Испечати | Затвори го прозорот

ИДИВИДИ АЛБУМ СО СТАРИ СЛИКИ ОД МКД-ГРАДОВИ..

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22431
Датум на принтање: 25.Април.2024 во 22:14
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ИДИВИДИ АЛБУМ СО СТАРИ СЛИКИ ОД МКД-ГРАДОВИ..
Постирано од: bijonse1
Наслов: ИДИВИДИ АЛБУМ СО СТАРИ СЛИКИ ОД МКД-ГРАДОВИ..
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:33
Ајде истресете ги старите албуми од прашина.....и да видиме како изгледаја порано Мкд-градовите ....
постирајте стари слики......со коментар доколку знаете нешто околу тоа..



Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:35
     Related image                          
Да почнам ете со главниот град Скопје и Kамениот мост...


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:48
  http://1.bp.blogspot.com/_Ptx9S7frrLI/SuVSroO_XJI/AAAAAAAAAwA/XCKBhUJ8hMg/s640/%D0%A1%D0%B2%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-1.jpg                            Старо Скопје           ................................................................................................и Св.МИна Скопје

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:51
Image result for staro skopje


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:55
  Related image       
                      Скопје


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:57
  Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:00
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:06
Related image



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:13
       Image result for staro skopje        


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:17
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:21
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:27
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:29
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:37
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:39
  Image result for staro skopje  
Старо Скопје


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:41
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:42
       Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:43
  Related image
Старо Скопје  


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:43
  Related image   
Старо Скопје 1960


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:44
      
Старо Скопје


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:45
    
Старо Скопје


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:49
 
Старо Скопје


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 23:51





Staro Kumanovo...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 00:13

Hotel Kumanovo 1937g

Kumanovo 1908g

Sokolana 1941g

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 03:26
  
 
Старо Куманово


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 21:30
  
 
Старо Кавадарци


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 17:16


Стар Охрид

-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 02:19
ај си играме погоди ја локацијата (Скопје) хи,%20хи...




-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:17


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:21
  Велес


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:28


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:35


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:37


широк сокак градски пајтон и камера 300


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:38
Велес 


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:41

Велес


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:42

железничка станица битола беше некогаш и така си остана ништо не е сменато


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:45


Велес


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:48


Кратово


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:50


Кратово


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:53
lele be bitola moja kolku si samo ubava


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:56
 
Кратово


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:57

Штип


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:58
http://kicevomk.webs.com/apps/photos/photo?photoid=40891845" rel="nofollow -

Штип


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 19.Мај.2010 во 16:58
кој град е ова


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Мај.2010 во 19:18
    http://www.culturemap.mk/image/%D0%93%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0/gevgelija09709087hh4.jpg
Гевгелија


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Мај.2010 во 19:21
http://gevgelija.biz/galerija/albums/userpics/%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%88_22.jpg                 
Гевгелија..


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Мај.2010 во 19:23
http://4.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/S2Aks8TKseI/AAAAAAAAEW4/uL8t8Zgeiwo/s400/gevgelija4.jpg             http://4.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/S2AktMIF_NI/AAAAAAAAEXA/y-DN7jO_9gA/s400/gevgelija40_o.jpg
Гевгелија..


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Мај.2010 во 19:25
%5bgevgelija3.jpg%5d          http://star.dnevnik.com.mk/izdanija/2031/3335.jpg   

Гевгелија...


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 14:06
 stara%20strumica 
 
Стара Струмица


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 17:56


Радовиш


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 17:58
http://www.promacedonia.org/gall/tr/p0000469.jpg

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:01
  http://i2.ytimg.com/vi/vYY6vSovsfY/0.jpg    
Велес


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:03





-------------


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:07
толку народ јас не сум видел битола 1902


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:09
http://2.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/S2BbozRQH9I/AAAAAAAAEdw/FDvS_elKJng/s400/skopje_teatar1.jpg
Скопје ....стариот театар и саат кулата...


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:15

Скопје , поплавата 1962 год


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 18:21


Велес


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јули.2010 во 10:39


-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 20:46
еве да удрам две три
Поштадот, Офицерски и двата споменика на српските кралеви, како се викаа, не се сеќавам


Скопје, во седумдесет и некој година, Жена-парк, Дом на А.Р.М. и Градски ѕид во изградба


Според мене, Скопје во најубавите години што се однесува до архитектура, на сликата е бугарски стражар или к*рир така нешто беше...


Првата Скопска железничка станица, се наоѓала на местот на денешен М.Г.С.


И нејзиниот следбеник, фамозната железничка станица, денешен М.Г.С.


сликите не се мои


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:29
http://lh6.ggpht.com/_MIY7tzpZBlE/Rz-AndndDsI/AAAAAAAAABg/E_VrCp-S7IQ/poplava+1962+Star+most+I.jpg http://i3.ytimg.com/vi/6k-xgdU-8JE/0.jpg
стар Велес ....демек беше Титов Велес....


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:33
         http://www.andreas-praefcke.de/carthalia/europe/images/mk_gradsko_anticki.jpg

Титов Велес    и    Стоби- Градско .....античкиот амфитеатар


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:36
http://1.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/SwXE6sJLqmI/AAAAAAAADAE/z7FVYpuRz1c/s1600/veles465234154cf.jpg
Титов Велес


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:39
http://img.youtube.com/vi/UxubGJDpHSQ/0.jpg      http://img.youtube.com/vi/XzgclfPdhOk/0.jpg 

Велес  во минатото.....


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:43
http://3.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/SwXE6gkpJEI/AAAAAAAAC_8/aPrXBhy_n_o/s1600/veles234513123cf.jpg    
стар Велес...


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 21:45
http://2.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/SwXE7JOy77I/AAAAAAAADAM/6ZQakjY3zO8/s1600/veles234513123cjpgcf.jpg

ептен стар Велес


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Октомври.2010 во 14:05

Најславните скопски кафеани

"Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра"...пишува Данило Коцевски

Ех, скопските ноќи и кафеани. Се лажете ако мислите дека само денес старо и младо "окапуе" по кафеаните. Не, Скопје како град има долга и богата кафеанска традиција. Еве еден романтичен запис за боемскиот живот од периодот помеѓу двете војни: "Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра". Еден хроничар од тоа време, кој се потпишувал како Калиф, ги издвоил следните три најславни кафеани во градот: "Маргер", "Париз" и "Москва".
Во нив секогаш имало посебна атмосфера. "Маргер", која е наоѓала на плоштадот, се сметала за најбоемско собиралиште. Доаѓале уметници, студенти, новинари. Книжевни разговори и караници се воделе и "преку маса", што било особено забавно за посетителите. Така нè известува Калиф во своите записи. Во "Маргер" пеела темпераментната интерпретаторка на руски ромски романси, г-ѓа Наталија Вишњакова. А "Париз"? Таа кафеана не случајно го добила името. Неа ја посетувале богатите скопски трговци, особено почитуваната еврејска скопска елита. Музичка капела свирела беспрекорна музика за игра. Групата била предводена од г. Перица Пажин. Иако за "Москва" се велело дека е "бирократски штаб", дека се собирале службениците, сепак и во неа имало пријатна атмосфера и добра музика. Настапите на популарната Софка претставувале атракција. Најголемо воодушевување и аплаузи кај публиката предизвикувала песната "Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо, што тамбура свири". Зошто тоа било така, се разбира, не е потребен коментар.
Но, не станува збор само за овие кафеани. Во Старата чаршија меаните "љубоморно ја чувале пијаната романтика на Истокот - со чочеци, дајриња и чудно расплаканите ориенталски виолини". Најпознати биле "Јанчев ан", "Маврово", "Фенерли ан". Треба да се споменат и славната "Идадија", "Бристол", потоа "Румба", "Ислахане" (Кермез), кафеаната "Океан". Со "Океан" е поврзан и еден к*риозитет. Познатиот сликар Никола Мартиновски го насликал ентериерот на оваа кафеана, која се наоѓала во близина на поранешната Мала станица, со еротски сцени. Подоцна овој објект беше урнат. Во близина на првата Железничка станица во Скопје се наоѓала и кафеаната "Тутанкамон", која го добила името според тогаш откриената Тутанкамонова гробница во Египет.
По војната, познати се кафеаните и рестораните: "Македонија", "Јадран", "Победа", "Пелистер", "Букет", "Метропол", "Клубот на уметниците" (подоцна "Јоле"), "Шар", "Меркез" (во Старата чаршија), "Македонска куќа", "Крушево", бавчата "Балкан", терасата на Домот на градежниците, бавчата "Опатија", "Турист", "Инвалидски дом", подоцна "Панорама", "Континентал", како и оние што останаа од пред ослободувањето. Со посебна боемска атмосфера се изделуваше кафеаната "Зора" во близина на поранешната Женска гимназија, на Илинденска. Оваа кафеана ја овековечи и писателот Димитар Солев во романот "Зора зад аголот". Во неа се собирале професори, боеми, новинари, уметници со искричав дух, со маалски урбан менталитет, преполн со хумор и иронија. Во кафеаната "Зора", од желба да се имитира светот, наместо шатобријан се порачувало "Шопенхауер за две особи" за да се заклучи дека "според сите слаби писатели националната идеја, социјалната правда и идеалот за иднината се раѓаат во кафеана".
Во времето на нашата младост во шеесеттите и седумдесеттите години, не постоеја многу кафеани посетувани од младите. Одевме, главно, во "Пелистер", не во овој денешниов (поранешен "Дал Мет Фу") туку горе, на катот. Срамежливо пред девојките ги испивавме првите вињаци и ги пушевме цигарите "билјана" со необичен, син филтер. Одевме во "Маракана", а кафеаната "Карпош" беше собиралиште на студентите, со незаборавниот џубокс. Надвор од градот, главниот правец беше кон "Чардак", "Четири воденици" или "Сарај". Толку за кафеаните. Диско-клубовите и слаткарниците се скопска приказна што треба посебно да се раскаже.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 07:54

Незаборавните скопски слаткарници

И ден-денес се прераскажува за бозата во "Апче", "Баш Пеливан","Охрид", во "Шехерезада". Ако денес влезете во слаткарницата "Апче", во еден агол ве пречекува натписот "Боза Апче, легенда што се пие". Ако се вкусни, и легендите можат да се пијат, зошто не?...Пишува Данило Коцевски

Ако сте добар фраер, најпрвин ќе и предложите на девојката да тргнее со вас. Ако таа се согласи, тогаш право во слаткарница. На боза и сладолед, на тулумби и баклави. А потоа во кино. Или обратно, во кино, па во слаткарница. Така беше некогаш. Но во сите варијанти, слаткарницата беше неизбежна. И ден-денес се прераскажува за бозата во "Апче", "Баш Пеливан","Охрид", во "Шехерезада". Ако денес влезете во слаткарницата "Апче", во еден агол ве пречекува натписот "Боза Апче, легенда што се пие". Ако се вкусни, и легендите можат да се пијат, зошто не?
Една од најпознатите слаткарници пред војната, која се наоѓала на денешната улица Македонија, била слаткарницата "Милка". Во еден запис од тоа далечно време се вели: "Слаткарницата 'Милка' има најбогат асортиман - сува мињоне, фондан фре, торти, кремови сладолед во парфе. Секоја конк*ренција е исклучена". Тоа е, секако, зачетокот на модерните европски слаткарници. Друга позната слаткарница на која денес скопјаните со воздишка се сеќаваат е слаткарницата "Пчела". Таа се наоѓала спроти училиштето "Гоце Делчев", веднаш до неговите полукружни, раскошни скали. Особено била позната по шампитите. Интересен е податокот дека зградата во која се наоѓала оваа слаткарница сè уште постои. Тоа е објектот изграден пред војната, во близина на денешното кафуле "Џек Даниелс". Оваа слаткарница ја држело семејството Мисовски, по потекло од с. Гари, а потоа ја презело Градското слаткарско претпријатие "Малина".
Една од најпознатите слаткарници пред земјотресот беше "Пошта". Се наоѓаше во близина на Поштата, наспроти Куклениот театар и првиот дуќан за чистење на чевли на мајстор Панта. Во неа често навраќале и фудбалерите по некој успешен натпревар. Најпознати, секако, се и некогашните слаткарници "Цариград", наспроти киното "Култура", и "Вардар" на сопственикот Соломон, во близината на Парламентот. Во неа биле познати бозата, која ја правел дедо Илија, колачињата оревовки, како и првите гумени бомбони. Слаткарниците "Ванила" се приказна за себе. Пред земјотресот, постоеше слаткарница "Ванила" на ул. Никола Вапцаров, а слаткарница со истото име и на истата улица постоеше и по скопскиот земјотрес. Во седумдесеттите години, кога се изгради Градскиот трговски центар, младите одеа во "Ванила", која со право ја сметаат за своја. Една од најпознатите во градот, секако, е "Баш Пеливан", битпазарската легенда. Во сеќавање ни е останат мајсторот Ќајче Сељам, неговите слатки и бозата, но и Мими, нашиот врсник од детството, кој до неодамна ја водеше слаткарницата. За жал, денес, а тоа малкумина го знаат, "Баш Пеливан" веќе не постои. Урната е до темел, а на нејзино место неодамна е изграден ресторан "Ориент". Во Маџир маало најпозната беше слаткарницата "Пилот", сè уште зачувана во спомените.
Слаткарницата "Охрид" во Чаршија е една од легендите. Неа денес успешно ја водат Азис и неговиот син Реџеп, а таму сè уште ќе го најдете старото добро ашуре, кајмачина, салеп, шеќерпаре. Со насмевка ќе ве пречека и ќе ве послужи Адиљ. И еден к*риозитет - во неа постои уметничка слика, изработена од една американска хуманитарка вљубена во оваа слаткарница, на која пишува "Кај си? Јас сум во слаткарницата 'Охрид'". Во средината на шеесеттите години најпопуларно кино беше "Карпош". А по киното, се разбира, во легендарната "Апче". Неа денес ја краси сликата на основачот Исман, а неговите наследници Елем и Мефо успешно ја водат. Гордост на големата слаткарска традиција во Скопје е и "Шехерезада", за чија популарност се најзаслужни чичко Мустафа и неговиот син Наим. Денес особено се посетени и популарни слаткарниците "Палма", потоа "Крин", "Моцарт", "Канела". Со слаткарниците е исто како и со љубовта - првите слатки, првата боза и сладолед никогаш не се забораваат



-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 12:50

starata gevgelija?збунетост

 
http://4.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/S2Aks8TKseI/AAAAAAAAEW4/uL8t8Zgeiwo/s400/gevgelija4.jpg        
 
...paa, ne bi rekol deka na ulicava ima golema razlika denes osven shto....drvata se ...najverojatno porasnati.изненадување
 
aha da...i banderana od sred ulica e  trgnata!голема%20насмевка


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 12:58
Солун (кога беше наш) голема%20насмевка
 


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 13:06
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Солун (кога беше наш) голема%20насмевка
 
a, koga toa bil...vash...da mi e da znam?изненадувањезбунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 11:51

Скопје , поплавата 1962 год


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 26.Декември.2010 во 15:35
http://i.ytimg.com/vi/MMZt0zMG1os/0.jpg

Радовиш..


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Октомври.2011 во 10:39

staro-kavadarci

Старо Кавадарци



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Јануари.2012 во 10:19


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 04:32
 

Сегашната улица Македонија, тогашна „Маршал Тито“ ,Скопје


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 04:33
 

Скопската поплава во 1962-ра година, претходник на земјотресот


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 09:05

Ослободувањето од турското ропство градот Скопје го дочекал со криви, нечисти и голем број некалдрмисани улици и сокачиња со стари куќи од плитар бондрук.

(Дел од центарот на градот во непосредна близина на Офицерскиот дом)

За уредувањето на градот патријархот Варнава пишувал дека Скопје треба да се уреди онака како што му доликува на град од негов ранг.

Во 30-тите години на 20 век за градот Скопје биле донесени решенија во врска со модерната изградба на  градот. Освен планот за изградба на железничка станица, била предвидена и изградба на улици, особеноуредување на улицата “Крал Петар” пробиена во 1911, која се протегала од Железничката станица до Камениот мост.

Во тоа време во Скопје немало ниту една улица со голема ширина и право трасирани линии. Тоа било наследено од минатото, кога Скопје било под османлиско владеење. Тогаш, наместо модерни и право изградени улици, постоеле мали сообраќајни релации и криви, тесни сокачиња. Пред сé, градот се делел на два  нееднакви дела. Десната страна на реката Вардар имала европски облик со модерен начин на живеење и таму било концентрирано христијанското население. Градот на левата страна имал рамно земјиште, додека другиот  дел бил лоциран на брановиден терен. Улиците на левата страна биле неуредени и испреплетени со многубројни сокаци и ќорсокаци, а на  десната страна многу од улиците биле прави.

Двата дела на градот биле поврзани со Камениот, Железниот и три дрвени мостови за пешачење кои биле лоцирани во непосредна близина на Камениот мост.

Заради полесна ориентација, градот на левата страна на реката Вардар се нарекувал Старо, а на десната  Ново Скопје. Улиците на Скопје биле одраз на севкупната урбана, културна и економска историја на градот.

Како што рековме, сите улици во Скопје биле криви и куси, а најдолга и најпрометна била улицата Крал Петар која преку Камениот мост продолжувала преку Покриената чаршија, покриената река Серава и  излегувала до Чаир. Таа улица го пресекувала градот. Маалата со христијанско население биле доста оддалечени од Чаршијата и во нив имало кратки  улици. Некалдрмисаните улици биле многу тесни и калливи. Тие биле трасирани произволно, без ред и план, а повеќето од нив се вкрстувале меѓу себе на повеќе места. Покрај улиците се простирале високи ѕидови, широки порти, мали вратичиња и прозорци со ќепенци кои речиси секогаш биле затворени.

(поплочена улицата Серава во Пајко Маало)

Маалата се делеле на помали делови и малите тесни сокаци добивале имиња на некоја угледна турска фамилија, на некоја знаменитост или според некоја особеност, како на пример Хамам сокак, Хаџи Настин сокак, Чаур сокак, Босна сокак, Тесно сокаче, Широко сокаче, Ќорсадиков сокак и други. Ќорсокаци имало не само во стариот, туку и во новиот дел на Скопје. Најмногу  ги имало во Карадаг маало каде што тие претставувале вистински лавиринт.

На десната страна на р. Вардар, каде што имало доселени христијани, улиците биле прави.

Во првите децении на 20 век Скопје бил нечист град. Немарноста на населението, недостигот на санитетски организации, примитивниот сообраќај и приливот на селани од скопските села кои обично доаѓале со запрежни коли придонесувале за уште поголема нечистотија. Влегувајќи од Куманово во Скопје, кај Гази Баба, се одело низ просторна калдрмисана улица со дуќани, покрај Воената болница,  низ тесни уличиња  за да се стигне до реката Вардар.

Во периодот помеѓу двете светски војни градот интензивно се ширел. Почнувајќи од 1929 до 1941 година, кога претседател на Општината бил инж. арх. Јосиф Михајловиќ, во градот биле изградени улици и плоштади со големи правоаголни камени коцки. Тоа биле денешните улици  “Маршал Тито” со плоштадот, булеварот “Илинден”, улиците “11 Октомври”, “Мито Хаџи Василев Јасмин”, “Орце Николов”, Кејот “13 Ноември”,  мостот “Слобода”  (1936)  поплочен со дрвени коцки и други. Со новиот регулационен план  за уредување на градот, се предлагало внесување на  нова планиметрија слична на планиметријата на европските градови  со елементи на плоштад, улици, блокови и слично во кружно-радијален систем. Планот за првпат ја навестил улицата “Престолонаследникова” (денес “Максим Горки”), радијална улица што го поврзувала Плоштадот со првиот кружен булевар.  Усовршувањето на уличната мрежа во Скопје отпочнало со појавата на моторните возила кои извршиле револуција во сообраќајот. Тие ја оштетувале калдрмата. Потребата од поплочување на градските улици била примарна од сообраќајно-технички карактер, а пред сé од хигиенско-санитетски. Ширината на улиците се одредувала “на око”. Железниот мост кој бил изграден уште во 1905 година, ги задоволувал потребите на скопјани и бил најфреквентно место во градскиот сообраќај.За првата калдрма на овој мост не се знае многу. Според кажувањата на старите скопјани, првата калдрма во Скопје била ситна или како што уште ја нарекувале “турска”. За време на Првата светска војна и Балканските војни била направена камена калдрма од  “бртон-макадам”. По спомнатите војни, калдрмата на Железниот мост требало да се поправи. Секоја година таа се обновувала со толчен камен, одозгора попрскан со песок. Нерамните места, честопати, имале само “козметичко дотерување” со пополнување на јамите и вдлабнатините со песок. Есенските поправки на мостот биле задолжителни, бидејќи во спротивно, мостот би  бил непрооден. За ваквите поправки биле потребни големи финансиски средства. Пред Втората светска војна, во полоша состојба бил мостот кај Гранд Хотел кој бил поплочен со дрвени коцки.

(Калдрмисување на улица, Скопје 30-ти години)

За санација на улиците и мостовите биле потребни занаетчии калдрмаџии или како што ги нарекувале “поплочари”. Тие се занимавале со поплочување на тротоарите со мермерни, камени, бетонски плочи, плочи со бетонска или обична подлога од чакал, т.е. ситно кршен камен или крупен речен песок измешан со ситни камчиња. При поплочувањето се водело сметка за местата за шахти за водоводни и телефонски инсталации. Калдрмисувањето на улиците со коцка од камен врз бетонска или обична основа, исто така, го вршеле калдрмаџии.  Имено, во тоа време се појавиле улици со калдрма и решетки за канализација.Освен камените коцки од две димензии, за калдрмисување  се користел и обичен неделкан камен во неправилна форма. Ваквиот камен одозгора “се облекувал со кошула” од асфалт за да се постигне водорамна површина. Од хигиенски причини требало да се прекине со постоечката пракса за дотерување  на  мостовите  и улиците со песок. Во врска со тоа во весниците се покренувало прашањето за одржување на калдрмата, олуците, сливниците за отстранување на нечистите води. Дури постоело и техничко решение за ово прашање, според кое,  длабочината на патните олуци требало да изнесува од 10 до 15 цм, а сливниците требало да имаат растојание од 50 до 150 цм. Во техничките параметри спаѓал и благиот наклон на сообраќајниците од 0,20 до 025% и калдрмисување на улиците со два и повеќе вида калдрма, со што тие би станале попрактични и поубави.

  Уште во 1929 година почнале да се калдрмисуваат со ситна коцка  сите улици  што се протегале кон Железниот мост. Коцката се набавувала од околината на село Ѓурковица кај Сурдулица од микро гранит кој бил јак камен од еруптивно потекло.

Коцката се ставала на песок, 5-7 цм дебелина, врз израмнета подлога однапред поставена со “жорес-железо”. Иако калдрмисувањето не било евтина инвестиција, тоа било едноставно решение за улиците и мостовите. Од разните превозни средства се оштетувала калдрмата, се создавала прашина и се загадувал воздухот.  Поради тоа,  старата калдрма не можела повеќе да се користи и се јавила потреба за нејзина замена. Ситната коцка од Железниот мост, по осумгодишно користење, била пренесена на некои споредни скопски улици, каде што не се одвивал толку интензивен сообраќај.

(Калдрмисување на Камениот мост во Скопје)

Во 1932 година улиците биле и нивелирани.  Како основа за уредување на голем број улици бил направен формален булевар низ Циганското маало, со што  се намалила раздалеченоста помеѓу  маалото  и  центарот.

Посебен проблем претставувала хигиената на улиците кои биле полни со прав, кал и со добиточно ѓубре од запрежните коли и пајтоните кое  автомобилите го разнесувале низ градот. Освен електрификацијата, водоводот и канализацијата, според тогашните санитетски норми, главна задача во уредувањето на градот претставувале улиците кои  биле  слика на градот.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:31


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:32


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:33


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:34


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:34


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:36


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:57


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 14:58


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 20:38


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 20:40


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Ноември.2013 во 20:41


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 07:55


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 07:56


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:17


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:17


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:18


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:19


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:20


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 08:21


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 10:14


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 19:43


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2013 во 19:44


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Декември.2013 во 13:23


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk