|
Руската креација на Бугарската нација |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Селото на прадедоти е на 5 саати од Истамбул, западно?! Пешки, на коњ, магаре, со автомобил..... Па тоа треба да е некаде во Македонија. Каде најде таму етнички Бугари? |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си заборавил што имаше една Одринска Тракиjа, коjа во стари времена се е велела Македониjа: |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со креирањето на бугарската држава од страна на Русија и останувањето на Македонија под турско ропство бројот на жителите во новата бугарска држава механички ќе се зголеми.
Во наредниот период, па се до 1924 година населението на Бугарија ќе расне со невидена стапка. Механичкиот прилив ќе продолжи и ќе се заокружи со протерувањето на Македонеците од Егејска Македонија. Со тој чин, ќе се промени не само демографската слика во Егејска Македонија, туку и онаа на Бугарија. Бездруго тоа ќе допринесе македонскиот елемент да постане доминантен во руската творба. Ако се послужиме со терминолгијата која денес се користи ширум светот, тогаш тие настани можеме слободно да ги окаркатеризираме како етничко чистење, ethnic cleansing. Изменето од Platenik - 21.Јули.2010 во 15:49 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си заборавил што имаше една Одринска Тракиjа, коjа во стари времена се е велела Македониjа: QUOTE] Мислиш на темата Македонија?! Ако одиме по таа логика, тогаш Тракија била некаде во Мала Азија. Во тој случај пак ќе биде селото на 5 саати од Истамбул, ама овја пат на исток. Во тој случај веќе би можеле да зборуваме за асли Бугари, со туркско потекло. Овие мене не ми личат како да се од Мала Азија. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А приливот на Македонци во „руската творба“ од Вардарска Македонија за време на српската окупација го заборави.....веројатно ненамерно, нели....? |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
виде еден малоазиски Бугарин: Малоазиски Бугари Професорот Стефан Младенов дефинира јазикот на малоазиските Бугари како еден од jyжнотракиските и иcточнородопските зборувe. Познатиот наш Васил К'нчов го опишал како "сосема чисто тракиско наречје", а проф Л. Милетиќ вели: "Тие зборуваат во главни карактеристики оној филијала на рупскиoт дијалект, кој сега доминира јужно од Марица, по цело Хасковско. Во диалектен однос самобитен остров е село Стенгелкоj, околу Лапсеки, чии жители се потомци на доселеници од Костурско... --- И во Мала Азиjа - Македонци Изменето од Македон - 21.Јули.2010 во 15:56 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека со воведната реченица, а воедно и со почетокот на вториот параграф ги опфаќам и оние кои од Вардарска Македонија се отеселиле во Бугарија. Отселувањето од Вардарска Македонија небило ни приближно по обем во споредба со она од Егејска Македонија. Едноставно егзодус немало, ниту пак имало спозорирана “размена“ на населението на државно ниво кака што имало меѓу Бугарија и Грција. Изменето од Platenik - 21.Јули.2010 во 16:09 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си има податоци за тоа, си има бројки, околности, и тоа од неутрални извори, кој што сака да го провери тоа, лесно ќе најде. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kaко биле потиснати, понижувани и измачувани; и каков бил односот кон македонците во Бугариjа:
Според К. Битоски во 1888 година во Бугарија имало 30 000 македонци, додека пак при пребројувањето на населението на Бугарија во 1893 година е констатирано дека 67 000 души биле родени во Отоманската империја. Има претпоставка дека од оваа бројка 45 - 50 000 души биле родени во Македонија. Според податоците на Васил Иванов К‘нчов од вкупно 20 509 државни бугарски службеници 955 биле Македонци, од кои 150 души биле бугарски офицери. Во последната деценија на 19 век во Бугарија се нашла многубројна македонска емиграција. Според еден англиски податок кој се однесува на 1901 година во кнежеството Бугарија живееле 3 580 000 души, односно 600 000 луѓе повеќе во однос на 1890 година. Прирастот се должел во голема мера на Македонците кои се населиле во Бугарија. Во Софија живееле 20 000 Македонци, во Пловдив 8 000 , Македонци имало и во другите градови низ Бугарија. Голем дел од оваа македонска емиграција биле интелектуалци и тие брзо се вклопиле во новата средина и зазеле значајни места во бугарската администрација и општество. Според Данкан Пери во средината на деведесетите години на 19 век, од Македонија во Бугарија емигрирале од 100 000 до 200 000 Словени. Голем дел од нив биле: лекари, учители, адвокати, свештеници, дипломати и новинари. Мнозина од нив станале влијателни во политиката, владата и армијата. Околу 430 (33%) од 1 289 офицери биле од Македонија, а 15 000 (43%) од 35 000 државни службеници потекнувале од македонските вилаети. Додека 1 262 (37%) од 3 412 егархиски свештеници биле од Македонија. Според овој податок во Бугарија годишно доаѓале 200 до 300 македонски студенти и поради приливот на Македонците во Бугарија: „ родениот Бугарин се судира со македонецот кој се натпреварува за неговата служба " Изменето од lav4eto - 21.Јули.2010 во 19:52 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kога ги опишува нападите на Асан во Тракија (1189 година) Хонијат им дава ново етничко име на народот од некогашна Бугарија. Тој пишува: "Значи, Власите откако се возгордеале од непрекинатите победи над Ромеите, тие се здобиле со големи богатства и секакви оружја од пљачкосувањето на Ромеите." (исто, стр. 404).
Друг византиски писател (Георги Скутариот), кој бил современик на Петар, Асан и Калојан, пишува за византискиот поход против нив во истата година. Тој пишува: "Откако работите на запад (од Константинопол, з.м.) станале лоши и Власите, заедно со Куманите, почнале да ја пљачкосуваат ромејската земја, императорот презел поход против нив." (ГИБИ, т. 8. стр. 230). Во врска со бегството на Иванко, кое се случило по убиството на Асан, Георги Скутариот соопштува: "И така Иванко кришум ја напуштил Мизија и отишол кај императорот." (исто, стр. 255). Да кажеме дека бугарските историчари денес името на владетелот на т.н. "Втора бугарска држава" - Асан, го пишуваат како "Асен", што не одговара на вистината, затоа што во византиските извори тој е запишан како "Асан", а не како "Асен". Но, не се само Византијците тие кои од 10 до 14 век го користеле политичкото име за сите народи од онаа страна на Стара Планина (Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако-Словени и неколку "островчиња" остатоци од Бугарите, главно во Провадиско, Варненско и Добричко), туку тоа го правеле и западните хроничари. Така, на пример, учесникот во Третата крстоносна војна презвитер Магнус кога раскажува за преговорите помеѓу бугарскиот цар Петар Втори и Фридрих Барбароса, пишува: "Власите се со нас!" (ЛИБИ, т. 3., стр. 215). Друг учесник во оваа крстоносна војна - Ансберг во својата "Историја на походот на императорот Фридрих Први" соопштува дека во дунавската рамнина: "... владееја со своите Власи некој си Калопетар, кој бил Влав, и брат му Асан (Assanis, з.м.)." (ЛИБИ, т. 3. стр. 257). Во врска со преговорите на Петар со Фридрих Барбароса (од кого барал царска круна), Ансберг потенцира: "Додека се вршеше сето тоа, Калопетар, господарот на Власите..." ветил четириесет илјадна војска, составена од "Власи и Кумани" (исто, стр. 279). Изменето од Boogie - 21.Јули.2010 во 22:08 |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Врти сучи најмалку 35% биле луѓе со македонско потекло. Да се реализраат на професионален план тие требало да станат Бугари. Таква стапка на успех неможеле да постигнат доколку би останале на македонска позиција. По некое непишано правило, дојденците, бегалците, мигрантите се поборбени, поамбициозни... прво затоа што се гладни за опстанок, па понатаму и за професионално докажување. Наметнатата бугарштина е мала цена која требало да ја платат, се разбира за оние кои ја прифатиле новата словенобугарска платформа, а која доаѓа како резултат на пансловенизмот и руските империјалистички интереси за излез на топлите мориња. Во секој случај новата словенобугарска нација почнува да се креира кон крајот на 18 век под полно спонзорство на Русија и базирано на македонскиот и шопскиот енички екстракт, а не врз културата на народот кој го донел тоа име на балканскиот полуостров. Се што ново формираната бугарска држава прави е креирање на софострија, користејќи ја историската наука како легитимно средство да ја постигне целта. Целта на таа стратегија е докажувањето на континуитетот на бугарската држава и бугарскиот народ. Многу мачно оди тоа докажување. Изменето од Македон - 22.Јули.2010 во 14:14 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Послушајте ја втората песна од приложениот клип, која Љупка Рондова ја пее по повод 130 годишнината од ослободувањето на Бугарија од руското “ропство“.
Руските силни јунаци Па ќе запее: ...руските силни јунаци руските донски козаци руските силни јунаци нашата слобода донели.. Изменето од Platenik - 23.Јули.2010 во 03:30 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се си било креирано и пред руската креација.
од Зографскиот поменик со имиња на дарители на манастирот |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бугарофилијата небеше толку многу во подем меѓу Македонците во Македонија, колку што беше во подем меѓу Македонците во Бугарија. Многу Македонци побараа излез од отоманската опресија, а нивниот број постепено растеше по неуспешните востанија во 1878 и 1903 година и посебно после двете балкански војни и Првата Светска Војна.
Бугарофилите искусија комплетна културолошка асимилација и тие денес се сметаат за Бугари. Не како гркофилите и србофилите, или во најмала рака не како овие две групи, бугарофилите ја задржаа својата врска со Македонија, продолжија да се идентификуваат со Македонија и да се нарекуваат “македонски Бугари“. Тие со полно срце ја прифатија бугарската национална кауза и продлжија да сонуваат за Голема Бугарија во која Македонија би имала централно место. – Андрју Росос, Македонија и Македонците. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |