IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 128129130131132 146>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 20:30
За тебе сум ова што сум.
Заради тебе правам се што правам.
За тебе дишам
За тебе се будам.
За тебе живеам.
А ти...?
Ме оставаш на тие
кои не ме заслужиле
ни на пола од тебе.
Оти со тебе плачам долго во ноќта.
Со тебе се смеам цел ден.
Со тебе заспивам во бессоните ноќи.
Со тебе се будам во ладните утра.
Ти си мојот сон
Моја болка и тага.
Моја насмевка,моја солза,
мој дом,моја жед,моја глад
Ти си ми......се.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:17
Те натопив со солза врела.
Те исплакав со секое ново утро
во кое го немаше твоето битие.
Не го слушаш плачот веќе.
Не ја чувствуваш болката во гради.
Не те допира мојот глас.
Исчезна........
Ех кога само би можело....
Да исчезнеш од срцево.
Да ја снема болката.
Да испариш од душава,
да не тагува повеќе.
Да те снема од мисливе,
да се одморат малку.
Да се искушат солзиве тешки.
Да потонам во мир....вечен.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 20:14
Утрата веќе не прекрасни
како што беа порано.
Сонцето не сјае со истиот сјај,
ни облаците не се така прекрасни
како некогаш....
Ниту денот не е убав
и весел како некогаш.
ништо не е доволно добро
и возбудливо во него.
Ниту ноќта е ноќ
ниту сонот е сон,
а и го нема во ноќите
само мисли и болка,
тага и солзи ме дружат.
Ништо не е како што беше
Без тебе!
Ни животот е живот,
ни смеата е смеа,
и ништо не е доволно добро
мило мое ангелче,
без твојот глас,поглед,смеа....
Без тебе!
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 19:41
Тага е името мое
Болка ми е презиме
Солза ми е прекар
Трепетот на крилцата мали
се претвори во тивко липање
око не пресуши солза
А среќен требаше да е денот
и болката требаше да е заборав
Само тага остана после се
само солзи
Нема да стивне душата
липа тивко никој да не чуе
а никој не ни претпоставува
дека сета болка во очиве си ти
Тагата на лице е подарок од тебе
Солзата горка од око што тече
се вика исто како и ти
Името твое не заминува од усни
Ликот твој ангелски
не сака да си оди од мисли
Ниту насмевката твоја
сака да замине од пред очи
А само сакав....
толку силно сакав....
и на крај посакав
да те допрам,
да те гушнам,
да те гледам пред мене насмеан.
Згрешив мило мое,
многу згрешив.....
сега ја плаќам грешката
Згрешив оти посакав.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 02:22

Значења

Прости ми што сум

плиток до последниот

слој на глупоста…

…што разлистувам ликови

и се виткам пред лудиот ветер

кој вчера го одвеа

Бог од молитвите.

Не сум заборавил!

Имаме состанок во пустиот град

што се сомнева дека им плаќаме

на минувачите да ни бидат

статисти во љубовна сцена…

Ако додржам до вечерва…

Знаеш, гнили се врвците

што ја стегаат душата во ова тело…

Ќе зборуваме за малата веројатност

некогаш да се сретнеме вистински…

И ти ќе се согласиш дека допирот

е најдлабокиот недоволен начин

да продреш во мене…

Износените лица на љубовта

безизразно ќе се дават во

плитките значења

што и’ ги даваме на нашата болка.

Дури и моето заминување

ќе изгледа како да те напуштам…

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 18:04


Ахх ....таа буква М.....голема%20насмевка

http://zapzap.ru/images/letter-m_resize.jpghttp://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/E99BAFDBBC1D544EA9F2F71BBA4A207C.jpg

Мугри…

мирно место …

малини ми мирисаат   ….

мисла ми минува …..

Маѓепсана ….

мислиш ме мачиш ??

можно….

море мелодии

Маченце мое ме мазиш……

мисла менувам…

мрак…

мразам моменти меланхолични….

Моќна муза ме мислиш..

можеби..

моќен маж

мрежа ми мести

Маскембал  маска можеби…

мислев  ме милуваш

мускетару мој…

http://news.city.zt.ua/uploads/posts/2010-03/1267787494_neveroyatnoe-3.jpg

Dawn ...

peaceful place ...

I smell raspberries ....

My thought goes .....

Enchanted ....

do you bother me?

possible ....

Sea ringtones

My  cat  carres me ......

Thought change ...

darkness ...

I hate melancholic moments ....

Powerful muse me think ..

maybe ..

powerful man

My network setting

Maskembal skin may ...

I thought you caress

My Musketeers ....



Изменето од bijonse1 - 23.Мај.2010 во 18:06
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 15:22

Why Bother?

Крилести змејови дојдоа да го смират

готскиот призвук на незавршена есен…

Зарем останаа нешта што не можат

да бидат сфатени на прв поглед?

Ликовите заѕидани во градските фасади

љубопитно го следат твоето месечарење…

Тие глумат движење…

Го чекаат твојот пад…

Тие се со тебе

до самиот раб на дупката…

Понатаму си сам со

болка во коските,

гнилеж во месото,

и психијатриска дијагноза…

Во алманахот на страдањата

ги има само нивните ликови…

И сите се потпишани

со исто име…

Твоето…

Тие што не ти

оставија крв во телото

за да порумениш

кога ќе ти стане срам…

Тие што ти ги избришаа

и пцостите од речникот,

за да не искажеш

колку ги мразиш…

Тие што решаваат

што да биде грев…

Бадијала ги соголуваш…

Под секој шарен омот,

нова ‘pѓава лушпа…

(Премногу ли остарев

што зборот и гробот

ми се исти по длабочина?)

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2010 во 21:10

Нешто во нештата

Има нешто во нештата

што ги немам.

Чекајќи го летниот солстициј,

да ти го проколнам

сонот во најкратката ноќ,

си го простирам езерото од гнев

меѓу две липи и заборавам

дека те имам во нивниот мирис,

а те немам во мојот кревет…

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2010 во 21:10

Не им обраќам внимание
на чудесно симетрични лица,
на усни што врз себе
го имаат распоредот на сите
евроазиски реки...
...Ја наоѓам љубовта како
ненадејна болка од модрица
што не знам каде сум ја добил...

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 22:04
Related image

          ДОЖД

Д
али денес далечината делуваше ??
дали дождот.........делумно депримира??
додека директно дејствуваш......
дефинитивно ден  дарувам!!!
да делиме ден ?? ........дојди !!!
дали душа да дам??
дали ден да додадам...
дајј да докажам......
дискретно....ДА !!

Image result for letter d rain gif



Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:24
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 21:14
mozebi vi lichi ama.....moja e!да.........:

       Т'ГА ЗА ......живот!

Орелски крилја как' да си метнех,
И в чужди ст'рни да си прелетнех!
На чужди места ја да си идам,
Да видам Newyork, Hong kong да видам,
Да видам дали с'нце и тамо
Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,
Ако пак мрачно с'нцето светит;
На пат далечни ја ќе се стегнам,
И в други ст'рни ќе си побегнам,
К'де с'нцето светло угревјат,
К'де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,
И темна м'гла земја покриват ;
Пљачки и мучки и пропалици,
Силни мизерии  и бедни вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам пљачки  да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
И в чужди  ст'рни да си прелетнам;
На чужди места ја да си идам,
Да видам Miami,bermudi  да видам.

Тамо зората греит душата,
И с'нце светло зајдвит в гората ;
Тамо дарбите природна сила
Со с'та раскош ги растурила:

Бистро море гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С'нце да зајдвит, ја да умирам.



......Thank's!голема%20насмевка


Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 18:40
Image result for letter o graffiti

         Олуја         


Околу островот океан огромен

облаци отежнати олуја одеднаш

опасно !!...остануваш овде??


Овде ???....озбилно?

осакатен , омразен, одљубен

одсекогаш отфрлен??


Охх  обвинувај ...осакатиме,ошамариме

овде!!....одма !!!

остроумно оценувам....останувам!!


Одеднаш отидоа облаците

осилото опустошено остана

одалеку одлетнува орел....


Одблиску осеќам оган

око остро оценува

огледалото осрамено останува...


Одам одбројувајќи остатоци

онаму оџакот одимува 

останува обелена онанија....



Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:12
Кон врв
bohrmann04 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Мај.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bohrmann04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 10:22
Среќен роденден Снашке

БЕЛГРАДСКИОТ ЦЕПЕЛИН

На ќошињата на улиците го довикувам твоето име,
Додека некаде од далеку се слуша како свири нашата музика.
Си мислам на допирите на малите и меки раце,
Кои го разгоруваа огнот во нас,
На таа бледа Месечева светлина.

Во сите барови и трговски центри,
Пред себе го имам твоето лице,
Кое редовно се губи во маглите на влажните утра.
Но старите писма и фотографии едноставно не можат да те доловат,
Исто како што се губеше откако автобусот ќе заминеше.

Прекрасни дворци со столбови и куполи,
Изградив држејки ги твоите раце.
Веројатно ќе беше полесно да ме држиш при себе
Отколку што се трудеше да разбереш,
Колку далеку со умот избегав.
Во прегратките на една трагедија,
Премногу црна да се опише – Крајот на една голема илузија.
Сите оние страсти и доживувања кои успеавме да ги украдеме.
Тоа…Тоа не можат да те научат на школо.

На светот со песнава му ги објавувам,
Бесценетите вредности засекогаш замрзнати во времето,
Изградени врз пепелта на нашите изгорени срца.
Сите љубопитни би сакал да знаат дека,
Нашата љубов не наликуваше на воен марш,
На некаква си воена парада за демонстрација на моќ,
Туку на лесна прошетка по облаците.
IQ = 10 0000
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 20:52
Мy moon

Налутени стрели
летаат кон сонцето
кое ја измолзе
и последната капка вода.

Ползам
по патеката на зајдисонцето,
ја бришам неговата крв
со малечок облак
од мојот џеб.

Го фрлам тој поцрвенет диск
обоен од раните на сонцето
за да ја нароси
онаа проклета пустелија .

Заминувам на починка,
го гушкам млечниот пат,
но што е тоа што гледам?
Уморот ли ми
исцедува капки сон
на моите очи
или тоа навистина е виножито?

Се прашувам во оваа глува доба,
ако сега му побарам на небото
да ми навезе сребрена марама
од кадифени ѕвезди,
дали ќе го стори тоа за мене?
Кога изутрина ќе изрти сонцето на исток,
дали со своите зраци
повторно ќе го обои небото сино
и ќе ми ги украде ѕвездите?

Се разденува,
ветрот ми удира шамар.
Ја собирам постелата
и сеуште го слушам здивот на месечината
како ми одѕвонува во ушите.

Ветру,
ти сојузнику на сонцето,
ми ги зема прстените
и останатите скапоцености,
мојот бисер
кој ми го подарија
длабочините на морето
во кои нуркав,
но не можеш да ми ја земеш месечината,
таа ме чува и ме прави среќна,
ми ткае виножита доцна на полноќ,
ме полева со волшебни стихови
и јас растам во нејзината утроба.

Изменето од ekszi88 - 21.Јули.2010 во 20:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 128129130131132 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.