IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Интелигенција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Интелигенција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 09:46
Интелегенција или интелект (лат. intellectus) е ментална карактеристика која се состои од повеќе способности: учење од искуства, адаптирање на нови ситуации, разбирање на новите ситуации и користење на стекнатото знаење во интеракција со околината.
Интелегентните луѓе донесуваат рационални, логични решенија за одредени проблеми.

Од сите овие работи, може да видиме дека интелегенцијата не е нешто кое што одсекогаш сме го имале и не е нешто непроменливо. Интелегенцијата може да се надоградува, со константно учење на нови работи и применување на истите работи во секојдневниот живот.

Најдов еден текст на Википедија, каде што ја имаат претставено поврзаноста на когнитивната и емотивната интелегенција, како и нивните спротивности.

Цитирај Интелегенцијата за која се зборува често, иако неоправдано, придава многу повеќе важност на нашата бистрина и интелектуална способност. Таа интелегенција се нарекува когнитивна, техничка, работна, ладна и др. Додека оваа интелегенција се стекнува со раѓање и во текот на животот останува непроменета, емоционалната интелегенција во еден дел ја наследуваме со гените, но поголемиот дел се учи. Учењето започнува од раното детство, во родителскиот дом, преку влијание на разни одгледувачко-образовни установи, како и пошироки социјални заедници. Психолозите се согласуваат дека за успех во животот неопходна е когнитивна интелегенција, како и некои други особини на личноста кои ја прават емоционалната интелегенција. Споредувајќи ги достигнувањата на луѓе со ист коефициент на когнитивна интелегенција, се покажало дека се значајно поуспешни оние поединци кои имаат развиена емоционална интелегенција. Емоционалната интелегенција не е спротивна туку само различна, комплементарна способност во однос на когнитивната интелегенција. Често сме сведоци на исклучително паметни, интелегентни луѓе кои немаат некој особен успех во животот. Личности со многу висок коефициент на интелегенција може лошо да управуваат со својот живот и да донесуваат погрешни одлуки.


Значи, според ова:
1. Когнитивната интелегенција е стекната од самото раѓање, т.е. е непроменлива.
2. Когнитивната интелегенција е неопходна за формирањето на емоционалната интелегенција.

- Заклучок: Без когнитивна интелегенција, нема емоционална интелегенција.

Тогаш, сите личности кои поседуваат високо ниво на емоционална интелегенција, мора да поседуваат и високо ниво на когнитивна интелегенција?

Во овој текст цело време се спомнува успех, успешност...а кои се тие работи што треба да ги прави еден човек за да биде успешен? Што го прави еден човек успешен?

Друго, не ми е јасно како може да се измери коефициент на емоционална интелегенција. Врз основа на што се одредува кои емоции се исправни во дадената ситуација? Има универзални вредности на емоционални дејствија?

- Според мене, интелегентни луѓе се оние луѓе кои имаат високо развиена свест, самосвест, добро се познаваат себе си и добро можат да ја препознаат, перцепираат околината и нејзините импулси. Се водат најчесто по логиката, ги прифаќаат своите мани и се обидуваат истите да ги надминат. Располагаат со знаење од многу области, иако може да бидат и специјализирани по одредена област...

Имало доста интелегентни личности во историјата на човештвото, нареден пат кога ќе имам повеќе време ќе се осврнам на неколку од нив.

За крај, високото ниво на интелегенција, не ви ветува дека ќе имате живот каков што посакувате, но ветува дека заклучоците кои ќе ги носите ќе бидат побрзи и далеку поисправни од оние кои немаат високо ниво на интелегенција (пр. математичка задача ќе решите многу побрзо од останатите. Споредба core2duo процесор со тие еднојадрени процесори голема%20насмевка).
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 13:23
Abe mali,kolku e ubavo da napises sublimat i da dades svoj osvrt neli?
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 15:05
Значи , когнитивната интелигенција е непроменлива ?
-Баш читав негде дека зависи од воспитувањето во детството.
Епа кажете ми ако зависи од воспитувањето , а при воспитувањето се развива егото т.е. личноста и неговите карактеристики (интелигенцијата тврдат била психичка одлика) , тогаш , нели при доживување его-смрт , би можеле да се развие интелигенцијата во друга насока.

Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 15:20
Sekako Joe,ne znam zosto baras potvrda na ona sto go znaes.Se e predodredeno vo genetskiot kod.

Ego-Smrt e samo prikaska za mali deca.Intelektot ne se menuva,toj e konzistenten.Se menuvaat samo nasite "staklenca" niz koi gi gledame nestata.

Art is life,life is art Joeнамигнување
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 16:32
Originally posted by Џо Џо напиша:

Значи , когнитивната интелигенција е непроменлива ? -Баш читав негде дека зависи од воспитувањето во детството.Епа кажете ми ако зависи од воспитувањето , а при воспитувањето се развива егото т.е. личноста и неговите карактеристики (интелигенцијата тврдат била психичка одлика) , тогаш , нели при доживување его-смрт , би можеле да се развие интелигенцијата во друга насока.


Ne sum siguren dali vospituvanjeto ima nekakvo vlijanie na inteligencijata. Potochno, dali kvantumot na bilo kakvo znaenje ima direktna vrska inteligencijata. Tie mozhe da pretstavuva informacija so koja raboti inteligencijata, no samite po sebe znanjeto i vospituvanjeto ne se inteligencija. Tokmu zatoa se govori i za emocionalna inteligencija. Toa termin se koristi za inteligencijata koja ochebilno ne se bazira na kvantumot od znaenje.

Kolku pati do sega imash slushnato "ovoj chovek e prirodno inteligenten". Toa znachi deka nema nekoe posebno obrazovenie, nema nekakvo akumulirano znaenje i nema nekakvo osobeno vospituvanje, no bezdrugo e osobeno inteligenten. Isto taka, kolku pati imash slushnato za nekoja zhena deka e "glupava kako guska", a ima odlichno vospituvanje.

Onoa shto lugjeto postojano meshaat e inteligencija i intelektualnost (intelektualiziranje). Toa go postaviv kako prashanje na edna od minatite stranici, no ochigledno nikoj ne go zabelezhal.

Изменето од Messenger - 14.Јуни.2010 во 22:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 20:53
Originally posted by Џо Џо напиша:

Значи , когнитивната интелигенција е непроменлива ?
-Баш читав негде дека зависи од воспитувањето во детството.
Епа кажете ми ако зависи од воспитувањето , а при воспитувањето се развива егото т.е. личноста и неговите карактеристики (интелигенцијата тврдат била психичка одлика) , тогаш , нели при доживување его-смрт , би можеле да се развие интелигенцијата во друга насока.


Јас не се сложувам дека когнитивната интелегенција е непроменлива. Ако е така, тогаш се она што човекот го прави за да се едуцира, за да научи некои работи, се за кое се труди во својот живот зависи од тоа колку голем степен на когнитивна интелегенција поседува? Како може интелегенцијата на бебе и степенот на самосвест да е ист со степенот и интелегенцијата на возрасен човек?

Исто не би се сложил дека од воспитувањето зависи каква интелегенција ќе се наследи, добие. Ако е така, тогаш во една средина на живеење би требало да живеат луѓе со ист коефициент на интелегенција???
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 10:49
 
 
 ..Вештачката интелигенција ... е многу послаба ...
...од ...природната   глупост .......глупчо....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.