Испечати | Затвори го прозорот

Еколошка свест

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Екологија
Опис на форумот: За спас на планетата Земја
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18700
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 11:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Еколошка свест
Постирано од: ManushkA
Наслов: Еколошка свест
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 20:04
Потребата да се изучуваат односите меѓу нивните организми и природата за прв пат се појавила пред околу сто години, во доба на засилената индустријализација на производството. Во тоа време човекот за прв пат се соочил со крупни измени во природата што ги предизвикал со својата дејност (исцрпување на природните резерви на руди, нафта, употреблива вода и почва, натрупување на отпад од различно потекло, загадување на водата, почвата и воздухот).

Заради тоа, екологијата спаѓа во релативно младите биолошки науки што сеуште се развива, барајќи ги патиштата за подобрување на нарушените односи помеѓу човекот и природата и за нејзиното унапредување.

Во последните години екологијата станува се поактуелна, поради поголемите нарушувања во природата што ги предизвикува човекот. Живееме во време кога науката и техниката отидоа многу далеку, а ние сме тука некаде - животот полека замира. Но, ние имаме право на свој живот а наша обврска е: здравиот живот во чиста средина.

Земјата, е единствената планета во вселената со својата величествена моќ на живот и природна рамнотежа, заслужува големо влијание и љубов. Основните медиуми за живот на земјата се: водата, воздухот и почвата.

Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа вилание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја честопати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици.

Колку вие се грижите за природата? Свесни ли сте која е последицата од нашата еколошка негрижа?



Коментари:
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 20:23
odlichna tema големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
mozebi ke doprinese za budenje na ekoloshkata svest barem kaj nas forumdziite голема%20насмевка
 
inace se dodeka plukame vo gradskite vlasti, a samite ne pocneme da prevzemame nesto za toa, nisto ne sme storile тага... Za zal nikoj ne moze da iscisti (docisti), ona sto nie mozeme da go izvalkame тага


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 20:27
Точно така Сани... поради нашата негрижа овие слатки мечиња, ако пред сто години беа илјадници, сега се одвај стотина УЖАССССССССССС




Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 20:38
ama e slatko srcence... i jas gledav eden film bas za ovie srcki, imase edno mece, negovite roditeli umrele i samo, malo, pliva, pliva po okeanot, a nikade santa da zastane da se odmori i se umori siroto i se udavi... se iznaplakav za nego тагатагатага... sto e najvazno od togas ni mastiki ne frlam po ulica... site me zezaat, eve ja ova za meceto kako se grizi голема%20насмевка
 
(vazno si se pofaliv)
 
megutoa shala na strana, site pocnavme da da gi osekame posledicite na globalnoto zatopluvanje, pokazatelite se uzasno alarmantni, vremenskite nepogodi se direktna posledica od Glob. zatopluvanje тага


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 21:00


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 21:02
Сани не само за глобалното затоплување, него и храната што ја јадеме, колку е таа во еколошки чиста средина произведена, се чудиме какви се не болести произлегоа во последно време

Деновиве гледам човек си направил бавча до буквално депонија, да не збориме за водава што ја пиеме


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 21:12
е, некои од ваква вода пијат, ова им бил единствен извор во селото



Постирано од: traktorce
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 22:15



-------------
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!


Постирано од: traktorce
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 22:17



-------------
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 23:19
eh, traktorce koga bi bilo samo toa... sekoj kosh vo deponija go imame pretvoreno тага





Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 19:33
Македонија на дното според нивото на еколошка свест

Ништо ново и изнендадувачки, Македонија е на дното на листата според нивото на еколошка свест во Европа.

Она што е толку очигледно сега е и научно потврдено. Универзитетите Јеијл и Колумбија на Македонија и доделија 74 индексни поени од можните сто и ја рангираа 74-та на листата на еколошки најчисти земји во светот од вкупно149 држави.
Во европски рамки, Македонија е трета но од позади или37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдавија.

Прва на светската еколошка листа со индекс 95 е Швајцарија, пред Шведска, Норвешка и Финска. Од опкружѓувањето Словенија е на 15 место, Хрватска - 20, Албанија - 25, и.т.н.

Ohridnews



Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 19:34



Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 20:24
еколошката свест,.... а воедно еколошката свест значи и морална свест кон околината,...... ја имаме сведено на минумум.... на многу ниско и незавидно ниво...... тага сега со новиот закон, барем не плукаат на (јавна) улица,.... изненадување

во мојот учебник по социологија има еден многу убав текст,.... од индијански поглавица до американски претседател.... среќа

,, Морате да ги научите своите деца дека тлото под нивните нозе е пепелта на нивните дедовци. За тие да ја почитуваат земјата кажете им дека земјата е со нас во сродство. Учете ги вашите деца како што  правиме ние со нашите, дека Земјата е наша мајка. Што и да ја снајде Земјата, ќе ги снајде и нејзините синови. Ако човекот плукне на земја, плука на самиот себе. Ние тоа го знаеме : Земјата не му припаѓа на човекот,...... туку човекот на Земјата . "


-------------


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 22:24
odlicen  tekst  Biserna, bravo... najtragicno e toa sto samite nie koga ke izlezeme nekade nadvor od zemjickava nasa sme najprimeren narod, a tuka... тага


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 01.Јуни.2009 во 10:18
заради нашата еколошка свест,...... и самите сме свесни на променливоста на климата.... во јуни, имаме премногу високи и премногу ниски температури..... се прашувам зошто не си ја пазиме планетата, единствениот дом кој го имаме ??? збунетост

-------------


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 22:13
Ekoloshka svest: Kiseli dozhdovi, gubrinja, pozhari...Ekoloshkata svest 1%


-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 31.Декември.2009 во 00:46
Ekoloska svest na nivo среќа




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Solun_2001
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 20:52
Ми се допаѓа што има луѓе кои сеуште размислуваат нормално, и поради тоа сеуште не се чувствувам луд, но сепак и покрај тоа се прашувам зошто нас секогаш не има помалку, зошто секогаш повеќе се оние кои унишуваат и зошто секогаш на чело на проектите кои треба да ја исчистат средината стојат луѓе за кои од далеку се гледа дека не им е битно тоааааааааааааа!!!!!!
Прочитав коментар погоре од девојката која вели дека поради емисијата со мечето не фрлала ни мастика. Бескрајно ми е мило за таа нејзина реакција, не дека мастиките ќе го уништат светот, но се работи за грижата кон планетата како кон нешто свое.
Но додека ние овде пишуваме треба да сме свесни дека загадуваме. Дали сме исти како сите кои загадуваат? Дали ние сме загадувачи кои освен што загадуваат и коментираат друго ништо не прават? Доволно ли е ова? Имаме ли храброст и доблест да направиме нешто повеѓе од виртуелна акција? Се надевам ДА !!! Ако со само една наша постапка покажеме дека сме различни значи вреди што дебатираме.
И за крај би сакал да го погледнете ова доколку не сте го виделе.....

http://www.youtube.com/watch?v=jqxENMKaeCU



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 15:15
Солун, горе долу сите сме свесни за последиците од загадувањето, на сите ни сметаат депониите околу нас, на сите ни смета непријатната реа итн (како најблизок до нас и „најмал“ еколошки проблем)... но некако сите се оградуваме од тоа.

Секогаш други ни се криви, зар моето догорче, или моето фрлено шише ќе ја загадат околината, зар она пред мене што е фрлено не предизвикува штета, или пак зар за едно догорче ќе фаќаме кусури, па ова автомобиливе, фабрикиве, централиве не прават штета, та моето фрлено шише ќе прави проблем...

И пак на крај не сум јас крива за загадувањето, туку „криви“ се градските власти што не се способни да го дособерат она што јас го оставам зад себе, зар не ги плаќаме за тоа, па за што земаат пари, за што се поставени тие на такви функции ако не се способни...
И како може јас од тука во Македонија да предизвикам топење на глечерите на поларниве предели...

И се додека вака размислуваме ни нема спас, убаво викаш, свесни сме, но што конкретно превземаме за тоа?
Читам низ темиве како имало надворешни опасности за опстаноков на Земјава, како крајот на светот бил многу близу, за жал, но вистинито е тоа што најголема опасност за Земјата сме самите ние, но прашање е колку сме свесни за тоаи уште повеќе, што конкретно превземаме околу тоа? тага


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Solun_2001
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 18:09
Sunny јас мислам дека од денот кога ти си одлучила да не фралаш мастики светот е почист, дека светот е почист и од денот кога јас сум одлучил да не фрлам пластично шише. Да можда малку почис, небитно почист , но почист. Нашата мисија треба да биде да натераме колку што е можно повеќе луѓе да бидат како тебе, мене , другите на форумов и како луѓето кои ја сакаат планетава и се што Бог ни дал.
Се надевам дека не сме толку многу себични па да ние бидеме последните кои ќе уживаат во прекрасно топло лето седнати под убава сенка од некое старо дрво. Тоа ние го наследивме но дали ќе им го оставиме на нашите деца кои доправа треба да се родат? Дали ќе им го дадеме она што не е наше туку нивно...?
Мене од секогаш зборот природа ме потсетувал на нешто зелено, се надевам и тебе. Зарем не треба и нив?


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 18:30
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

заради нашата еколошка свест,...... и самите сме свесни на променливоста на климата.... во јуни, имаме премногу високи и премногу ниски температури..... се прашувам зошто не си ја пазиме планетата, единствениот дом кој го имаме ??? збунетост
 
Ekoloshkata  kriza i otsustvoto na strategija za zachuvuvanje na planetata,se posledica na seushte nedovolno igradena ekoloshka svest i ekoloshko obrazovanie,pa  od tuka podatokot deka prirodnite resursi na planetata se za 30% nepovratno unishteni za izminatite 2-3 decenii.
Znachi primarna zadacha za site nas bi bila ,budenje na eko svesta i vospostavuvanje na harmonija na prirodata so samite nas.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 23:03
Не е лошо да се потсетиме, може слкиве ќе помогнат бар малку да ни се отворат очите пред вистината. среќа




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 00:44



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 15:43

Руските поларни мечки може да исчезнат

Климатските промени не само што сериозно се одразуваат врз животната средина, туку го загрозуваат и опстанокот на некои животни и други суштества. Па така, поларните мечки во Русија директно страдаат од последиците на глобалното затоплување. Топењето на глечерите им го отежнува наоѓањето храна. Зоологот и експерт за овие животни,  Овсианоков, апелира да се преземат итни мерки за да се спречи нивното исчезнување.



„Многу од поларните мечки се во лоша здравствена состојба и страдаат од недостиг на храна. Се сеќавам, еднаш кога мразот се стопи, 15 % од мечките беа истоштени и ослабени“ вели Никита Овсианоков.

Зголеменото ниво на водата во текот на летните месеци ги присилува мечките да се повлекуваат на копно каде лесно стануваат жртви на луѓето. Овсијаноков истакнува дека мечките може да се прилагодат на новата клима, но дека најголемата опасност доаѓа од нелегалните ловџии.

„Убиваат мечки од разни причини. Тоа е голема несреќа. На копно ловот е и натаму дозволен и покрај напорите за негова забрана“ вели Овсиаконов.

Според последните податоци, на островот Врангел бројот на мечките се намалил од четири илјади во 1999 на актуелно 1.500. Според руските научницу, на светов има уште само 21.000 поларни мечки. тага


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 12:44

Еко-кредити за енергетска ефикасност на ПроКредит банка

            Скопје  ПроКредит банка понуди кредити со кои што ќе се промовира финансирањето на инвестиции во проекти наменети за штедење на енергијата и  намалување на  загадувањето на животната средина.

            Еко-кредитите се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен систем, како и нови поефикасни машини и нови возила.

            “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”.  Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“

- ПроКредит банка понуди кредити со кои што ќе се промовира финансирањето на инвестиции во проекти наменети за штедење на енергијата и  намалување на  загадувањето на животната средина.

            Еко-кредитите се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен систем, како и нови поефикасни машини и нови возила.

            “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”.  Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“,



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 21:01

Јаглерод двооксид е гас кој што природно се среќава во атмосферата. Како што растат, растенијата го апсорбираат, а во комбинација со водата преку процесот на фотосинтеза создаваат прости шеќери. Овие се претвараат во посложени состојки, сочинувајќи ја структурата на растението. Енергијата за процесот на фотосинтеза доаѓа од сонцето.

plants%20and%20carbon%20cycle

 Кога растението ќе изумре, изгори или ќе го изедат животните, јаглеродниот двооксид се ослободува назад во атмосферата. Јаглеродниот цилкус придонесува за создавање стабилна животна средина за сите живи суштества, вклучувајќи не и нас!

Прашумите апсорбираат милиони тони јаглероден двооксид од атмосферата. Како што се менувала планетата, шумите биле затрупувани под земја со јаглеродот содржан во нив.

dinosaur

Низ милионите години, топлината и притисокот ги трансформираа овие дрвја во нафта, јаглен и земјен гас. Во последните стотина години, ние искористивме над половина од земјините резерви на фосилни горива за добивање на енергија и транспорт – брзо испуштајќи милиони тони јаглероден двооксид назад во атмосферата.

power%20station

На земјата не постојат доволно растенија да го апсорбираат овој дополнителен јаглероден двооксид, па тој се таложи во атмосферата. Јаглеродниот двооксид ги пропушта сончевите зраци, но топлината ја рефлектира назад кон земјата. Ова предизвикува постепено зголемување на температурата на земјата.

Глобалното затоплување може да предизвика растење на морското ниво, крајбрежни ерозии и поплави. Може да предизвика и суша која доведува до недостаток на вода и уништување на посевите. Може да придонесе и за екстремни временски услови како бури и урагани, кои предизвикуваат значителни штети на објектите, патиштата и инфраструктурата (комуникации, снабдување со вода и ел. енергија).

stormy%20waves%20on%20wall

За да се успорат климатските промени, сите земји во Европа се сложија да ја намалат потрошувачката на енергија, со што ќе го намалат нивото на испуштен јаглероден двооксид во атмосферата. Исто така се договорија да ја зголемат употребата на обновливите извори на енергија.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 08.Јули.2010 во 17:36
Фосилни горива

Јагленот, нафтата и гасот се наречени „фосилни горива“ бидејќи се формирале со фосилизацијата на остатоците на преисториските растенија и животни. Тие создаваат околу 66 % од вкупната електрична енергија во светот, и 95 % од вкупната светска побарувачка за енергија (вклучувајќи греење, транспорт, создавање струја и други потреби).

Јагленот се крши и ситни до фина прашина и се согорува. Нафтата и гасот се согоруваат директно. Јагленот создава околу 28 % од нашата енергија, а нафтата 40 %.

Согорување гориво → топлината ја загрева водата → пареата ги движи турбините → турбините ги вртат генераторите → електрична енергија се спроведува до домовите


Согорувањето на јагленот создава сулфур диоксид, кисел гас кој придонесува кон формирањето на киселите дождови. Ова може да се избегне со користење на гасна десулфуризација во оџаците со што се прочистуваат гасовите пред да се испуштат во атмосферата. Овој метод користи варовник, и создава гипс како меѓупродукт кој се користи во градежната индустрија. Сепак, се користат големи количества варовник.

Суровата нафта полесно се вади од земјата отколку јагленот, и може да тече низ нафтоводи. Ова овозможува поефтин транспорт.

Природниот гас создава околу 20 % од вкупната потрошувачка на енергија и освен ште се користи во термо-централите за создавање енергија, се употребува и во домовите за греење. Лесно се пренесува преку гасоводи, а термо-централите кои согоруваат гас не предизвикуваат големо загадување.

Други фосилни горива сеуште се истражуваат, како битуминозни песоци и нафтени шкрилци. Проблемот е во тоа што пред нивната употреба е неопходна скапа преработка.

Пареата која минува низ турбините на централата мора да се разлади и да се кондензира повторно во вода пред да се продолжи со нејзиното пумпање низ системот. Токму тоа се случува во огромните разладни кули на централите.

Некои централи се градат близу до морскиот брег, и ја користат морската вода за разладување на пареата. Сепак, на овој начин се загрева морската вода и ова може да влијае врз животната средина.

Предности:


- Огромни количини на струја можат да се произведат на едно место користејќи јаглен, и тоа на доста ефтин начин
- Транспортирањето на гасот и нафтата до термо-централите е лесно
- Термо-централите на гас се многу ефикасни
- Термо-централите можат да се градат скоро насекаде, се додека постои начин за нивни снабдување со големи количини на фосилни горива. Централата Дидкот во Оксфордшир, Англија, има сопствена железничка линија за снабдување со јаглен.

Мани:


- Главниот негативен аспект на фосилните горива е загадувањето. Со согорување на било кое фосилно гориво се ослободува јаглен диоксид, кој придонесува кон ефектот на стаклена градина и ја загрева земјината топка
- Согорувањето на јагленот создава повеќе јаглен диоксид од согорувањето на гас или нафта. Исто така, создава и сулфур диоксид, гас кој предизвикува кисели дождови
- Ископувањето на јаглен може да биде тешко и опасно. Површинското ископување може да оштети огромни пространства и пејсажи
- Термо-централите на јаглен имаат потреба од големи количини гориво, што значи постојан дотур на вагони со јаглен. За да се справи со различните барања за енергија, централата мора да има резерви
- Ова би значело постоење на огромни пространства натрупани со јаглен околу една централа.

Фосилните горива не се обновлив енергетски извор.

Штом ги согориме сите резерви на овие горива, од нив нема да остане ништо, а нашите потреби за нив се удвојуваат на секои 20 години почнувајќи од 1900 година. Ова е особен проблем и за нафтата бидејќи ја користиме за производство на пластики и други производи.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 22:27
Здравствена екологија http://www.panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/ekosvet/141-2009-11-18-12-03-39.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -

Што е здравствена екологија? Иако е постојано присутна, особено со совети за здрав живот и предупредувања на опасностите по здравјето од загадувањето на водата, воздухот, почвата, храната..., се чини дека кај нас е сеуште малку позната како посебна мултидисциплинарна, јавномедицинска дисциплина. Освен медицинари, за нејзиното функционирање од витално значење се хемичарите, хемиските техничари, биохемичарите, санитарните инженери и техничари, биолозите, прехранбените технозлоци и многу други.

 
Напоредно со зголемувањето на потребите од енергија и суровини, во развиените земји расте свеста за зачувување на околината, како и колективното ниво на култура и хуманост. За жал, се уште не се вложуваат доволно напори за да се заштитат природата и нејзините ресурси од целосна девастација.
 
ОтпадИако јавноста е многу посензибилна на микробиолошката контаминација, треба да се знае дека хемиското загадување е од поголема важност. Имено, причините за занемарување на штетните хемиски материи лежат во тоа што нивните последици често се видливи дури по подолг временски период, а при индивидуални случаи е тешко да се докаже дека одредена материја ја предизвикала настанатата болест.  
 
Постојат посебни служби за здравствена екологија, чија цел е унапредување и заштита на здравјето на населението од штетното дејствување на различни фактори на околината (хемиски, биолошпки, микробиолошки, физички) , а кои дејствуваат низ различни медиуми на околината (вода, намирници, воздух...). Тоа се постигнува со лабораториски анализи и мерења, теренски извидувања, епидемиолошки анкети, проценки на изложеност, а се со цел проценка на ризикот за здравјето на опфатената популација. Се разбира, несомнено е нивното учество во спроведувањето на стручни и научни истражувања, како и во едукацијата.
 
За запознавање со основите на здравствената екологија го презентираме (во наш превод од хрватски) текстот наdoc.dr.sc. Ксенија Витале, објавен на сајтот http://www.mojdoktor.hr/ - http://www.mojdoktor.hr/
 
Ернест Хекел (Ernest Haechel) бил германски научник, голем заговорник на теоријата на еволуцијата и сакал да смислува нови зборови. Најголем дел од неговите истражувања со неговата смрт замина во заборав пред повеќе од половина век, но помеѓу преживеаните денес ни се добро познати зборовите како „онтогенија“, „филогенија“ и „екологија“. Ернест би бил веројатно мошне задоволен од тоа каква популарност стекнала неговата кованица, иако за тоа поголема заслуга има хипербрзиот развој на индустријата и техниката со сите свои негативни ефекти, отколку славниот развој на науката и за жал почесто негативното отколку позитивното влијание на човекот.
 
ЕкологијаЕкологијата била замислена како наука за економиката на природата, но денес повеќето луѓе главно помалку ја поврзуваат со нејзинот дел logos (гр.)- наука, а повеќе со oikos (гр.)- куќа, т.е. со состојбата на околината во која живееме и потребата од нејзино зачувување. Во рамките на екологијата постојат многу темелни прашања и проблеми, како на пример зачувувањето и користењето на природата и нејзините потенцијали, потоа прашањата и проблемите кои од нив произлегуваат, како на пример социјалните и политичките стојалишта спрема производството и загадувањето, социјалните промени, губењето на културното наследство и сл.
Сето тоа екологијата денес ја прави наука која освен што набљудува и дејствува, а во чии рамки постојат многу гранки од кои една е и здравствената екологија.
 
Повеќето научници денес здравствената екологија ја дефинираат како наука која ги проучува промените во човечкиот организам, т.е. единките или популациската структура во однос на факторите на околината, со посебен акцент врз односот кој е секогаш динамичен. Единките не живеат изолирано, туку се меѓусебно зависни, како дел од комплексно организиран систем. Резузлтатите од таквите проучувања создаваат научна база за разбирање на биолошкиот и социолошкиот аспект на човечкиот вид.
 
Медицината не е само лечење на веќе заболени, туку нејзин составен дел е и превенцијата на болеста со создавање на здрави животни услови и средина која го јакне здравјето. Во својата историска, а со дел и модерна смисла медицината се темели врз биомедицинските науки, иако денес се препознава неизоставната улога и на психосоцијалните науки. Здравствената екологија во својот пристап ги носи идеите на живеење во хармонија со околината и здравите животни услови, еднакво биолошките, физичките и психосоцијалните.
 
Објект на проучување на здравствената екологија се единките и/или популациите. Во процесот на еволуцијата новите својства се јавуваат со секое ново ниво на биолошка комплексност, а тие никогаш не би можеле да се предвидат само од студиите на историјата (анамнезата) на единките. Затоа, иако извори на податоци ни се живите единки, стварниот објект на проучување на здравствената екологија е популацијата. Популацијата е просторно или социо- културолошки дефинирана група на единки која се репродуцира во себе си. Уште попрецизно биолошки дефинирано, популацијата е група во чии рамки постои најголема веројатност дека единката ќе пронајде партнер за репродукција.
 
Секоја човечка популација можеме да ја посматраме како континуиран ентитет во одреден биотоп и статистички да ја опишеме со низа на параметри кои се всушност релативни со оглед на поединецот. Тие параметри се, на пример, наталитетот, морталитетот, густината на популацијата на некој географски простор, но и различните фреквенции на гените во рамките на групите или подгрупите. Во однос на единките што ја сочинуваат, популацијата е перманентна. Поединецот со раѓањето или со доаѓањето станува дел од популацијата која била тука и пред неговото доаѓање, но останува по неговата смрт.
 
Здравствената екологија ги посматра интеракциите на популацијата и околината кои во денешни услови се менуваат константно во неповолен правец за здравјето на човекот. Главна задача на здравствената екологија е да се пронајдат квантитативни податоци кои би послужиле во заштита на човековото здравје од неповолните ефекти на околината, како и да го унапредат здравјето со позитивно влијание врз околината.
 
Контрола%20на%20здравјетоМетодологија
Здравствената екологија е полиметодична дисциплина која во своите проучувања се користи со сите методи на класичните дисциплини што на некој начин ги синтетизира во себе. Секогаш се воделе многу расправи дали се корисни методите на анализа и синтеза, т.е. редукционизмот или холизмот. Сепак, најзастапено мислење е дека во здравствената екологија не можеме да се занимаваме исклучиво со анализа на индивидуалните (објекти) случаи, ниту само со синтеза на проблемите. Здравствената екологија ги користи двата начина и нејзината сила е во сеопфатниот пристап на феноменот што го прочува.
 
Основни барања на здравата околина се чистиот воздух, здравствено исправна вода за пиење и доволни количества на вода, соодветна и сигурна исхрана, сигурни и мирни населби и стабилна глобална околина. Интеракцијата помеѓу чоечкото дејствување и неговата физичка, хемиска, биолошка околина ги дефинира Светската здравствена организација во 1992. Врз здравјето влијаат три групи на фактори, но и човечкото здравје влијае врз нив. Тоа се интензитетот и природата на човечкото дејствување што ја чинат: земјоделското, индустриското и енергетското производство, користењето и управувањето со водата и отпадот, урбанизацијата, дистрибуцијата на заработувачката и економиите во рамките и помеѓу земјите, квалитетот на здравствениот систем и нивото на заштита на животната, работната и природната околина.
 
Физичката и хемиската околина се воздухот, водата, храната, хемискиот состав на почвата вклучувајќи ја и радијацијата, климата вклучувајќи ја и температурата, влажноста, врнежите и сезонските промени. Биолошката околина се видот и раширеноста на патогените и векторите, како и видовите и застапеноста на нивните живеалишта.
 
Сепак, можеби идејата за нераскинливата врска на луѓето, нивното здравје и околината е најсилно изразена во говорот на индијанскиот поглавица за време на ширењето на територијата на северна Америка:
 
„... Сите сме ние дел од мрежата на животот и што и да и правиме на таа мрежа си правиме на самите себе...“.
 


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Јули.2010 во 08:17
Еколошка свестизненадување
НЕМА се додека нема КАЗНИ ама спроведени на дело и веднаш, без пардон

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB81CACD4664814EB0DC64085BBD43F2">

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB81CACD4664814EB0DC64085BBD43F2 - Го удавивме Вардар во отпад
Вардар е загаден речиси од самиот извор, а кај Велес е мртва река - забранет и за капење, и за наводнување и за риболов. Во водите на реката се откриени и фосфати забранети за употреба
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9E7947CBDA2ACC41BB020D2A2DBC357A - Загадување по целиот тек


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Јули.2010 во 10:38
..a, shto ima vrska ,..dali e pun vardar so...gjubre,.збунетост.

...koga i onaka nikoj ne saka  da se banja vo nego,.,..duri i na plazata negova,.

.zamisli,...zabraneto e da se banjash na ,....nova plaza!!изненадување

..ainache  se zabranuva ona ,..shto nekogash bilo ...dozvoleno..a na nea

ushte neotvorena"...odma kazaa deka ,..

..vench...kupanja ,..neche biti !не


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 25.Јули.2010 во 08:20
Koja bese zamislata na vladata za plasticnite kesi?...Ako se naplatuvaat 'ke bidat ekoloski pogodni?...Lele umovi nevideni....неGo izbricija narodot...

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 01:35
Прашумите ќе исчезнат до 2100-та година?

Ако се продолжи со илегалното сечење на дрва, во комбинација со климатските промени со кои се соочува нашата планета, животот во дождовните прашуми до 2100-та година ќе биде уништен.

За овој проблем предупредија научниците од вашингтонскиот институт Carnegie, кои спроведоа голема студија за ефектите од глобалното затоплување и сечењето на шумите. Тие тврдат дека многу видови се загрозени, а до 2100-та година, може да исчезнат 18 до 45 отсто од растенијата и животните во тропските шуми. Доколку не успеат да се адаптираат на новите услови, животните ќе мораат да се преселат или да умрат, пренесува Telegraph.

Научниците проучувале 16 различни модели на климатски промени од целиот свет. Најзагрозен е просторот кај Амазон, но и џунглите во Африка и Индонезија.

Даниел Непстед, еколог од истражувачкиот центар Woods Hole во Масачусетс, изјави дека само решавањето на проблемот со стаклената градина и гасовите може да ги спаси прашумите.

- Оваа студија е силен доказ дека природниот екосистем поминува низ многу важни промени. Спасувањето зависи од брзата акција во смалувањето на емисијата на гасовите, истакна Непстед.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 19.Октомври.2010 во 15:39

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CGORDAN%7E1.ZAF%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 28.Декември.2010 во 14:49
За човековата СРЕДИНА најмногу се грижат жените. црвенеење


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Февруари.2011 во 07:43
Еколошки градови - инспирација за иднината

Насекаде бесплатен безжичен интернет, забранети автомобили, улици со јавен транспорт без метеж и чист, незагаден воздух.

Можеби ова навистина звучи по малку футуристички, но ваквите градови веќе се тука.

Градот Масдар, оддалечен помалку од десетина километри од Абу Даби, ќе биде потполно функционален до 2020 година, каде што е планирано да се рециклира дури и водата. Возилата на бензин или нафта ќе бидат забранети, на чие место ќе дојдат подземни возила на електричен погон.

Слични еколошки потфати се преземаат и во Кина, поточно во градот Дежоу кој се наоѓа на северниот дел од земјата, каде што е создадена т.н. соларна долина со улици и базени осветлени со соларна енергија и згради со соларни греачи на вода.

Пирамидата Шимизу Мега Сити во Токио е сè уште само концепт; нејзините екстра лесни материјали треба допрва да се произведат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кулата на Лондон Бриџ, позната како The Shard, ќе биде завршена во 2012. Оваа кула, со височина од над 300 метри, ќе биде највисоката зграда во цела Европа и ќе вклучува станови, канцеларии, ресторани и еден хотел.






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Кула со надворешни панорамски палуби исполнети со хелиум во Таичунг, Тајван. Нејзината форма е инспирирана од структурата на дрвата. Со изградбата ќе се започне наредната година, а кулата ќе функционира на соларна енергија и рециклирање на дождовната вода. Внатрешните простории ќе бидат наменети за канцеларии, ресторани и музеи.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Транспортот, поточно сообраќајот, претставува еден од најголемите проблеми во современите градови. Кина со овој проблем се справува преку масовна велосипедска шема на споделување на 50000 велосипеди. Во некои градови на корисниците на велосипеди им се нуди првиот час бесплатен.

Транспортот Бус Рапид Транзит во к*ритиба, Бразил, го користат 80 проценти од жителите, кои за оваа транспортна услуга се претплаќаат однапред.

Во Талин, Естонија, се постави бесплатна безжична интернет конекција во парковите, музеите, кафулињата и возовите.


Градот Масдар, изграден во периферијата на Абу Даби ќе биде целосно изграден и отворен во 2020. Водата ќе се рециклира, а употребата на автомобили ќе биде забранета.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Објектот СискрејперSeascraper е дизајниран со концептот на капсула, овозможувајќи му да биде укотвен во силни струи од што ќе произведува бесплатна енергија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Водната кула Гири ќе биде способна да плови низ океанот. Оваа атракција ќе претставува одморалиште, како и центар за истражување.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Потоа следуваат фасцинантните објекти, проектирани од страна на визионерски архитекти во чија замисла е свет исполнет со кули-дрва, куќи кои пловат на вода, како и лебдечки пирамиди исполнети со објекти.

Некои од највосхитувачките дизајни се планирани за Далечниот Исток каде Јапонија и Кина се водечки сили на полето на моделирање на естетиката на иднината која никого не остава рамнодушен.


Стадионот Ал Кор во Катар проектиран за Светското првенство во 2022 година. Стадионот под отворено небо ќе има соларна климатизација, која ќе ја одржува температурата под 26 степени.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стадионот Сочи Олимпик во Русија, изграден за Зимските игри во 2014 година, е дизајниран во облик на школка, со ѕидови и покрив обложени со кристален слој кој ги рефлектира сончевите зраци, овозможувајќи му осветлување навечер.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Главниот град на Франција, Париз, почна да користи креативни архитектонски идеи со цел да ги направи објектите атрактивни и во самиот град, земајќи ја за пример убавината и природната нота на куќите од предградијата.



-------------


Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 29.Јуни.2011 во 13:30
Љубовните двојки можеби немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања.


Водно отсекогаш било најшемаџиското место за водење љубов во метрополата осоебено во овој период од годината, зашто таму меѓу другото, вљубените уживаат и во романтичната панорама на градот. За практиката секс на Водноо говорат огромниот број на автомобили кои секоја вечер се упатуваат кон парк шумата, но и депониите од кондоми, кои секојдневно никнуваат на паркинзите.

Оваа наша констатација ја поткрепуваме и со фотографија од полјаната која се наоѓа на патот кон Свети Пантелемон, која судејќи по бројот на искористените презервативи е дефинитивно едно од популарните места за сексање и жив доказ за тоа колку летово им се разбудени хормоните на скопјани. На оваа ширинка, многу парови наредени како сардини си го тераат својот љубовен ќеф, а потоа искористените кондоми, пикавците и празните кутии од цигари, ги фрлаат на земја правејќи се поголеми депонии. Ладовината која ја нуди планината во овие летни горештини, како и љубовните авантури кои во лето се најатрактивни ем им го наполнија џебот на производителите на кондоми, ем ја наполнија планината со ѓубре. Љубовните двојки можеби и немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања.
- Секое утро во 8 часот пешачам до Средно Водно. На патот кој води кон манастирот Пантелемон, на самото уклучување на асфалтираниот пат има една ширинка која на времето се планираше да биде паркинг. Очигледно е дека на таа полјанка, навечер се води љубов на велико. Кондоми има насекаде, а секое утро бројот на искористени и фрлени се зголемува. Никогаш во животот не сум мислел дека со свои очи ќе видам депонија од кондоми, но ете сум ја имал таа среќа, малку на смеа малку на вистина ни рече еден рекреативец.

Вакви тајни места каде што навечер се замаглуваат шофершајбните од автомобилите има на неколку страни. Глетката во автомобилот секогаш иста - по некоја нога, рака, отпечатоци од прсти на замаглените стакла, жар од цигара во мракот. Но, на ниту едно место нема корпа за отпадоци. Ајде да направиме кампања која би се викала Безбеден секс за безбедна околина"! Имаме ли поддржувачи?

 Ивана ТРАЈКОВСКА


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 11.Септември.2011 во 23:43
izlezete na vidno mesto ke go sobirame smetot

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Октомври.2011 во 20:29
Еколошка свест-што ли беше тоа?! Има ли еколошка свест некој кој го сторил ова?

http://www.time.mk/read/b7e99b3c3d/f4b53511ac/index.html - Кој ја пресушил Брегалница?




-------------


Постирано од: nena_princess
Датум на внесување: 10.Декември.2011 во 20:32
Денеска тешко дека некој го разбира овој поим но сепак ние сме тие - сами ја уништуваме околината во која живееме. За жал, но тоа е вистината

-------------
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 28.Јануари.2012 во 01:45
 
 Еко -  потенцијал  кој  чека да биде  откриен...

Во новиот век светот се бори со загадувањето за кое сам е виновен. Битката се води за да се внесе зелено во сивилото. И додека целиот свет тивко плаче за уништените зелени површини во својата земја, Македонија не знае што да им прави.

Оваа наша државичка ги има најголемите потенцијали за развој на зелени самоодржливи технологии кои покрај тоа што ќе придонесат за спречување на еколошка катастрофа, ќе отворат и нови работни места за македонскиот народ. Протечни брзи реки, големи ливади со силен ветар, сонце во поголем дел од годината, и најубавата недопрена природа што може да ја замислите. А сепак, никој не се ни обидува да го искористи она што природата толку дарежливо ни го подарила.

Еко-туризмот стана една од најпопуларните гранки на туризмот последниве години. Стресот на современиот живот ги тера луѓето да сакаат барем на неколку дена да побегнат од секојдневието во градот и да уживаат во тишината на некоја шума. А Македонија има шуми какви светот не видел. Високите ароматични борови шуми на Малешевијата, широките листопадни дрвја на истокот во чие срце се крие по некој водопад. Глетки од кои застанува здивот.

Замислете слатки дрвени куќички наместо хотели расфрлани по овие шуми. Опојни мириси и ништо освен природа околу вас. Сигурно би сакале да поминете некој ден од вашиот живот токму тука. Туристите од светот кои живеат во големи сиви градови копнеат за ваков одмор. А сепак во Македонија еко-туризмот е во незначајна фаза на скромен зачеток.

Македонскиот мед, без никакви додатоци. Миризлив, силен, природен и здрав. Лековитите тревки на планините и ливадите, секоја во себе крие посебна тајна. Токму поради овие дарови на природата на нашите предци никогаш не им биле потребни вештачки додатоци. Тие живееле повеќе од 100 години. Потенцијалот на македонските шуми и ливади е огромен. Зошто досега никој не се сетил да финансира здружение на билкари или пчелари? Сега кога светот повеќе не го сака вештачкото, и се врти кон природното, токму сега треба да им покажеме што крие нашата Македонија.

Она што ни треба не се странски инвестиции на луѓе кои и онака никогаш не го разбирале македонскиот менталитет. Сега ни требаат скромни инвестиции на луѓе кои се Македонци, кои живеат некаде во светот и кои ја сакаат Македонија. Луѓе кои некогаш сакаат да се вратат во својата родна земја и да ја видат богата и зелена, и длабоко во себе да знаат дека и тие помогнале.




-------------


Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 13.Февруари.2012 во 06:39
Треба што поскоро да се поттикне свеста кај цела човекова раса,што се' се прави по светот,а ако не,до прва ќе мислат такви грди футуристички градби(за мене се).
Али по се изгледа дека нема ефект од сите тие Еко-Организации.Се додека и овде кај нас има фабрики без филтри и др. такви срања,ќе се загадува воздух,почва,вода...па дури и ние самите!Јас не знам какво задоволство им пружи на тие таквите да уништуваат.
А да не зборувам само колку животински раси се во загрозен вид последните децении?!
Луѓе,штедете пари оти набргу одиме за Марс!


Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 18:00
http://interesno.com.mk/nauka/38-nauka/15441-ziveeme-kako-da-imame-uste-edna-planeta
Се согласувам.
Не знам баш,ама мислам дека не сум оф топик.

-------------
I just wanna feel real love.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 18:43
..pa i da si offtopic?
збунетост
ne znam shto tolku se zamarate so toa ,..pa duri i koga ste on,
...vi se tresat kolemata da ne ste sluchajno,..off.

намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 18:51
Не е офтопик детето. Остајте ми го на раатнамигнување

Ја би рекол, не како да имаме уште една, туку како да имаме уште две. смеење


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 19:00
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Не е офтопик детето. Остајте ми го на раатнамигнување

Ја би рекол, не како да имаме уште една, туку како да имаме уште две. смеење
pa shto kazav jas?изненадување

..a, tek koga indija i kina ke mu ja ''raspalat'', tek togash ima da si naebe planetata...zemja.


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 19:02
Originally posted by brza brza напиша:

..pa i da si offtopic?
збунетост
ne znam shto tolku se zamarate so toa ,..pa duri i koga ste on,
...vi se tresat kolemata da ne ste sluchajno,..off.

намигнување


не вреден


-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!


Постирано од: imdad
Датум на внесување: 22.Април.2013 во 14:51
Потребна ми је хитна помож. Ќе ве замолам да ми помогните

Спречување на еколошка катасрофа

1. Кој ја доживува загаденоста на животната средина?
2. Кои мерки спореед тебе треба да се преземаат за да се заштити животната средина од понатамошното уништување?
3. Кој треба да биде носител на активноста за заштита на животната средина на глобално ниво?


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 21:08
http://www.mkd.mk/svet/vesti/sega-e-i-oficijalno-zagadeniot-vozduh-e-glaven-predizvikuvach-na-rak-mnogu-povekje-od" rel="nofollow - http://www.mkd.mk/svet/vesti/sega-e-i-oficijalno-zagadeniot-vozduh-e-glaven-predizvikuvach-na-rak-mnogu-povekje-od


..sega se na poteg drzavnite inspekciski organi,istite onie sto gi zatvoraa kafulinjata pocituvajki go doslovno "zakonot za pusenje....".Na red se fabrikite i pogonite nareceni fabriki...starite vozila bez EURO numero toa i toa...divite(legalno koristeni) deponii za smet i otpad na nekoi javni pretrijatija i se po red..do domasnoto kumbe na pregoreno ulje i PVC otpad.



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: miksajle
Датум на внесување: 03.Март.2014 во 16:11
Luge sto mislite za proektot Lukovo pole koj treba da se gradi vo mavrovskiot region, dali e dobro dali ke vlijae pozitivno vrz energetskata idnina na Makedonija?


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Ноември.2014 во 23:32
...nema sansi da se gradi nisto poveke,taka da nisto ne mislam za Lukovo pole.bidete spokojni.намигнување

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Мај.2015 во 12:31
Еколошка свест??

Па поминете на било кое излетничко место на кое сега за 1-ви мај имаше полу свадбен амбиент и ќе видите кои се гнасотии имаат оставено идиотите од луѓе тамо.

Тоа е, не се сите глупави и лесни како мене што кога ќе планинарам секогаш собирам барем пола ранец фолии од цигари, конзерви, лименки и најлони, а да не пишувам какви се гнасотии наоѓам плус.

Секој кој шета, барем едно најлонче ѓубре да собере секогаш, се ќе биде чисто и за мерак, ама за жал не е така.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 09.Август.2015 во 17:34
Еколошка свест е мислена именка за нашево подрачје,за жал.Сите ние читаме,слушаме по телевизиите дека оваа загаденост,озонски дупки кои предизвикаа огромни климатски промени,се  
последица на неодговорното однесување на луѓето и ништо не се прави во смисол будење.  Не Фикс,не си ги наметнувај на себе си тие епитети,туку напротив...кога секој позади себе би си го собирал отпадот,нашево поднебје би било многу,многу поубаво место за живеење.Но каде свеста не работи сама од себе,таму треба да се чепне на најсензитивното место *џебот* !


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 16.Септември.2015 во 14:08


nema svest bez udiranje..

interesno za analizza,

neli?

iako ne sum po niv..

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 10.Ноември.2017 во 20:08
Меси знаеше да пише дека оние претходните читале низ форуми.
Гледајќи што си напишала,Тевдовски сигурно те има прочитано.

Па знаејќи у која бесвест сме околу еколошката свест ја лупна
акцизата за нафтата на база екологија.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk