете на наши иселеници во САД.
- Се работи за голем фудбалски талент. Рамадани има 18 години и игра на позицијата напаѓач, но може да настапува и во средниот ред. Исклучително е брз, одлично игра со глава и ако вака продолжи да работи, во најскоро време ќе биде многу баран на фудбалскиот пазар. Неговите планови засега се врзани за настапи за некоја колеџ екипа во САД - рече Бобан Дујковиќ ,тренер на младинската екипа на Напредок.
Рамадани дебитираше и во првиот состав на кичевци и постигна погодок на пријателскиот натпревар со Ринија

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:25
Форлан избран за спортист на годината во Уругвај

Еден од главните ѕвезди на Светското во Јужна Африка Диего Форлан беше избран за најдобар спортист на годината во својата татковина Уругвај.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид го прекина одморот во Мајами за да добие наградата. Признанието најдобар спортист во Уругвај, Форлан го добива втора година по ред, во анкетата на спортски новинари во Уругвај.

Форлан ја заслужи довербата на новинарите со своите игри на светското првенство во Јужна Африка. Напаѓачот на Мундијалот постигна пет гола и му помогна на Уругвај да стигне до полуфиналето. Уругваецот исто така беше избран за најдобар играч на првенството.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:27

Им покажавме на сите дека можеме!!!

*"Сите н$ испратија на екск*рзија на првиот меч, а малкумина веруваа дека на реваншот ќе ги одбраниме тие 0:0. Докажавме дека лошо го процениле нашиот квалитет", вели Ристевски

Какво само одлично деби имаше Тетекс на европската фудбалска сцена. Го поминаа второто коло, ја совладаа првата пречка. Малкумина очекуваа дека тие ќе успеат да го поминат Вентспилс, кој важеше за голем фаворит на овој двомеч. И кога Тетекс одигра 0:0 на првиот меч, веднаш песимизмот се претвори во оптимизам. Се зголеми бројот на оние кои се надеваа дека Тетекс ќе успее да ја задржи позитивата од првиот меч и да се најде во третото коло од ова натпреварување. Сепак, имаше и такви кои и за реваншот не веруваа дека "штофарите" ќе имаат сили да го совладаат Вентспилс. Играчите на Тетекс ги изненадија сите, но и "разочараа" многумина. Секакви пофалби заслужуваат бидејќи на реваншот одиграа феноменално и ја прикажаа можеби најдобрата фудбалска партија во нивните кариери. Од голманот Марко Јовановски, па с$ до напаѓачите Исени, Стојановски и Глигоровски, апсолутно целиот тим заслужува највисоки оценски за тоа како го одиграа овој меч.
"Навистина не знам што да кажам бидејќи ниту јас н$ можам се уште да верувам дека успеавме да поминеме едно коло. Во вистинска еуфорија сме сите. Одигравме максимално ангажирано, го дадовме нашиот максимум. Целосно го надигравме противникот и заслужено ги совладавме и заслужено сме во третото коло", вели најдобриот на дуелот со Вентспилс, Димче Ристевски, кој притоа додаде:
"Сите н$ испратија на екск*рзија на првиот меч, никој не веруваше дека ние можеме да направиме резултат. Бевме потценети од нашата фудбалска јавност. Многу ми е драго што успеавме да им докажеме дека, сепак, н$ потцениле и не го процениле нашиот квалитет како што треба. На сите им покажавме дека можеме да го совладаме Вентспилс. Сакам во името на фудбалерите да се заблагодарам на екс директорот Александар Заковски, кој можеби беше единствениот кој веруваше во нас и кој ни даваше максимална поддршка. Сега н$ чека друг предизвик, н$ чека Елфсборг, тим кој повторно ќе биде фаворит. Сепак, ние ќе продолжиме во ист стил, ние повеќе нема што да загубиме, само можеме да добиеме", вели играчот за врска Димче Ристевски.

Е.Р.

Ќе се бара одложување на дуелот со Шкендија

Со оглед на тоа дека Тетекс првиот меч ќе го игра на гостински терен, и тоа на 29 јули, според нашите информации, стручниот штаб и раководството на овој тим ќе бара од ФФМ одложување на мечот против Шкендија. Како што е познато, новата сезона почнува на 31 јули, а Тетекс игра против Шкендија, поради тоа ќе се бара овој меч да биде одложен.

Борче Ристовски доби исписница оди во Скендербег!?

Дефанзивецот на Тетекс, Борче Ристовски ја доби бараната исписница. Тој веќе одамна изрази желба да си замине, а пред неколку денови беше на проба во романскиот тим Астра Плоешти каде не успеа да се наметне. Според информациите, исписницата е потпишана, Ристовски е слободен играч и, најверојатно, ќе продолжи во албанскиот тим Скендербег.

Слободни до недела

Два дена слободни добија фудбалерите на Тетекс. По мечот со Вентспилс и големиот успех, "штофарите" добија можност победата да ја прослават со два дена одмор. Фудбалерите в недела во 10 часот треба да се појават на тренинг.

ОДЛИЧНАТА ИГРА НА ИГРАЧОТ ЗА ВРСКА ВЕДНАШ ЗАБЕЛЕЖАНА

Вентспилс прашува за цената на Пеев!

Фантастично одиграа "штофарите" на реваншот против Вентспилс. Нема потреба, ниту може некој драстично да се издвои од тој состав, но, сепак, ако ништо друго, противникот на Тетекс во Скопје виде нешто интересно. Според нашите информации, играчот кој им се допаднал, и тоа многу, е фудбалерот за врска Оливер Пеев. Како што дознавме, стручниот штаб на овој тим на чело со тренерот Нунцио Заветиери побарало од нивното раководство да повторно да стапат во контакт со Тетекс, но овој пат да се разговара за трансфер. Луѓето на Вентспилс пред заминувањето по мечот одигран во четвртокот прашувале колку чини Оливер Пеев. Играчот за врска и на првиот меч кој Тетекс го одигра на гостински терен со резултат 0:0 ги воодушевил челните луѓе на Вентспилс, а на ревашот само биле потврдени нивните импресии. Засега од клубот не ја потврдуваат официјално оваа информација. Доколку биде расположен Тетекс да се раздели со Пеев, тогаш сигурно дека цената нема да биде проблем со оглед на тоа дека Вентспилс има годишен буџет кој се движи околу 5 милиони евра.

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ ПРОТИВНИКОТ НА ТЕТЕКС ВО ТРЕТОТО КОЛО

Елфсборг со само една вистинска ѕвезда

Во пресрет на третото коло од УЕФА Европа лигата ви го претставуваме противникот на Тетекс. Елфсборг е шведски тим, кој е формиран на 26 јуни 1904 година, а од 1906 го носи денешното име. Овој фудбалски клуб се наоѓа во гратчето Борас, место со нешто повеќе од 63 илјади жители. Речиси 90% од играчите на Елфсборг се Швеѓани, додека мал е бројот на оние кои доаѓаат од други држави. Има по еден од Данска, Америка, Англија, Австралија и Финска. Има и други фудбалери кои потекнуваат од други држави, но, сепак, имаат и шведско државјанство како што е Јапонецот Стефан Ишизаки, Босанецот Дени Авдиќ и Либанецот Абас Хасан. Во својата клупска историја Елфсборг петпати бил шампион на Шведска, а интересно е тоа што во последните 50 години само еднаш се закитил со оваа титула, и тоа во 2006 година. Шест пати бил вицешампион, двапати го освоил Купот, а трипати играле во финалето на ова натпреварување. Елфсборг има и еден пехар во Супер купот освоен пред три години. Само една вистинска ѕвезда има овој тим, и тоа дефанзивецот Теди Лучиќ познатиот шведски репрезентативец кој има играно на ЕП 2004, и на Светските првенства во 1994, 2002 и 2006. Тој има 37 години и има играно за Лидс, Болоња и Леверкузен. Инаку, досега Елфсборг има одиграно вкупно 43 меча во европските купови. Има 17 победи, 11 нерешени средби и 15 порази. Најголем успех на Елфсборг на европската сцена е во 2007/08 кога играа во групите од Купот на УЕФА. Тогаш шведскиот тим беше во групата "Ц", заедно со Фиорентина, Виљареал, АЕК Атина и Млада Болеслав. Елфсборг заврши на последното место без ниту една победа и со само едно реми она против АЕК Атина на домашен терен во првото коло. Таа сезона во последното квалификациско коло го елиминираа Динамо од Бук*решт. Елфсборг игра на стадионот "Борас арена" со капацитет од 17.800 места.

Според "трансфермаркт" вредат 16.325.000 евра!

Вредноста во моментов на шведскиот тим според интернет порталот "трансфермаркт", кој се занимава со цените на играчите, е 16.325.000 евра. Најскапи играчи на Елфсборг се Стефан Ишизаки и Дени Авдиќ, кои вредат по 2.000.000 евра.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.