IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Корисни совети
    Испратена: 29.Јуни.2009 во 14:53
Denovive se pocesto sme svedoci na nagli promeni vo vremeto, obilni dozdovi, grmotevici i udiranje na  gromovi. Cesti s epoplakite deka na lugjeto im prgoruvat aparatite vo domakinstvoto. No najvazno e da se spasat lugjeto.
Vo Vest deneska gi sretnav ovie korisni soveti koi ne s ena odmet da se znat
Што да пра­ви­те ко­га гр­ми

-Ако има нев­ре­ме ко­га сте до­ма, нај­доб­ро е да се ста­ви фо­тел­ја­та сре­де со­ба, да­ле­ку од си­те пред­ме­ти низ кои мо­же да по­ми­не гро­мот и да се че­ка да по­ми­нат гр­мо­те­ви­ци­те.
-Тре­ба да се из­бег­ну­ва да се збо­ру­ва на те­ле­фон, ка­ко на фик­сен та­ка и на мо­би­лен.
-Не тре­ба да се стои пок­рај про­зо­рец, или да се из­ле­гу­ва на бал­кон или на из­да­де­ни мес­та од об­јек­тот.
-Лу­ѓе­то тре­ба да се др­жат нас­тра­на од се­как­ви ме­тал­ни ин­ста­ла­ции во до­мот, ка­ко и да би­дат по­да­ле­ку од ште­ке­ри­те и пре­ки­ну­ва­чи­те, од кои до­де­ка гр­ми мо­же да се по­ја­ват ис­кри.
-До­ма­ќин­ки­те во нев­ре­ме прос­ле­де­но со гр­мо­те­ви­ци тре­ба да из­бег­ну­ва­ат да ра­бо­тат во куј­на или во ба­ња­та пок­рај во­до­вод­на­та и дру­ги­те ин­ста­ла­ции, а тре­ба да се из­бег­ну­ва­ат и се­как­ви мон­таж­ни ра­бо­ти, поп­рав­ки на пок­ри­ви и бал­ко­ни, ка­ко и сто­е­ње пок­рај олу­ци.
-Ако те­ле­ви­зо­рот има над­во­реш­на ан­те­на ко­ја е пос­та­ве­на на ви­со­ко мес­то, ка­бе­лот тре­ба да се из­вле­че од те­ле­ви­зо­рот.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 15:44
Затоа што темава е општо за совети..и ова не е лошо да се знае......


Совети за разладување на домот     


Следат неколку совети за намалување на температурата на воздухот во домот за време на летните горештини:


• Создадете услови надворешниот воздух да циркулира низ домот, особено во вечерните часови (кога и температурата е пониска). Ова најдобро се постигнува со отворање на прозорците на спротивните краеви на домот.

• За отстранување на создадената топлина во кујната, затворете ги прозорците кои гледаат на јужната страна (која е и поизложена на сонце), а отворете ги оние кои се свртени кон север, бидејќи тие преку целиот ден се под сенка.

• Покријте ги прозорците со завеси, венецијанер ролетни или капаци: тие спречуваат прозорското стакло да биде изложено на сончевите зраци. Најсоодветни завеси се оние кои не ја пропуштаат светлината, а пожелно е и да се во сина или зелена боја заради чувството на свежина и одмор.

• За летните месеци најсоодветни се тенки теписи од јута или ткаенини кои не да ја задржуваат топлината.

• Сијалиците кога се запалени емитуваат топлина; вклучување на помал број светилки може да стане одлична навика која доведува до постуден воздух во домот (како и до заштеда на електрична енергија).

• И уредите во домот при работење ослободуваат топлина, па затоа најдобро е да не се користат дење; се препорачува да се готви во вечерните часови, по што би следело проветрување на кујната.

• Со поставување на сад полн со студена вода во секоја просторија ќе се добие чувство на свежина. Што е постудена водата, чувството ќе биде поизразено.

• Исто така, навлажнување на завесите и полевање на цвеќињата наутро допринесува за чувство на свежина.

