IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Посебноста на нациите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посебноста на нациите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 34>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 19:24
Имаш сега за истражување материјал - само гледај,па може и од тебе нешто ке излезе паметно - може
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 19:28
Може, босанскиот весник ли списание ли е дадено само до 1905, по некое време може да има продолжение.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 19:50
Може може зашто да не - кога денес еден Каракачан направи континуитет на ВМРО се е друго можно
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 21:27
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

Со жалење можам да констатирам дека 90% од сликиве што се поставени се слики на бугари кои се бореле за "слободна" Македонија... Ако јас лажам сликите и писмото што пишува под секоја слика не лаже... Впрочем сите се на ОВ или ЕВ... Македонската нација за прв пат станува свесна за време на втора светска војна... И мене тоа не ми пречи како Македонец да го признаам... И Босанците станаа свесни за себе во деведесетите години па што...???

Овие факти сега на некого нема да му се допаднат и може и да ме банираат, ама јас осеќам потреба тоа да го кажам, затоа што сум секогаш од страната на вистината и правдата... Ако е ова форум на дискусии, еве ова е мојата дискусија...

Поздрав...


Тоа е нешто неочекувано.

Ама не си во право сосема.

Авангардот се освестил 30те години.

Прашањето е дали одел одпред на народот или го следувал во освестувањето.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 22:59
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:





Ептен така
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 11:40
Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата.

На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата за самостојност.Македонското население живеело како под саач, изолирано од надворешниот свет. Единствен надворешен свет биле посетите на некои научници, патешественици од Западна Европа, Русија. Враќајќи се во нивните татковини, тие отворено во печатот пишувале за животот на македонското население. Интересни се нивните записи кои остануваат како трајно сведоштво за вистинските случувања во Македонија низ минатото. Посебно заслужува внимане начинот на кој ги гледале и интерпретирале настаните и животот во Македонија во 1903-1904 година.

Рускиот публицист Рејнхелит Николај Николаевич – ‘Македонија не е голема, но како етнографско шаренило претставува таа само на едно место! Не можете да направите разграничување ниту по националности, ниту по аспирации, ниту по богатство, ниту по сиромаштија. Сето ова е во едно купче, во пределите на еден ист санџак, на една иста каза. Тука мирното население, тука се заговорниците, тука се ограбените и ограбувачите. Да имаше ред, - заклучува тој- колку би цветала земјата‘ ???

Навистина вредна забелешка, и ден денес ако некој странски патешественик случајно помине низ Македонија, не е чудо истото да го забележи. Историјата како да ни се повторува.

Англискиот публицист хенри Ноел Брејлсфорд пак се прашувал и бил исправен пред дилемата дали Македонците се Срби или Бугари?

Според него – ‘Тие не можат да бидат Срби бидејќи нивната крв одвај е чисто словенска, а исто така тешко и дека се Бугари бидејќи при своите освојувања Србите оставиле многу српска крв во нивните вени. Тие веројатно се она што биле пред постоењето на бугарската и српската империја – словенски народ кој потекнува од различни стебла. Ако се потпреме на српските и на бугарските јазични особености, ќе забележиме дека македонскиот дијалект не е ниту едниот ниту другиот. Македонскиот народ, заклучува Брејслфорд, ‘би бил среќен ако беа постојаните закани на насилство и измами‘

Ирскиот патриот Роџер Кајсмент (погубен од Британците по востанието во 1916 година) рекол;‘Јас знам за две трагични истории во светот, едната е на Ирска, другата на Македонија. И двете оспорувани и мачни‘

Еве што е кажано и запишано за Македонија од страна на познати светски историчари
-Античките Македонци секогаш се нарекувале Македонци, што всушност и биле.
-Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови.
-Македонијо, татковино моја, ти се роди цар кој ќе ги надмине сите други пред него, со кои ти од памтивек си се гордеела!

- Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина.

Хенри Ноел Брејлсфорд бил англиски публицист, Роден во 1873 година а умрел во 1958 година. Поддржувач на националноослободителното движење во Ирска, во Индија и во Египет, а особено на Балканот. За време на првата светска војна, бил на чело на пацифистичката Лига на демократскта контрола. Во Македонија доаѓа веднаш по Илинденското востание, како член на Хуманитарната помош за Македонија. Тој покажал големи симпатии кон македонскиот народ. Низ Македонија патувал пет месеци и благодарение на неговиот статус на хуманитарец, имал можност да се движи насекаде, придружуван од својата сопруга.

‘На крајот, иако нашата работа беше чисто добротворна, иако ја избегнувавме политиката и настојувавме да им помогнеме на луѓето од сите народности и вери подеднакво, не можевме да ги одбегнеме сомневањата и непријателствата што растеа во атмосфера на нечесност и интриги.За да се избегне политиката на земјата, таа треба прво да се проучи...........
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 16:26
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Англискиот публицист хенри Ноел Брејлсфорд пак се прашувал и бил исправен пред дилемата дали Македонците се Срби или Бугари?

Според него – ‘Тие не можат да бидат Срби бидејќи нивната крв одвај е чисто словенска, а исто така тешко и дека се Бугари бидејќи при своите освојувања Србите оставиле многу српска крв во нивните вени.

Вистина е што Хенри Ноел Брејлсфорд се е прашувал... ама не е точно цитиран. Ете го што точно се е прашувал:

Са Македонците Срби или Бугари? Прашањето е константно се праша и догматично одговори во Белград и Софија. Но урокот од историја, очигледно е дека не постои одговор на сите. Тие не се Срби, нивната крв тешко може да се нарече чисто словенска. Мора да има во неjа, некои вмешувања на бугарската и други не-ариевски составки (кумански татарски, печенежки, и др.)...
Macedonia: Its Races and Their Future
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 16:38
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 21:41
Историјата низ очите на другите

Можат ли балканските народи заеднички да пишуваат историски поглавја, кои денес ги делат на „ние“ и „тие“? Еден таков проект веќе постои, на кој работеа група историчари од 11 земји, а како производ се објавени четири книги од „Читанки на поновата историја на Југоисточна Европа“. На неодамнешната прес-конференција беше претставено второто издание на српски јазик на овие читанки, кои ги обработуваат историските теми: Отоманско Царство, Балканските војни, Нациите и државите во Југоисточна Европа и Втората светска војна.

Читанките се замислени како дополнителен наставен материјал, а програмскиот директор на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа, Ненад Шебек, вели дека идејата на целиот проект е да им се овозможи на учениците да ги погледнат својата нација, земја и општество низ очите на другите земји во регионот.

- Тука се застапени оригинални извори од времето кога се случил некој настан. Нема коментари и изџвакани заклучоци, туку материјалот поттикнува критично размислување. Историјата не се претставува само како збир на датуми, војни, крунисувања, убиства, туку ја опфаќа и историјата за положбата на жените, како и историјата на културата, уметноста, занаетите, а и положбата на цивилите во војните - нагласува Шебек.

Читанките се објавени на осум јазици и, според Шебек, ги користат наставниците во Албанија, Босна, Хрватска, Кипар, Македонија и во Србија, а низ обуката поминале повеќе од 800 наставници. Тој сепак додава дека засега нема можност да се направи попрецизна анализа за користењето на читанките во наставата.

- Сметаме дека е важно токму на болните теми од заедничкото минато да се покаже како за историјата може да се размислува од друг агол. Тој агол е мултиперспективноста. Тоа значи дека секој одделните настани ги гледа на различен начин и дека ние преку историските извори ги претставивме тие различни видувања - вели Шебек.

Според него, не може тукутака да се дојде до заеднички став за минатото, но треба да се прикажат сите различни пристапи кон историските контроверзии.





- Читанките ги разбиваат повеќето историски митови и го укинуваат етноцентричниот пристап кон минатото. На пример, го укинуваат митот дека српската нација е жртва на сите соседни народи. Овие книги покажуваат дека сите на Балканот се чувствувале така во различни историски ситуации - додава Шебек.

Повисокиот научен соработник во Хрватскиот институт за историја, Марио Јареб, вели дека имали можност детално да ја проучи содржината на читанките, но дека за нив нема добро мислење.

- Станува збор за политикантски интониран проект, кој се занимава со вештачки направен регион, во кој, од којзнае какви причини, е втурната и Хрватска. Тоа се однесува на сите четири читанки, чие евентуално усвојување би можело да значи за хрватските ученици дополнително оптоварување со непотребни содржини. Така, на пример, хрватските ученици од четврта година во гимназија врз основа на тие читанки би можеле многу да дознаат за „премногу важните“ теми, како што е ситуацијата во Истанбул и во Атина за време на Втората светска војна - нагласува Јареб.

Според него, истовремено во соодветната читанка воопшто не се зборува за италијанската окупација на хрватските простори, како тема што е клучна за разбирање на настаните и процесите во тој период. Јареб оценува дека е тешко, а можеби и невозможно во практиката да се дојде до заеднички ставови за минатите настани, а особено за оние што претставуваат спорни точки.

- Историската наука спаѓа во групацијата на општествени науки и, меѓу другото, ги изразува вредносните судови и интересите на конкретната општествена заедница, во која истражувачите дејствуваат. Таа не постои во безвоздушен простор и учесниците во процесот на научната работа ги вреднуваат историските процеси, настани и личности во согласност со своите верувања, односно со вредностите на општествената заедница чии припадници се - предупредува Јареб.

Српскиот историчар Чедомир Антиќ нагласува дека проектите за заедничко пишување на историјата би можеле да бидат успешни, но основен предуслов е зад нив да не стои никаква политичка агенда.

- Меѓутоа овој проект е несериозен и политизиран. Тука повеќе станува збор за преговори отколку за историски факти. Имаше слични обиди и кога Французите и Германците ја пишуваа заедничката историја, но и тоа испадна бесмислено, бидејќи го опфатија периодот по 1945 година, кој беше премногу блиску за да може да се согледа на соодветен начин. Зошто, на пример, заедно не пишуваа за француско-пруската војна? Можеме и ние како нив да пишуваме историја со Албанците по 2010 година, но медиумските извештаи ли ќе ни бидат историски извори - додава Антиќ.

Од друга страна, Шебек нагласува дека работата на историските читанки е целосно лишена од политиката и политикантството и дека во тој процес работеле некои од најголемите имиња на националните историографии во регионот.

- Не станува збор за рецепт што ни го наметна некој од страна, туку за концепт што во 2002 година го смислија самите наставници од 11 земји од Југоисточна Европа како одговор на етноцентричната настава, која и натаму е доминантна. Дали може да се каже дека е несериозен проектот, чии рецензенти се едни од најдобрите познавачи на Балканот, на чело со Марија Тодорова, која и во нашата читателска публика е многу добропозната по познатата книга „Замислувајќи го Балканот“? Дали може да се смета за несериозен проектот што досега успеа да ја добие поддршката на вкупно 27 донатори, почнувајќи од националните држави и меѓународните организации како ОН и ЕУ, па сé до приватните фондации - додава Шебек.

Според него, проектот директно беше пофален и во резолуција на Европскиот парламент, а ја има поддршката и на речиси 1.000 наставници од целиот регион.


http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/Image/2010/SEPTEMVRI/balkanshistory.jpg
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 21:46
nemoze, oti ako ja stavim i vashta istorija vo nashte chitanki premnogu drveta ke bidat demolirani, atreba da se grizime za gorite
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 21:53
Читанките се објавени на осум јазици и, според Шебек, ги користат наставниците во Албанија, Босна, Хрватска, Кипар, Македонија и во Србија, а низ обуката поминале повеќе од 800 наставници. Тој сепак додава дека засега нема можност да се направи попрецизна анализа за користењето на читанките во настават
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 11:39
Нешто интересно.


Цитирај Анализа

Дилемата на македонското национално единство

ДЕНКО МАЛЕСКИ

Градење или уривање, тоа е дилемата на македонското национално единство денес

Случајно движење на раката и книгата се отвора на страница со лингвистичка карта на Европа, публикувана во Атласот за европските работи од 1964 година. На картата, македонскиот јазик стои во целосно достоинство со другите четириесет и еден европски јазици. Како стасал нашиот јазик на европската карта на јазиците пред четриесет и три години?

Достигнувањето е дело на генерацијата наши претходници, родена во првите децении на дваесеттиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Изложена на српска асимилација, но свесна за својата посебност, младата генерација „јужносрбијанци“, го зграпчува историскиот момент на војни и револуции за да го прокламира раѓањето на македонската нација во рамките на федерацијата на јужнословенски народи. Така, радикалниот дел од интелектуалната елита на еден народ разлеан по рабовите на три посилни балкански држави, ја создава сопствената нација. Се обистинуваат зборовите на Крсте Мисирков: „Не сме нација, но ќе станеме“!

Отфрлајќи го своето српство, но и бугарството на родителите, некогашниот Владимир Малевиќ, образуван во српската гимназија во Битола и на Правниот факултет во Белград, се посветува на создавањето на македонскиот литературен јазик. Коле Чашуле раскажува дека, непосредно по војната, оделе по селата со магариња и собирале зборови, како што селаните собирале дрва. Такви „прости и строги“, би напишал Блаже Конески, биле почетоците на нашиот макотрпен пат до лингвистичката карта на Европа.

Распаѓањето на југословенската федерација во 1991 ја наложи неопходноста македонскиот јазик и национален идентитет да се заштити во границите на сопствена суверена држава. Со приемот во Обединетите нации во 1993 и таа цел успешно е остварена: државата Република Македонија е зацртана сега веќе и на политичката карта на светот.

Меѓутоа, не гледаат сите на македонското минато, па оттаму и на сегашноста и на иднината, со вакви очи. Она што за некои е достигнување, за други се' уште е измама. Имено, во современата македонската демократија постојат политички опции кои на поновиот тек на нашата историја гледаат исклучиво како на комунистички заговор. Разобличувањето на заговорот, пак, сметаат тие, одново ќе го сврти течението на историјата, во бугарска насока. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Албанците е нивен политички водач кој изјавува дека не сака да ја земе одговорноста на себе за забрзување на текот на историјата, имплицирајќи дека точно знае каде таа ќе не' одведе. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Македонците, пак, е политички водач со бугарско чувство, кој веќе стасал на „крајот на историјата“ и сега - ја чека нацијата да дојде таму!

Ова, сепак, не се тотални бесмислици, затоа што некои настани одат во прилог на оваа бугарско-албанска политичка визија во Македонија. Тоа, пред се', се комплицираните меѓуетнички односи во државата. Имено, една од најмалите нации во Европа, македонската, мора да изнајде успешна формула за живот под заеднички политички покрив со бројно албанско малцинство кое во иднина ќе црпи огромна сила од две албански држави на Балканот - Албанија и Косово. Токму стравот кај Македонците може да ги зајакне политичките сили кои би се обиделе да го надоместат дефицитот на моќ со приближување до Бугарија, дури и по цена на македонскиот идентитет.

Политичките опции чија цел е бришење на поновата македонска историја, засега, се раководат од начелото на „мирното решавање на историскиот спор“ преку унапредување на државата. Меѓутоа, во услови на загрозени позиции или променети меѓународни околности, тие би можеле да се определат за начелото: „што полошо, тоа подобро“. Имено, што полошо за државата, тоа подобро за крајната цел - отфрлање на „комунистичкиот заговор“ кој ја создал. Зашто, теоретски гледано, додека нужните консензуални елементи во македонската политика би требало да произведат стабилност на државата, политичките елити можат да ја користат својата моќ и за да ја поткопаат.

Неснаоѓањето на „македонистите“ во услови на демократија, исто така, оди во прилог на визијата на нивните политички противници. Создавањето на македонската нација, без малку половина столетие, се одвивало во услови на еднопартиска диктатура.




Во тоа време, и немало разлика меѓу наука и идеологија, па така, македонската историографија, неопонирана од никого, комотно врши селекција на историската граѓа од која што се создавал македонскиот идентитет. Тука не би имало ништо атипично за процесот на создавањето на која било модерна нација, кога не би се правеле и фалсификати од типот зборот „Бугарин“ да се замени со зборот „Македонец“. Таму каде што тоа не било можно, пак, личностите од историјата биле прогласувани за бугарски агенти внесени во некаков замислен чист македонски простор.




Ерата на Студената војна е зад нас.


Македонците не мораат да ја изразуваат својата посебност преку конфронтација со бугарската нација.


Денес, во ерата на европското обединување, посебноста треба да ја изразуваме преку соработка со неа. Кога станува збор за одбраната на нашиот национален идентитет, тоа треба да го правиме со помош на вистината. Зашто, само вистината може да ја прочисти интелектуалната атмосфера во Македонија и да го оттргне народот од националната апатија која е производ на недоречености, двосмислености или ординерни лаги. Конечно, само вистината може да им застане на патот и на најновата генерација политички профитери подготвени да направат „од готово (национална) вересија“.

Видовме како, во услови на војна и револуција, настанала македонската нација, како стасала до лингвистичката карта на Европа, а потоа и до политичката карта на светот. Можеме ли, во услови на слобода и демократија, од оваа наша историја да црпиме национално достоинство?

Ако одговорот е потврден, тогаш не' чека макотрпен процес на градење на нацијата. Но, ниту противниците на македонската нација нема да имаат лесна задача - ќе треба, имено, да ни покажат како се урива нација во услови на слобода и демократија. Градење или уривање, тоа, всушност, е дилемата на македонското национално единство денес.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 14:38
http://www.angelinamarkus.com/images/ksantika.jpg


taa imate li ja cheteno be
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 16:11
Тоа е за неписмени
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.