|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 5152535455 98> |
Автор | |||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Иако фотографиите се прилично потресни нека стојат,нека ги погледнат сите кога ќе листаат тука и нека дознаат дека Бугарите биле Фашисти и дека во Македонија се извршени ѕверства од страна на Бугарите,кои можат да се сретнат само во концентрационите логори на Нацистите во Германија и Полска и нивните пријатели Усташи во Јесеновац и Нова Градишка. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Продолжение
Бугарскиот окупатор има убиено 11 родољуби од Кавадарци, Шивец и Неготино на 13.06.1943 година: -Фруса Чедимирева, -Рајна Соколова, - Илија Костов, -Милан Зафиров-Шивец, -Вано Гунев -Атанас Лазов-Шивец, -Блажо Кузманов-Шивец, -Горе Јанчев-Шивец, -Душан Јурков, -Алксандар Аџи-Илов -Илија Жаров-Јанакиев. [COLOR=red]Материјалот е превземен од Macedonium Изменето од Vercingetorix - 17.Јуни.2010 во 14:50 |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од Vercingetorix - 17.Јуни.2010 во 14:55 |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Каснакоски одма ќе се вклучи и ќе ти каже дека никогаш нема да негира факти и документи, ама и никогаш нема да се согласи да шириш антибугарска пропаганда, ако и да си некаков шев на форумов. Секоја од сликите си има историја. Секоја треба да се проучи, да се анализира, да се види кое како било и зошто било. Ти не излегуваш од пропагандната шема. Тврдиш - бугарите се фашисти од тоа се разбира дека сите Бугари се фашисти) Ако е тоа точно, значи Македонците би требало сите да се комунисти. Добро, ама што да правиме со оние кои не биле комунисти? Значи не биле Македонци или што? Не ми се допаѓа дека много површно гледате на настаните. Ете например од сликите погоре. Што бара сликата на Стив Наумов таму? Кој бил Борка Талевски? И други и други прашања има, ама не сакате да се дискутира од историски аспект. И зошто ја променивте темата? Никој немаше доблес да признае дека воведот на темата од галскиот член е полн со лаги. |
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така во летото 1943 година, кога по низа успешни акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, “Добри Даскаловви и “Сава Михајловвв”, со своите удари врз окупаторската полиција, војската и контрачетниците, партизаните ја придобија љубовта на својот народ, окупаторот, со три полка бугарска војска и јаки одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, командант на 56.п.полк, во времето од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива заради уништување на партизаните.
Бидејќи не успеа да ги разбие или уништи партизаните, се нафрла на мирното население. Ѕверствата што тогаш ги изврши бугарскиот окупатор во Тиквешијата се споредувани со оние што германската фашистичка војска ги вршела во окупираните територии. Во оваа окупаторска казнена експедиција се стрелани или на друг свиреп начин убиени околу 80 цивилни лица. Кулминација на овие погроми над цивилното население во овој крај е масовното стрелање во Ваташа. На 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник, на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа,меѓу кои деца и ученици од 14 до 16 години. По приведувањето, наводно заради сослушување,тие неколку часа се изложени на бескрупулозна тортура, а потоа над селото стрелани со митралез и потоа одново бодени со ножеви, на некои им се бодени очите, на други им е разбиена главата. Во исто време, во Кавадарци се стрелани 5 лица, меѓу кои две жени на 50 години - Рајна Соколова и Фруса Чедомирова. Во Неготино се стрелани 4 лица. Во сите овие и други населени места се вршени блокади, заради полесно спроведување на планираниот терор. Многу бачила, плевни и колиби бугарската војска ги изгорела. Уривани се куќи на партизански домаќинства во селата Шивец, Ресава, Ваташа и др.,а имотот на партизаните и интернираните лица е пљачкосуван. Низ полициски станици поминале повеќе од 100 луѓе, при што многу од нив ужасно се тепани. Меѓу нив се наоѓале машки и женски лица на возраст од 14 до 65 години. Интернирани се 35 лица од Кавадарци, Неготино и селата, на возраст од 15 до 65 години, родители на партизани, мирни селани и граѓани, илинденци и младинци. Оваа безуспешан офанзива на окупаторот завршува и со 30 мртви и 50 ранети на негова страна. За овие ѕверства, терор и пљачкосувања во Тиквешијата, полковникот Апостолов бил одликуван со орден од царот. Меѓутоа, со овие злосторства бугарските фашисти ја навлекоа на себе омразата на населението на Тиквешијата. Забележано е дека на 40-дневниот помен на стреланите младинци во Ваташа учествувале над 2.000 луѓе. Репресалии над цивилното население во Тиквешијата бугарскиот окупатор врши сў до крајот на окупацијата. Во наредната година тој презема уште две такви офанзиви, односно казнени експедиции во овој крај. Така, на 13 јуни 1944 година во селото Стрмашево се стрелани без причина една жена и тројца младинци - единствените живи луѓе што останале, а селото, со сета покуќнина, изгорено е до темел. На истиот датум околискиот управител во Кавадарци издава наредба во рок од два дена да се преселат жителите од селото Ваташа во Кавадарци, од селата Стрмашево, Радња, Страгово, Бухула, Чемерско, Горна и Долна Бошава во Крњевска општина итн. Селаните се присилени набрзина да ги напуштат своите домови и имоти и принудно да престојуват во други места. Окупаторот заведувал и преки воени судови за прогон на учесниците на движењето во Тиквешко. Драстичен пример за тоа е обвинителниот акт на Скопскиот прек воен суд против поголема група симпатизери на ослободителното движење од Кавадарци од 3 јули 1944 година. Овој обвинителен акт е поведен од заменик-јавниот обвинител при Скопскиот прек воен суд против група од 35 лица, меѓу кои многу жени и 4 малолетни девојки од 16 до 17 години. Изменето од Vercingetorix - 17.Јуни.2010 во 14:59 |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од Vercingetorix - 17.Јуни.2010 во 15:04 |
|||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред да го видиме херојството на Стив да ве прашам дали
e вистина следното 12 Април 1941 година Идрисовски Љушов Демир Демир е роден во село Трновци-Битолско. По занимање бил земјоделец. Бугарската окупаторска власт, имајќи негативен однос кон припадниците на националностите, го заклала Демира во село Жван (Демир Хисар) Ако некој излажал еден пат, може да излаже втор пат. За тоа треба се` да биде ревизирано. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На 12-ти Април бугарска окупаторска власт немало во Битола и битолско. Имало германска власт, во тој период, а бугарска немало, првиот бугарски акционен комитет е формиран во Скопје на 13-ти Април. Во Битола знам дека имало некаков судир со германската војска, организиран од страна на некои поранешни припадници на кралската окупаторска војска, при што, комунистичката партија и македонскиот народ не заземале страна, наместо тоа по битката, го земале оружјето и к*ршумите кои останале по битката. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
I koj go ubil togash Demir? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како што кажав, имало и битка на окупаторската српска војска со Германците на 9-ти Април, а можеби убиениот бил на страната на окупаторската српска војска, па можеби и бил убиен од Германците, или пак од некои про-српски жители на селото, доколку бил и тој дел од комунистичкото движење и учествувал во тие нешта, или пак, можеби и станува збор за нешто сосема друго, кое ние не го знаеме. Никој не може точно да претпостави. П.С. Очигледно е некоја грешка, затоа што на страната на борците во Битола, јасно стои дека во Битола бугарската окупаротска власт влегла на 22-ри Април. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako ne e namerna greshkata dobro, ama toa stoi godini, taka li nema koj da ja popravi?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За тоа треба да контактираш со тие кои ја направиле грешката, можеби ќе ти објаснат повеќе, јас не знам да ти кажам ништо повеќе отколку што кажав. Изменето од Македон - 18.Јуни.2010 во 14:27 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Do Makedon, bidejkji nema da si ja iskrivi dushata. Vidi sega dvete sliki. Za Makedonium Bugarite se ubicite, a vo originalot se Germancite. Toa e ushte edna falsifikacija. Celta koja e? Antibugarska propaganda. Rabotam i po drugite sliki. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
I tuka ima neshto, koe ne e vo red, neli? |
|||
Внеси реплика | страница <1 5152535455 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |