IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 33>
Автор
Порака Обратен редослед
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 18:24
Авторот на книгата не може да се изначуди



Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 17:59
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 17:09
Nema takva sorabotka. Drgi sorabotuvale.

СЛАВЧО КОВИЛОСКИ:
Слободата треба да дојде „или сите ќе изумреме“

Деспот Баџовиќ е интересна личност од проста причина што тој како да залутува од една крајност во друга. На моменти целосно се става во рацете на српството, за потоа да се наѕре некаков локален идентитет кој ќе биде различен од српскиот, но кој се уште нема јасно издефинирана национална свест. Заедно со неговиот брат Кузман Баџовиќ даваат портрет на Македонец од средината на 19 век; опколен со пропаганди, нема никаде излез. Така и тие двајцата, заглавени некаде помеѓу некаквите македонски чувства и српското влијание, претставуваат пример за се уште неконсолидираноста на поголемиот дел од македонскиот народ како нација. Токму Пулевски ја увидел разликата помеѓу српското и бугарското наспроти македонското и разменувајќи мисли со Деспот Баџовиќ за неговиот брат Кузман, како полека да се разочарува и од едните и од другите кои негирајќи го македонското чувство го наметнувале своето. Тој во писмата до нив постојано инсистира на борба против Турците и на слободата која што треба да дојде „или сите ќе изумреме“. Во 1887 година во Врање е основан „Словено-македонско-старосрпски комитет“, а неговите полномошници Кузман Баџовиќ и Ѓорѓе Чејовиќ требало да бараат од Големите сили воспоставување на автономија во Македонија и Стара Србија, сето тоа изградено врз основа на Берлинскиот конгрес. Коста Шуменковиќ и Деспот Баџовиќ секако дека биле најистакнатите претставници на македонската емиграција во Србија, а за српската влада било уште поважно што тие биле наклонети кон Србија, но и потоа, кога за време на Берлинскиот конгрес се изјасниле за автономна Македонија, српската влада со тоа немала проблем Се разбира, за тоа големо влијание имал и стравот од Бугарското влијание во земјата, а како што ќе забележи Миодраг Периќ, Деспот Баџовиќ при кревањето на македонското востание во Кресна, заедно со македонската емиграција во Србија, биле подготвени да земат учество во него „со цел осободување од турската власт и создавање на македонска држава, а не за задоволување на пробугарските интереси“.
„Идејата за издавање „Македонски буквар“ за потребите на српската пропаганда во Македонија и Стара Србија за првпат ја изнел Деспот Баџовиќ“. Тој „Буквар“ требало да биде составен на српско-македонски јазик кој полека со време ќе се приближува до чисто српскиот. Оваа идеја се реализирала подоцна кога се ангажирал Стојан Новаковиќ кој, пак, ги ангажирал Коста Групчев (иќ) и Наум Евро (виќ), чиј ракопис бил насловен како „Македонски буквар во Цариград“. Букварот во поголемиот дел е составен од македонски зборови, но со извесни србизми, кои требало да потпомогнат при евентуалното србизирање на македонскиот народ. Христо Андонов Полјански му придава поинакво значење на она што го работел Деспот Баџовиќ и смета дека тој е носител на македонското движење во Србија. Сепак, дека тоа и не е баш така може да се потврди и од писмото на Темко Попов од Солун упатено до Баџовиќ во кое се вели дека „националниот дух во Македонија до такво дереџе е стигнал што и сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Б‘лгарин или Србин, освен оние Македонци во кои веќе пропагандата б‘лгарска се има вкоренено“. Или пропагандата српска. Без разлика. Тоа значи дека Попов смислено му пишува на Деспот Баџовиќ во врска со пропагандите и за нивното влијание врз македонскиот народ. А српската пропаганда бездруго влијаела врз браќата Баџовиќ, а тука бил Милоевиќ да го поттикне српското чувство кај нив кога тоа ќе било расколебано.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:50
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Шапкаревиќ кога соработувал со Србите? Пишувал Буквар на наречие поразбирливо за македонските Блгарчиња. Како се однесувла Егзархијата кон тоа е друго прашање.



Па очигледно во очите на бугарската пропаганда, тој соработувал, иако не директно. Пак ќе кажам, тоа и да се докаже, нема да ме чуди воопшто.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:33
Шапкаревиќ кога соработувал со Србите? Пишувал Буквар на наречие поразбирливо за македонските Блгарчиња. Како се однесувла Егзархијата кон тоа е друго прашање.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:19
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Eden od pravcite na srpskata propaganda



http://www.scribd.com/doc/33476840/Despot-Badzovic-%D0%94%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%82-%D0%91%D0%B0%D1%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9B-Iskrena-rec-Srbo-Makedoncima


Ова би го нарекол правење сметка дома, ама за жал, сметката дома не е еднаква со онаа на пазар. Овде никаде не се говори за внушување од страна на Србите на народот дека е тој македонски народ. Доколку гледаме од тој секаде каде денес има Бугари, тоа е благодарение на оваа карта



П.С. Интересни работи има за Кузман Шапкарев. Далеку дотуркал, со сите соработувал.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 14:19
Ауууууууууу - па освен Македонци Бугари имало и Македонци Срби,денес пак и Грците викаат дека се Македонци,некако се извртуваат работите - ако пред 100 год Македонците ги правеле Бугари,Срби и Грци денес Бугарите,Грците и Србите сакаат Македонци да станат - многу чудна работа
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 12:46
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 10:07
Пред да се интезифицира српската пропаганда во „Отаџбина“ се среќаваат и такви текстови.











/во истиот патепис има опишани многу села и градови, давам само неколку/



Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2010 во 22:11
Во март 1914 г. Кралството Србија собрало во Крагуевац околу 1000-1200 регрути од Македонија. Но, на 10.04.1914 г. побунетите регрути откажале да се заколнат на верност на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ. Од Штип во Крагуевац имало околу 70-80 регрути, од кои, над 60 одбиле да се заколнат.

Константин Ангелов, учесник во бунтот сведочи:
„... За миг воздухот беше расцепен од громогласното „ура“! Не сакаме да се колнеме! Не сме Срби и сл. Војничкиот строј при командата „мирно“ се наруши, се растури, се разбрка. Настапи неописив хаос. Сите присутни беа стаписани и изненадени. Офицерите разлутени, со измакнати сабји мавтаа, тепаа, но без резултат - нередот стануваше уште поголем. Граѓаните, мажи, жена и деца ги зафати паника, бегаа... Картина на вистински бунт... на официјално место, пред официјални лица и странски претставители.“

Од кочанско имало регрутирано околу 250 души. Санто Витанов, родум од с. Горни Полог, Кочанско, учесник во бунтот, во свите сеќавања кажува:
„Ни ги променија и презимињата, а не советуваа и да си ги промениме и имињата, нашите биле бугарски. Првата закачка изби кога започна прозивката на „виќ“. Не се одзовуваме, а не викавме ни „ја“, туку „јас“ или „аз“, тие што веќе поминале низ бугарските училишта... Некаде околу 1 или 2 април 1914 г. ни датоа текст на заклетвата за српскиот крал. Тоа предизвика вознемирување прво кај писмените, а потоа и кај сите други. Штипјани радовишани кажале на нашите [кочанчани]: како нашите дедовци и татковци се колнеле на Фердинанд, а ние да се колнеме на верност на српскиот крал? Меѓу сите почна да се шепоти, што сме ние, народ или ништо? ... Дојде и тој час. Свештеникот почна збор по збор да ја чита заклетвата... Старешините почнаа да не подбуткуваат и да ни викаат. Ние молчевме. Одеднаш од средината се чу силен глас „Ура“, не сме Срби, се колнеме на Фердинад. Во нашиот круг стана голема бркотница. Нè опколија српски вооружени војници, а старешините почнаа да нè тепат. ...Потоа затворија 20 души, а на другите почнаа да ни зборуваат и да нè убедува попот, дека Бугарите се виновни, тие не лажеле, ние во старо време сме биле Срби.“
Во сведоштвото за еден од радовишките учесници во бунтот се кажува:
„...Не се колнеме, не сме Срби“. Кога српските офицери слушнаа дека некои од војниците го фалеа бугарскиот цар Фердинанд, ги фати бес и почнаа да нè тепаат, во кругот, во собите, преку денот и ноќта. Миле Кошев го убија. Илија Габрешанецот го убија. ...Убија и зтворија и неколку млади и весели момчиња од селата.“

 (Димитар Галев, Белиот терор во Југоисточна Македонија. Штип 1991. 1. 524-532)
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 15:00
Србоманите соработувале и со Турците, и со Арнаутите- пљачкаши:


СПОМЕНИ - ЛУКА ЏЕРОВ

Спомени - Лука ЏеровБорба со арнаутските угнетувачи на народот. Првите две чети во Кичевско. Џеров и др. во затвор. Од Смилевскиот конгрес Џеров назначен за реонски началник во Кичево. Вооружување за востание.
... Во тоа време четата го отепа зулумџијата-Арнаутин Ремко, од селото Солб. Тоа е арнаутско село, населено со Арнаути, доселени од Дебар и познати по тоа што во 1840 година востанале против султанот, па селото им беше уништено. Тој Ремко економски беше заробил многу села и во Демир Хисар и во Кичевско. Тој веќе ја имаше намирисано нашата Организација. Се чини дека беше и поткупен од Србите, зашто советувал да се купуваат српски книги. Тој беше итар, но не убиваше христијани и постапуваше со итрина. Убиството предизвика претреси по околните села - имаше затворени, измачувани, но ништо не се откри. Ремко беше отепан во близина на селото Малкоец, Кичевско. …… Во истата 1899 година, кон крајот на јуни, беа убиени дебарските бегови и аги: Абдураман бег и други 4 првенци од Дебар. Четата избрзала, без да добие дозвола од началството. Абдураман бег, исто како и Ремко, беше ги заробил мијачките села - Лазарополе, Галичник и др. Беше речено четата да чека до есента со убиството, и ако може жив да го фати, за да се земе потоа голем откуп за комитетот. Четата избрза: разбрале дека Абдураман бег ќе оди да купува чифлик во Прилеп и дека со себе ќе носи 2000 лири. Го отепаа на граница меѓу Кичево и Дебар, но нашле само 150-160 лири. Дебарските власти, за да се оправдаат, велеа дека го убиле кичевските комити, а пак кнчевскиот кајмакам одлучно негираше дека има комити во неговиот реон. И така во Кичевско не беше никој затворен. Но Арнаутите се сетија дека убијците се комити, зашто нашите жртвите ги заклале со ножеви, а на тој начин Арнаутите не убиваат. Се помисли дека ги отепал дебарскиот разбојник Рамдука, кој два дена пред тоа минал покрај Лопушник, местото на убиството. Арнаутите почнаа да се одмаздуваат во Лазарополе и Душегубица, зашто меѓу тие две села се случи убиството. Го отепаа прво кметот на Лазарополе Боско, потоа уште 6 момчиња. Ги отепа Рамдука. Истиот Рамдука, заедно со околу 100 души, во текот на ноември 1899 година го нападна Душегубица, го запали и изгоре 40 куќи, отепа 1 старец, 1 жена, 1 момче на 11 години. Имаше наши четворица со комитетски пушки: излегоа, фатија позиција и ги избркаа. Истата година ме затворија мене и уште 12-13 души, меѓу кои главни беа ѓакончето и ѓаконот Тома, архиерејскиот намесник во Кичево, кичевските учители и др. Еден од нашнте работници во пијана состојба кажал некои тајни иа Организацијата и затоа не затворија. Лежевме околу 8 месеци во кичевскиот, потоа уште пет во битолскиот затвор. Немаше други сведоци, па со поткуп и со пријатели, излеговме. Еден Турчин, полјакот од Бигор-Доленци, по име Бекир, се заколна дека ние сме чисти, а всушност сведочеше лажно, и тоа не за пари. Српските агенти беа многу задоволни, зашто имавме преземено здрави мерки да ја запреме српската пропагавда во Поречието, а откако не затворија нас и најдобрите селани кои работеа со нас, населението се исплаши. Србите тогаш го беа поткупиле и кајмакамот. Со нас беше затворен и селанецот Анастас од селото Манастирец, седиштето на србоманите во Поречието. Тој Анастас беше со нас; тој беше богат и мошне влијателен. Кога го пуштија од затвор заедно со нас, го отепаа Арнаути, поткупени од Србите, пред неговата куќа. Тоа убиство го вознемири населението и тоа почна да ја губи надежта дека ќе се извлече од србоманите кои работеа со Турците. …
… На 17 август, околу 500-600 души аскер, откај Дебарско се обиде да го нападне селото Душегубица, но селаните ја пречекаа војската подготвени и сами ја задржаа околу 4 часа. Женнте беа храбри - на борците на позицијата им носеа патрони и вода. Ние почнавме да се собираме за помош: јас со селаните од Лафчани стигнав порано и аскерот го нападнав од лево, а другите села - Иванчица, Ехловец, Попоец, Кленоец ја нападнаа војската од десно, па со здружени напори го одбивме нападот. Жртви немавме, а ранети беа неколкумина. Аскерот избега. Офицерот во брзањето ги беше заборавил биноклот и наметката. Идниот ден, на 18 август, повторно се зададе аскер. Но, ние бевме подготвени, спиевме на позициите и уште в зори фативме подобра позиција - подалеку од селата, во Дебарско. Имаше наредба да се остави аскерот, за кого претпоставувавме дека ќе дојде, да се доближи до 100 чекори. Местото се вика Думовица, на врвовите на Бистра. Кога наближи аскерот на 600 чекори, пукна пушката на еден невнимателен четник. Аскерот веднаш се врати назад без да испука ниеден патрон. Ние залудно пукавме во неговиот грб. Бидејќи аскерот не покажа никаков отпор, решивме да се вратиме во селата, зашто беше тешко за храна на голема оддалеченост.На 19 август не се појави никаков аскер, а околу 1 часот на пладне, стаса известување од Лазарополе дека два табора аскер стигнале во ова село од Дебар и д
ека другиот ден сакале да не нападнат. Тогаш брзо се организиравме - му пишав на војводата Арсо да го блокира патот кој оди од Кичево кон нашиот реон. Им пишав на селата Добреновец, Јаворец, Кнежино истата вечер да тргнат кон месноста „Два камена", каде заедно со 20 души стари четници и со селаните од Лафчани - вкупно 75 души - чекав да пристигнат уште истата вечер. Им напишав и на селата Малкоец, Кленоец, Попоец и Иванчица да одат во Душегубица, а востаниците од Ехловец да го чуваат преминот Јама. Но известувањето во селата стасало приквечер, па тргнувањето сите го одложиле за утрото следниот ден. Истата вечер кај „Два камена" стасав само јас со Лафчани. Аскерот, за чудо, од Лазарополе тргнал уште ноќта и пред зори се најде пред нашите позидии. Ние веднаш се подготвивме да пружиме отпор, бидејќи се надевавме на брза помош. Во тоа време аскерот се подели на две колони - едната тргна кон Душегубица, а другата против нашата позиција и по патот за Лафчани. Но, душегупчани, изморени од неспиењето и гладот и без патрони, ги напуштиле позициите, избегале и се упатиле кон Кленоец. Патем ја сретнале помошта од селата и се упатиле кон Кленоец. Аскерот влегол во Душегубица, го запалил селото, го изгорел целото и продолжил да ги брка до Кленоец. Но бил песретнат со силен оган и одбиен. Восганиците имаа и еден дрвен топ (12 педи), кого го испразниле 4 пати (полнет со ситни шајчиња и желевца). На тој начин аскерот беше запрен. Другите восганици, кои се мачеа да го запрат напредувањето на аскерот кај „Два камена" со надеж дека ќе им дојде помош,залудно се спротиставуваа. И јас бев таму и заповедав да се отстапи. И отстапивме кон Лафчани. Едновремено зад нас стаса и војската. Селото беше меѓу нас и Турците. ...

http://lazaropolee.blogspot.com/2009/02/blog-post_7979.html




Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 13:49
Ќе се правам дека сум разбрал дека не  си разбрал намигнување

Изменето од Pat - 05.Април.2010 во 13:49
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
eptendosadno1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ

Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 13:44
Originally posted by Pat Pat напиша:

Точно така, и Турците владееле со тие простори, а најмногу потурчени има кај Србите намигнување


Потурчени во смисол ?

Пеат песни за турски султани ?
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 13:33
Точно така, и Турците владееле со тие простори, а најмногу потурчени има кај Србите намигнување
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.