|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 128129130131132 146> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За тебе сум ова што сум.
Заради тебе правам се што правам. За тебе дишам За тебе се будам. За тебе живеам. А ти...? Ме оставаш на тие кои не ме заслужиле ни на пола од тебе. Оти со тебе плачам долго во ноќта. Со тебе се смеам цел ден. Со тебе заспивам во бессоните ноќи. Со тебе се будам во ладните утра. Ти си мојот сон Моја болка и тага. Моја насмевка,моја солза, мој дом,моја жед,моја глад Ти си ми......се. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те натопив со солза врела.
Те исплакав со секое ново утро во кое го немаше твоето битие. Не го слушаш плачот веќе. Не ја чувствуваш болката во гради. Не те допира мојот глас. Исчезна........ Ех кога само би можело.... Да исчезнеш од срцево. Да ја снема болката. Да испариш од душава, да не тагува повеќе. Да те снема од мисливе, да се одморат малку. Да се искушат солзиве тешки. Да потонам во мир....вечен. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Утрата веќе не прекрасни
како што беа порано. Сонцето не сјае со истиот сјај, ни облаците не се така прекрасни како некогаш.... Ниту денот не е убав и весел како некогаш. ништо не е доволно добро и возбудливо во него. Ниту ноќта е ноќ ниту сонот е сон, а и го нема во ноќите само мисли и болка, тага и солзи ме дружат. Ништо не е како што беше Без тебе! Ни животот е живот, ни смеата е смеа, и ништо не е доволно добро мило мое ангелче, без твојот глас,поглед,смеа.... Без тебе! |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тага е името мое
Болка ми е презиме Солза ми е прекар Трепетот на крилцата мали се претвори во тивко липање око не пресуши солза А среќен требаше да е денот и болката требаше да е заборав Само тага остана после се само солзи Нема да стивне душата липа тивко никој да не чуе а никој не ни претпоставува дека сета болка во очиве си ти Тагата на лице е подарок од тебе Солзата горка од око што тече се вика исто како и ти Името твое не заминува од усни Ликот твој ангелски не сака да си оди од мисли Ниту насмевката твоја сака да замине од пред очи А само сакав.... толку силно сакав.... и на крај посакав да те допрам, да те гушнам, да те гледам пред мене насмеан. Згрешив мило мое, многу згрешив..... сега ја плаќам грешката Згрешив оти посакав. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗначењаПрости ми што сум плиток до последниот слој на глупоста… …што разлистувам ликови и се виткам пред лудиот ветер кој вчера го одвеа Бог од молитвите. Не сум заборавил! Имаме состанок во пустиот град што се сомнева дека им плаќаме на минувачите да ни бидат статисти во љубовна сцена… Ако додржам до вечерва… Знаеш, гнили се врвците што ја стегаат душата во ова тело… Ќе зборуваме за малата веројатност некогаш да се сретнеме вистински… И ти ќе се согласиш дека допирот е најдлабокиот недоволен начин да продреш во мене… Износените лица на љубовта безизразно ќе се дават во плитките значења што и’ ги даваме на нашата болка. Дури и моето заминување ќе изгледа како да те напуштам… |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ахх ....таа буква М..... Мугри… мирно место … малини ми мирисаат …. мисла ми минува ….. Маѓепсана …. мислиш ме мачиш ?? можно…. море мелодии Маченце мое ме мазиш…… мисла менувам… мрак… мразам моменти меланхолични…. Моќна муза ме мислиш.. можеби.. моќен маж мрежа ми мести Маскембал маска можеби… мислев ме милуваш мускетару мој… Dawn ... peaceful place ... I smell raspberries .... My thought goes ..... Enchanted .... do you bother me? possible .... Sea ringtones My cat carres me ...... Thought change ... darkness ... I hate melancholic moments .... Powerful muse me think .. maybe .. powerful man My network setting Maskembal skin may ... I thought you caress My Musketeers .... Изменето од bijonse1 - 23.Мај.2010 во 18:06 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Why Bother?Крилести змејови дојдоа да го смират готскиот призвук на незавршена есен… Зарем останаа нешта што не можат да бидат сфатени на прв поглед? Ликовите заѕидани во градските фасади љубопитно го следат твоето месечарење… Тие глумат движење… Го чекаат твојот пад… Тие се со тебе до самиот раб на дупката… Понатаму си сам со болка во коските, гнилеж во месото, и психијатриска дијагноза… Во алманахот на страдањата ги има само нивните ликови… И сите се потпишани со исто име… Твоето… Тие што не ти оставија крв во телото за да порумениш кога ќе ти стане срам… Тие што ти ги избришаа и пцостите од речникот, за да не искажеш колку ги мразиш… Тие што решаваат што да биде грев… Бадијала ги соголуваш… Под секој шарен омот, нова ‘pѓава лушпа… (Премногу ли остарев што зборот и гробот ми се исти по длабочина?) |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто во нештатаИма нешто во нештата што ги немам. Чекајќи го летниот солстициј, да ти го проколнам сонот во најкратката ноќ, си го простирам езерото од гнев меѓу две липи и заборавам дека те имам во нивниот мирис, а те немам во мојот кревет… |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не им обраќам внимание
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОЖД Дали денес далечината делуваше ?? дали дождот.........делумно депримира?? додека директно дејствуваш...... дефинитивно ден дарувам!!! да делиме ден ?? ........дојди !!! дали душа да дам?? дали ден да додадам... дајј да докажам...... дискретно....ДА !! Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:24 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi vi lichi ama.....moja e!.........:
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Олуја Околу островот океан огромен облаци отежнати олуја одеднаш опасно !!...остануваш овде?? Овде ???....озбилно? осакатен , омразен, одљубен одсекогаш отфрлен?? Охх обвинувај ...осакатиме,ошамариме овде!!....одма !!! остроумно оценувам....останувам!! Одеднаш отидоа облаците осилото опустошено остана одалеку одлетнува орел.... Одблиску осеќам оган око остро оценува огледалото осрамено останува... Одам одбројувајќи остатоци онаму оџакот одимува останува обелена онанија.... Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:12 |
|
bohrmann04
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 19.Мај.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Среќен роденден Снашке
БЕЛГРАДСКИОТ ЦЕПЕЛИН На ќошињата на улиците го довикувам твоето име, Додека некаде од далеку се слуша како свири нашата музика. Си мислам на допирите на малите и меки раце, Кои го разгоруваа огнот во нас, На таа бледа Месечева светлина. Во сите барови и трговски центри, Пред себе го имам твоето лице, Кое редовно се губи во маглите на влажните утра. Но старите писма и фотографии едноставно не можат да те доловат, Исто како што се губеше откако автобусот ќе заминеше. Прекрасни дворци со столбови и куполи, Изградив држејки ги твоите раце. Веројатно ќе беше полесно да ме држиш при себе Отколку што се трудеше да разбереш, Колку далеку со умот избегав. Во прегратките на една трагедија, Премногу црна да се опише – Крајот на една голема илузија. Сите оние страсти и доживувања кои успеавме да ги украдеме. Тоа…Тоа не можат да те научат на школо. На светот со песнава му ги објавувам, Бесценетите вредности засекогаш замрзнати во времето, Изградени врз пепелта на нашите изгорени срца. Сите љубопитни би сакал да знаат дека, Нашата љубов не наликуваше на воен марш, На некаква си воена парада за демонстрација на моќ, Туку на лесна прошетка по облаците. |
|
IQ = 10 0000
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мy moon
Налутени стрели летаат кон сонцето кое ја измолзе и последната капка вода. Ползам по патеката на зајдисонцето, ја бришам неговата крв со малечок облак од мојот џеб. Го фрлам тој поцрвенет диск обоен од раните на сонцето за да ја нароси онаа проклета пустелија . Заминувам на починка, го гушкам млечниот пат, но што е тоа што гледам? Уморот ли ми исцедува капки сон на моите очи или тоа навистина е виножито? Се прашувам во оваа глува доба, ако сега му побарам на небото да ми навезе сребрена марама од кадифени ѕвезди, дали ќе го стори тоа за мене? Кога изутрина ќе изрти сонцето на исток, дали со своите зраци повторно ќе го обои небото сино и ќе ми ги украде ѕвездите? Се разденува, ветрот ми удира шамар. Ја собирам постелата и сеуште го слушам здивот на месечината како ми одѕвонува во ушите. Ветру, ти сојузнику на сонцето, ми ги зема прстените и останатите скапоцености, мојот бисер кој ми го подарија длабочините на морето во кои нуркав, но не можеш да ми ја земеш месечината, таа ме чува и ме прави среќна, ми ткае виножита доцна на полноќ, ме полева со волшебни стихови и јас растам во нејзината утроба. Изменето од ekszi88 - 21.Јули.2010 во 20:53 |
|
Внеси реплика | страница <1 128129130131132 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |