|
Правна помош |
Внеси реплика | страница <1 34567 23> |
Автор | ||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Работното време го организира работодавачот. Ако работодавачот јасно ти навестил во самиот договор дека работното време се одвива и во сабота, тогаш ти си потпишала дека прифаќаш такво нешто и дека ќе работиш согласно работното време кое сте го договориле со работодавачот. Ако пак, работното време е организирано од понеделник до петок, а за тоа и сте потпишале договор, тогаш, имаш право да пријавиш неправилност. Во однос на пријавувањето, работодавачот твој ќе одговара за непријавување на вистинска состојба, што колку што јас знам, претставува прекршок. |
||||
maja.s
Нов член Регистриран: 28.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Dogovorot e potpisan za rabota od ponedelnik do petok...site go znaat ova kaj mene, ama ako ne ni odgovaralo, sme mozele da si napustime. Toa e situacijata kaj nas...
Ni Riselje ne bi mozel podobro da ne osakati.... |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Штом работодавачот го организирал работното време од понеделник до петок, тогаш во сабота не треба да се работи, затоа што саботата не е дел од работното време, односно не е вклучена во работното време, што значи дека, во тој случај, можете да пријавите и неправилност, затоа што законот комплетно е на ваша страна. |
||||
konan
Сениор Регистриран: 27.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 749 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Конан како искусен во ова , ја даде најреалната слика. Тоа што реално може да ти се случи. Баш пред некој ден зборев со една соседка што остана без работа...ми вика..
Газдата ме тераше да работам 7 дена по 7 часа(а имала потпишано за 40 часа неделно) на ден и кога му реков дека е противзаконски ме погледна и ништо не рече. По 3 дена ме избрка од работа. Што да правам сега...... Ај што да и речам...оди и поднеси тужба...што друго... Штета..каква е реалната ситуација во земјава. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пак нешто ме интересираше
На пример, дете се раѓа вонбрачно, таткото не го признава, значи неговото раѓање и постоење е одлука само на мајката....после некое време, таткото одлучува да се направат ДНК тестови, се испоставува дека е негово детето, и тој одеднаш решава да бара целосно старателство- а ситуацијата е- тој е во брак, и е многу богат и влијателен, значи може да го обезбеди детето материјално тип топ, а мајката е самохрана и има просечна плата 250 еур. Како законот во Мк го гледа овој случај...кој има предност? |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали со пресуда е утврдено дека тужителот е татко на детето, или сеуште е во постапка докажувањето на татковството? Ако со пресуда е утврдено дека тужителот е татко на детето, тогаш меѓу детето и тужителот настануваат односи меѓу родител и дете со дејство еx tunc, oдносно од раѓањето на детето. Судот истотака може во спорот за утврдување или оспорување на татковството, доколку смета дека е можно и потребно со оглед на исходот на спорот и околностите, да донесе одлука за доверување на детето на чување и воспитание. Секако, тука влијание ќе има и возраста на детето. Пред се, се остава на самите родители да се спогодат за чување и воспитание на детето, доколку пак не успеат во тоа, решение ќе донесе Центарот за социјална работа, но како што кажав погоре, доколку судот оцени дека е можно и потребно, уште во самата постапка за утврдување на татковството, ќе донесе одлука за доверување на детето на чување и воспитание на еден од родителите. Оној родител, со кого детето не живее има право да одржува лични контакти со детето, при што и за ова е потребна спогодба меѓу родителите, но доколку не успеат ниту за ова да се спогодат, тогаш, решение ќе донесе Центарот за социјална работа, имајќи ги предвид и мислењата како и ставовите на детето, во зависност од возраста, при што го предупредува за последиците од неговата одлука. Изменето од Македон - 11.Јули.2010 во 13:37 |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да речеме дека е утврдено со пресуда дека е тој таткото, и дека родителите не можат да се спогодат.
Мене всушност ме интересираше ова со ЦСР; знам дека се тие надлежни да донесат решение за чување ( за старателство беше судот, или исто ЦСР?). И, дека се многу корумпирани, т.е. дека одлуките што ги донесуваат се најчесто во корист на оној кој има појаки врски, или моќ. Дека воопшто не се ажурни што се однесува до увид на терен, ангажираност во случаевите и стручна компетентност. Во смисла, не дај боже да мораш да тропнеш на нивна врата. Дали на некој начин законот ја штити мајката во овој случај? Самохрана е, има ептен просечни примања, и има шанси да и го одземат детето. Што станува на пример, ако се покаже дека таткото недоволно добро се грижи за детето, т.е. дека е неодговорен родител со последици по неговото психофизичко здравје, а ЦСР го штити бидејќи е влијателен на пример? Или обратно, кога мајката е неодговорен родител, а ЦСР е на нејзина страна бидејќи е мајка? Всушност, дали во Македонија постои ефикасен механизам кој го контролира ЦСР, кога ЦСР лошо ја води играта на стручен медијатор помеѓу родителите и детето? И ...thanks |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако во постапката за утврдување на татковството судот не донел одлука за чување и воспитание, поради тоа што сметал дека не треба да донесе таква одлука, тогаш останува тоа да се стори со спогодба, а ако не успее и со спогодба, тогаш, решение ќе донесе Центарот за социјални работи. Во случајов, таткото ќе е тој кој ќе поднесе барање за такво нешто, поради изменетите околности. Во сето ова, истотака, Центарот ќе прибави и мислење од самото дете, земајќи ја в предвид возраста на истото.
Тие се надлежни, но при пресуда за утврдување на татковство или за развод на брак, судот истотака може да донесе одлука, при претходна консултација на Центарот за социјални работи.
Со самото утврдување на татковството, одлуката има дејство ex tunc, од што произлегува дека тој е татко од чинот на раѓање на детето, па ги има истите права како и мајката. Тоа значи дека има право да остварува контакт со детето, па дури и да го земе на чување и воспитание, ако за тоа одлучи Центарот за социјална работа,. Дали се корумпирани или не, навистина не знам, не сум запознаен со ефикасноста на Центарот.
Во таков случај, другиот родител или јавниот обвинител ќе поведат постапка пред суд за одземање на родителското право над детето поради злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности. Судот, по прибавено мислење од Центарот за социјална работа, ќе донесе одлука за одземање на родителското право над детето. Судијата колку што имам познавања не е обврзан стриктно да го следи прибавеното мислење. Не би можел конекретно да ти одговорам како се одвива надзорот на работата на Центарот за социјални работи, чинам дека за тоа е надлежно Министерството за труд и социјална политика. Повели и другпат. |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Фала! :)
|
||||
Pejik
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве едно прашање.Ако со некого делиш имот, а он има поголем процент,дали он има право да го продаде целиот имот без да го праша оној со помал процент?! |
||||
kakos
Нов член Регистриран: 22.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас сум тужител во граѓански спор.
Постапката трае скоро две години и се наоѓа пред завршување - остана судијата да ја прогласи одлуката. Анализирајќи ја целата постапка јас сум убеден дека треба да добијам. Во оваа ситуација мојот адвокат ми кажува дека ќе ја повлече тужбата ако јас не потпишам со него договор - согласност, со чиј што текст јас не се согласувам. (Секако дека претходно имам потпишано полномошно, за тој да ме застапува) Дали адвокатот може да ја повлече тужбата без моја согласност? (можеби тој има влијанија од страна на тужениот) Дали јас можам да го оспорам тоа повлекување на тужба? Ако овој адвокат работи против моите интереси, како да ангажирам друг за истиов случај? (како е тоа законски определено?) Кои се надлежните институции каде можам да добијам: Информации Правна помош Консталацијата на нештата бара итност во мојата одлука. Благодарам. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Станува збор за недвижна ствар, зар не? Истотака, би прашал, дали е можна делба на истата, без притоа истата да се уништи? Според ова што го пишуваш, очигледно станува збор за сосопствност на ствар која со делбата би се уништила, бидејќи делот е определен сразмерно, според целината (идеален дел). Во таков случај, пред се, сосопственикот треба да го понуди делот на другите сосопственици, кои имаат право на првенствено купување. Доколку со правото на делба, може да се подели стварта без нејзино уништување, тогаш тоа и ќе се изведе по пат на судска делба. Истотака, судот може да одлучи при поделба на стварта, стварта да му припадне на едниот сосопственик, а тој на другите делови да им ја исплати вредноста на нивните делови. На крајот, истотака е можна и судска делба по пат на јавна продажба, доколку стварта со поделбата би се уништила или значително би се намалила нејзината вредност. Во овој случај сосопственикот на ствар што е предмет на делба со јавна продажба, има право на првенствено купување. Во спротивно, по јавната продажба на трето лице, секој од сопствениците ќе добие вредност еднаква на делот кој го поседува. Изменето од Македон - 25.Септември.2010 во 14:29 |
||||
Pejik
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не е можна делба без уништување,затоа прашањето и ми беше! Не ми одговори на прашањето!
Инаку она другото што го напиша и мене ми е горе-долу познато.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 34567 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |