Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Мај.2010 во 18:21 |
 Велес
Изменето од bijonse1 - 01.Мај.2017 во 18:55
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2010 во 10:39 |
|
 |
zabegan
Модератор
Другарот на Мона Лиза
Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Август.2010 во 20:46 |
еве да удрам две три
Поштадот, Офицерски и двата споменика на српските кралеви, како се викаа, не се сеќавам
Скопје, во седумдесет и некој година, Жена-парк, Дом на А.Р.М. и Градски ѕид во изградба
Според мене, Скопје во најубавите години што се однесува до архитектура,
на сликата е бугарски стражар или к*рир така нешто беше...
Првата Скопска железничка станица, се наоѓала на местот на денешен М.Г.С.
И нејзиниот следбеник, фамозната железничка станица, денешен М.Г.С.  сликите не се мои
Изменето од zabegan - 12.Август.2010 во 23:36
|
размисли пред да напишеш глупост
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:29 |
стар Велес ....демек беше Титов Велес....
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:33 |
 Титов Велес и Стоби- Градско .....античкиот амфитеатар
Изменето од bijonse1 - 05.Февруари.2017 во 20:34
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:36 |
 Титов Велес
Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2013 во 21:04
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:39 |
Велес во минатото.....
Изменето од bijonse1 - 19.Септември.2010 во 21:40
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:43 |
стар Велес...
Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2013 во 21:03
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Септември.2010 во 21:45 |
 ептен стар Велес
Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2013 во 21:04
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Октомври.2010 во 14:05 |
Најславните скопски кафеани
"Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра"...пишува Данило Коцевски
Ех, скопските ноќи и кафеани. Се лажете ако мислите дека само денес старо и младо "окапуе" по кафеаните. Не, Скопје како град има долга и богата кафеанска традиција. Еве еден романтичен запис за боемскиот живот од периодот помеѓу двете војни: "Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра". Еден хроничар од тоа време, кој се потпишувал како Калиф, ги издвоил следните три најславни кафеани во градот: "Маргер", "Париз" и "Москва". Во нив секогаш имало посебна атмосфера. "Маргер", која е наоѓала на плоштадот, се сметала за најбоемско собиралиште. Доаѓале уметници, студенти, новинари. Книжевни разговори и караници се воделе и "преку маса", што било особено забавно за посетителите. Така нè известува Калиф во своите за писи. Во "Маргер" пеела темпераментната интерпретаторка на руски ромски романси, г-ѓа Наталија Вишњакова. А "Париз"? Таа кафеана не случајно го добила името. Неа ја посетувале богатите скопски трговци, особено почитуваната еврејска скопска елита. Музичка капела свирела беспрекорна музика за игра. Групата била предводена од г. Перица Пажин. Иако за "Москва" се велело дека е "бирократски штаб", дека се собирале службениците, сепак и во неа имало пријатна атмосфера и добра музика. Настапите на популарната Софка претставувале атракција. Најголемо воодушевување и аплаузи кај публиката предизвикувала песната "Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо, што тамбура свири". Зошто тоа било така, се разбира, не е потребен коментар. Но, не станува збор само за овие кафеани. Во Старата чаршија меаните "љубоморно ја чувале пијаната романтика на Истокот - со чочеци, дајриња и чудно расплаканите ориенталски виолини". Најпознати биле "Јанчев ан", "Маврово", "Фенерли ан". Треба да се споменат и славната "Идадија", "Бристол", потоа "Румба", "Ислахане" (Кермез), кафеаната "Океан". Со "Океан" е поврзан и еден к*риозитет. Познатиот сликар Никола Мартиновски го насликал ентериерот на оваа кафеана, која се наоѓала во близина на поранешната Мала станица, со еротски сцени. Подоцна овој објект беше урнат. Во близина на првата Железничка станица во Скопје се наоѓала и кафеаната "Тутанкамон", која го добила името според тогаш откриената Тутанкамонова гробница во Египет. По војната, познати се кафеаните и рестораните: "Македонија", "Јадран", "Победа", "Пелистер", "Букет", "Метропол", "Клубот на уметниците" (подоцна "Јоле"), "Шар", "Меркез" (во Старата чаршија), "Македонска куќа", "Крушево", бавчата "Балкан", терасата на Домот на градежниците, бавчата "Опатија", "Турист", "Инвалидски дом", подоцна "Панорама", "Континентал", како и оние што останаа од пред ослободувањето. Со посебна боемска атмосфера се изделуваше кафеаната "Зора" во близина на поранешната Женска гимназија, на Илинденска. Оваа кафеана ја овековечи и писателот Димитар Солев во романот "Зора зад аголот". Во неа се собирале професори, боеми, новинари, уметници со искричав дух, со маалски урбан менталитет, преполн со хумор и иронија. Во кафеаната "Зора", од желба да се имитира светот, наместо шатобријан се порачувало "Шопенхауер за две особи" за да се заклучи дека "според сите слаби писатели националната идеја, социјалната правда и идеалот за иднината се раѓаат во кафеана". Во времето на нашата младост во шеесеттите и седумдесеттите години, не постоеја многу кафеани посетувани од младите. Одевме, главно, во "Пелистер", не во овој денешниов (поранешен "Дал Мет Фу") туку горе, на катот. Срамежливо пред девојките ги испивавме првите вињаци и ги пушевме цигарите "билјана" со необичен, син филтер. Одевме во "Маракана", а кафеаната "Карпош" беше собиралиште на студентите, со незаборавниот џубокс. Надвор од градот, главниот правец беше кон "Чардак", "Четири воденици" или "Сарај". Толку за кафеаните. Диско-клубовите и слаткарниците се скопска приказна што треба посебно да се раскаже.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2010 во 07:54 |
Незаборавните скопски слаткарници
И ден-денес се прераскажува за бозата во "Апче", "Баш Пеливан","Охрид", во "Шехерезада". Ако денес влезете во слаткарницата "Апче", во еден агол ве пречекува натписот "Боза Апче, легенда што се пие". Ако се вкусни, и легендите можат да се пијат, зошто не?...Пишува Данило Коцевски
Ако сте добар фраер, најпрвин ќе и предложите на девојката да тргнее со вас. Ако таа се согласи, тогаш право во слаткарница. На боза и сладолед, на тулумби и баклави. А потоа во кино. Или обратно, во кино, па во слаткарница. Така беше некогаш. Но во сите варијанти, слаткарницата беше неизбежна. И ден-денес се прераскажува за бозата во "Апче", "Баш Пеливан","Охрид", во "Шехерезада". Ако денес влезете во слаткарницата "Апче", во еден агол ве пречекува натписот "Боза Апче, легенда што се пие". Ако се вкусни, и легендите можат да се пијат, зошто не? Една од најпознатите слаткарници пред војната, која се наоѓала на денешната улица Македонија, била слаткарницата "Милка". Во еден запис од тоа далечно време се вели: "Слаткарницата 'Милка' има најбогат асортиман - сува мињоне, фондан фре, торти, кремови сладолед во парфе. Секоја конк*ренција е исклучена". Тоа е, секако, зачетокот на модерните европски слаткарници. Друга позната слаткарница на која денес скопјаните со воздишка се сеќаваат е слаткарницата "Пчела". Таа се наоѓала спроти училиштето "Гоце Делчев", веднаш до неговите полукружни, раскошни скали. Особено била позната по шампитите. Интересен е податокот дека зградата во која се наоѓала оваа слаткарница сè уште постои. Тоа е објектот изграден пред војната, во близина на денешното кафуле "Џек Даниелс". Оваа слаткарница ја држело семејството Мисовски, по потекло од с. Гари, а потоа ја презело Градското слаткарско претпријатие "Малина".
Една од најпознатите слаткарници пред земјотресот беше "Пошта". Се наоѓаше во близина на Поштата, наспроти Куклениот театар и првиот дуќан за чистење на чевли на мајстор Панта. Во неа често навраќале и фудбалерите по некој успешен натпревар. Најпознати, секако, се и некогашните слаткарници "Цариград", наспроти киното "Култура", и "Вардар" на сопственикот Соломон, во близината на Парламентот. Во неа биле познати бозата, која ја правел дедо Илија, колачињата оревовки, како и првите гумени бомбони. Слаткарниците "Ванила" се приказна за себе. Пред земјотресот, постоеше слаткарница "Ванила" на ул. Никола Вапцаров, а слаткарница со истото име и на истата улица постоеше и по скопскиот земјотрес. Во седумдесеттите години, кога се изгради Градскиот трговски центар, младите одеа во "Ванила", која со право ја сметаат за своја. Една од најпознатите во градот, секако, е "Баш Пеливан", битпазарската легенда. Во сеќавање ни е останат мајсторот Ќајче Сељам, неговите слатки и бозата, но и Мими, нашиот врсник од детството, кој до неодамна ја водеше слаткарницата. За жал, денес, а тоа малкумина го знаат, "Баш Пеливан" веќе не постои. Урната е до темел, а на нејзино место неодамна е изграден ресторан "Ориент". Во Маџир маало најпозната беше слаткарницата "Пилот", сè уште зачувана во спомените.
Слаткарницата "Охрид" во Чаршија е една од легендите. Неа денес успешно ја водат Азис и неговиот син Реџеп, а таму сè уште ќе го најдете старото добро ашуре, кајмачина, салеп, шеќерпаре. Со насмевка ќе ве пречека и ќе ве послужи Адиљ. И еден к*риозитет - во неа постои уметничка слика, изработена од една американска хуманитарка вљубена во оваа слаткарница, на која пишува "Кај си? Јас сум во слаткарницата 'Охрид'". Во средината на шеесеттите години најпопуларно кино беше "Карпош". А по киното, се разбира, во легендарната "Апче". Неа денес ја краси сликата на основачот Исман, а неговите наследници Елем и Мефо успешно ја водат. Гордост на големата слаткарска традиција во Скопје е и "Шехерезада", за чија популарност се најзаслужни чичко Мустафа и неговиот син Наим. Денес особено се посетени и популарни слаткарниците "Палма", потоа "Крин", "Моцарт", "Канела". Со слаткарниците е исто како и со љубовта - првите слатки, првата боза и сладолед никогаш не се забораваат
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2010 во 12:50 |
starata gevgelija?
...paa, ne bi rekol deka na ulicava ima golema razlika denes osven shto....drvata se ...najverojatno porasnati. 
aha da...i banderana od sred ulica e trgnata! 
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2010 во 12:58 |
Солун (кога беше наш)
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2010 во 13:06 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |