|
Како се шминкате?Споделете совети околу шмикањето. |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Јуни.2010 во 15:46 |
Насловот кажува се, значи како се шминкате? Како со пудрата и руменилото, какви сенки и моливи обично користите, некој трик ваму-таму, какви сјаеви/кармини и слично.
Ако не ве мрзи напишете. ___ Ако не, Анѓоу, темава заклучи ја. Изменето од Tiggy Vicious - 29.Јуни.2010 во 21:41 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се шминкам со сите салтанати.
Почнувам со нанасување коректор на сите можни бубуљи и флеки што ми го гнасат лицето, потоа рамномерно нанесувам глет-маса пудра течна, да изедначам тенот, па на крај удирам слој од камена да зацементирам све тоа.
Очите ги оцртувам со молив во зависнот каква боја на сенка ќе нанесам и начинот на кој ќе се шминкам.
Ако ги нагласувам очите, на усните нанесувам побледа нијанса на кармин а ако ги нагласувам усните со некоја изразена боја, очите ги шминкам подискретно.
Знам некојпат све да нагласам.
Руменило обавезно, боја-зависност од останатата шминка и маскара обавезно.
Бои-сите можни ги користам, нема боја што ја нема на мојата палета шминки.
Денски многу дискретна шминка нанесувам, а најчесто и не се ни шминкам оти не ми дозволуваат условите, освен ако немам некои чудовишта по лице(за време ПМС) па да подзаличам на човек да не плашам народ.
п.с веѓите стално треба да бидат убаво облкувани и одстранети сите вишок на влакненца и мустаќите издепилирани.
Не можам да поднесам жени со мустаќ кога ќе нанесат пудра, па изгледа како во брашно да ја пикале муцката а мустаците пак се гледаат, како сива лента над устата.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жена шо не знае да се шминка е исто како машко да не знае да трча , никогаш нема да биде атрактивна .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се и свашта имам од шминка.Не седам многу да се шминкам како порано.
некогаш тоа е и за 6 секунди |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа ај и јас да се изјаснам, ваљда нема да пропадне темава. Ваљда.
Немам многу шминка, не ни користам многу уствари. Маскара, црна. Сакам долги трепки. Имам, ама мене ми се светли. И обавезно ги затемнувам веѓите пошто немам природно дебели, густи и црни веѓи па ги поминувам еднаш со засушена маскара и малку со моливче инаку ко духче ќе бидам. Пудра ставам ако сум ептен грдо, значи мозолки, подочњаци или такви ствари. Сенки многу сакам во дречливи бои, па и ми стојат пошто сум, guess what!? Млада! На некоја бабетина од 50 год. не би и стоеле, ама на мене да (звучи као фалење, нели?). Сјаеви и кармини мразам! Не поднесувам сјаишта со бурек ефект, може малце ама само на средина на устата. Креон... не ставам пошто појма неам како се става, значи секад утнувам, али кога ми е филм... да, само на краевите од очите. А туш, многу сакам. И сум се извежбала, џоа хирург сум. Руменило -јок. Светкави сенки -јок. Такви работи не. Преку ден уопште некад не се ни шминкам, поготово ако е понеделник... па уште и прва смена. А секојдневната ми шминка се состои од многу маскара. То. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе време поминувам во отшминкување одошто во шминкање, бидејќи ако легнам со шминка наутро сум како онаа што излегува од бунарот во „Прстен“.
Инаку, за денски појавувања во јавност малку креон (сив, кафен, поретко син - зависи од облеката), малку маскара и кармин во блага (но не многу светла) природна боја. Аааа, и зиме пудра, а лете крем за сончање со заштитен фактор 20 или 30-ка). За ноќни прилики, поинтензивни контрасти, ама не претерано - не сум во вамп или фам фатал фаза. Пудра обавезно и по можност во локали кои штедат на светлина, хехе. |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во есен и зима пудрата е обавезна,ама без руж на образи..не го сакам.
Во лето избегнувам пудри.
Дневната шминка ми се состои од маскара ОБАВЕЗНА и туш ОБАВЕЗЕН,малку сјај за уста ама навистина малку и во боја на праска или безбоен.
За вечер може малку сенка,обично тоа е кафена со кајсија или тонови на сива и пак туш и многу маскара...карминот е обично бордо...и нормално бордо лак на нокти
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
убава тема / Емиле, нема врска со темава коjато ти си посочил/
додуше имам големо искуство во шминкането: кога бев тиjнеjджер се шминках безобразно гротескно и наситено. но таков беше и трендот тогаш ...многу црно околу очите премногу маскара, премногу темна до црно шминка на клепките...п.с. и jаркоцрвен руж...... продлжих со Пикасо идеите првите две години во факултетот ...кога ми текна дека кожата ми нема да издржи таков притисок...и махнах наj првом фон де тенот...потоа махнах го и ружот, потоа и црниот молив околу очите како и шминката на клепките...остана само маскарата и малку пудра но според зависи...до случаjов е. сега , на моите години: 1. задолжително се отшминкувам / како кажа и Подводно/...па макар и да е во 3 на утрово...ретко се случува..но случува се. 2. на утрово - првом лосион, после крем хидратантен, потоа нанесувам маскара на трепките...на устните - ништо. кога имам проблем со кожата/ тоа се случува само во еден чисто женски период во месецот/- сложувам коректор . и тоа ми е целата филозофиjа...изгледа кратко, но трае доволно долго...та секогаш во последната минута тргнувам за на работа. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш сакам шминка, понекогаш не- зависи од утрото, т.е. од
Пудра обавезно- претходно не, но уште од факултет добив идеја дека пудрата го штити лицето од надворешни влијанија, прашини, и сл. и пудрата е обавезна оттогаш. Моливче за очи и усни, маскара ( ако сум расположена за тоа) ...руменило....сјај за усни во јарко црвена боја ( зависи од сезоната, имам сезонски промени на имиџ на шминка и стил....оваа е во знакот на јарко црвен сјај/кармин:)), и толку. Во инспиративните денови/ноќи флертувам со сенки за очи: бела, сребрена, виолетова, плава, зелена... И така... Совет: квалитетна пудра, посебно хидратантна, е најважна. Изменето од Kali - 01.Јули.2010 во 13:14 |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
течна пудра,камена пудра обавезно,без тоа не смее да се излезе од дома...маскара исто обавезително и кога ќе се сетам црно моливче за очи...
сенки ептен ретко користам...обично црна,сива или виолетова,сјај по потреба зошто немам навика да ставам |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
малце ме мрзи да пишувам,ама ај ќе пробам...
за нега на лице, користам тоник Clean&Clear, гел од иста марка, и крема Nivea-нејзе не ја препорачувам, само ја доизмрсува кожата... околу шминкањето, прво ставам пудра, да ги покријам евентуалните бубуљилици, и црвенила предизвикани од нив.обавезно ставам маскара, и тоа во големи количини.и секогаш, сјај-во главно разни нијасни на розево имам, па кој сјај ќе го ставам зависи од прилика и облека... а за навечер, се ова одозгора напишано и плус додавам сиво или кафеаво моливче, нормално, тогаш маскарата во помали количини, да не бидам како вештерка.сенки ретко ставам, и кога имам сенка, се знае дека не сум се шминкала јас, туку некој друг ме шминкал Изменето од Charmedgirl18 - 01.Јули.2010 во 10:35 |
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас пак, многу ретко се шминкам.
За преку ден, ако ги имам само оние стандардните обврски(на работа, ваму-таму) користам само сјај за уста, не ставам пудра и останати работи (и не изгледам како дух). Ако имам договорено да одиме на ручек, кафе или сл. тогаш покрај сјајот ставам пудра и моливче за очи. За навечер гледам да не изгледам премногу нападно. Пудра,сјај за уста и тоа во некои земјени тонови (значи никако црвена,темно розева и останати бои што се гледаат од километар). Маскара (малку..еден слој, бидејќи имам долги и премногу густи трепки) црно моливче за очи. И толкуу |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |