|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 61> |
Автор | ||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Волфсбург сака трампа Диего-Џеко
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Шалке блиску до договор со РаулТренерот на Шалке, Феликс Магат смета дека легендата на Реал Мадрид, Раул ќе направи трансфер во Германија. Раул имаше понуда на маса од страна на Шалке и се очекува да го напушти Реал ова лето откако му истече договорот со „кралскиот“ клуб. „Тој ќе пристигне тука затоа што тој сака да се натпреварува повторно во Лигата на Шампионите. Тој сака да настапва и да постигнува голови.“ „Играч како него секогаш може да биде мотивиран. Сака да игра во Лигата на Шампионите, а парите не се негов предизвик.“ „Играќето во Лигата на Шампионите ќе биде полесно ако Раул ни се придружи. Ќе имаме големи опции во нападот.“ - вели Магат. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Луис Фабијано: Останувам во Севиља
Бразилскиот напаѓач Луис Фабијано ги прекина сите шпекулации околу неговата иднина, откривајќи дека ќе остане во Севиља и следната сезона. 29-годишниот фудбалер константно се споменуваше како мета на Милан, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. "Вистина е дека многу клубови се заинтересирани за мене, но со ниту еден не преговарав. Многу сум среќен во Севиља и никогаш не реков дека ќе го напуштам клубот поради Милан или Манчестер. Тое се големи клубови, но и Севиља е таков клуб." - рекол Фабијано. Фабијано ткрил дека неговиот агент преговара со претседателот на Севиља за продолжување на договорот, но и дека не му се брза. "Мојот агент моментално преговара за продолжување на соработката, но не ни се брза, имаме доволно време. На тренизите треба да се вратам на 26. јули, едвај чекам. Немавме најдобри настапи во Лигата на Шампионите минатата сезона, но важно е да обезбедиме пласман и оваа година." - завршил Фабијано. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Мурињо го чека Маикон уште 48 часа
Во следните два дена конечно би требало да биде познато дали бразилскиот фудбалер Маикон дресот на Интер ќе го замени со онј на Реал Мадрид. Не е никаква тајна дека новиот тренер на "кралевите", Мурињо, кој ова лето на "Бернабеу" стигна токму од Интер, сака со себе да го повлече и одличниот десен страничен фудбалер. Реал се обиде да му ја исполни желбата, но 25 милиони евра колку што понуди, не беа доволни за миланскиот клуб. Претседателот на Интер, Масимо Морати бара 35 милиони, а "Марка" сугерира дека клубовите можеби ќе се најдат на 'пола пат', или на сума од 30 милиони евра. Но, очигледно Мурињо повеќе нема нерви за неизвесности меѓу својот поранешен и сегашен клуб и затоа, тврди денешното издание на "АС", поставил рок од 48 часа за завршување на работата. Во спротивно веднаш ќе тргне по ново решение на позицијата десен страничен дефанзивец, а една од идеите моја моментално му се врти во глава е играчот на Милан, Тиаго Силва. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Торес останува на Енфилд
Фернандо Торес и во следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Ваков епилог дала средбата меѓу шпанскиот репрезентативец и менаџерот Рој Хоџсон одржана вчера во клупските простории. "Се сретнав со Фернандо и имав можност да видам дека се работи за прекрасно момче со кое имав убав разговор. Сакаме тој да остане кај на затоа што е значаен дел од Ливерпул. Кристијан Парслоу исто така беше на состанокот и сите тројца дојдовме до заклучок дека Торес ќе остане на Енфилд", откри Хоџсон. Покрај Торес, новиот менаџер на Ливерпул откри дека во клубот останува и капитенот Стивен Џерард, кој летово беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Двете ѕвезди заедно со другите фудбалери ќе се обидат да го вратат реномето на Ливерпул, кој минатата сезона ја заврши на седмата позиција на табелата во Премиер-лигата и ќе игра во Лигата на Европа. Останува само уште да се дефинира ситуацијата со Хавиер Маскерано, кој побара дозвола за трансфер, а би можел да се пресели во Интер или Барселона. Изменето од Schatzii - 19.Јули.2010 во 10:19 |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Анри го одработи првиот тренинг со ЊЈ Ред Булс
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Диего не заминува од Јувентус
Бразилскиот плејмејкер во редовите на Јувентус, Диего, нема намера да стави крај на соработката со клубот од Торино. Како што информираат денеска италијанските медиуми, и покрај многуте шпекулации за негово евентуално заминување, бразилецот нема да го напушти Торино, барем не во овој преоден рок. „Сакам да останам во Јувентус. Управата на клубот размислува во иста насока. Разговарав со спортскиот директор Џузепе Марота и тој ми ја разјасни мојата иднина.“ „Во блиско време мојот трансфер не е на дневен ред. Многумина си дозволија да пишуваат големи лаги за мене. Не одиграв според очекувањата во првата сезона, но тоа не значи дека треба да си заминам.“ - изјави Диего. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Работничски со предноста со 1-0 од минатиот четврток, остварена и со фудбалер помалку ќе замине на реваншот, каде 90 минути ќе се бори за да го мине ерменскиот тим, а со тоа и да се соочи со „црвените“, клуб симбол на Англија, сега предводен од менаџерот Рој Хоџсон. Термините за евентуалниот двомеч се 29 јули на „Енфилд“ и 5 август во Скопје, но со опција и за замена, ако вториот македонски претставник, Тетекс исто така обезбеди пласман во третото коло, т.е, го победи летонски Вентспилс о каква било победа. Тоа што е сигурно од таборот на Ливерпул, „црвените“ за дуелот нема да сметаат на финалистите од СП, Фернандо Торес, Пепе Реина, Дирк Кајт и Рајан Бабел. Четворицата фудбалери, кои македонската фудбалска јавност ги има гледано низ настапите на Шпанија во август лани, односно Холандија во септември 2008 година, имаат одмор поради напорната сезона и долгиот претстој до финалето во Јужна Африка, па тие уште отсега не конк*рираат во тимот за двомечот. - Во оваа фаза нема лесни противници, а има тимови од земји кои не ги знаете и кои не продолжуваат со настапите понатаму. Знам дека Работнички секоја година е во Европа, а за Мика не знам ништо. Тоа што е сугурно е дека ќе имаме две тешки средби како и да е. Најважно е да имаме добри информации во краток период, а тоа што е проблем, што сите играчи нема да ги имам на број - рече Хоџсон, кој го наследи Рафаел Бенитез на кормилото на клубот. Помошник на Хоџсон е Сами Ли, инаку човек кој добро го знае Работнички, затоа што беше со Болтон во Скопје во истото натпреварување пред три години, а во двомечот премиерлигашот победи со 2-1 (1-1 во Скопје, 1-0 во Болтон). |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Тиаго Силва: Поласкан сум од интересот на Реал но среќен сум во Милан
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Едуардо во Шахтјор
Досегашниот напаѓач на лондонски Арсенал, Едуардо да Силва е нов фудбалер на Шахтјор од Доњецк. Популарниот "Дуду" е платен седум милиони евра, а со украинскиот шампион потпишал двегодишен договор. Потсетуваме, Да Силва по тешката повреда на ногата не ги прикажа очекуваните партии во Арсенал, па менаџерот на "топџиите" Арсен Венгер сепак одлучи да го продаде. Да Силва во Шахтјор ќе заработува три милиони евра по сезона.
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Работнички може да игра со Ливерпул! 16/07/2010 14:26
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Кеирош останува селектор на ПортугалијаИ покрај критиките за лошиот настап на Светското првенство во Јужна Африка, Португалија нема да го смени својот селекторот.
Според последните информации, досегашниот кормилар на португалскиот фудбалски состав, Карлош Кеирош, останува на позицијата и по Мундијалот. Фудбалската федерација на Португалија најави дека разговарала со Кеирош и начелно го договорила неговото натамошно функционирање на оваа позиција. Промени нема да има во стручниот штаб кој досега работеше во репрезентацијата. Шефовите на Федерацијата не се решија да се разделат со Кеирош затоа што предвремено раскинување на договорот ќе ги чинеше сума од 5 милиони евра. Португалците се најдоа скоро во идентична ситуација како и Англија со Капело. И тој остана на селекторското место и покрај разочарувачкиот настап на Светското првенство. Англичаните со евентуалното отпуштање на Италијанецот ризикуваа да загубат сума од 12 милиони фунти според договорот. \Netpress |
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Се надевам Работнички ке издржи во Ереван , па ке има шанса да игра со атрактивен противник како : Јувентус , Севиља , Астон Вила ...
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 2122232425 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |