IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Руската креација на Бугарската нација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Руската креација на Бугарската нација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 00:10
Процесот на регрутација на Бугари прикажан во слики.

Да Бе, колку зборови би требало да се напишат, односно мегабајти ни требаат за да се објаснат следниве фотографии?









На оваа слика се прикажани младите и нови благонадлежни Бугари чии потомци денес ќе ја бранат бугарштината, дури и на македонски форуми. Овие се тие со кои Русите манипулирале? Овие се тие кои се директни потомци на Асапуховите орди? Или овие се тие на кои им бил прикачен епитетот, односно егзонимот Бугарин.

Кај мене дилема нема!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 00:17
Tatko mi ushte go znaat kako "bezanecot"


ne se zamaraj so raboti koi ne gi razbirash



Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 00:36
Seloto ma pradedo mi i na prababa mi e bilo na 5 saata od Istanbbul

kakvo rusko vlijanie kakvi ruski manipulacii kakvi epiteti odnosno egzonimi

Na 5 saata od Istambul be!


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 00:44
epitetot odnosno egzonimot koi e bil staven e bil kjaur be
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 10:17
Oној ден отворив тема, во која сакав да ги провериме изнесените „факти“ и сите оние кои ги проверивме излегоа полна лага. ЗА ЖАЛ ТЕМАТА СЕ ИЗГУБИ НЕКАДЕ.


Тука да видиме доколку е вистина напишаното во овој памфлет.

Originally posted by ??????????? ??????????? напиша:

Руските обиди за бугаризација на Македонците и Македонија

--------------------------------------------------------------------------------

Зошто од крајот на 18 век, Русија почнувала премногу активно да се вклучува во балканската политика, со крајна цел создавање голема Бугарија? Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот цар се титулирал и како Самодржец Болгарски, поради владеењето со Волшка Бугарија. Новата балканска Бугарија требало да обезбеди на Русија нејзина вазалска држава. Руските стремежи за нивна сателирска држава се оствтарија 1878 г., која ја ослободија Бугарија и и` создадоа држава.

Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќаат на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.

Секретарот на бугарската егзархија од крајот на 19 век, Шопов, известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).

Во 1858 г., Русија формира “Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, каде покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).

Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).

Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека Бугарите биле всушност чисти словени од Волга, руски собраќа, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки вистински Бугари биле Татарстанците, Чувашите и АлМаринци, сите турко-татарски народ од исто потекло, со чиста турки култура и турки јазик, во склоп на руската империја. Сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија, русите ја искривувале историската вистина.

Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладинис). Неговиот татко бил потекнувал од влашкото село Магарево (битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во биографијата на Д. Миладинов, сакајки да го скрие неговото вистинско влашко потекло, измислува дека неговото семејство избегало од с. Магарево поради влашките зулуми . Но, историските извори сведочат дека с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Мајката на Димитар Миладинов, Султана, е родена во с. Магарево и е ќерка на познатиот влашки поп, Натаил Москополецот, творецот на “Четиријазичникот“. Семејството на Султана од Москополе прво се преселило во Охрид, за подоцна да се закотви во село Магарево. Дури, Шапкарев фалсификува едно цело писмо од Димитар Миладинов до Јанаки Стрези (негов вујко) со наводна критика и омаловажување кон Власите: “каков наич и со сите средства, не само арнауто-власи, безjaзични и безтатковински, но и најмногубројниот, најхрабриот, најкроткиот и најпитомиот славјански наш род“ (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма. стр. 481/482, Кузман Шапкарев).

Истиот принцип на антивлашки написи ги користи и Рајко Жинзифов (роден Ксенофон Зинзифи), самиот од влашки род по мајка и татко. Кузман Шапкарев признава за Рајко Жинзифов и татко му Јоан (Иван) дека “тие по род беа власи – цинцари од град Велес“ и дека заедно со Димитар Миладинов ширеле бугаризам (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 399, Кузман Шапкарев, издава Български писател, София 1984)). Како што видовме погоре, Рајко Жинзифов заедно со Костадин Миладинов биле испратени од страна на рускиот конзул во Варна, Рачински, на обука во Москва (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441).

Ние мораме да ја разбереме нивната позиција и декларативното антивлашко расположение на хартија, зошто како Власи морале на секој начин да го оттргнат сомнежот за нивното вистинско потекло и да се представат како најголеми Бугари, во склоп со нивната задача, зададена и финансирана од Русија. Жинзифов во стихотворбата “Гулаб“ пишува:
Места свободно, б'лгарско,
Дека всите се Б'лгари,
Нема Грци, клети Власи.

Во “Крвава кожуља, Жинзифов го велича Марко Крале кој се борел против Власи и Каравласи:
Тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал,
е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земја
роду си помагал.

Да се навратиме пак кон браќата Миладиновци. Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димитър Райков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното село на нивните родители Магарево (пак таму, стр. 201).

Интересно е, што во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин Миладинови забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братя Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трайков. С., 1964, стр. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, стр. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.

Прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на школување во Москва, во 50-те години на 19 век, како руски стипендисти од страна на руската амбасада во Цариград (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александър Рачински за Братя Миладинови. Училищен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, стр. 114).

Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 67).

На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.) — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 65).

За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од страна на тогашна Царска Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.
Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист“ (Никола Трайков. Братя Миладинови..., стр. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трайков. Братя Миладинови..., стр. 217.).

Англискиот дипломат од Битола St. Pisani до неговиот надреден Sir H. Bulwer пишува дека “Миладинов примал плата од руската влада и неговиот брат живее во Русија како агент на пропагандата“ (ориг. “Miladenoff, he said, was receiving a salary from the Russian Govt and his brother is residing in Russia as an Agent of the Propaganda“ , извор St. Pisani, Public Record Office, Foreign Office 195/685 Turkey, Monastir; “Братя Миладинови – преписка", ред. Никола Трайков, III. Дипломатически документи -АНГЛИЙСКА ДИПЛОМАТИЧЕСКА ПРЕПИСКА, Писма 94 — 96 .).
Миладинови, како руски соработници во Македонија, ја презеле улогата на руските конзули по Балканот и испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење и согласност на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев на школување во Русија (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димитър Райков, Софија 1986 г.).

Кузман Шапкарев има дадено повеќе имиња на Македонци кои Д. Миладинов ги испратил на обука во Русија, како пријателот Рајко Жинзифов, Константин Н. Станишев, Никола Делииванов, Георгија поп Стаменов од Дојран, Андреја Стојанов од Воден. Воедно, многумина Македонци, Димитар Миладинов исратил во Цариградското бугарско училиште за да станат бугарски учители кои ќе предаваат по новоотворените бугарски училишта во Македонија (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 402, Кузман Шапкарев, изд. Български писател, София 1984).

За Зборникот на Миладиновци...

Васил Чолаков, пријател на Константин Миладинов во преписка со Фрањо Рачки опишува како Зборникот на Миладиновци станал б`лгарски “мојот покоен другар Констандин Миладинов ме замоли да му дадам сто песни од источните краишта на Бугарија, за да може на својата збирка да и даде наслов Б`лгарски народни песни (Драган Ташковски, “Раѓањето на македонската нација“, стр. 104). Меѓутоа, Константин Миладин свесен дека словенските лингвисти ќе ја забежат јазичната разлика меѓу македонските и бугарските песни, тој ги превел бугарските песни на македонски јазик. За овој македонски превод на бугарските песни, бугарскиот лингвист Л. Каравелов пишува “браќата Миладиновци направиле неколку јазични грешки, особено во тоа што ги измениле во јазикот и ги дале на свое наречје (А. Стоилов, Показалец за печатените през XIX век б`лгарски народни песни, Софија 1918 г., стр. 11).Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.

За да не стана преочигледна политичката врска на браќа Миладинови со Русија, самиот Зборник на народни македонски песни ги обајавуваат во Загреб, а не во Русија, како што претходно било договорено со нивните руски ментори. Тој факт го потврдува и Димитар Миладинов во писмо до Константин Роби од 17 јули 1857 г. каде што му најавува дека Зборникот ќе се објави во Москва (Трайков, Н. Братя Миладинови. Преписка. Софија, 1964 г., стр. 33).

Димитар Миладинов: “Македонците се словено-пелазгиски народ“
Важно е да истакнеме дека Димитар Миладинов премногу добро знаел какво е етногенетското потекло на Македонците и за него Македонците биле “словено-пелазгиски народ“ (види писмо на Димитар Миладинов до Наум и Николаки Роби од 20 август 1857 г. објавено во "Братја Миладинови – преписка" стр. 35, ред. Никола Трајков, Б'лгарска академија на науките, Институт за историја. Издателство на БАН, Софија 1964 г.). Општопознато е дека Пелазгите се најстарите жители на Балканот, а античките историчари ги представуваат Пелазгите како предците на античките Македонци.
Кузман Шапкарев е зет на Димитар Миладинов за една од неговите ќерки. Неговото крстено име е Космос Пасхали. Во својата биографија Кузман Шапкарев запишува “дедото и стриковците на татко ми биле нешто влијателни во Цариград...Кога станало грчкото востание на Хиос, меѓу многуте обвинети и обесени во Цариград Грци, обесиле и двјаца од нашите, имено дедо му и едниот од стриковците на татко ми“. Од една страна вели дека меѓу обесените Грци биле и негови предци, за понатаму да истакне дека потекнува од Бугари, подоцна преселени во Охрид, познати како Пасхалевци, но дека старото семејно презиме им било Шапкареви. За своето презиме пишува “Старото презиме Шапкареви, само ние двајцата браќа го подновивме во 1856 г. откога почнавме да учиме бугарски“ (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 27, Кузман Шапкарев, објавено во Български писател, София 1984). Дилема за секој читател на автобиографијата на К. Шапкарев е зошто еден “бугарин“ од “бугарско“ семејство не знаел бугарски, па морал да учи бугарски, како и зошто неговите предци “Бугари“ од Цариград учествувале во востанието на Грците од островот Хиос? За разлика од тоа што морал да учи “бугарски“, Кузман Шапкарев без никакво едукација говорел влашки и албански јазик, а творец е и на влашко-бугарски и албано-бугарски речник (Български прикаски и вѣрования съ прибавление на неколко Македоновлашки и Албански, Събралъ и издава К. А. Шапкаревъ, Сборникъ отъ български народни умотворения, кн. VIII и IX, 1892, 1894. София, Печатница на “Либералний Клубъ“).

Од преписките на Кузман Шапкарев со неговите пријатели од Охрид дознаваме дека во својата Биографија излажал дека го променил своето презиме во Шапкарев 1856 г., исто како што излажа дека дедото на Димитар Миладинов избегал од с. Магарево од влашките зулуми, за да го скрие влашкото потекло на Миладинови. Во сите свои писма до охриѓани, Кузман Шапкарев се потпишува како Космос Пасхалис или Паскали и секогаш комуницирал на грчки јазик, за што сведочат подолуобјавените писма од 1861 г. на натаму. Од писмата јасно се гледа дека не го користел “бугарското“ презиме Шапкарев од 1856 г., како што самиот напишал во својата Биографија, објавена во Софија.
Вујко на Кузман Шапкарев е Јанаки Стрези, познат учител и собирач на народни умотворби. Неговиот дедо по мајчина страна, Георги Стрези целиот негов живот бил домаќин на грчкиот владика Калиник во Охрид (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 475, Кузман Шапкарев).

Најголем впечаток остава меѓусебната комуникацијата на рускиве стипендисти или како што во тоа време отоманските власти и странските дипломати ги нарекуваа “руски агенти“. Секогаш комуницирале на грчки јазик и грчко писмо, а ги користеле нивните родени крстени имиња, а не словенизираните. Така, Кузман Шапкарев се потпишувал и именувал како Космос Паскалис, Јанаки Стрезов како Јанаки Стрези, Димитар Миладинов како Миладинис, Миладинос или Миладинович во зависност од тоа каде живеел (Н. Еничарев, “Кузман Шапкарев за Прилеп и Охрид“, стр. 238, 239 и 237). Додека престојувал во Белград во 1861 г., Димитар Миладинов го променил своето презиме во Миладиновиќ (види сликата подоле).

Сепак, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.

Како еден во нишката на руската пропаганда во Македонија, треба да го спомнеме и Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Тој бил назначен во 1848 г. за скопски учител од страна на Ѓорѓи Попович, угледен скопјанец и почесен конзул на Русија во Скопје.

Васил К`нчов, бугарин од Бугарија, кој работел како егзархиски професор во солунската гимназија во последните децении на 19 век и бил современик на Џинот, во своите белешки забележува: “Хаџи Георги (Попович) си турил грижа да најде достоен учител за Скопје. ..Тоа бил велешкиот ентузијаст Јордан хаџи Константинов, наречен од населението Џино“ (Град Скопие. Бележки за неговото настояще и минало, стр. 137, В. Кънчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896).

За политички врски на скопските првенци со Русија, Васил К`нчов пишува “Помалиот брат, хаџи Христо (Попович), одел по трговски работи во туѓина. Неколку пати бил и во Русија. На враќање носел книги и ги распространувал меѓу населението. Бугарските патриоти навистина имале некакви врски со Русија; веројатно тие биле во преписка со одеската бугарска колонија, која се грижела во тоа време за разбудување на бугарите. Кога обвинувањата против Поповичи зајакнале, тогаш тие издејствувале од руската влада да ги земе под свое покровителство. Тоа се случило околу 1850 или 1851 година. Хаџи Георги (Попович) бил назначен за почесен руски консул“ (Град Скопие. Бележки за неговото настояще и минало, стр. 148/149, В. Кънчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896 ).

Дури по назначувањето на Џинот за скопски учител во 1848 г. од страна на рускиот почесен конзул, од кого добивал и плата, започнал да соработува со бугарските пропагадни организации, основани и финансирани од Русија и започнал да пишува пробугарски текстови и да ги објавува истите во бугарските емигрантски весници, како ’’Цариградски Вестник“. Пред тоа, Џинот работел како српски учител во Велес и користел српска просветна литература во велешките училипта како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кънчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).

Во 1863 г., Јордан Хаџи-Константинов бил осуден на казна затвор од страна на турските власти за политичка соработка со Русија. За овој настан, самиот Јордан Хаџи-Константинов запишува “Шестдесет дена ме пратија в Битоља за името „руссъ” („ГОНЕНИЕ И СТРАДАНИЕ ЗА ЧЕСТНО ИМЯ БОЛГАРСКОЕ” (с. 31). Едно писмо от прочутия даскал Джинот до Н. П. Тъпчилещов” објавено во бугарското списание „Минало” (1909, кн. 2, с. 187-202).
__________________


ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ КОЈ Е АВТОР НА ТОА ПОГОРЕ?




Изменето од Македон - 21.Јули.2010 во 14:01
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 11:19
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

Seloto ma pradedo mi i na prababa mi e bilo na 5 saata od Istanbbul

kakvo rusko vlijanie kakvi ruski manipulacii kakvi epiteti odnosno egzonimi

Na 5 saata od Istambul be!




Па каде е конзул Гроф Игнатиев,каде се дозволува Бугарската Патријаршија - во Истанбул секакоголема%20насмевка
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:36
Андрија Качиќ-Миошиќ (1704-1760) во неговиот "Razgovor ugodni naroda slovinskoga" - 1756 г.

ги опишува делата на бугарските кралеви. Дали Русите му платиле да ја напише следната песна.





За прв пат денес ја видов. Za Samuil gi pokazhav pesnite, kako i za Vladimir i Kosara.





Изменето од Каснакоски - 21.Јули.2010 во 13:37
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:45
Татарски цар а
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:53
Никифор го повикал татарскиот цар на помош против бугарскиот крал Орун.

ВИДИ ЗА ГЛАВАТА на Никифора како поетски е опишано.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:56


Ако е така на братоубиствена војна ми личи,Персијци и Татари против Бугари.

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:57
Наслади и се на поезијата и кажи дали русите го плаќале?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 14:00
Јас за ТуркоМонголите не кажав дека се Руска креација,баш и покажав процентуално колку на број биле тие кога Венелин или Пасиј пробувале да ги убедат останатите не Бугари дека се од семето Аспарухово
Ти изгледа дека не ги делиш протоБугарите и денешните Бугари,гледај БАН јасно се изјаснува за нова нација по 1800 год
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 14:08
Изменето од Македон - Денес во 15:01 ???
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 14:13
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Изменето од Македон - Денес во 15:01 ???


Имаше цел цитат на бугарски јазик, тој дел го преведов.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.