|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 7778798081 229> |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОК.Разбрано, но би прашал дали градоначалникот освен плажата на Вардар - без банање, мисли наместо некоја од стоте скулптури да ги закрпи улиците - барем во центарот на градот.Срамно е пред собранието и во околината да се спрепнете од некоја дупка во асфалтните тротоари или улици.
Изменето од marsovec - 16.Јуни.2010 во 02:21 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Триумфалната капија, фонтаните во Вардар, мостовите се голема глупост и најголема утка од проектот. Непотребно фрлање пари во овој момент, кога крави ни пропаѓаат по кратерите на улиците.
Се запрепастив кога видов што се ќе има на мостот “Око“! |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од двете страни на мостот ќе бидат поставени по 14 скулптури кои ќе бидат високи по 2 метра. Комисијата одлучила тоа да бидат: Персеј - последниот македонски крал, пајонскиот крал Авдолеон, Прохор Доротеј - охридски архиепископ, Михаил и Евгениј - сликари и иконописци, Јован Зограф, македонските благородници Стрес, и Ивец. Мостот ќе го красат и Ахил - преспански и лариски епископ, Васарион Дебарски - јеромонах и книжевен деец, Јулија Тертила - борец за правда, Будиј - учесник во Никејскиот собор, Аврелиј Кратет Птоломеев - лихнидски интелектуалец од 3 век, Дионизиј Прв - епископ на Лихнид,Тит Флавиј Орест - правосвештеник на Хераклеја, Публиј Септиј Николај - патрон на Стоби. Меѓу избраните скулптури се и првиот и вториот крал на македонската средновековна држава кнез Хацон и кнез Пребонт, кои владееле во 7 век, потоа Крали Марко и неговиот брат Андреја, охридскиот жупан Андреа Гропа, Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех,свештениците Јоаким Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски, Јован Кукузел, Георги Кратовски.
Мислам...што е многу, многу е...
Со сета почит кон нашето културно и историско минато, ама ова проектов стана натпревар во идиотизам, во кој не се бира кој со што ќе настапи....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас само се прашувам дали некој ќе одговара за глупостите и штетите кои и се нанесуваат на Македонија, и финансиски политички со поделбите на народот но и во преговорите за името.
Подели па владеј и во проектот 2014? Изменето од Анастеа - 16.Јуни.2010 во 23:19 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За пола и повеќе од овие нема записи за надворешен изглед,како тоа ќе направат споменик на Аврелиј Кратет Птоломеев пример или Публиј Септиј Николај?
Едно од нештата што ми се допаѓаа најмногу во врска со Македонија,и на кои се гордеев е тоа што ние Македонците сме единствените на балканов кои се чисти пред Богаодносно никогаш не се занимавале со валкани работи како нивните соседи-геноциди,раселувања и многу важно-фалсификување на историја-со правењето на ,,измислувки,,бисти на луѓе за кои не знаеме како изгледале чии ликови ќе бидат плод на фантазијата на некој налбат со епитет ,,уметник,,како дечкото што го направи со гол газ и пеш Александар Македонски кај нас во Прилеп го правиме токму ова,истото гадно нешто што е трејдмарк за Бугарите,Грците,Србите.
Инаку бројот не е проблем,барем мене не ми смета,ако се во нормална човечка големина убави ќе бидат.А финансиската оправданост не знам-не верувам ни дека постои.... Изменето од Анастеа - 16.Јуни.2010 во 23:19 |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
скоро целиот „план“ СКОПЈЕ 2014 е направен по дифолт, на кого како му се
сакало, не е запазен ниеден историски податок или било што што го
„поврзува“ ликот со неговиот споменик и локација
така се изгради и калето, според некои си темели, без никаков сигурен доказ, так се реконструираа многу споменици на културата кои ги обожаваме, по дифолт Изменето од Анастеа - 16.Јуни.2010 во 23:20 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vazno e da se gradi i da se vrtat paricki a ona lik na gradot i slicni opravduvawa sto e vazno.Ta za parite se raboti!.Nekoj si ima goooolema korist od toa.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
goodman_91
Нов член Регистриран: 26.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликовите, на кои им се ставени споменици на плоштад, се поврзани со една држава, наречена Македонија, ако некогаш си слушнал за неа.. Патем Скендербег е поврзан со Т.Ц. Илинден, па му поставија споменик таму?! Немате никакви аргументи против проектот, па само пишувате колку да кажете нешто против. Него друго ми беше зборот. СДСМ е против проектот, така? Ако проектот е стварно лош за народот, тогаш СДСМ би останел неутрален, а народот ќе си увидеше дека проектот е лош, па на следните избори нема да гласа за Грујо. Тука некој се плаши дека проектот ќе испадне добар, нели? Бидејќи ако испадне добар (а 100% ќе испадне добар), Б.Ц. никогаш нема да дојде на власт, па сега истиот тој што направи 300000 невработени, а сега збори за невработеноста, прави се од себе да ги ангажира неговите медиуми-сојузници, да го оквалификуваат Скопје 2014 како најлошото нешто што се случило во државата.. Изменето од Анастеа - 17.Јуни.2010 во 15:01 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
goodman91
абе ме заболе мене за СДСМ или ВМРО, јас си зборам за доброто на мојот град и мојата држава, бидејќи во нив живеам ако не те мрзи, прочитај ја целата тема, сите страни и ќе видиш зошто сум против нив, ниту викам дека Бранко направил нешто добро, ниту сакам СДС да се врати на власт, сакам само правилен развој, кој не го добиваме од целиот хаос наречен Скопје 2014 цврсто претпоставувам дека појма си немаш кои се сите тие историски личности на кои им се прават „споменици“ Скендербег знаеш дека го поставија од инает исто како што сега сакаат од инает да изградат џамија, и кај беше ти тогаш да се буниш, ако не сум бил ја? не значи дека ако некој во минатото создал 300 000 невработени, дека тоа треба така да остане засекогаш, бидејќи тоа е туѓо дело, секоја наредна власт треба да се бори да ги исправува грешките на претходната, па затоа е на власт! и затоа не пеј една иста песна, бранко бил крив, па сега ние ништо што он усрал не сакаме да го поправиме, тоа е едноставно нелогично о и фала што ми кажа дека државава се викала Македонија и дека спомениците биле на македонски историски личност, стварно не знаев |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
goodman_91
Нов член Регистриран: 26.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1.Да, баш видов на претходната страна зошто си против проектот. Скопје било веќе препознатливо. По што бе другар? По Градски Ѕид? По зградата на МТВ? Поштата? Мостот Гоце Делчев? Епа стварно, многу е убаво чим по тоа Скопје се препознава.
2. Кажи ми кој ти кажа дека Скопје 2014 е хаос? А1? Телевизијата што постојано притиска да се викаме северно-македонци и што работи против било какви интереси на државата? Немој да ми кажеш дека сам тоа си го расудил, бидејќи секој што првпат би влегол во СКопје 2014, без да ги знае политичките ствари тука, ќе помисли дека тука се направило нешто добро. 3 . Парите што се украдени не може другата власт што ќе дојде да биде присилена да ги врати, па ако не ги врати, таа да биде крива. Го спомнав Бранко, затоа што тој не е компетентен да збори за сиромаштија, за стечајци, за невработеност, за Скопје 2014. Беше двапати на власт, се виде неговото... Јас не велам дека кога дојде Груевски на власт, државата ни цвета, или тече мед и млеко, но барем прави нешто добро во споредба со претходните државници, не говорам само за СКопје 2014. Прави нешто што ќе остане и за другите генерации, нешто што ќе може да го зајакне патриотизмот во државата, бидејќи без чуството за припадност кон една држава, истата нема смисла да постои. 4. И јас сакам да има правилен економски развој. Економски развој се прави со градење на фабрики и отварање на нови работни места. Но, државата не може да гради фабрики (ако ти текнуе, во капитализам сме), само може да се нафати да ги привлече инвеститорите. Таа се обиде да направи нешто, со кампањите „Инвестирајте во Македонија“, неплаќање на даноци итн. Но кога на грб ти се ЕУ( кои намерно не ги привлекуваат инвестициите наваму, за да бидеш зависен од нив и да те тераат да викаш дека без ЕУ ќе пропаднеме, дека ЕУ ни е иднината и сл.) , тоа ти е... А дека сме сиромашни, би те прашал кои се сиромашни? Оние што ги гледаш стално по скопските улици како возат Ферари, Рејнџ Ровер , Бентли, Мерцедес, Ауди, БМВ. Оние што секоја недела идат на шопинг или на одмор во Грција? Ма дај.. Изменето од Анастеа - 18.Јуни.2010 во 03:04 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ма џабе се мачам веќе, истите муабети повторно и повторно....
не можам веќе да кинам нерви за џабе, последен пат реплицирам бидејќи стварно сте невозможни еве по ред 1. или не си од Скопје или воопшто не си информиран што се има во градов, колку само споменици и културни обележја се заборавени и оставени да се ронат а за убавина да не збориме, по 10000000 пат кажувам дека секој различно ја дефинира, и нема врска тврдењето демек убав бил и такви глупости, градот е препознатлив по своите обележја кои веќе ги има, и не е светски град, за да може да викате дека е препознатлив по нешто (како Париз што е по кулата), едноставно веќе си има свои белези и да препознатлив е и по тие градби кои си ги набројал и ако тебе ти биле грди, тоа не значи дека на сите треба да им бидат одбивни и дека се лоши за градот! 2. планот е хаос бидејќи не дава придонес ни за градот ни за државата, туку само го дополнува хаосот кој веќе постои, нема никаква функционалност нити оригиналност, наместо да е економичен тој е поскап од цел Дубаи, се во него е неквалитетна квазикопија на нешто слушнато, но не разбрано, и тоа не ми го кажа А1 туку сите останати архитекти и експерти во земјава и неколку од светот и кога сме кај медиуми, колку има свои медиуми СДС, толку има и ВМРО 3. Власта и тоа како е должна да го враќа украденото и урнатото, не зборам партијата од сопствен џеб да ни сипува пари, туку со самиот развиток на државата да се вратат парите, а не овие не доиспокрадоа уште колку што можеа и што е тоа што направиле за земјава? само зборите дека прават а никогаш не кажувате што, идните генерации немаат ќар од споменици, имаат ќар од стабилна ситуирана држава во сите смерови, како во економски така и во политички, па патриотизмот си доаѓа сам по себе, а не вие демек не полните со патриотизам како да сме некои гуски кои поим немаат што е Македонија, па како може да сте патриоти, а да немате почит кон сопствениот народ? 4. за крај, државата не треба сама да гради фабрики како во социјализмот, но е должна на инвеститорите да им обезбеди инфраструктура, стабилна економија и трговија и меѓусебни односи, тогаш инвеститори ќе се лепат како муви на мед втора работа е што имаме мал милион мали македонски приватни фирми кои воопшто не се развиваат, нити инвестираат, зарем мора да чекаме некој да доаѓа стално и да ни се нуди (а најмалку па ЕУ и НАТО)? сиромаштија имаме, оној кој вели дека не е така не лаже, може не живеат сите под мост, но затоа пола нација, способна за работа, е невработена, а без плата нема леб, и срамота е да имаме толку ниски плати, при толку високи цени на сите производи и реков да ја прочиташ цела тема, не само два поста а јас веќе не се замарам да пишувам Изменето од Анастеа - 18.Јуни.2010 во 03:05 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Забеган - абе ти воопшто не си бил забеган.?
Туку , во право, по повеќето прашања си бил. |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
goodman_91
Нов член Регистриран: 26.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Јас живеам во Скопје и сум многу информиран што има во градот. Знам каков беше пред 15 години, знам каков е сега. Скопје не е светски град, ниту нема да биде, но пак ќе ти кажам. Скопје не може да биде препознатлив по сивите комунистички блокови како оние што ги напоменав горе, а тие не се лоши само на мене. Замисли турист кога ќе ги види тие згради, ќе помисли дека сеуште по нешто сме заостанале од социјализмот. Друго, еден град може да биде препознатлив по многу работи, без разлика во кое време се правени! Кога ќе пројдат времиња, и тие што ќе се изградат ќе бидат стари и ќе бидат оставени на следните генерации за да се гордеат за она што го направиле старите..
2. Од каде знаеш колку чини проектот? Од каде знаеш дека нема да биде функционален кога сеуште не се остварил? И СДС на времето викаше дека каналот за Дојранското Езеро ќе биде пропадната инвестиција , а сега истото езеро, благодарејќи на таа инвестиција го врати шмекот од старите времиња... Не ми збори за експерти, јас ако сакам, ќе ти викнам експерти што го подржуваат проектот. И? 3. Секој знае дека една власт мора да се стреми кон подобро, ама не може истата да се криви за 300000 невработени што ги направил некој друг. Дефинирај го тоа, не искрадоа. Те прашувам прво тебе. Што ти искрадоа? Или пак ова е само колку да кажеш нешто? Не мешај татковина и власт! Едно е да си ја сакаш татковината, а друго власта. Ако нешто не прави државата како што треба, не значи дека ти е крива Македонија, туку ти е крива гарнитурата што е на власт. И како викаш: „Не полните.“ Јас не сум претставник од власта, или од партија. Не ме етикетирај! 4. Јас не успеав да се дополнам за последниот пасус, друг ми беше зборот. Не велам дека во Македонија нема сиромаштија, во секоја држава има сиромаштија, ниту пак не велам дека нема невработени во државата, dдобро знам дека Македонија е со најголема стапка на невработени во Европа. Но има луѓе по медиуми што не се компетентни да зборат за сиромаштија, кога тие всушност ја направија сиромаштијата. Башка, тие што зборат за сиромаштија, всушност возат БМВ-иња, Мерцедеси и што уште не.. ---------------------------------------------------------- Ни јас не можам да дискутирам повеќе, затоа што ќе избегаме целосно од контекстот на темава. Си го кажав моето мислење и сега чекам само да се оствари проектот. Па ти советувам и на тебе. Не збори за нешто што не знаеш како ќе биде... Изменето од goodman_91 - 18.Јуни.2010 во 12:50 |
|
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што толку ти сметаат овие објекти стварно не ми е јасно. Тоа што се запуштени ок, меѓутоа наместо да се прават нови објекти кои ќе бидат десетици пати потешки за одржување може овие готовите да се реставрираат. Тоа што ги нарекуваш коми-блокови е погрешно, затоа што овој стил на градење се користел во цел свет т.е. во времето кога се изградени тие објекти биле најсовремени што можело да бидат. А тоа е една од целите на архитектурата, да ја одрази сегашноста со акцент кон иднината. На кој начин СК2014 тоа го прави, е тоа на мене не ми е јасно. Се користат стилови на градба со кои современиот свет расчистил пред 100-150 години (со исклучок на филхармонијата). На на кој начин објекти кои се копии на други објекти стари и по 200-300 години ќе го направат Скопје попрепознатливо не знам. Единствено по кич и бајатост можеби. Изменето од fichot - 18.Јуни.2010 во 13:39 |
|
Внеси реплика | страница <1 7778798081 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |