IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 09:38
Откриена планета со опашка како комета

Вжештена планета, која се наоѓа надвор од нашиот сончев систем, неверојатно близу орбитира околу својата ѕвезда поради што нејзината атмосфера е разнесена во форма на светечка опашка на гигантска комета, соопштија од НАСА.

Постоењето на планетата и нејзината чудна опашка, која беше предмет и на некои други студии, неодамна го потврди и Hubble, вселенскиот телескоп на НАСА. Новите опсервации на гигантската гасовита планета, наречена HD 209458b, сугерираат дека силни ветрови од блиската ѕвезда ја разнесуваат нејзината атмосфера, поради што небесното тело се вжештува и добива облик на комета со опашка.

- Уште од 2003 година научниците теоретизираат дека загубената маса е истуркана во опашката, тие дури и пресметуваа како тоа изгледа. Сега ги имаме најдобрите докази за да ја поткрепиме теоријата. Го измеривме гасот кој излегува од планетата со специфична брзина, вели астрономот Џефри Лински од University of Colorado, кој раководи со студијата.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда на далечина од околу седум милиони километри , што е 100 пати поблиску од растојанието на кое Јупитер кружи околу Сонцето. Сепак масата на HD 209458b е само малку помала од онаа на Јупитер. HD 209458b прави цел круг околу својата ѕвезда за 3.5 дена. За споредба, најбрзата планета во нашиот соларен систем Мерк*р прави цел круг околу Сонцето за 88 дена.

Поради толкавата мала оддалеченост од ѕвездата, температурата на атмосферата на HD 209458b изнесува 1.093 Целзиусови степени. Според некои претходни студии, планетата секоја секунда губи по 10.000 тони гас поради ветриштата кои дуваат од матичната ѕвезда. Еден ден сиот гас на планетата ќе исчезне, оставајќи зад себе само вжештена лава. Дури и да е така, тоа ќе трае долго, што значи ќе помине многу време пред планета целосно да биде уништена.

- Тоа ќе трае со милијарди години, пред планетата да исчезне, вели Лински.

Планетата се наоѓа на околу 153 светлосни години од Земјата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 09:41
Хокинг - Вака изгледаат вонземјаните!

Ловат со помош на отровни боцки на нивното тело. Со помош на био-осветлување, сами произведуваат светлина и можат молњата да ја претворат во енергија.

Овие и бројни други особини се дел од визијата на 68. годишниот астрофизичар Стивен Хокинг за тоа како би изгледале вонземјаните.

Хокинг до овој заклучок дошол по многу истражувања. Многумина го сметаат за еден од најпаметните научници на светот.

Погледнете како би изгледале вонземјаните според Хокинг.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 10:10
shto e mnogu, mnogu e!да

  ..pa makar i ...hoking da e!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:00
naucnite  vesti  nesmeat  da  bidat  mnogu  objektivni - zasto   vejke  pocnuva  da  stanuva  zbor  za  industriska  spionaza-kako  sto  e slucajot  so  genetski modificiranite  organizmi  od  koi  se  pravi  mnogu  evtina  hrana   ,  a  nie  ne  smeeme  da  ja  proizveduvame  taa   hrana  zasto  ne  ja  znaeme endustriskata  tajna  za  proizvodstvo  pa  taka  nasiot  pazar  e  preplavan  so  gmo    dodeka  nasata  hrana  koja  ja  proizveduvame  ja  isturame  po kanalite  poradi  visokata  cena  na  cinejne.a  jas   celo   vreme  se  prasuvam  nasive  politicari   koi  celo  vreme  se  cukaat  vo  gradi  so svoite  proekti   za  ovaa  mnogu  vazna  tema  ne  zboruvaat  vo  nivnite  programi    tie   zboruvaat  za  raboti  koi  se  slucuvale vo  naukata  pred  1926"   zasto  togas  se  izmisli  gmo   koja  hrana  hitler  ja  iskoristi  da  ja  nahrani  svojata   ogromna  vojska  a  sega  usa    gi  hrani  svoite  vojninici  so  gmo  ,edna  losa  strana  ima  gmo  z  i  m   stanuvaat  neplodni  i  so  toa  umiraat  celi  nacii   hranejcise  so  takva  hrana.nie  ja  jademe  nea  a  ne  ja  proizveduvame.dokolku pocne  da  se  proizveduva  kaj  nas  gmo  eden  sendvic  ke  cini  5 den.   a  eden  leb   1  den.itn.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:03
Originally posted by brza brza напиша:

shto e mnogu, mnogu e!да

  ..pa makar i ...hoking da e!изненадување


да, ама нели се интересни ова вонземјанчинава и понајмалку страшни голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:05
pa,...od koking se, neli!.да

