IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Еколошка свест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Еколошка свест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 08:17
Еколошка свестизненадување
НЕМА се додека нема КАЗНИ ама спроведени на дело и веднаш, без пардон

Го удавивме Вардар во отпад
Вардар е загаден речиси од самиот извор, а кај Велес е мртва река - забранет и за капење, и за наводнување и за риболов. Во водите на реката се откриени и фосфати забранети за употреба
Загадување по целиот тек
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 10:38
..a, shto ima vrska ,..dali e pun vardar so...gjubre,.збунетост.

...koga i onaka nikoj ne saka  da se banja vo nego,.,..duri i na plazata negova,.

.zamisli,...zabraneto e da se banjash na ,....nova plaza!!изненадување

..ainache  se zabranuva ona ,..shto nekogash bilo ...dozvoleno..a na nea

ushte neotvorena"...odma kazaa deka ,..

..vench...kupanja ,..neche biti !не
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 08:20
Koja bese zamislata na vladata za plasticnite kesi?...Ako se naplatuvaat 'ke bidat ekoloski pogodni?...Lele umovi nevideni....неGo izbricija narodot...
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 01:35
Прашумите ќе исчезнат до 2100-та година?

Ако се продолжи со илегалното сечење на дрва, во комбинација со климатските промени со кои се соочува нашата планета, животот во дождовните прашуми до 2100-та година ќе биде уништен.

За овој проблем предупредија научниците од вашингтонскиот институт Carnegie, кои спроведоа голема студија за ефектите од глобалното затоплување и сечењето на шумите. Тие тврдат дека многу видови се загрозени, а до 2100-та година, може да исчезнат 18 до 45 отсто од растенијата и животните во тропските шуми. Доколку не успеат да се адаптираат на новите услови, животните ќе мораат да се преселат или да умрат, пренесува Telegraph.

Научниците проучувале 16 различни модели на климатски промени од целиот свет. Најзагрозен е просторот кај Амазон, но и џунглите во Африка и Индонезија.

Даниел Непстед, еколог од истражувачкиот центар Woods Hole во Масачусетс, изјави дека само решавањето на проблемот со стаклената градина и гасовите може да ги спаси прашумите.

- Оваа студија е силен доказ дека природниот екосистем поминува низ многу важни промени. Спасувањето зависи од брзата акција во смалувањето на емисијата на гасовите, истакна Непстед.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 15:39



Изменето од MyWay - 19.Октомври.2010 во 15:39

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:49
За човековата СРЕДИНА најмногу се грижат жените. црвенеење
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 07:43
Еколошки градови - инспирација за иднината

Насекаде бесплатен безжичен интернет, забранети автомобили, улици со јавен транспорт без метеж и чист, незагаден воздух.

Можеби ова навистина звучи по малку футуристички, но ваквите градови веќе се тука.

Градот Масдар, оддалечен помалку од десетина километри од Абу Даби, ќе биде потполно функционален до 2020 година, каде што е планирано да се рециклира дури и водата. Возилата на бензин или нафта ќе бидат забранети, на чие место ќе дојдат подземни возила на електричен погон.

Слични еколошки потфати се преземаат и во Кина, поточно во градот Дежоу кој се наоѓа на северниот дел од земјата, каде што е создадена т.н. соларна долина со улици и базени осветлени со соларна енергија и згради со соларни греачи на вода.

Пирамидата Шимизу Мега Сити во Токио е сè уште само концепт; нејзините екстра лесни материјали треба допрва да се произведат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кулата на Лондон Бриџ, позната како The Shard, ќе биде завршена во 2012. Оваа кула, со височина од над 300 метри, ќе биде највисоката зграда во цела Европа и ќе вклучува станови, канцеларии, ресторани и еден хотел.






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Кула со надворешни панорамски палуби исполнети со хелиум во Таичунг, Тајван. Нејзината форма е инспирирана од структурата на дрвата. Со изградбата ќе се започне наредната година, а кулата ќе функционира на соларна енергија и рециклирање на дождовната вода. Внатрешните простории ќе бидат наменети за канцеларии, ресторани и музеи.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Транспортот, поточно сообраќајот, претставува еден од најголемите проблеми во современите градови. Кина со овој проблем се справува преку масовна велосипедска шема на споделување на 50000 велосипеди. Во некои градови на корисниците на велосипеди им се нуди првиот час бесплатен.

Транспортот Бус Рапид Транзит во к*ритиба, Бразил, го користат 80 проценти од жителите, кои за оваа транспортна услуга се претплаќаат однапред.

Во Талин, Естонија, се постави бесплатна безжична интернет конекција во парковите, музеите, кафулињата и возовите.


Градот Масдар, изграден во периферијата на Абу Даби ќе биде целосно изграден и отворен во 2020. Водата ќе се рециклира, а употребата на автомобили ќе биде забранета.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Објектот СискрејперSeascraper е дизајниран со концептот на капсула, овозможувајќи му да биде укотвен во силни струи од што ќе произведува бесплатна енергија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Водната кула Гири ќе биде способна да плови низ океанот. Оваа атракција ќе претставува одморалиште, како и центар за истражување.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Потоа следуваат фасцинантните објекти, проектирани од страна на визионерски архитекти во чија замисла е свет исполнет со кули-дрва, куќи кои пловат на вода, како и лебдечки пирамиди исполнети со објекти.

Некои од највосхитувачките дизајни се планирани за Далечниот Исток каде Јапонија и Кина се водечки сили на полето на моделирање на естетиката на иднината која никого не остава рамнодушен.


Стадионот Ал Кор во Катар проектиран за Светското првенство во 2022 година. Стадионот под отворено небо ќе има соларна климатизација, која ќе ја одржува температурата под 26 степени.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стадионот Сочи Олимпик во Русија, изграден за Зимските игри во 2014 година, е дизајниран во облик на школка, со ѕидови и покрив обложени со кристален слој кој ги рефлектира сончевите зраци, овозможувајќи му осветлување навечер.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Главниот град на Франција, Париз, почна да користи креативни архитектонски идеи со цел да ги направи објектите атрактивни и во самиот град, земајќи ја за пример убавината и природната нота на куќите од предградијата.

Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 13:30
Љубовните двојки можеби немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања.


Водно отсекогаш било најшемаџиското место за водење љубов во метрополата осоебено во овој период од годината, зашто таму меѓу другото, вљубените уживаат и во романтичната панорама на градот. За практиката секс на Водноо говорат огромниот број на автомобили кои секоја вечер се упатуваат кон парк шумата, но и депониите од кондоми, кои секојдневно никнуваат на паркинзите.

Оваа наша констатација ја поткрепуваме и со фотографија од полјаната која се наоѓа на патот кон Свети Пантелемон, која судејќи по бројот на искористените презервативи е дефинитивно едно од популарните места за сексање и жив доказ за тоа колку летово им се разбудени хормоните на скопјани. На оваа ширинка, многу парови наредени како сардини си го тераат својот љубовен ќеф, а потоа искористените кондоми, пикавците и празните кутии од цигари, ги фрлаат на земја правејќи се поголеми депонии. Ладовината која ја нуди планината во овие летни горештини, како и љубовните авантури кои во лето се најатрактивни ем им го наполнија џебот на производителите на кондоми, ем ја наполнија планината со ѓубре. Љубовните двојки можеби и немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања.
- Секое утро во 8 часот пешачам до Средно Водно. На патот кој води кон манастирот Пантелемон, на самото уклучување на асфалтираниот пат има една ширинка која на времето се планираше да биде паркинг. Очигледно е дека на таа полјанка, навечер се води љубов на велико. Кондоми има насекаде, а секое утро бројот на искористени и фрлени се зголемува. Никогаш во животот не сум мислел дека со свои очи ќе видам депонија од кондоми, но ете сум ја имал таа среќа, малку на смеа малку на вистина ни рече еден рекреативец.

Вакви тајни места каде што навечер се замаглуваат шофершајбните од автомобилите има на неколку страни. Глетката во автомобилот секогаш иста - по некоја нога, рака, отпечатоци од прсти на замаглените стакла, жар од цигара во мракот. Но, на ниту едно место нема корпа за отпадоци. Ајде да направиме кампања која би се викала Безбеден секс за безбедна околина"! Имаме ли поддржувачи?

 Ивана ТРАЈКОВСКА
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2011 во 23:43
izlezete na vidno mesto ke go sobirame smetot
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2011 во 20:29
Еколошка свест-што ли беше тоа?! Има ли еколошка свест некој кој го сторил ова?

Кој ја пресушил Брегалница?


Кон врв
nena_princess Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nena_princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 20:32
Денеска тешко дека некој го разбира овој поим но сепак ние сме тие - сами ја уништуваме околината во која живееме. За жал, но тоа е вистината
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 01:45
 
 Еко -  потенцијал  кој  чека да биде  откриен...

Во новиот век светот се бори со загадувањето за кое сам е виновен. Битката се води за да се внесе зелено во сивилото. И додека целиот свет тивко плаче за уништените зелени површини во својата земја, Македонија не знае што да им прави.

Оваа наша државичка ги има најголемите потенцијали за развој на зелени самоодржливи технологии кои покрај тоа што ќе придонесат за спречување на еколошка катастрофа, ќе отворат и нови работни места за македонскиот народ. Протечни брзи реки, големи ливади со силен ветар, сонце во поголем дел од годината, и најубавата недопрена природа што може да ја замислите. А сепак, никој не се ни обидува да го искористи она што природата толку дарежливо ни го подарила.

Еко-туризмот стана една од најпопуларните гранки на туризмот последниве години. Стресот на современиот живот ги тера луѓето да сакаат барем на неколку дена да побегнат од секојдневието во градот и да уживаат во тишината на некоја шума. А Македонија има шуми какви светот не видел. Високите ароматични борови шуми на Малешевијата, широките листопадни дрвја на истокот во чие срце се крие по некој водопад. Глетки од кои застанува здивот.

Замислете слатки дрвени куќички наместо хотели расфрлани по овие шуми. Опојни мириси и ништо освен природа околу вас. Сигурно би сакале да поминете некој ден од вашиот живот токму тука. Туристите од светот кои живеат во големи сиви градови копнеат за ваков одмор. А сепак во Македонија еко-туризмот е во незначајна фаза на скромен зачеток.

Македонскиот мед, без никакви додатоци. Миризлив, силен, природен и здрав. Лековитите тревки на планините и ливадите, секоја во себе крие посебна тајна. Токму поради овие дарови на природата на нашите предци никогаш не им биле потребни вештачки додатоци. Тие живееле повеќе од 100 години. Потенцијалот на македонските шуми и ливади е огромен. Зошто досега никој не се сетил да финансира здружение на билкари или пчелари? Сега кога светот повеќе не го сака вештачкото, и се врти кон природното, токму сега треба да им покажеме што крие нашата Македонија.

Она што ни треба не се странски инвестиции на луѓе кои и онака никогаш не го разбирале македонскиот менталитет. Сега ни требаат скромни инвестиции на луѓе кои се Македонци, кои живеат некаде во светот и кои ја сакаат Македонија. Луѓе кои некогаш сакаат да се вратат во својата родна земја и да ја видат богата и зелена, и длабоко во себе да знаат дека и тие помогнале.


Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 06:39
Треба што поскоро да се поттикне свеста кај цела човекова раса,што се' се прави по светот,а ако не,до прва ќе мислат такви грди футуристички градби(за мене се).
Али по се изгледа дека нема ефект од сите тие Еко-Организации.Се додека и овде кај нас има фабрики без филтри и др. такви срања,ќе се загадува воздух,почва,вода...па дури и ние самите!Јас не знам какво задоволство им пружи на тие таквите да уништуваат.
А да не зборувам само колку животински раси се во загрозен вид последните децении?!
Луѓе,штедете пари оти набргу одиме за Марс!
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2012 во 18:00
http://interesno.com.mk/nauka/38-nauka/15441-ziveeme-kako-da-imame-uste-edna-planeta
Се согласувам.
Не знам баш,ама мислам дека не сум оф топик.
I just wanna feel real love.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.