IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 07:06
Црвеното вино и црното чоколадо ги убиваат клетките на ракот

Црвеното вино и црното чоколадо, покрај боровинките, белиот лук, сојата, чајот и другите слични продукти се вбројуваат во храната која го храни телото и истовремено ги убива клетките на ракот.

- Храната која може да го „убие“ ракот  потребно е да ја  јадеме три пати дневно и  претставува најисправен хемиски третман, изјави претседателот на Фондот за ангиогенеза Вилијам Ли, на престижната научно – технолошка конференција TED.

До овој заклучок се дошло по повеќегодишно испитување на влијанието на прехранбените производи кои содржат хемиски елементи, кои спречуваат пристап на крвта во туморот.

Вилијам рече дека како пример на истражувачите на Харвард бил земен варен домат, кој по консумирањето неколку пати неделно го намалува ризикот од развој на рак на простатата од 30 до 50 отсто.

- Ние сме сведоци на медицинска револуција. Ако научниците се на вистинскиот пат, тогаш во брзо време ќе се промени културата на потрошувачите, храната, здравствената заштита , па дури и осигурителните компании.

Денес многу производи се применуваат за да се спречи дотокот на крв во туморот. Според податоците на Фондот за ангиогинеза, сојата, першунот, црвеното вино, чоколадото и овошјето се многу ефикасни.

- Природата си подготвила многу плодови и билки кои му помагаат на телото и го лечат организмот, нагласи Вилијам Ли и додаде дека за многу луѓе здравата исхрана е единствено решение, бидејќи не може секој да си ги дозволи скапите лекови.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 22:31
Тиква

Тиквата својот назив го добила од странскиот израз за празен сад, затоа што некои видови тикви имаат таква намена.

Тиквата е уникатно клубенесто овошје. Во плодот на тиквата (кој може да достигне гигантски димензии од 60 и повеќе килограми) има шеќер, целулоза, калциумови соли, калиум, магнезиум, железо, витамини Ц, Б, Б2, ПП и провитамин А. Семето од тиквата содржи 22 до 41 проценти масло, но и смолести материи и органски киселини. Маслото добиено од семето на тиквата, по својот квалитет не заостанува од другите растителни масла, а за разлика од путерот, не е штетно за луѓе на средни и поодмиати години.

Во народната медицина, семето од тиква се користи како средство за регултирање на мокрењето и против цревни паразити. Тоа е богато со неколку есенцијални аминокиселини и цинк, но содржи и минерали, железо, проетеини и растителни влакна.

Интензивно портокаловата боја на месото на тиквата кажува дека таа е полна со важниот антиоксиданс, бета каротин.

Треба да се знае и тоа дека тиквата, поради големата содржина на вода, е одлична како меѓуоброк, бидејќи на тој начин организмот добива храна и доволно количевство вода, но малку маснотии.

Ставот дека тиквата претставува тежок оброк кој дебелее, е сосема погрешен. Наша вина е тоа што со тиквата консумираме и разни додатоци како јајца, џемови и слично. За подобар вкус, при печењето на тиквата најдобро е да додадете некои зачини како цимет, а исто така, може и да ги прелиете парчињата тиква со маџун. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен деликатес.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 22:35
Кајсии - за помирни нерви

Заради специфичниот пријатен вкус, касиите се вбројуваат во најквалитетното овошје.

Во свежите кајсии најмногу има:
витамин Ц (5-7%)
потоа каротиноид - провитамин А (1-7%)
витамин Б1 (0,06 мг.)
витамин Б2 (0,7 мг.)
витамин Б3 (0,7 мг.)
витамин Б5 (0,3 мг.)
целулоза околу 0,7 мг.
Свежиот плод на кајсијата уште содржи и: калциум 16 мг.
370 мг. калиум
14 мг. магнезиум
23 мг. фосфор
1 мг. железо
6 мг. сулфур
Плодовите од кајсијата се јадат свежи или сушени, а од нив се прават сокови и мармалади, а семките се употребуваат за добивање на лековито масло. Кајсиите може и да се замрзнат.

Кајсиите ги смируваат нервите, го поттикнуваат излачувањето на жолчката, го закрепнуваат црниот дроб, го надразнуваат и го освежуваат желудникот, а корисни се и во лекувањето на анемија.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:11
Грејпфрут за здраво забно непце

Студијата која ја спровеле германските научници, покажала дека редовното консумирање на грејпфрут, помага во борбата против болести на забното непце. Луѓето кои патат од крварење на непцата, крварењето ќе им се намали, ако секој ден јадат по два грејпфрута. Плодот од ова овошје, содржи приближно 92,5 милиграмавитамин Ц, кој помага во лечење на раните.

Највеќе хранливи состојќи има во сокот од црвениот грејпфрут, така што доволно е да се испие само една чаша, за да ги задоволиме дневните потреби за витаминот Ц.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:14
Преку консумирање киви до намалување на крвниот притисок

Познато дека киви има благотворно влијание врз кожата на лицето, а исто така дека се вистински "рудник" на витамини и минерали, а во последно време е докажано дека помага и при намалување на високиот крвен притисок. Препорачано да јадат најмалку по 3 киви на ден.

Ова овошје е богато со антиоксиданс наречен лутеин, кое има благотворно дејство на на темата на намалувањето на високиот крвен притисок.

Киви, исто така, содржи калиум, кој одигра важна улога во регулирање на крвниот притисок.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:16
Лековити својства на леќата

Леќата се вбројува во групата на знрнести мешунки заедно со гравот, грашокот, бобот и наутот. Има околу 40 сорти на леќа, кои ги разликуваме според бојата, големината и обликот.

Кај нас најчесто се подготвува кафеавата леќа, а може да се најде зелена и црвена.

Леќата била одгледувана уште во младата камена доба, а се претпоставува дека потекнува од jугозападна Азија од каде преку Средоземјето се приширува и во Европа. Се претпоставува дека леќата ила првиот продукт кој почнал да се одгледува.

Пред 8000 години е пронајдена на археолошките наоѓалишта на Блискиот Исток, а ја имаат најдено и во гробницата на Египетските фараони. Ја одгледувале старите Грци и Римјани, а се споменува и во Библијата.

Лековитост.

Леќата не содржи заситени масни киселини, ниту штетен холестерол, а р инзвонреден извор на растопливи и нерастопливи влакна.

Растопливите масла го намалуваат нивото на гликозата и холестеролот во крвта, со што се намалува потребата за инсулин кај лицата заболени од дијабетес.

Нерастопливите влакна ја подобруваат "столицата"
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:21
   Пастрмката го развива мозокот

Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилна исхрана. Месото на рибата по својата структура влегува во диетски произоди бидејќи има помалку маснотии, холестерол и заситени масти, што истовремено значи и помала енергетска вредност. Просечната енергетска вредност изнесува 140 килокалории на 100 грама.

Пастрмката е одличен извор на есенцијални рибини масла, вклучувајќи ги омега 3 - масните киселини. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамин Б12, Б6, ниацин и пантотенска киселина, а содржи и витамин А и Б1.

Пастрмката во помали количества содржи железо, бакар, калциум, магнезиум, цинк, витамин Б12, Ц и фолат. Според хемискиот состав, можеме да забележиме дека во зависнот од видот на пастрмката уделот на белковините се движи од 16 до 20 грама, масти има од 5,49 до 10 грама, а енергија од 119 килокалории на 100 грама риба. Завиден е уделот на есенцијалните аминокиселини (кои во нашиот организам се неопходни, а сам не може да ги произведе). Пастрмката е добар извор на омега 3 - масните киселини (1,1 грам на 120 грама месо), а содржи малку заситени маснотии. Оваа риба е богата со витаминот Б12, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо.

Изобилува со омега 3


Поради високата концентрација на омега 3-масните киселини, пастрмките се во групата најпосакувани продукти во исхраната.

Омега 3-киселините се повеќекратни незаситени масни киселини, кои дејствуваат на клеточните мембрани на целиот организам, а тоа е место во кое се одвиваат сите биохемиски реакции, па така и во крвните садови. Поволното дејствување на омега 3-масните киселини во организмот е:

Го намалуваат вкупното ниво на маснотии во крвта и го спречуваат создавањето масни наслаги, кои се таложат во крвните садови.
Се намалува холестеролот во крвта, кој предизвикува создавање масни наслаги.
Како биоктивни елементи го продолжуваат времето на згрутчување на крвта.
Имаат позитивно влијание врз воспалителните промени и ја подобруваат клеточната одбрана на ткивата и зараснување на раните.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:23
   Костенот го јакне организмот

Костенот низ вековите бил основа на исхраната во медитеранските и во планиниские земји, пред почесното место на трпезата да му го одземе - компирот.

Изобилството на јаглено хидрати и протеини јасно говори дека пред сочното и зашеќерено "обично" овошје, костенот нема што да бара. И, навистина, според хемискиот состав тој е посличен на житарките отколку на пример на бананите, агрумите или кивито. Заради големото количество витамин Б го споредуваат со лебот. А дека станува збор за драгоцено овошје се гледа според двојната обвивка што му ја подарило природата. Тврдата кора и острите боцки го штитат костенот не само од брзо пропаѓање, туку и од допир со сите отровни и загадени честички во атмосферата.

Овој чудесен природен сојузник против сите видови физичка и нервна исцрпеност, е лесно сварлив. Ја подобрува општата состојба на организмот, па е незаменлив во сите традиционални кујни. Единствен негов недостаток е големата енергетска вредност: 100 грама свежи костени содржат 189 калории, 100 грама печени костени содржат 193 калории, варени содржат 120 калории, а истото количество варени и сушени костени содржат дури 360 калории.

Благодарение на овој "недостаток", костенот е како создаден за елиминирање на хроничниот замор. Особено им се препорачува на децата, спортистите, постарите луѓе и луѓето што се изложени на физички и умствен напор. Оние што се на диета треба да се откажат од овој вкусен продукт, под услов да не се зема како десерт по обилен оброк.

Покрај калориите, ова овошје содржи и скроб (22,3% од вкупната тежина), но е вистинска ризница на витамини и минерали, пред се на калиум (го регулира крвниот притисок), потоа фосфор, железо и калциум. Костенот не содржи вода, односно неа ја има многу помалку отколку во бананите, ананасот, јаболкото, грозјето и портокалот.

Не може да се пофали ни со витамин А и Ц, но затоа е богат со Б и ПП (ниацин), кои хранливите состојки ги претвораат во енергија.

Заради големото количество растителни влакна, костенот е природен лаксатив.

Совет: печениот костен не им се препорачува на оние што имаат гастритис, па доволно е да се претвори во пире (варен и пасиран), за да не биде штетен и за да биде добар за сите.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:26
   Лековитоста на смоквите

За чистење, односно за регулирање на варењето се земаат добро измиени суви смокви и суви сливи, се потопуваат во млака вода и се оставаат 24 часа. Утредента, наутро да се јадат заедно со водата во која биле потопени. Во потешки случаи, тоа се прави неколку дена по ред. Сувите смокви треба да бидат меки, лепливи и проѕирни.

Облога од суви смокви се става на место каснато од скорпии и кучиња, а омекнати во врело млеко или во врела вода ги ублажуваат отоците на забното месо. Како облога се става и на отоци по телото. Сувата смоква варена како чај помага при воспаленија на грлото и на белите дробови.

Следната напивка е делотворна притив кашлањето, кое колку и да е силно најчесто поминува за 2-3 дена. Една рака мелени суви смокви, една рака истолчен кафеав шеќер и малку кора од цимет се варат во 1,5 литри црвено вино, внимавајќи да не загори. Откако ќе се олади течноста, се процедува и се пие три пати на ден по една чаша. Млечниот сок од смоквата го поттикнува варењето и ги отстранува црвените паразити, а тртките намачкани со него исчезнуваат.

Мелената смоква варена во вински оцет како каша, освен кашлањето, ја лекува и водната болест, ја отстранува болката во семеноводот кај мажите, но помага и при исфрлување на мочните камења и песок. Облагата од изгмечени смокви, помешана со стасан квасец и згмечен лук помага при тумор.

За сите отоци помага облогата која се подготвува од мелени суви смокви, јачмена каша и пелин кои се варат во малку вода за да се добие густа каша со која се обложуваат отечените места.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:36
Шипка - црвена витаминска бомба

Шипката благотворно делува на дигестивсниот тракт и е одлична во лекувањето на многу заболувања, но во превенцијата е незаменлива. Редовната употреба на чаеви од нејзините црвени бобинки, му обезбедува на организмот оптимално количество на витамин Ц, кој ги спречува зимските настинки и инфекции. Есента е вистинско време за собирање на плодовите од шипките. Бобинките од билката, кои уште ги нарекуваат и дива роза, содржи повеќе витамин Ц од лимонот, портокалот и пиперката заедно.

Чаевите од шипка се најефикасни и се најефтин начин во време на зимските месеци да се внесе во организмот доволно аксорбинска киселина и со тоа да го направат отпорен на настинка, грип и кивавица, кои владеат во тоа време од годината.

Овој чај е со исклучително пријатен вкус, може да се меша со други состојки, децата го сакаат и не постои ниедна причина исушените плодови на оваа билка да не бидат при рака во секое домаќинство.

Дивата роза има и други лековити својства - се користи како средствао за јакнење на организмот и на имунолошкиот систем, ефикасна е во лекување на летни проливи кај децата, помага во случај на заболување на цревата, го олеснува отежнатото болно мокрење, ккаои при растворање на камен во бубрегот.

Освен плодот, лековити се и листовите од цветот, кои помагаат при запирањето на внатрешното крвавење од желудникот и од белите дробови, ги регулираат грчевите во стомакот, а се користи и за лекување на хемороиди. Многу се важни начинот и времето на собирање на плодовите од шипинки. Наесен, кога ќе тргнете во берба на шипки внимателно погледнете го секој плод.

Најдобро е додека е уште тврд, недозреан, во впечатливо силна црвена боја. Тогаш е преполн со лековити состојки. Плодовите се сушат веднаш по берењето, а температурата не смее да биде повисока од 50 степени целзиусови. Треба да се знае дека за килограм суви шипки се потребни 2 килограми свежи плодови.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:39
Празот и имунитетот


Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање, или дробење на зеленчокот, преминуваат во сулфиди. Тие елементи дејствуваат како природни антибиотици, го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, и го јакнат имунолошкиот систем.

Според нутритивниот состав, празот е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Тој е исто така богат со манган и фолна киселина.

Празот е драгоцен и според тоа што содржи органосулфидни компоненти, фитохемикалии кои, во соработка со некои витамини и минерал, поволно дејствуваат врз здравјето
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 23:50
ХРАНА ЗА ЗДРАВО СРЦЕ

Исхраната и животните навики во комбинација со генетиката се најважни фактори за здравјето. Врз генетиката не можеме да делуваме, но за се останато сами сме си одговорни. Сакаме ли да го зачуваме здравјето на кардиоваскуларниот систем, следните намирници треба често да бидат дел од вашето мени.:

1. Бобинки: Сите видови на бобинки кои содржат антиоксиданси помагаат во превенцијата на рак и кардиоваскуларни болести.

2. Риба: Одлична е за здравјето во најширока смисла, а посебно за срцето и мозокот.

3. Домат: Одличен е во секаков облик, а содржи ликопен, кој пак го намалува ризикот од срцев удар, рак на простата и други видови карцином.

4. Млечните производи од немасно млеко: Одличен извор на калциум и витамин Д, а тоа значи и превенција од остеопороза, висок крвен притисок, мозочен удар и рак на дебело срцево.

5. Зелен чај: Изобилува со корисни фитохемикалии, кои штитат од некои видови рак, висок притисок и срцеви болести.

6. Јаткасти производи: Ореви, бадеми и слични плодови, според повеќе истражувања го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, благодарение на големата количина на omega-3 киселините.

7. Зеленчук со зелени лисја: Брокулата, карфиолот, зелката, кељот, блитвата и спанаќот исто така содржат фитохемикалии кои штитат од дијабетес, кардиоваскуларни болести и некои облици рак.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 06:22

Го јакне и го чисти организмот

Дињите содржат многу вода, потоа околу 7 отсто шеќер, 1 отсто белковини, нешто помалку влакна. Од витамините, во нив има многу каротин и витамин Ц, а од минералите главно калиум.
И дињите имаат благотворно дејство врз бубрезите и жолчната ќеса, зашто ги олесниваат тегобите кај акутното воспаление. Исто така, го јакнат и го чистат организмот. Бета-каротенот има превентивна улога кај некои видови рак.
Додека лубениците освојуваат со сласта, дињите тоа го прават со вкусот и аромата. Не е случајна поговорката: "Да знае свињата што е диња, не би јадела тиква".
Има зелени и портокалови дињи, но и едните и другите се подеднакво сочни, слатки и нискокалорични - во 100 грама има само 29 ккал.

СОВЕТ
Свежите дињи лесно ги впиваат мирисите од околината и затоа, ако ги држите ден-два во фрижидер, тогаш дињата завиткајте ја во пластична фолија.

* Против камен во бубрезите
За овој лек ви се потребни еден килограм семки од диња кои се ставаат во пет литри вода и се варат додека течноста не спадне на три литри. Откако ќе се излади, се прецедува и се сипа во шишиња. Од течноста се пие три пати дневно по еден децилитар. Лекувањето трае додека не исчезнат тешкотиите. Овој лек може да се подготвува и секој ден и да се консумира свеж. Тогаш се земаат една лажица семки, се толчат и се варат 2-3 минути во два децилитри вода. Се пие три пати дневно.

* Против каснувања и изгореници
Дињата ги смирува и ги ублажува болките кај надворешните повреди на кожата при каснување и изгореници. Болното место се мачка или со сок од диња или на него се ставаат облоги од рендана диња.

* Сок
Рачно или со помош на соковник исцедете сок од диња, измешајте го со јогурт и по желба додадете сок од лимон и една лажица мед. Сокот украсете го со истолчени ф'стаци или со толчени излупени бадеми.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 16:31

Сливата - природен лаксатив

* Лековита примена на плодот
Сливите се корисно дополнување на диетите кои се препишуваат при заболувањата на бубрезите, гихт, ревматизам, како и кај сите заболувања на црниот дроб.
Калиумот (со минимално количество на натриум) го забрзува мочањето и исфрлувањето на вишокот вода од организмот. Консумирањето на свежи сливи или на разни преработки (пекмез, компот, суви сливи) поволно влијае врз намалувањето на високиот крвен притисок и ја зголемува заштитата од артериосклероза и инфаркт.
Пектинот и на него сличните материи (имаат особина да набабрат во организмот) ја прават столицата мека и го олеснуваат празнењето на цревата. Ова својство на сливите го знаеле и го користеле уште Старите Римјани, подготвувајќи едноставен и ефикасен лек против запек: навечер пет суви сливи се ставаат во вода и наутро на празен желудник се јадат, а водата се пие во која биле потпени. Сличен ефект имаат и свежите сливи потпечени во рерна, како и компотот од суви сливи. При нередовна и мошне тврда столица, дејството на сливите може да се зголеми така што наутро, на празен желудник, ќе се изеде една лажица мошне густ пекмез.

* Јадете ги внимателно
Свежите сливи треба добро да се џвакаат и да се јадат само зрели. Во спротивно, процесот на варење во цревата развива гасови кои доведуваат до потечување на стомакот и до создавање на штетни киселини. Тоа е причина за болните грчеви во желудникот и во цревата, а често доведува и до јак пролив.

* Сок
Свежо исцедениот сок од сливи содржи високо ниво на шеќери (до 17 отсто), органски киселини, пектин, средства за штавење и обоени материи, витамините Ц, П, Б1, Б2, каротин. Овој сок го поттикнува мочањето, предизвикува апетит, го подобрува варењето, ги прочистува цревата, корисен е во случај на нарушување на кисело-алкалниот баланс во организмот, при болки во желудникот и во цревата и при болести на бубрезите.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.