|
Атанас Џолев |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Парите сите ги сакале нема кој не земал туѓи пари.
Не најде велиш како се чуствувал Атанас Џолев??? Чудно иако го има на првата страна!!!!!!! |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е сега ти си лажго оти јас ти зборувам за тоа како се чувствувал Насо кога ги арчел српските пари, оти другар му Анци не се чувствувал многу арно, ама требало некако да се живее. А за тоа кога се почувствувал етнички Македонец не е јасно. Не ми се верува Сматракалев да се почувствувал кон 1931-2, Ангел Динев кон 1934-5, а Насо Џолев да ги испреварил. Јасно е дека некои желби ги пренесува во поран период. Примерно желбата на Македонците да пишуваат на својот мајчин јазик. Прашав, ама не дочекав одговор. Кој бил тој јазик во 1923? Или секој да си пишува на својот дијалект? Значи тоа што е посакувано по 1934г., тој го пренесува 10 години порано. И ако бил толку предан на Oрганизацијата и голем Македонец, зошто во Г.Џумаја не се предал на Организацијата, а сакал да се предаде на АРМИЈАТА НА БУГАРСКИТЕ ПОРОБИТЕЛИ? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каснакоски, денес книгите се пишуваат на копмјутер, па се додека не се отпечатат се смета дека се во ракопис. Порано, кога немало компјутер, се пишувале на машина за пишување, ама се додека не се издаделе се смета дека биле во ракопис. Не верувам дека ова не го знаеше... |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne go znaev, rakopis mislev deka e togas, koga e pisuvano na raka.
A sega toa sto go pravam vo mementot dali moze da se smeta za rakopisuvane? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак ги извртуваш работите, ама како што еднаш кажав, секои твои манипулации јавно ќе ги разобличувам на овој форум. Сите твои постови на оваа тема се само рекла-кажала. Прво, љубовта кон Југославија била присутна и кај Васил Ивановски, Александар Мартулков, а и кај Шанданов. Oдносот кон Југославија бил таков затоа што според тие револуционери, Југославија зазела правилен став кон македонското прашање, како што ќе изјави и Васил Ивановски во Софија. |
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А според тебе, дали Југославија зазела правилен став во однос на македонското прашање?
Би отворил нова тема за тоа, ама прво да прашам, дали ќе ја затворите? За да не се трудам бадијала..... |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема потреба од таква тема - се знае дека Македонците сами си го извојуваа своето слободно битие кое постоело и постои и ден денес.
Нити Југославија нити Бугарија и Грција придонеле за денешна Слободна Македонија |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne ги мешај Мартулков и Ивановски.
За Перо Шанданов и Атанас Наумов - Анци /тој кој се подпишал со ракопис врз ракописот на Џолев/ имаме спомени во кои се тврди дека земале пари од ГеМеДимитров, а тој ги земал од Југословенските служби. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека имаме тема за Македонија од 1944 до 1990 година. Таму пишувај слободно. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во ред, за нив има спомени во кои некои тврди дека земале пари, ама каде е споменат таму Атанас Џолев? Дали таму се тврди дека тој земал пари? Ако не, тоа е како што кажав, само твоја хипотеза, непоткрепена со докази. Изменето од Македон - 19.Јули.2010 во 13:53 |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па јас каде напишав дека е точно така. Убаво објаснив дека тоа е моја претпоставка, зошто нели бил другар со Анци, па и од крилото на истакнатиот револуционер ПЕРО ШАНДАНОВ.
дОБРО Е ДА ДОЗНАЕМЕ НЕШТО ЗА ЖИВОТНИОТ ПАТ НА џОЛЕВ. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве и каде си напишал, сепак, тоа се твои зборови. Тоа што некој бил другар со некој кој земал пари, не значи ништо. Од каде знаел Џолев дека Атанас Наумов земал пари? Има некаков доказ дека за тоа знаел?
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Може би не требало да пишувам дека сум сигурен, а дека сум внатрешно убеден дека и тој не правел исклучок од своите другари.
Mislam se izjasnivme za ova. кажи што мислиш за желбата за пишување на македонски јазик во 1923/4 година. Тоа го напишал Насо Џолев црно на бело. Дали желбите не ги транспортира во времето? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Истата желба постои и кај многу други дејци во тоа време, во Вардарска Македонија. Не е нешто невообичаено, а можеби и остварувал контакти со дејци од Вардарска Македонија во тој период, па се сретнал со дела на некои тогашни борци, како што е Кочо Рацин, кој во тоа време и е првиот кој напишал некои на македонски јазик, иако тие не се зачувани. |
||
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |