IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски литературен кружок
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски литературен кружок

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски литературен кружок
    Испратена: 23.Јули.2010 во 19:50
Во чест на храбрите Македонци



Македонскиот литературен кружок во Софија претставува една од најмаркантните пројави во литературно-културниот континуитет и во развитокот на македонската национална свест воопшто.
Тој е директно продолжение на националната мисла што се изрази во Словеномакедонската книжевна дружина на Ѓорѓи Пулевски (1888) и Младата македонска книжовна дружина во Софија (1890-1892), во ученичката дружина Вардар (1893-1894) и Македонскиот клуб со читателите во Белград (1902) и пред се' во Македонското научно-литературно другарство (1902-1917), словеномакедонското национално-просветно друштво Свети Кирил и Методиј (1912-1913), руско-македонското благотворно друштво Св. Кирил и Методиј (1913-1914) и Македонскиот револуционерен комитет (1917) во Санкт Петерсбург. По Првата Светска војна во новонастанатите историски околности истата идеја најде автентичен израз во активноста на ВМРО (Обединета) (особено во периодот 1930-1936), поспецијално во Литературниот кружок на Кочо Рацин (1931-1932) и МОРО (1933-1934) во Скопје и во културно-просветното друштво Вардар во Загреб, Белград и Скопје (1935-1937), како и во македонскиот народен сојуз во САД и Канада (1930-1945) и македонските прогресивни групи во Аргентина (1935-1945) со сите активности и печатни периодични и други изданија.
Македонскиот литературен кружок беше формиран во почетокот на август 1936 година при Редакцијата на весникот Македонски вести во Софија, но по укинувањето на весникот и прогонот на редакторите, работеше илегално под името Македонски публицистички кружок Нација и култура (1937-1938). Од есента 1938 па се до почетокот на 1942 година се развиваше една богата литературно-културна, национално-политичка и општествено-револуционерна дејност на веќе стабилизираниот полуилегален Македонски литературен кружок во Софија што го водеше раководно тело на чело со познатиот поет и македонски национален деец и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
Активноста на Кружокот се развиваше континуирано и ангажирано на однапред насочени и подготвени редовни неделни состаноци, но и на разновидни неформални средби, каде што се читаат и се оценуваат литературни творби и компетентно критички се разгледуваат новите подготвени збирки песни, раскази, репортажи, есеи и трактати на членовите, како и на веќе објавени литературни дела од Македонци (на македонски или на друг јазик) независно од местото на издавањето. Некои од овие материјали се зачувани интегрално или фрагментарно.
Знаменит остана воведниот реферат на Никола Вапцаров на првиот, обновувачки состанок на Кружокот (октомври 1938) што потоа беше вообличен во познатата негова песна - поема „Доклад“ (реферат). Овој текст во извонредната форма во 1963 година се наоѓаше во Домот, музеј Никола Вапцаров, но брзо по нашето прочитување (од сината тетратка) беше засолнат во депото на тогашниот Централен партиски архив на ЦК на БКП во Софија и дури на 15 февруари 1995 година, во весникот „Литературен форум“ беше објавен според еден нецелосен и на крајот фалсификуван препис што го направил Николај Шмиргела во 1994 година.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 19:51
Бликната љубов

Речиси истите зажарени национални мисли и чувства кон родната земја и татковината, Антон Попов рафално ги нафрлува и во репортажата Над Пирин облаците се згуснуваат, објавена во Литературна критика. Кружочниците се качуваат на врвот Ел-Тепе, па авторот возбуден меѓу другото опишува:
Жедно, немо и возбудени сме ги впиле очите во тој топол роден простор.
Кој има власт очиве да ни ги натера помалку да искрат љубов кон оваа земја?
Кој ја имаа таа власт што да ни ги задржи усните да не ги изговорат зборовите на клетва, на :борба, на верност?... Да ни забрани да го паметиме херојското и големо минато на својот народ и :бескрајно да го сакаме неговиот комитски епос?
Не!
Никој!
Никогаш!
Зашто тоа не е ничија земја, туку просто македонска земја, наша татковска земја, земја на рибарите покрај Егеј, на селаните, на рајата, на работниците, на сите македонски луѓе. Во рамките на програмските начела и Статутот на Кружокот, во 1940 година често се распишуваат конк*рси на македонски теми, па така се напишани Вапцаровите песни Земја, Крали Марко, Илинденска, незавршената поема Илинден и други, но се земаат и конкретни обврски: Да се прочита се што е напишано за Делчев со белешки, и Да се прочитаат сите книги од Милетич Спомени. Се земаат и обврски секој член да напише определен број стихови и проза (раскази и репортажи) од македонската историја.
Но веројатно најамбициозниот потфат го прават со подготовките за објавување една антологија на македонската литература, за која последниот славист - професор на Софискиот универзитет Симеон Русакиев, специјално поканет на заседание на Кружокот, во своите спомени сведочи:
Другарите од Кружокот имаа задача да го разгледаат прашањето за издавањето на една антологија на македонската национална литература. Во таа антологија се проектираше да бидат вклучени литературни творби од времето на Кирил и Методија до нашите дни. Прашањето беше поставено вонредно сериозно и за него се искажаа сите членови на Кружокот, се заврзаа спорови, се искажуваа различни мислења. На тоа заседание Вапцаров направи основно искажување. Тоа што го чув од него, а исто така и од некои други членови на Кружокот ми направи вонредно силен впечаток. Вапцаров зборуваше за македонскиот народ, за неговата ослободителна борба, за неговата национална култура и литература, за неговата иднина... Вапцаров зборуваше спокојно, но со внатрешен немир, со страст, со ретка убедливост, со чувство на патриот-интернационалист. Пребродувајќи го тешкото историско минато на Македонија, тој се озаруваше кога зборуваше за нејзиното ослободување. Во името на светлата иднина тој ја истакнуваше неопходноста за борба против шовинизмот на бугарската и југословенската буржоазија. Во своето искажување за македонскиот јазик тој зборуваше за одамнешната книга на Мисирков што го постави за првпат прашањето за македонскиот јазик, зборуваше за Кирил и Методија, Климент Охридски, попот Богомил, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, браќата Миладиновци, Григор Прличев и други. Треба да си признаам дека јас не се покажав особено полезен на заседанието на Кружокот. Напротив. Тоа што го чув од присутните и особено од Вапцаров направи коренит прелом во моите филолошки разбирања...
Од тоа време во врска со ова прашање се зачувани (во две верзии) и белешките на Михаил Сматракалев, но тие се однесуваат за зборник од литературни творби на современите македонски писатели (во едната белешка 9, а во другата 12 автори):
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 19:54
Името и презимето на Ангел Жаров (литературен псевдоним на Михаил Сматракалев), пројавен член на Македонскиот литературен кружок во Софија и еден од најголемите соработници на литературното гласило ’Македонски вести‘, (Софија 1935/36) нема да го сретнете во ниеден бугарски литературен прирачник, речник или каква и да е енциклопедија, иако тој пишувал исклучиво на бугарски јазик, а својот живот го поминал во Бугарија! Доведен во ова средина како бегалец во екот на Втората балканска војна (1913) на тригодишна возраст, тој се ангажира во редовите на македонската емиграција во Софија, пројавувајќи се во областа на поезијата, расказот, критиката и есејот, а особено во Македонскиот литературен кружок на Вапцаров, помеѓу 1938-1941 година. За жал, ете, без оглед на степенот на вредноста препозната во неговото пишување, поради верност кон земјата од која потекнал, бидува долги години прогонет, оспоруван, премолчуван. Тој претставува еден илустративен пример за таканаречените писатели со две татковини, чија судбина како да се прекршила на морален план толку многу што обете татковини лежерно го подзаборавиле, го маргинализирале!“

Овие оцени изречени од академик Гане Тодоровски ќе ја кажат сета вистина за овој голем Македонец, кој поради своето национално определување и постојаната борба што ќе ја води за македонската вистина во Бугарија, таму каде што е најтешко човек јавно да каже дека е тоа, ќе биде лишен од сите привилегии што ги уживаат луѓето со неговиот интелектуален капацитет. Сматракалев никогаш не отстапи ни педа од своето национално убедување кое заедно со Вапцаров и многу други македонски дејци ќе го манифестираат на средби во Софија на Македонскиот литературен кружок во годините непосредно пред војната.



Сматракалев жестоко полемизира против сите тие што ги негираат Македонците и ја протежираат бугарската шовинистичка доктрина. На една дебата за македонската нација што се водела во Софија во февруари во 1946 година, која на македонската јавност и' стана достапна неодамна по објавувањето на книгата „Македонската емиграција во Бугарија 1944-1950 година“ од академик Иван Катарџиев ќе рече дека повеќе Македонци кои претендираат дека се македонски патриоти тоа прашање го поставуваат непатриотски и дека еден патриот не може да има никакви дилеми дали постои или не постои македонската нација.

„Македонската нација е крупен факт што го гледаме пред нашите очи. Таа се развива и расцутува. Не само што ја признаваме ние туку цел свет ја признава. Официјално, македонската нација се призна уште во г. Јајце од Советскиот Сојуз, Англија, Америка и од сите прогресивни народи. Во оваа положба, да го негираат овој факт, овие Македонци кои претендираат дека се македонски патриоти, најмалку да се посомневаат во овој факт, тоа за мене значи дека тие не се македонски патриоти“, ќе рече Сматракалев.

Во полемичката расправа со луѓето што застапуваат пробугарски ставови тој подвлекува дека Гоце Делчев и неговите другари се бореле со голем стремеж македонскиот народ да си изгради своја самостојна држава, а тоа означува дека тој се чувствува како нешто одделно од бугарскиот народ и од бугарската држава, а тоа значи дека се чувствува како одделна нација.

На забелешките на неговите противници дека многумина револуционери велеле дека се Бугари, Сматракалев ќе одговори. „Претставете си една картонска кутија на која пишува ’Бугарин‘, а што има во кутијата не ве интересира. Ние, за разлика од вас, го фрламе картонот и се интересираме за суштината што е во него. Не гледаме што пишува на капакот од сандакот, туку го отвораме и внимаваме што има внатре“, ќе објасни Сматракалев. Притоа, тој како поткрепа на тие тврдења ќе ги изнесе искажувањата на Јане Сандански, кој во 1905 година на своите другари ќе им советува „дека треба да се работи да се разбуди сознанието на масите дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот, дека треба да се борат за изборување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, бидејќи тие кога би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги заробат“.



По ослободувањето на Македонија, Сматракалев ќе сака да дојде во Скопје да и' помогне на младата држава, зашто е свесен дека и' требаат млади школувани кадри, но очигледно тогашното македонско раководство на Македонците што доаѓале од Бугарија ќе гледа со недоверба. Во 1946 година на една средба со Лазо Колишевски заедно со Кирил Николов ќе му ја пренесат таа негова желба.

„Не' прими многу љубезно. И започнавме разговор. Му кажавме што работиме во емиграцијата и за нејзиното безрезервно расположение во корист на Македонија. На крајот му ја кажавме нашата желба: да дојдеме да работиме во корист на младата република. Тој без да размисли и да се праша себеси што да ни одговори, природно ни рече, оти тоа го сакат и тие и така ќе биде. Му рековме, оти ќе треба да решат каде да не' испратат да работиме, зашто имаа претстава за нас и за нашите можности. Откако се вративме, попусто очекувавме повик за работа. Сите велеа ќе биде, но ништо позитивно не се случи. И ние, се разбира, останавме во Софија, а потоа по решение на ЦК на БКП заминавме за Неврокоп“, пишува Сматракалев по средбата со тогаш првиот човек на Македонија.

Тој вели дека односите на тогашното раководство на младата држава спрема Македонците во Бугарија, најблаго кажано, биле резевирани. „Кога еднаш Павел Шатев веднаш по 9 септември 1944 година со автомобил дојде да ме кани за заменик-министер на правосудство, јас се согласив, но тој не ги имаше прашано големците и кога се вратил и ги прашал, тие му откажале“, пишува во своите спомени Сматракалев, кој тогаш бил дипломиран правник.



Навистина, македонската власт еднаш му предложила да дојде во Македонија и да го води филмот, но не се согласил, зашто, како што вели, никогаш не се занимавал со филмско производство, а и не верувал дека ќе си достојат на зборот. „Не ме прифатија само мене, но и Киро Николов, Абаџиев и Митко Зафировски ги примија, но тие од Бугарија избегаа демонстративно. Кога се распламтеа расправиите меѓу нас и Југославија, кога се анатемисаа Југославија и нејзиното раководство во Информбирото, работите сосема се растурија и дури и не помислував да одам во Македонија. Мислев, оти таму ќе ме сметаат за информбировец и ќе ме проследуваат“, истакнува тој.

Македонската јавност за делото на Михаил Сматракалев долги години не знаеше речиси ништо. По објавувањето на неговите трудови од д-р Васил Тоциноски ќе се дознае колку голем Македонец бил тој, колку жртвувал и колку му било тешко да опстојува на македонските позиции. Како повеќемина Македонци во Софија, и тој можеше да згази врз сопственото човечко и национално достоинство, да каже дека е Бугарин и сите проблеми на кои наидувал во државата, која никогаш не го прифати, ќе исчезнеле. Но тој си остана Македонец се' до смртта.

Почина во 1998 година. На неговиот погреб ќе дојдат малку луѓе, само тие што му беа искрени пријатели и почитувачи на неговото дело. Неговото семејство ќе нема доволно пари да му купи гробно место на софиските гробишта, па ќе мора да го кремира и да го смести во еден мал бетонски саркофаг и да го постави во редицата на анонимните и сиромашни софијци. Македонската држава не направи ништо да му помогне на семејството да биде погребан подостоинствено, ако ништо друго да има свој гроб за да можат Македонците на годишнините од смртта да му оддадат почит и да положат цвеќе.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 19:57
Мунгосе, отново те поздравувам за отварането на таа тема.Интересна е...Има место да спорим.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 19:59
Никола Јонков Вапцаров (бугарски: Никола Йонков Вапцаров) бил македонски писател од Бугарија , роден во Банско, Пиринска Македонија, Отоманска Империја, (денес Бугарија) на 24 ноември 1909, а починал на 23 јули 1942 во Софија, Бугарија. Тој бил член на Сојузот на бугарските писатели.
Никола Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои создавале на други јазици, освен македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.


Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија во 1909 година во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била учителка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија.
Завршил основно училиште и шести клас гимназија во Разлог. Тој тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во бугарскиот пристанишен град Варна, каде се сретнал со марксистичко-ленинистички кружок и станал активист на кружокот. Овде го публикува своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето во 1932 Вапцаров станал машински техничар, отпрвин на еден брод со кој патувал по северниот брег на Африка. Поради ограничената комуникација со луѓе тој ја напуштил таа служба и се вработил во селото Кочериново како техничар во фабрика за хартија и мукава. Во 1933 година бил тепан од страна на функционери на ВМРО поради неговите политички дејствувања. Нешто потоа на патот од Горна Џумаја за Кочериново бил извршен и неуспешен атентат врз него, поради што Никола напишал писмо до Ванчо Михајлов, прашувајќи го зашто сакаат да го убијат. Овој настан подоцна ќе ја инспирира стихотворбата „Песна“.
Поради фактот што тој бил марксист-ленинист, се заложил да ја пропагира идејата за класен преврат, но ова не било добредојдено за бугарските власти кои почнале да го притвораат, распрашуваат и малтретираат Вапцарова за таа заложба. Како додатен проблем, покрај тие од страна на бугарската власт, Вапцаров добил отказ од фабриката каде работел. По отказот од фабриката Вапцаров се вработувал повеќе пати и повеќе пати се здобивал со откази. Така тој работел како машинист во парна мелница, а потоа како ложач во локомотива.
Неговите промени на работа потрајале подолго време. Со секоја акција на бугарската полиција против него, кај Вапцаров се разгорувала реакцијата против постојаниот капиталистичко-фашистички систем.
Вапцаров, покрај основната работа за егзистенција, се занимавал со книжевна дејност. Тој е еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Тој се занимавал со поезија, пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“.
Во тој временски интервал (1936-1942) Вапцаров ги создал најзначајните стихови. Колку што е активен во непосредната револуционерна работа, исто толку е интензивен и во својата литерарна дејност: во 1940 година ја издава својата прва и последна поетска збирка „Моторни песни“.
Никола Вапцаров бил против фашизмот и неговите политички заложби биле настроени против таа идеологија. Раководителот на пиринското партизанско движење, Никола Парапунов, го поканил да им се приклучи во раководството на движењето, ценејќи ги неговите диверзантски и разузнавачки акции врз важни објекти со кои се служеле фашистите во Бугарија. Вапцаров ја прифатил поканата, но не добил дозвола од раководството на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунисти). Вапцаров таа постапка не можел да ја разбере па продолжил со диверзантските акции.
Во 1940 собира потписи низ Пиринско во тнр. „Соболева акција“. Затоа е уапсен, суден и интерниран во Годеч. По враќањето од Годеч (септември 1941 г.) зема учество во саботажи против германските војски, снабдување со оружје, набавка на документи и соби за илегалци. Како соработник на воената организација на БКП набрзо бил фатен од бугарските власти, а заедно со него биле и Македонците Атанас Романов и Антон Попов. Под притисок на своите роднини, Никола напишал молба за помилување, која гласела:
„До Негово величество царот - Софија
Осуден сум на цмрт со стрелање кривичен закон дело нр 585 Софиски военополски суд. Молам пресудата да биде заменета со доживотен затвор.
Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор”.
И покрај тоа, на 23 јули 1942, македонските писатели Никола Вапцаров и Антон Попов биле стрелани во дворот на една софиска касарна од страна на бугарските власти.
По промената на односот на БКП кон македонското прашање, комунистичката власт во Бугарија ќе се обиде да го искористи талентираниот писател за зацврстување на сопствениот авторитет, при што во 1963 година ќе бида изработен фалсификат на партистки протокол за божемно членство на Никола Вапцаров во партиската организација на БКП во село Стоб. Посмртно е добитник на почесната Меѓународна награда за мир во 1952 година.
Книжевна дејност

За време на својот живот, Вапцаров објавил само една збирка поезија под наслов „Моторни песни“. По паѓањето на фашизмот во Бугарија била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.
Делата се напишани на бугарски јазик бидејќи родниот крај на Вапцаров, Пиринска Македонија, бил анектиран од Бугарија и својот живот го поминал во Бугарија. Неговите дела се преведени на македонски јазик.
Првиот циклус во збирката „Моторни песни“ е насловен „Песни за човекот“ и во него се обработуваат проблемите на работникот и на обичните луѓе. Тука се издвојуваат песните „Спомен“, „Писмо“, „Песна за човекот“ и други.
Вториот циклус носи наслов „Песни за татковината“. Преку песните во овој циклус, Вапцаров се претставува како патриот- Македонец, најмаркантно преку песните „Земја“, „Татковина“, „Ајдутска“, „Илинденска“, „Крали Марко“, „Мајка“, „Песна“ и други.
Третиот циклус во збирката, насловен „Песни за една земја“, се однесува на Шпанската граѓанска војна.
Песната „Земја“
Една од најмаркантните песни на Вапцаров е песната „Земја“, покрај песната „Илинденска“. Оваа песна е дел од првиот циклус на патриотски- македонски песни и во неа според македонските научници Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина Македонија. Во песната дава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што живее во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина. Според бугарските научници во песната Вапцаров не искажувал политички или етнички ставови. Во писмо до неговата мајка Вапрацов јасно кажува јасно која е „неговата“ татковина и Пирин како дел од таа.
Песната „Илинденска“
Во песната „Илинденска“ Вапцаров се јавува како обвинувач против оние што го дигнале Илинденското востание предвреме, иако свесни дека не е доволно организирано, нема да успее и дека потоа би имале „морално“ право да докажуваат дека без „братската“ помош, без воената интервенција од бугарска страна, македонскиот народ не би можел да се ослободи. Според Вапцаров, сторена е „сотонска вина“ кон тој народ, но историјата ќе го каже својот суд. И самиот Гоце Делчев бил против предвременото кревање на востанието. Но него го ликвидирале со посредство на предавници и тука веќе ништо не можело да се стори. Гласачката машина на софискиот двор се наложила. Поентата на песната е јасна: дека Македонците ја сакаат слободата, издвојувана со сопствени сили, онака како што ја замислувал Гоце Делчев; сè за слободна Македонија.
Реферат
Значајно место во неговата оставнина претставува и рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Оригинален и самокритички, тој има за цел да ги покаже вистинските патишта на постоењето и патот на писателот, на литературата која толку многу му е потребна на македонскиот народ. Постојано споменуван и уважуван како посебно значаен труд не само за Вапцаров, туку и за македонската литература воопшто, неговата целина останува долго време непозната. Прв пат мали делови и почетните реченици ги соопштува Блаже Ристовски во 1963 година, но поопширно во студија во следната 1964 година, кој имал можност да потѕирне во тетрадка 33 во музејот „Никола Вапцаров“ во Софија, заведен како „Доклад от Никола Вапцаров върху Македония и задълженията на писателите-Македонци към нея, които трябва да следват революционните идеи на Гоце Делчев и Даме Груев“. Прв пат интегрално е објавен во книгата на Михаил Сматракалев „Македонскиот литературен кружок“. По политички причини, наскоро по неговото прво делумно објавување, рефератот е повлечен од Архивата на Домот-музеј и ден денес е недостапен за истражувачите, со исклучок на тесен круг бугарски научници. Во Бугарија рефератот е објавен прв пат дури во 1995 година.. Тоа ќе даде повод Вапцаров да биде прогласен за негатор на бугарскиот јазик и проводник на македонизмот.
Мисли на Никола Вапцаров

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“
—Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938
„Никаде нема поубава од нашата Бугарија, мамо. А нашиот Пирин со ништо не може да се сравни“
—Никола Вапцаров
Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот

По повод 100 годишнината од раѓањето на Никола Вапцаров, Друштвото на писателите на Македонија и Институт за македонска литература, одржа свечен собир, со кој ја одбележале 100-годишнината од раѓањето на поетот Никола Јонков Вапцаров, чија поезија е преведена на многу јазици во светот.
Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и Културно информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија исто така организираат „Вапцарова вечер“.
Фамилијата и Никола

Значајно е дека изјавите на фамилијата за него се во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така за време на судскиот процес, мајка му Елена напишала молба до царот Борис ІІІ „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар Бугарин“ (15 јули 1942 година). Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина. Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна ќе оди дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“ Неколку години подоцна, за време на културната автономија во Пиринска Македонија, при средба со македонски писатели Елена Вапцарова ќе изјави „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот” Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“ Дваесет години подоцна, кога политиката на Бугарија кон македонското прашање е целосно сменета, Елена Вапцарова во откриено писно ќе протестира против преводот на македонски јазик на неговите стихови :
„     Сакам да го споделам со читателите на весникот моето искрена огорченост од некои писатели-журналисти на Скопје. Одамна се вознемирувам, но во името на добрососедските односи молчев.
Пред повеќе години во Варшава се прегрнавме со мајката на Зоја и Шура Космодемјанскаја и си дадовме ветување, дека ќе бидеме во првите редици на борбата за мир, за да нема други како нас, и затоа молчев, а сега ќе извикам цел свет да ме чуе: Родината на Вапцаров е Бугарија, во која тој работи и умре.
Кога излезе тоа глупавото известие, дека ги превеле стиховите на Вапцаров на неговиот мајчин јазик, бев во чудење. Дали има во историјата таков поет, кој пишувал свои стихови на туѓ јазик и потоа туѓите луѓе да му ги преведуваат на неговиот мајчин јазик!
Тоа го пишувам јас, мајката на поетот, со својата немоќна рака.
Елена Вапцарова


Братот на Никола, Борис, градил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следил политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.Неговите деца Маја и Никола на ист начин го продолжуваат искачувањето кон тоталитарната елита. Падот на нивната злоупотреба со името на Никола Вапцаров за корисни цели ќе заврши со уништување на неговиот гроб во повеќемесечен скандал

Изменето од mungos80 - 23.Јули.2010 во 20:00
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:01
Антон Николов Попов (Попово маало, село Игуменец (денес Гега), Пиринска Македонија, Бугарија 20 октомври 1915 - Софија, 23 јули 1942), македонски револуцонер, публицист, писател, познат активист на БКП и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.


Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.
Живот

Основно образование завршил со своето родно село, потоа продолжил во гимназијата во Самоков. Заради учество во ученички марксистички кружок и ширење на марксистички идеи сред учениците на гимназијата бил исклучен и принуден да го продолжи своето средно образование во Неврокоп, каде и го завршил во 1933 година. Не можејќи поради материални тешкотии да продолжи на факултет, станал учител во Гега и за кусо време создал интернат за 100 сиромашни деца во селото. Немајќи можност да ги разгрне своите интелектуални сили во својот крај преминал во Софија. Таму работи како журналист. Тој е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година. Во тоа време ја напишал статијата „Дали постои македонска нација“, во која со научни доводи дава образложен позитивен одговор. Антон Попов бил член и на Бугарската комунистичка партија (БКП). На почетокот на мај 1941 година е мобилизиран во 25 пешадиски полк на Беломорието. По нападот на Германија врз СССР заедно со Никола Вапцаров стануваат членови на Воениот центар кај ЦК на БКП, каде пројавил вонредна активност. Двајцата се провалени и уапсени од бугарската полиција, осудени на смрт и стрелани на 23 јули 1942 на софиското гарнизонско стрелиште.

Творештво

”Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари...Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди...
...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?”
(Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г.).
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:01
Коле Неделковски (роден како Никола Крстев Неделков; 16 декември 1912 – 2 септември 1941) е истакнат македонски поет и револуционер помеѓу двете светски војни.
Роден е во селото Војница, близу до Велес, на 16 декември 1912 година во сиромашно земјоделско семејство. Гимназија завршил во Велес, но морал да го прекине образованието, поради недостаток на пари. Заминал во Скопје во потрага по работа и го посетувал трговското училиште.
Поради неговата револуционерна активност бил прогонуван од великосрпскиот режим, поради што во 1933 година пребегал во Бугарија. Во 1938 година на страниците на „Илустрација Илинден” објавена е неговата прва песна „Стојан војвода” („Стојан на Ордановци”). Една година подоцна во Македонскиот книжевен кружок другарува со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други македонски револуционерно-книжевни дејци. Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М'лскавици”, со која го поддржува трендот на пишување македонска поезија со македонска тематика и употреба на македонски јазик.
Во 1940 година станува член на диверзантска група „Млади антифашистички борци”. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по светот”. Само десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдуваат само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот е поставена спомен плоча, која подоцна исчезнува.
Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската литература. Неговата песна Глас од Македонија е една од најпознатите револуционерни песни во македонската литература:

Глас од Македонија
О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба -
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.
Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости -
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д'издигне славно свој род без врева.
Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј - на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:03
Вениамин Миланов Тошев, познат под псевдонимот Венко Марковски (Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988) е македонски и бугарски поет, академик од БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература.

Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.
Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.
Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ.
Творештво

Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:06
Мунгосе, сопри се малце... немам против да дискутираме по таа тема (видим што доста си внатре, ама и аз сум доста внатре)... Така, че даваj лека-полека
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:12
Да си кажем право - те поздравувавм за следното откритие:

Сега го разгледав внимателно (се пак за први пат го видам).
Може дасе направат доста интерени изводи, ако се проследи кое е било во началото и кое после е зачртано (но чоек требе да владее добре бугарски език за да се справи)
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:18
Оваа е вовед ги најдов докумените па да видиме кој што бил.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:26
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Оваа е вовед ги најдов докумените па да видиме кој што бил.

Бива.. даваj да видим останалото. Интересно ке да е.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 20:30
За тоа понатаму прво да се испукаме
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 21:09
Mungose, поздрави и од мене за темата.

Дај се што имаш и да почнеме.

Дали го имаш ДОКЛАДОТ на Вапцаров на македонски?
Во него е кажано се` за целите на кружокот.

А колку голем Македонец бил Сматракалев знаеме.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.