..ne od nekoj nauchnik ,..sharlatan!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:12
па сега, според неговата визија тие би изгледале вака,
макар шо ако мене ме прашале јас малце посимпатични ќе ги сторев голема%20насмевка
а тоа шо Хокинг е еден од најголемите умови на денешницава не значи дека не смее бар „малце“ да забега човекот голема%20насмевка
впрочем од откачени визии потекнуваат денешниве „несфатливи“ теории, нели збунетост
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 20:34
Астероидите ја откриваат тајната на Сончевиот систем

Росета, европски роботски вселенски истражувачки брод кој Европската вселенска агенција (Еса) го лансираше уште во 2004 година за да снима астероиди во нашата најблиска вселена, овие денови го сними првиот и воедно најголем астероид во овој дел од вселената - Лутетија, 134 километри долго вселенско тело со облик на компир, на кое бродот се приближил на 3160 километри, со брзина од 15 километри во секунда.


Снимките кои се испратени на Земјата се со исклучително добар квалитет, а научниците велат дека ќе бидат потребни неколку недели пред да стигнат 400 фотографии и податоците од Росета на масата на Еса. Иако Лутетиа е откриена уште пред 150 години, долго време беше само светла точка на небото за тие кои ја набљудувале. Вака јасно може да се види само со помош на новата технологија.

Треба да потсетиме дека Росета е лансирана пред шест години, а се очекува на своето одредиште до кометата 67П/ Чуримов-Герасименко да стигне во 2014 година. Иако очекувањето е долго, научниците веруваат дека тоа ќе се исплати. Името го добила по хеленистичката ѕвезда од Росета, тројазична плоча која овозможува да се дешифрираат египетските хиероглифи. И сондата Филае името го добива според една египетска енигма - тоа е име на остров во Нил каде е најден обелиск, клуч за разбирање на хиероглифи кој на Жан-Франсоа Шамполион му овозможи да ги дешифрира. Шамполион е француски научник, филолог и ориенталист, татко на модерната египтологија.

Поради оддалеченоста од Земјата од околу 454 милиони километри сигналот од Росета патувал 25 минути, а средбата со Лутетија за Европската вселенска агенција беше толку важна што во исто време со Росета кон астероидот беше завртен и вселенскиот телескоп Херсчел, за да можат да се споредат податоците од двата телескопа. Да потсетиме дека Лутетија, која името го добила по едно париско предградие, од својот париски балкон ја открил сликарот Херман Голдшмит со телескоп кој го купил од пари заработени на портретот на Галилео Галилеј во 1852 година.

На својот долг пат Росета ќе доживее многу промени на темпото - во средина на 2011 година ќе биде оддалечена од Земјата една милијарда километри, ќе влезе во хибернација пред да се разбуди на пролет 2014 година, непосредно пред средба со кометите. Важната етапа на нејзината мисија, надлетувањето на астероидот Лутетија чија орбита се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, беше спектакуларно успешна, сметаат од Еса, задоволни што се поминало без грешка на оддалеченост од 450 милиони километри од Земјата.

Од сите 400 фотографии на астероидот, првите снимки од Росета покажааа дека Лутетија веројатно е примитивен преживеан астероид од настанокот на сончевиот систем. Астероидите не се сите исти и меѓусебно се разликуваат и по големина и по состав, а нивната големина обично зависи од тоа каков состав имаат. Според тоа што се знае до сега, Лутетија спаѓа во астероиди од типот Ц, со јаглеродни споеви. Други мерења наговестуваат дека Лутетија може да припаѓа на астероиди од типот М, во чиј состав доминираат минерали. Меѓутоа, повеќето астероиди од типот М се многу помали од Лутетија. Откритијата од блиску може да ја разјаснат таа дилема, но има многу други мистерии кои се однесуваат на настанокот на Сончевиот систем. Астероидите се важни бидејќи за разлика од планетите, тие најверојатно не еволуирале доволно од настанокот на Сончевиот систем пред 4,4 милијарди години, за разлика од Земјата, Венера и Марс.

На својот долг пат Росета три пати пролетала покрај Земјата, еднаш покрај Марс во 2008 година заедно со астероидот 2867 Штеинс, за да дојде до кометите и потоа во 2015 година ќе се насочи кон Сонцето и така ќе го склопат мозаикот од настанокот на Сончевиот систем. Составот од кој планетите се создадени во Сончевиот систем сеуште не е откриен во целост. Тој состав се разликува од гасот и зрната прашина во телата кои се кршливи и се протегаат далеку со километри.

Имено, во внатрешноста на Сончевиот систем се наоѓаат астероиди, кршливи, неправилно обликувани тела кои се остатоци од настанатите планети. Помали парчиња од камења летаат во Сончевиот систем и тие спаѓаат во група на опасни вселенски тела кои можат да ја уништат човечката цивилизација. Можат да бидат ситни како зрно песок или можат да бидат големи како планина, па дури и уште поголеми. Најголем меѓу астероидите е Церес, кој има пречник 940 километри. Астероидите можат да претставуваат голема опасност за Земјата, летаат со голема брзина и можат да бидат многу опасни. Доказот за тоа најдобро се гледа на Месечината, таа е полна со кратери кои настанале од удари на астероиди. Примери за удари на астероиди на Земјата има во Аризона, каде астероид со пречник од 40 метри ја погоди површината на Земјата. Како последица од тој удар се создаде голем кратер. Потоа, исто така како последица од удар на други астероиди на површината на Земјата, постојат големи кратери видливи од вселената во Сибир и Саудиска Арабија. Повеќето астероиди се наоѓаат во ѕвездениот појас, во подрачјето меѓу орбитите на Марс и Јупитер.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 20:07
Телескопот на НАСА пронајде 25.000 нови астероиди

Новиот телескоп на НАСА, WISE за само шест месеци пронајде повеќе од 25.000 нови астероиди, т.е. вкупно 95 астероиди кои се од Земјата оддалечени близу 50 милиони километри.

Леталото на НАСА, кое користи 40 инчен телескоп и инфрацрвени детектори, неодамна ја заврши својата мисија за приказ на целокупното небо. Со негова помош се направени повеќе од милион фотографии на астероиди и далечни галаксии.

Инфрацрвениот телескоп е добар за откривање на комети кои кружат далеку околу Земјата и до сега се пронајдени десетици такви.

На фотографиите кои го направи WISE е прикажана и Плејада на ѕвезди, позната како „Седум сестри“, а инаку тој ѕвезден куп јасно може да се види и со голо око на ноќното небо во соѕвездието Бик. На фотографијата е прикажан и облак прашина низ кој „Седум сестри“ и останатите ѕвезди поминуваат во кластерот, а инфрацрвеното светло ги открива малите и ладни ѕвезди во семејството.

Првите податоци кои ги собрал телескопот WISE прекриваат 80 отсто од површината на небото, ќе бидат објавени во мај идната година, откриваат од НАСА.

Се очекува до завршувањето на деветмесечната мисија, WISE да открие скриени астероиди, ѕвезди и галаксии и со помош на астрономите да се направи карта кој ќе одреди кое е најинтересно подрачје за истражување.



Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 20:12
Откриени фосилни остатоци кои ги поврзуваат луѓето и мајмуните

Научниците открија череп на животно кое живеело пред 29 милиони години и коe би можело да биде заеднички предок на мајмуните и луѓето.

Тоа укажува  дека предците на денешните мајмуни и луѓето еволуирале милиони години подоцна отколку што се мислеше, истакнуваат научниците.

Научниците од Универзитетот во Мичиген дојдоа до ова откритие по спроведеното истражување во Саудиска Арабија, известува BBC. Тие ги опишуваат приматите, Saadanius hujazensis, во магазинот Nature

Др. Вилијам Сандерс од Универзитетот во Мичиген, кој го водел истражувањето, изјави дека ова е извонреден пронајдок. Черепот од овој до сега непознат вид има карактеристики кои ги делат мајмуните од Стариот свет, мајмуните денес и луѓето.

- Ако би знаеле нешто за времето и состојбата на животните кои тогаш живееле, би може да откриеме што довело до промените кои ја воделе еволуцијата на мајмуните и луѓето.

Др. Сандерс објаснува дека Saadanius дури можеби е заеднички предок кој ги поврзува луѓето со мајмуните од Стариот свет.

- Но, можеби се работи за група на животни кои во тоа време биле многу слични, а еден од нив станал наш предок. Мораме да спроведеме уште истражувања на терен пред да излеземе со било какви тврдења, изјави др. Сандерс.

Фосилните остатоци укажуваат дека приматот изгледал слично на модерните мајмуни, како што се капучи.

Тие ги користеле сите четири екстремитети за качување по стеблата. За да одморат, како што велат научниците, тие веројатно лежеле на дрвата, а не седеле на земјата.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 00:58
kolku ubavo !..да

...znachiизненадување,..lugjeto .barem onie shto do sega milslea deka se toa i samo toa...

.sega imaat i dokaz deka se povrzani so nekogashni majmuni,..za razlika os ,..onie koishto znaeja odamna deka se od ,..majmuni..metamorfozirani.....

konechno znachi,..alkata e pronajdena !да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 10:01
Промена на магнетните полови на Земјата


Зошто магнетното поле на Земјата се менува на неколку милиони години? Дали постои причина или повеќе причини за оваа појава, најдобро е да се проучува состојбата на течното железо во кората на Земјата, неговата структура и неговите долгорочни циклуси.

Главната компонента на магнетното поле на Земјата која ги дефинира магнетните полови е т.н. дипол генериран од конвекцијата на стопен никел и железо во надворешниот дел од кората (внатрешниот дел е цврст, односно се врти секундарно). Тука се поставува прашањето за фината структура, дали надворешната кора е еквивалентна со млазовите струења на Земјата. Неодамнешните истражувања на тим на геофизичари од Јапонија даваат одговор на некои од овие прашања.



На сликата е претставено како замислени суспендирани честички во течното железо во надворешниот дел на земјината кора се насочуваат во зоните, иако условите во геодинамото варираат. Делот кој е обоен претставува состојба на „сума на ротација” на течниот дел, каде што црвениот дел претставува позитивен (исток-запад) тек, додека пак синиот дел го претставува негативниот (запад-исток) тек. Од лево на десно е прикажано како течниот дел реагира на зголемувањето на Рајлиовиот број, кој е поврзан со силата која го одржува пловењето на течноста. Од одозгора па надолу на сликата е претставено како течниот дел реагира на зголемувањето на  брзината на целиот геодинамо систем.

Млазното струење на ветровите кои кружат околу Земјата и оние во атмосферата на гасовитите џинови Јупиер и Сатурн се примери за зонско  струење. „Заедничко за овие зонски струења е тоа што тие се создаваат спонтано во турбулентни системи, каква е и состојбата на  надворешната кора на Земјата, и се претпоставува дека таму постои зонско струење во течното железо на надворешната кора”. Акира Кагејама (Akira Kageyama) и стручниот тим од Кобе Универзитетот истакнуваат дека пронашле обележја на секундарен тек, кога тие направие модел на геодинамото на Земјата, се со цел да добијат подетална слика од конвекцијата на земјината надворешна кора. Секундарниот тек постои во внатрешниот дел како радијални линии, обиколени со цилиндрични зонски текови кои се вртат во правец исток-запад. Ова истражување беше спроведено преку симулација на суперкомпјутер кој се наоѓа во Јапонија и кој нуди податоци за проучување на овој секундарен ефект.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 10:04
Што кога Земјата би престанала да се врти?




Иако немаме многу причини да се плашиме од тоа, секој од нас барем еднаш во животот се запрашува - што би се случило кога Земјата би престанала да се врти околу својата оска? Очигледно најрадознал бил Витолд Фрачек (Witold Fraczek) кој со помош на софистициран софтвер креирал виртуелна планета Земја, но онаква каква таа би изгледала кога не би имало центрифугална сила.

Имено, Земјата се врти околу својата оска со брзина од 1667 km/h. Со тоа движење Земјата ја повлекува водата кон екваторот и создава елипсовидни вдлабнатини на местата каде се наоѓат океаните. Фрачек ја симулирал ситуацијата на брз престанок на ротацијата Земјата. Кога ова навистина би се случило, океаните би се вратиле кон половите и при тоа би повлекле со себе се што се наоѓа северно од Чикаго и јужно од Буенос Аирес. На средина на Пацификот и Атлантикот би се создал нов континент во облик на џиновска долина.

Авторот сепак не се занимавал со останатите последици на еден ваков катаклизмичен настан. Што би се случило со температурата, промената на ноќта и денот, со растенијата и луѓето... Според една друга студија, поголемиот дел од површината на Земјата и понатаму би добивал светлина од Сонцето. Денот би траел колку и годината и разни делови на Земјата би биле по три месеци во тотален мрак. Многу од растенијата и животните би изумреле, а човекот можеби и би имал шанса да преживее, но со помош на технологијата со која би морал брзо да се прилагодува на новонастанатите услови. Поголемиот број од луѓето не би преживеале вакава катастрофа. Шанса би имале оние што се поблиску до половите со оглед на тоа што движењето таму и сега е најмало.

Заедно со планетата се движат и други нешта, но кога Земјата би застанала наеднаш не значи дека и се останато би застанало. Доколку тоа кочење би било нагло, се што е на планетата би било катапултирано со брзината на ротација на дадената географска ширина. Важно е тоа дека ротација на Земјата нема никаква врска со гравитацијата, па не би имало опаснот да „одлетаме“ во Вселената.

Она што е важно да се има на ум е дека сценарија и симулации има многу, но реална опасност не постои.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 11:01
што би се случило кога Земјата би престанала да се врти околу својата оска

pa oskata e definirana bash poradi vrteneto

nema vrtene - nema oska


i nishto ne e recheno za Koriolisovite sili


slaba rabota, pak nekoj barta pari


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.