|
Како се шминкате?Споделете совети околу шмикањето. |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не излегувам од дома ненашминкана!
Течна пудра ,па камена пудра(посебно летен период) да не свети лицето,да има убав мат изглед и да не се разлева шминката. Користам креон за очи, туш и маскара ,бронзени перли со доминација на праска нијанса за свеж изглед на лицето,креон за усни и долготраен седефаст кармин повторно боја на праска. Сенки за очи не користам. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога излегувам во град така преку ден на кафе, ставам малку течна пудра која не свети многу, тоа мозолчињата да ми ги покрие и само маскара, ништо повеќе.
За навечер ставам сето ова, плус и креон, и така некоја нежна сенка да одговара според облеката.
Туш воопшто не користам.
|
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако ја открив дневната крема за изедначување на тенот,со УВ-заштитен фактор 20 -пудрата речиси ја исфрлив од употреба.
Ставам маскара,и тоа во поголемо количество затоа што сакам трепките да ми бидат поистакнати. Моливче задолжително ,но не пренападно туку колку само да ја исцртам формата на окото.Најчесто користам зелено и сребрено сиво, а поретко кафено и темно сино...црно не користам воопшто Сенка само во исклучителни случаи(официјални свечености) и тоа само за навечер,преку ден не ставам...користам претежно пастелни бои кои се во склад со облеката. Руменило не користам воопшто, а без кармин или сјај на усните не излегувам од дома ни ѓубре да фрлам |
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која крема Биба.
Јас имам една на авон со заштитен фактор 15-ка,ама малку и го потемнува тенот,сосем малку. Преку ден ја користам со повеќе маскара,само штета што денес не наврна со другарка ми,па ко ѓаол бев кога стасав дома |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неколку корисни совети при шминкање на усните,кои на мене ми ги дала професионална шминкерка.
Често се жалиме дека карминот за многу кратко време го снемува од нашите усни,ќе испиеме кафе-две со цигара -две и карминот го нема на усните. Е за да трае подолго ,потребно е шминкање на ваков начин,јас тоа го правам и задоволна сум со долготрајноста и ефектот на шминкањето. На усните најпрво се нанесува малку течна пудра за да ги потполни нерамнините ,потоа со соодветно моливче за усни се исцртуваат усните со внимание да не се помине линијата на устата повеќе од милиметар-два. Потооа нанесуваме еден тенок слој од карминот и на палома марамица ставете еден отисок од усните колку да излезе вишокот на кармин,а потоа со мала четкица натапкајте врз карминот малку пудра во прав,за да се фиксира добро претходно нанесениот слој. На крај повторно ставете уште еден слој од карминот ,а доколку сакате дапостигнете ефект на визуелно пополни усни ,на средниот дел на усните нанесете сјај кој е за нијанса посветол од бојата на карминот. Треба да издвоите малку повеќе време за вакво шминкање,али вреди ....карминот ќе ви трае цел ден. Изменето од renatax - 04.Јули.2010 во 10:31 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и оваа е на авон...SOLUTIONS PLUS+ TOTAL RADIANCE го изедначува убаво тенот и не ја прави мрсна кожата(не сјае). јас сум презадоволна |
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истата била,сега видов дека факторот е 20,јас сум била грешка,навечер ставам повеќе, и тогаш не користам пудра.
Многу ми е погодена,бидејќи летно време кога сум сунчана паузирам со пудно и ова ми е таман |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
преку ден, ако ми се шминка, си ставам пудро, руменило и маскара... за навечер ставам малку повеќе од сето ова и туш/креон на горниот капак... ме нервираат сјаевите и кармините
и мајка ми става кармин како што кажуваше ренатах, подоле мислам од неа прочитав.... доста трајно п.с. ако е некој скап ( да не речам прескап кармин или сјај ) тогаш не се брише така лесно... ама многу нормално дека не може секој и секогаш да има таков при рака |
|
Lizalce
Група Регистриран: 09.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 40 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа обавезно прво како подлога ставам малку крем.Потоа течната пудра убаво ја размачкувам и врз неа камена пудра.Потоа на критичните делови ставам коректор.Натаму...ставам црн креон под окото и потоа ја нанесувам сенката за очи или некогаш и го цртам окото со тенка линија од црн креон или туш,зависи :) Потоа маскарата убаво полека ја ставам и таа ми одзема највеќе време.Руменилото го нанесувам така што образите ми се втиснати внатре накај устата и со лесни кружни движења со раката :) На крај или некој убав кармин или некој убав сјај за усни
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еј луѓе, као се стаа креон?
Мислам, од кај почнувате вие? Од внатрешниот дел на окото или како? |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како беспрекорно да нанесете кармин?Карминот е еден од најпопуларните сојузници на женската убавина. Со негова помош милиони жени низ светот го финализираат својот изглед. Слободно може да се каже дека ниту една шминка не е комплетна без малку боја на усните. Но, токму поради тоа што е толку често употребуван, многу жени ја потценуваат постапката за негово нанесување. А лошо нанесениот кармин може повеќе да ви одмогне отколку да ви помогне во постигнувањето на гламурозен изглед. Затоа, не пропуштајте да прочитате како правилно да ги акцентирате усните со помош на карминот.
............... Како безгрешно да ги оцртате усните?
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немој Тиги в овнатрешен дел на око да ставаш,така сигурно ќе ти се разлее и во окото и надвор,и делува како рашлакано Одбери некој по сув креон,да не е мрсен,тоа ќе пробаш на раката како пушта и ќе знаеш Ставај сосем малку по работ на трепките,исто и на долните трепки само по малку таму,тоа ќе го оцрта окото и маскара доволно е мислам |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Milica.B
Сениор Регистриран: 25.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo karmin i malku rimel stavam
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што зборува нејзината шминка?
Интензивната шминка значи дека се штитите од околината, додека пак не носењето на истата покажува дека ја одбивате својата женственост. Што уште зборува шминката за вас? Силна шминка Пренагласената шминка има функција на заштитна маска. Жената која постојано се крие зад ваква шминка е несреќна. Доколку користи умерена шминка и ненадејно го менува својот стил на шминкање психолозите тврдат дека таа поминува низ критичен период. Силната шминка се толку и како желба за голема промена. Без шминка Жените кои воопшто не се шминкаат не ја прифаќаат својата женственост. Причините се најразлични. Одбивањето да се носи шминка може да биде и желба да се биде рамноправна со мажите. Дискретна Жените кои со шминка ги нагласуваат очите се добри соговорници. Интелектот и разумот ги вреднуваат повеќе од емоциите. Колку подобро ги проценуваат другите, толку повеќе своите вистински чувства и мисли повеќе ги задржуваат за себе. Се по старо Користењето секогаш на истата шминка открива дека станува збор за конзервативни жени. Секоја промена, па дури и на шминката ја доживуваат како нешто што ќе им ја помести рамнотежата. |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |