IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовни СОВЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовни СОВЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 62>
Автор
Порака
aldin67 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aldin67 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 16:17
daleku od oci,daleku od srce,ne se veli za dzabe
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 17:00
10 најлоши места за раскинување

Кога планирате некому да раскинете ви дошло ли на памет дека постојат локации каде што тоа никако не е пожелно да се направи?! Еве ја листата на најлошите места за раскинување кои треба да ги одбегнувате:


Во вашиот дом

Вашиот дом несомнено е лошо место за да и ставите крај на вашата врската. Не само што е премногу приватно место, туку и ви ја одзема силата, односно ја елиминира физичката можност да си отидете од ситуацијата. Раскинувањето во вашите четири ѕида ја става контролата во рацете на партнерот за времетраењето на разговорот и било какви преговарања, па ако партнерот е чувствителен, раскинувањето може да трае со часови. Во случај ова да е единствената опција, направете го тоа во неговиот/нејзиниот дом, а не во вашиот.

Во ресторан

Доколку сакате да се ослободите од вашиот партнер, ресторантот не е соодветно место за разговор. Сепак, бидејќи ваквите места изгледаат цивилизирано и неутрално, луѓето најчесто ги избираат како идеално место за раскинување. Но ваквата одлука ќе ве стави во упадлива ситуација без никаква приватност. Тоа што на вашата маса ќе остане да се слуша само звукот на приборот за јадење, само ќе ја влоши ситуацијата.

Во кафуле

Кафулињата се едни од местата каде најчесто се раскинува, а тоа најверојатно е така заради улогата на алкохолот. Сепак, ова не е идеално место за прекинување на врската. Алкохолизираната состојба, која и самата може да претставува причина за раскинувањето, ги прави и дечковците и девојките склони кон правење драма. Во поголемиот број случаи, на крајот најчесто некој (ако не и двајцата) е замолен да го напушти локалот. А шлагот на тортата? Ноќта продолжува со уште поголеми количини на алкохол, па утрото е проследено со главоболка.

На работа

Земајќи ги предвид одликите на работната средина (јавност и професионалност) прекинување на врската во оваа арена е големо социјално табу. Покрај фактот што претставува лошо и неефикасно искористено работно време, просторот се полни со тензија со што се уништува атмосферата за колегите, иако во канцеларијата сте останале воздржан и присебен. Вашите колеги и шефот сигурно нема да останат несвесни за она што се случува, па затоа избегнувајте ги планираните раскинувања во работното време.

На одмор

Прекинувањето на врската на одмор е повеќе од нелогично. Тоа е високо контролирана средина во која и двајцата треба меѓусебно да трпите сè додека патувањето не заврши. И секако дека ќе треба да ја делите собата, а најчесто и креветот, па одморот ќе ви се претвори во вистински кошмар и на двајцата.

Во авион

Луѓето пробаат многу работи додека се над облаците, но верувајте, раскинувањето не треба да е една од нив. Тесниот простор на авионските кабини се дефиниција за лоша локација за раскинување. Покрај фактот што сте принудени да седите еден до друг, немате никаква приватност. Дури и малку повишен тон ќе го сврти вниманието на сите околу вас, па вашата загрозена ситуација само ќе ја зголеми анксиозноста и нервозата кај патниците.

Кај родителите

Вклучувањето на мама и тато во „забавата” ќе направи многу незгодна ситуација. Тие, случајно или намерно, ќе застанат на нечија страна и автоматски стануваат четворица луѓе вмешани во вашето раскинување. А да не ги споменуваме и советите од родителите кои секогаш мислат дека знаат сè, па уште повеќе ќе ја влошат ситуацијата.

На венчавка

Свадбите се сон на секоја девојка, а доколку ја откачите токму на ваков настан ќе биде најголемиот кошмар што досега го имала. Со самото тоа што венчавките по природа се романтични и среќни, и се разбира, јавни, вашата иницијатива за раскинување на ваква пригода несомнено ја покажува вашата малодушност. Исто така, тука е и веројатноста дека може да следи прилично незгодна сцена на која сведоци ќе бидат сите гости и секако, среќниот брачен пар, па и кај нив ќе се создаде чувство на анксиозност. И уште полошо, невестата повеќе нема да биде во центарот на вниманието.

Во автомобил

Раскинувањето во кола предизвикува вистински гнев и опасност на патот. Заради фактот што возењето треба да биде единствениот фокус, не треба да сте премногу интелигентни за да знаете дека ова е најопасното место за раскинување, особено кога доаѓа неочекувано.

Јасно е дека колите се одлично место за зближување, па нека останат само на тоа. Раскинувањето таму не треба да ви паѓа на памет.

Во виртуелниот свет

Секако дека откачувањето на партнерот преку порака, е- mail, Facebook пост на ѕидот и сл. е безболно, и станува сè повеќе практикувано, меѓутоа овој лесен излез не ве прави достојни и вредни за почит од нејзе/него и од луѓето запознати со вашата ситуација. Ова е премногу јавен и бесчувствителен начин за прекинување на една врска.

Ваквото раскинување е најнезрелата стратегија што може да ви падне на ум.

Оваа безопасна средина е само доказ дека во себе немате почит, храброст, а ниту пак самодоверба.

За крај, оставаме на вас да изберете дали ќе ги послушате овие практични совети и ќе изберете некоја погодна локација.

А на крајот на краиштата, зарем постои идеално место за раскинување каде што зборовите помалку ќе болат?

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 22:00
Епа која е таа погодна локација за раскинување тогаш?
На планина, на улица, каде?збунетост
Сум раскинувала и ми раскинувале на повеќето од овие места, по кафичи, дома, на одмор па никому ништо. Ќе си станеш, ќе си отидеш а на одмор-ќе се правиш на три-иполплазење
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 22:01
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Епа која е таа погодна локација за раскинување тогаш?
На планина, на улица, каде?збунетост
Сум раскинувала и ми раскинувале на повеќето од овие места, по кафичи, дома, на одмор па никому ништо. Ќе си станеш, ќе си отидеш а на одмор-ќе се правиш на три-иполплазење


наj добрата локациjа е не седиш дома, телефонот звони...ти не одговараш...
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 13:56
10 совети да го задржите мажот до себе
 
Почетокот на секоја врска е тежок. Да изградите долга врска е уште потешко, а да го задржите мажот до себе си заинтересиран за вас во секој момент – најтешко. Но, не и невозможно. Потребна ви е само малку фантазија и желба. Еве неколку совети како да го постигнете тоа.
  1. Направете да се почувствува како маж. Од време на време подигнете му го егото. Најдобар начин да го направите тоа е да побарате совет од него за област во која знаете дека е добар. Може да побарате од него да ве научи да ја играте неговата омилена видео игра или да ви покаже спорт во кој е добар.
  2. Покажете интерес кон она што тој го сака. Тоа не значи да го лажете дека ги сакате работите што ги сака тој. Одберете една или две работи што можете да ги толерирате и правете ги заедно. На пример, можете да гледате филм што тој сака да го гледа.
  3. Разубавувајте се без тој да ве види. Не дозволувајте мажот до вас да ве види пред депилација или додека се депилирате. Мажите знаат дека се подлагате на безброј процедури за разубавување, но сепак сакаат да веруваат дека жената до нив има природна убавина.
  4. Поддржувајте го и менувајте го вашиот изглед. Кога излегувате на некое специјално место, направете си убава фризура, маникир и облечете секси облека. Тоа ќе направи да се почувствувате убаво и ќе добиете самодоверба, а мажот до вас нема да може да ви одолее.
  5. Направете специјален оброк. Згответе нешто што не сте го правеле до сега или пригответе го неговото омилено јадење. Внимателно аранжирајте ја масата и поставете свеќи. Нема како вашиот гест да остане неоценет.
  6. Живејте го својот живот. Продолжете да правите сè она што сте го правеле досега со вашето семејство и пријателите. Не ги заборавајте вашите хобија. Вашиот живот ќе биде поинтересен и поисполнет, а со тоа вие ќе бидете попривлечни за него и тој ќе се бори за вашето внимание.
  7. Не го лажете. Најдобро е секогаш да му ја кажувате вистината, затоа што ако некогаш дознае дека го лажете, тој никогаш нема да гледа на вас со истите очи.
  8. Не бидете љубоморни или наивни. Мажите сепак си ја сакаат својата слобода. Кога нешто не е забрането не е ни интересно нели?
  9. Бидете спонтани. На секој човек му станува досадно кога деновите му се повторуваат и сè е толку очекувано. Постојано изненадувајте го, било тоа да е едноставна интимна вечера без повод или нова долна облека. Направете тој секогаш да биде во очекување на ново изненадување.
  10. Зачинете го вашиот сексуален живот. Може и да се изненадите, но тоа со сигурност нема да го направи среќен само него.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 22:33
moj sovet

vo ljubovta pripremete se na najneocekuvanoto, da ne bidete iznenadeni...postojano
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 08:04
 

Понекогаш најдобрите дијалози... се водат во обострана тишина....

 
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 09:21
" Не трчајте по мажите за да не се судрите со оние кои бегаат од нив"да

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
bibibi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bibibi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 15:02
A be za kakva ljubov zboruvaat decata? Sto znaat tie na 16 godini sto e ljubov?

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 13:15
...Само во љубовта..искуството не вреди....
..кога би вредело...луѓето ... не би се вљубувале.....
Кон врв
loknicka21 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај loknicka21 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 00:36
Zdravo na site!!!
Imam eden golem problem i se nadevam deka nekoj ke uspee da mi pomogne i da me posovetuva da mi bide polesno...
Imam decko so koj sme zaedno veke 8 meseci,no ima eden problem,pred 1 mesec jas go izneveriv so drug decko i sega mene sekojdnevno me maci pomislata za toa sto go storiv,no najmnogu me maci toa sto negoviot druagar e zaedno na odmor so drugarot na deckoto so koj go prevariv i sega mi e strav deka decko mi moze da doznae...
Najglupo e toa sto jas nego go napagam kako on mene moze da me izneveri,a jas nego nema nikogas,a ustvari ja sum krivata,jas ja imam muvata na kapa:).
Kazete mi sto da pravam,kako da go zaboravam toa i da ne se macam??Iskreno se kaam,ali ne sakam da doznae decko mi,zasto me saka mnogu (barem jas mislam taka) i jas nego,no ete bev glupaca i zgresiv....
Ali samo so baknez go imam prevareno....
pozdravce do site i ve molam nekakov sovet i mislenje kako da se opravdam vo slucaj da doznae... da kazam deka toa ne e vistina,samo nemojte da kazete da mu kazam....
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 00:42
Ali samo so baknez go imam prevareno....
ма на прв поглед помислив кој знае што си направилаголема%20насмевка
кога тогаш се ќе се дознае...така да...единствено што ти преостанува е се фино да си признаешнамигнување
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 00:52
Тој секако кога тогаш ќе дознае. Да си го сакала немаше ни да помислиш да го изневериш, а не па со бакнеж.изненадување Велиш ,,samo nemojte da kazete da mu kazam,,.... ете гледаш, сама потсвесно знаеш што треба да направиш, ако навистина го сакаш. КАЖИ МУ. Ако те сака (макар што не заслужуваш) ќе ти прости. Извини на грубиов коментар и совет, ама подобро некој отворено да ти каже дека не е убаво да се изневерува некого. Да те советувам да го лажеш не можам. Искреноста и љубовта се најбитни, тие се победуваат.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 00:56

колку и да се трудиш не верувам дека ќе успееш да го заборавиш така лесно тој бакнеж...требало навреме да мислиш и сега немаше воопшто да се измачуваш...

најдобро е да му признаеш...но бидејќи ти велиш дека не сакаш тогаш молчи си и види каква ќе биде ситуацијата откако ќе се врати...многу е веројатно да дознае од друг, а тоа повеќе боли...

p.s Темава ќе биде преместена во Љубовни совети !



Изменето од Schatzii - 06.Август.2010 во 01:04
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 62>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.