• Од аспект на избегнување на голема температурна разлика помеѓу температурата во домот и надворешната температура, вентилаторите се подобри разладни тела од клима-уредите. Исто така, потрошувачката на електрична енергија кај нив е помала, а и еколошки се поприфатливи.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 15:48
Чистење на дамките во домот


Секоја дамка би требало да се исчисти штом ќе се појави. Но тоа не е секогаш можно да се постигне, па често се случува да треба да се исчисти некоја стара дамка и веднаш да се посегнува по некое специјално средство или силен раствор.

Сите свежи дамки прво треба да се обидете да ги отстраните со обична вода, евентуално со додаток на слаб сапун или детергент.

Пред да почнете да отстранувате некоја дамка, редоследот на постапките е следниот:

• треба да се утврди видот на подлогата

• треба да се утврди од што настанала дамката

• доколку се чисти ткаенина, треба да се испита постојаноста на бојата

• изборот на најпогодното средство на чистење и отстранување на дамките



Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката:


1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги.

Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа.

Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол.

Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат.


2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина.


3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода.


4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак.


5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши.

Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин.

Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне.


6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин.


7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода.

Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета.

Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката.

Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода.


8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.

Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.

Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.


9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.

Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.

Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.


10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.

Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката.


11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.


12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.

Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.

Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.

Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.


13. Парфем – парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.


14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.

Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.

Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.

Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.

Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.

На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.

Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.

Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.

Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.

Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.


15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.

Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.

Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.

Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.

Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.


16. ‘Рѓа – дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.

Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.


17. Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.

Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.


18. Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото. Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со парчиња од домат.

Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати, постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен начин.

Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.

Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку, односно со алкохол).

Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.


19. Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.

Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.

Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.

Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.

Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.

Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.

Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.


20. Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие. Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.

Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува смеса на алкохол, вода и глицерин.

Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари, натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика што тие не треба да се изложуваат на сонце.

За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко. Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со смеса на алкохол и амонијак.


21. Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со обично масло.

Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут, едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.


22. Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.

Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој раствор истријте ја секоја дамка.

На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.

Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно се трие местото каде што е дамката.


23. Гума за жвакање – може да се извади од тепихот на тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.


24. Јајце – овие дамки од ткаенините се отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.

Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.


25. Лак за нокти – од ткаенините ќе ги отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а потоа отстранете го со терпентин.


26. Пенкало – од ткаенините овие дамки прво натопете ги со пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.


27. Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие извалканата ткаенина.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 15:50
Совети за чиста бања

• Повеќето средства за избелување се агресивни и ја нагризуваат површината, па затоа не ги оставајте предолго.

• Кадата никогаш не ја чистете со агресивни средства, бидејќи тоа го нагризува емајлот, а постои и реална можност подоцна хемикалиите да делуваат нагризувачки на кожата додека се капете. За оваа намена подобро употребувајте природни средства: сол, оцет и лимонов сок.

• Керамичките плочки ќе останат сјајни доколку повремено ги истриете со крпа натопена со алкохол, а потоа да ги исполирате со сува крпа.

• Ако фугите помеѓу плочките се бели и со тек на времето се извалкале, можат да се исчистат со стара четкичка за заби и некое средство за белење на алишта. Со благо триење со четкичката нечистотијата ќе исчезне.

• Со четка за заби која сте ја натопиле во салмијаков раствор ќе може да ја исчистите и најголемата нечистотија на фугите помеѓу керамичките плочки. После чистењето, плочките добро исперете ги со вода.
*Салмијакот уште е познат како нишадор, а хемиското име му е амониум хлорид - NH4Cl


• Доколку плочките изгубиле сјај и станале мат, силно истријте ги со стуткана хартија натопена во салмијаков раствор.

• После капењето или туширањето кадата, мијалникот или туш-кабината најдобро е да се исперат со вода и сунѓер за да не останат грди рабови од сапуница.

• Никогаш не мешајте го средството за чистење на санитарии кое содржи хлор со оцет или со некои други кисели средства. Ќе се случи хемиска реакција при која се ослободува и отровен гас што може да ја оштети исчистената површина, но е уште поопасно за здравјето доколку се вдишат отровните пареи.

• Оцетот и лимоновиот сок се најделотворни при отстранување на каменецот од славините. Оцетот исто така се употребува и за чистење на перлаторот на славината.

• Мувлата во бањите е прилично честа појава. За да се спречи (или намали) бањата треба почесто да се проветрува.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 15:19
Совети кои многу требаат токму сега..пред одмори

Евтини методи за да бидете раат од арамии додека сте на одмор

Клуч кај соседот на кого му верувате, осветлување со тајмери, обележување со невидлив маркер и лажен накит поставен на очигледно место се дел од советите на МВР...да
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 15:21
vkluceni kameeri i postojana patrolna kola
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 15:26
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Совети кои многу требаат токму сега..пред одмори

Клуч кај соседот
на кого му верувате, осветлување со тајмери, обележување со невидлив
маркер и лажен
накит поставен на очигледно место се дел од советите
на МВР...да


Oва ме насмеа....во болд...

Абе каков клуч...никогаш во живот не сме оставиле...па ако треба една врата нека оди...ама клуч...јок
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 15:46
А цвекињатазбунетост мене еден клуч ми стои кај комшиката, за секој случајголема%20насмевка
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 15:53
На цвеќињата мами...превртени шишиња со вода... ...знаеш.. така Никогаш не сме оставиле клуч..поради тоа што комшиите ни се... ...затоа лекот си го најдов..А ако не дај боже се слуучи нешто полошо...секогаш можат да ја скршат вратата
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:53

Мали корисни совети



Смрдливи патики:голема%20насмевка (за помали..непријатности домаплазење)
Патиките можат да добијат непријатен „мирис“, особено по подолго носење. За тој да го намалите истурете внатре сода бикарбона и оставете да стои се додека следниот пат не ги обуете. (Изудирајте ги пред повторното обување.)


Одвратен мирис на тутун:
Пријателите заминаа, имавте успешно party, но остана смрдеата на цигарите што се вовлекла насекаде. Што со неа?
Наполнете кантичка со вода и ставете во неа главица лук. Оставете ја на средината од собата цела ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне.
Можеби нешто побитно: вашите пријатели секогаш можете да ги посоветувате да ги остават цигарите.

Маки со тенџерето:
Ви загорело тенџерето? Не брзајте да го изрибате! Вратете го на огнот и истурете половина оцет и половина вода, загрејте го до вриење и оставете го така 5  минути, а потоа тргнете го од огнот и оставете го 30 минути. Резултатите ќе ги видите сами.

Масни плочки:
За да ги исчистите плочките во бањата или кујната, разредете мала шолја оцет во 2 литра вода. Еколошки е, а не остава дамки.

Сјај за собното цвеќе:
За собното цвеќе да ви биде сјајно и без прашина изматете едно јајце со една лажичка шеќер, потоа со крпа од памук премачкајте секој лист. Со тоа ја бришете прашината и наедно нанесувате сјаен лак односно слој што ќе го храни вашето цвеќе и ќе му дава изглед на штотуку купено.

Пеглата остава флеки:
За пеглата да не ви исфрлува нечистотија додека пеглате, еднаш месечно сипете наместо вода оцет измешан со вода и пуштете пеглата да исфрли пареа. Реззултатот е видлив уште по првото пеглање- повеќе нема флеки.

Аглите на ќилимот да не се извиткуваат:
Од опачината на секој агол прилепете тријаголно парче на филц или чоја. Ако тоа веќе не сте го сториле, па ивиците и аглите веќе се извиткале, тоа можете да го поправите на следниот начин: свртете го ќилимот на опачината, па преку извитканите ивици и агли минете со влажен сунѓер. Кога малку ќе се засуши, минете со млака пегла.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:22
Како да ја исчистиш собата во 3 чекори

1. Напикај си сите алишта од подот во плакарот. Не мора да ги диплиш.
2. Во поголема кутија стави ги сите непотребни хартии, моливи и слични тракатанци што некогаш и ќе ти затрепаат, ама во моментот не знаеш што со нив. Кутијата стави ја под биро.
3. Намести го креветот. Или ако не си по тоа, само фрли ја прекривката и налупај перници одозгора.

Јас ова секогаш го правам.

Изменето од Tiggy Vicious - 14.Јули.2010 во 23:23
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:31
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Како да ја исчистиш собата во 3 чекори

1. Напикај си сите алишта од подот во плакарот. Не мора да ги диплиш.
2. Во поголема кутија стави ги сите непотребни хартии, моливи и слични тракатанци што некогаш и ќе ти затрепаат, ама во моментот не знаеш што со нив. Кутијата стави ја под биро.
3. Намести го креветот. Или ако не си по тоа, само фрли ја прекривката и налупај перници одозгора.

Јас ова секогаш го правам.


По корисен совет.....ЗДРАВЈЕсмеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:07
За ова..не знам..може вреди да се пробазбунетост

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот


Кога во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да непријатните мириси во потполност исчезнат.

За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.

Чекор 1
Хартијата од весниците треба да се згужва во топки;

Чекор 2
Овие топки треба да се распоредат во фрижидерот или во замрзнувачот на што е можно поголем простор;

Чекор 3
Со распрскувачот за вода треба да се намократ топките во потполност;

Чекор 4
Оставете го фрижидерот да работи нормално во наредните пет дена. За ова време комбинацијата на водените испарувања и хартијата ќе ги впие непријатните мириси. Важно е да се напомене дека замрзнувачот треба да се постави на најслаба јачина за да не се создадат грутки од мраз на хартијата, со што ќе се спречи постигнување на саканиот ефект.

(сезадомот.цом.мк)


Изменето од ФорумскаБаба - 28.Јули.2010 во 22:07
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:35
Чистење на дамките во домот


Секоја дамка би требало да се исчисти штом ќе се појави. Но тоа не е секогаш можно да се постигне, па често се случува да треба да се исчисти некоја стара дамка и веднаш да се посегнува по некое специјално средство или силен раствор.

Сите свежи дамки прво треба да се обидете да ги отстраните со обична вода, евентуално со додаток на слаб сапун или детергент.

Пред да почнете да отстранувате некоја дамка, редоследот на постапките е следниот:

• треба да се утврди видот на подлогата

• треба да се утврди од што настанала дамката

• доколку се чисти ткаенина, треба да се испита постојаноста на бојата

• изборот на најпогодното средство на чистење и отстранување на дамките



Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката:


1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги.

Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа.

Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол.

Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат.


2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина.


3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода.


4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак.


5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши.

Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин.

Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне.


6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин.


7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода.

Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета.

Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката.

Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода.


8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.

Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.

Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.


9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.

Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.

Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.


10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.

Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката.


11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.


12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.

Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.

Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.

Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.


13. Парфем
– парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.


14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.

Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.

Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.

Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.

Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.

На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.

Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.

Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.

Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.

Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.


15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.

Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.

Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.

Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.

Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.

16. ‘Рѓа – дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.

Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.


17. Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.

Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.


18. Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото. Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со парчиња од домат.

Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати, постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен начин.

Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.

Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку, односно со алкохол).

Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.


19. Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.

Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.

Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.

Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.

Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.

Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.

Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.


20. Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие. Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.

Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува смеса на алкохол, вода и глицерин.

Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари, натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика што тие не треба да се изложуваат на сонце.

За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко. Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со смеса на алкохол и амонијак.


21. Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со обично масло.

Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут, едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.


22. Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.

Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој раствор истријте ја секоја дамка.

На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.

Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно се трие местото каде што е дамката.


23. Гума за жвакање – може да се извади од тепихот на тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.


24. Јајце – овие дамки од ткаенините се отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.

Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.


25. Лак за нокти – од ткаенините ќе ги отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а потоа отстранете го со терпентин.


26. Пенкало
– од ткаенините овие дамки прво натопете ги со пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.


27. Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие извалканата ткаенина.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.