|
Референдум за формирање најниска плата!! |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | ||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не најниската плата, тука висината на најниската плата може да биде неатрактивна за идните инвсетитотри. Доколку минимланата плата е заокружена на 4000 денари, сигурен сум дека тоа нема да преставува проблем. Всушност ќе биде многу конк*рентна на светскиот пазар и ќе можеме да им кокнурираме на Индија и Кина, се разбира по основ на платите. Сега зборуваме само за платите, другото не го земаме во предвид. Замисли ако минималната плата е заокружена на 40000 денари? Што мислиш дека инвестоторите ќе навалат? Замисли уште ако ги спроведуваме сите регулативи кои се спроведуваат на западот, како ХТЗ, работничка компензација, строго регулирано работно време и паузи, бонуси, осигурувања.....стапката на невработеност нема да биде 30% со гранција. Сега да се вратиме на минималецот од 4000 денари. Според цените кои се на домашниот пазар тие 4000 денари не се ништо друго сем обична експлоатација. Работење за грст ориз, ко вол за слама. Прашање е дали некој може да понуди повеќе? Не, економски е неиздржливо во дадената економска состојба. Работникот ќе биде продуктивен, ќе ги исполни сите норми, стандарди ќе го направи она за што бил ангажиран, но ако производството остане во магацин тогаш и тие 4000 денари ќе бидат многу. Само со реализацијата на произведеното ќе може да се заокружи целиот процес. Не е така едноставно како што навидум изгледа. Производство, продажба, производство, продажба и пак производство продажба.....и така во недоглед. Во тој перпетум мобиле со текот на времето ќе може да се очекува и нагорен тренд. Процесот е долготраен и макотрпен и треба да биде пропратен со соодеветна регулатива, прогресивна даночна политика, фискална, финасиска...... Оваа регултаива би требело да биде умно водена со цел да се намалат социјалните разлики меѓу граѓаните (порамномерна дистрибуција на стекантото богатство), а истовремено таа регулатива да небиде рестриктивна со што би допринела да се изгуби интересот на инвеститорите, домашни и странски. Рајот е реален, треба да се стремиме кон него. Изменето од Platenik - 11.Јуни.2010 во 08:23 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Античкиот
Сениор Поглавица Тешки Очи Регистриран: 14.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вака сега, значит најбезболно...
Приметив дека сите досега кажуваат субјективни мислења, неостварени желби и лични перцепции... Мораме да се вратиме во реалноста... јас не велам дека ние во дадени услови не сме продуктивни, можеби сме - но во истите ceteris paribus услови, мислам дека има многу народи кои би биле и се попродуктивни од нас. Но правиме муабет за Македонија така? кое е моето мислење тука, ..., значи овој народ е навикнат на камшик... Ние , бре , драги форумски пријатели - прво и основно - немаме исправен вредносен, етички и морален систем. Зарем не гледате што се дешава во државава??? Дали на нашите деца им е поважно да е број 1 ученик или да има најдобар мобилен телефон во класот? Дали цела оваа администрација која по линија на владејачката дебилна власт е седната во тие столчињата од комунизмот- дали сметате дека со такви луѓе реално може да тргне работата напред? Занчи се промовира етнички квоти во држава каде од друга страна се застапува (декларативно за жал) за граѓански принцип.... Судсвото е во кома... Администрацијата е од поодамна во кома... Спектакуларни пљачки на банки и други финансиски институции... Хаг си игра мајтап со нас , па ги суди кој како сака - а ги враќа кој како сака предмети, за после овие нашиве лижи***** од судии се прогласет за ненадлежни за тие предмети, Немаме никаков меѓународен респект... Ние мислиме дека светот нокти гризи кога ние ке го решиме наметнатиот проблем со името, и едвај чекаат уште 2 милиони пред вратите на унијата??? Абе не им е гајле ама ич... Ние сме едно диво предградије, си имаат тие и свои проблеми, и се во холд позиција со нас... кога керешиш тогаш ке влезиш... е извинете,,, ама странски инвеститор не доаѓа тек така... сето ова го збунува....тоа е главниот проблем... дотогаш - додека ние не прикажеме суфицит на платниот биланс, не очекувајте поголеми плати... што се филмаме??? Секој џамбаз си го фали атот... ама дај да сме реални.. дај да се приземјиме... Без странски ивестиции ке тапкаме на ова место уште години- и нема да им е гајле ама ич... мораме сами да ги средиме проблемите... Не сакам повторно да навлегвам во дебати, пошо гледам дека правиме муабет за желби и субјективности а не за реално поткрепена економска теорија и логика... До предлагачот на темата, јас би гласал за таков закон,,, нормално.... НО....ке ти кажам неколку поразителни факти усвоени од ДЗС... абе ние уствари и немаме веродостојни нформации за економските параметри околу нас... ние сме една од последните земји во европа (заедно со албанија, молдавија и еште некоја) кои користиме фиксен девизен (врзан) к*рс за еврото...тоа драг пријателе е одлика на земја од третиот свет... зато да не бараме минимуми од 800 евра - кога еден таков минимум е во германија мислам препишан... германија- моторот и сржта на европа..далеку сме од темата... а со ваков народ (тоа е лично мое мислење) со мамини и татини синови, со партиски полизурковци, со факултети ко ФОН или ојој европскиот или не знам уште еден куп други приватни, со државни факултети каде орлите - професори по 100 години предаваат на катедри постари и од нив самите, со едно такво гласачко тело како ова на ве ме ро, со корупција на секој ќош, со луѓе на кои им е скршена кичмата овие 20 години од оваа е**** транзиција, со олкав државен апарат, со еден куп џандари со 25.000 ден плата и пензија од 30.000 ден. која ја добиваат на 50 години, а допринеле само удбашење и тепање ... не знам дали заслужуваме и 200 еур примања,,, али то е то... уште паќаме низ бездната, уште не сме го допреле дното... ова е мое мислење... затоа пријатели, спотвење на газовите а не сонување со отворени очи,,, читање книги , а не фурање филмови балканске пророчице клеопатре... само тешко нас некој да не дотерат во колосек, ни се бендисвит шемата 500 денари трошам, 300 денари заработвам... то е то... Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2010 во 03:00 |
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Марсовец, гледам Платеник веќе дал убаво објаснување, тоа е тоа.
Јас убаво напишав:
Зборувам за висината на минималната плата и за нејзиното влијание во одлучувањето на инвеститорите дали ќе вложат во одредена земја или не. Ваков “минималец“ од 40.000 ден делува на одвраќање на капиталот на поевтин пазар на работна сила, кој го има во изобилие.И зборувам за неразвиени и земји во развој, бидејќи тие имаат најголема потреба од инвестиции. За споредба низ европските земји, најголем дел од нив имаат минималец од 100 до 300-400 евра. Во другите групи спаѓаат побогатите земји. Германија нема закон за минималец, како и во други неколку земји во кои тој се одредува со колективен договор. И во повеќето земји каде е законски воведена, нејзината висина се движи некаде од 30 до 40%, 45%... од просечните плати. Значи ако веќе размислуваме за минимална плата, нејзината висина треба да биде поприземна. Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2010 во 02:56 |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
@Антички
Суфицит во платниот биланс?! Финансиски пљачки и малверзации, деривати давање кредите без учество и 150% од вредноста на купеното добро?! Ефикасните администрации?! Непотизмот како онај на Ѓорги Грмушката?! Мислиш како што е и во најразвиенти земји? Проблемот е глобален, да бевме само ние ќе речев ајде. Ние сме само жабата, која го гледа коњот од далеку. Изменето од Platenik - 12.Јуни.2010 во 06:15 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Najniskata plata sepak treba da gi pokrie sekojdnevnite troskovi , lekovi , hrana i patarina , barem tuka mislam posle kirija i plakanje stan e negde 6000 kruni , koj se nekoj si 600 eu za vozrasno lice
|
||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па во преговорите пред повеќе години помеѓу владата и синдикатите предлогот беше негде околу 5000 денари, а и тоа не беше прифатено.Та кој во нашето пошироко и потесно опкрушување има помала плата?Мали плати ама пак нема инвеститори.Значи не ќе да е само платата.А плата со која нема обезбедено минимална егзистенција и не е плата ,бидејки не е доволна за физичка обнова на трудот, а и срамно е за држава која се изјаснува како социјална. Изменето од marsovec - 11.Јуни.2010 во 13:46 |
||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Колективен договор за минимална плата постои но само за во текстилната индустрија чинам некаде или 4.500 или 5.000 денари. Реков - сумата е под секое достоинство.
Мислам дека имаше предлог од опозицијата за минимална плата од околу 8.000 денари, но ништо не бидна од тоа. И привлекувањето инвестиции не зависи само до платите, никој тоа не го тврди туку таа е еден од основните чинители при економската проценка каде да се вложи. Некаде на претходните страни пишувавме за тие фактори, да не ги повторуваме сега, веќе одиме во друга тема. |
||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Авторот" мислел на еден достоинствен живот на граѓаните а не трудот на граѓаните да се наплатува за преживување. Нашиве економисти на форумот се објаснија преку бројки, прикажувајќи го македончето како непродуктивно, мрзливо, "со стап" работливо.... и.т.н заборавајќи притоа еден многу важен детал За што служи личниот доход, вложениот труд? Дали вложениот труд, во која било фирма, треба да биде СЛУГУВАЊЕ кон работодавецот или обезбедување за себе и семејството еден достоен живот? Кога наведов дека анкетава не е само од економски аспект туку и од психолошки, укажува колку сме пасивни кон себе но како најголеми жртви во нашата пасивност е нашето најблиско семејство. Личниот доход не е само средство за да може да се исплатат сметките, трошоците,- истиот служи и за многу други потреби за иднината, децата растат а ним им треба едукација а ова е само еден мал пример... Многуте тендери, продадени државни фирми и компании на странските инвеститори, да имавме ЛУЃЕ (читај политичари и луѓе блиски до власта, за сите говорам) кој се коректни и “не наплатуваа“ за доделување на тие тендери (тие знаат за процентот) или истите тие “легални“ пари да ги вложат во подобрување на економијата немаше ниту “авторот“ да поставува вакви теми!!! За жал, (не знам ни самиот колку да се жалиме себеси со вакво размислување) дозволивме да ни се прегази достоинството и честа. Дозволивме децата да не прашуваат зошто само преживуваме а ние им објаснуваме бранејќи некого кој експресно се збогатува на мој, ваш, грб и измислува 1001(ноќ) приказна за да го сврти вниманието кон нешто друго. Од друга страна, своите деца ги заболуваме со нашиот бескичмен синдром наречен ПАСИВНОСТ!. Дали е 40.000,00 ден доволно? НЕ, и тоа е малку ако 9 часа не можеш да кренеш глава од пред работната маса со камера над главата со кој работодавецот те арбитрира колку си “продуктивен“ додека еден ден не почнеш да пееш.. http://www.youtube.com/watch?v=MgNkJfTfHa4 |
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Некој на форумот мисли поинаку прикажано “праку бројки“. |
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Дали е 40.000,00 ден доволно? НЕ, и тоа е малку ако 9 часа не можеш да кренеш глава од пред работната маса со камера над главата со кој работодавецот те арбитрира колку си “продуктивен“ додека еден ден не почнеш да пееш.." .....sepak e mnogu podobro od,...istiot monitoring da ti go pravat za ,...duri za 4-5 pati pomalku ,..kako shto e vo realnosta! |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека реално би било секој од нас да каже, дали за еден достоинствен живот треба да се има помалку од 40.000,00 ден.?
|
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Buggyman (авторот) тука веќе не зборуваш за минимална, туку за некоја убава пристојна платичка. Во сегашните услови во кои се наоѓа македонската економија, за жал цифрата за повеќето е само научна фантастика. Минимална плата значи најниска цена по која работникот може да го продава својот труд и која работодавецот може да ја плати. Значи тоа е цената на трудот под која не смее да се оди (законски, доколку е определено). Економистите кои тука пишуваме само го пренесуваме она што економската наука и пракса го потврдила. Изразив мое мислење за продуктивноста на македонскиот работник во некој пост понапред, за жал немаме официјални показатели за да споредиме со други земји. Економија е незамислива без бројки, затоа пак ќе се послужам со нив. Цифрата од 40.000 денари е еднаква на минималната плата во Словенија (околу 650 евра). Ако сметаш дека нашата економија по показатели е еднаква на словенската и дека минималецот би одговарал за наши услови, тогаш бесмислено е понатаму да дискутираме. Сепак желбите се едно, а реалноста друго. Се сложувам за психолошкиот момент. Јасно дека е потребно повеќе за еден пристоен и удобен живот, без секојдневните финаниски стресови, нешто што секој нормален човек го посакува како награда за својот труд. Но тука веќе зборуваме за категорија која е многу далеку од минимална плата. Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 00:26 |
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
40 000 по семејство или по член? Ако е по семејство- во просек најмалку 6 до 7000 одат на режиски трошоци (моето семејство има 10 000 ден парно, струја, кабелска, интернет, вода, одржување влез, 4 тите мобилни и бензинот не влегуваат тука ). Ако се раководиме по статистиката и нејзината потрошувачка кошница -иако и таму човек тешко се снаоѓа дали им е по член или за семејство оти сумата е небулозна- 12 илјади и кусурот... само за основна храна па некои ич ич 5 000 за средства з ахигиена лична и општа... па за деца за школување ич ич ама секој месец најмалку 3 до 4 000 илјади, да не зборуваме за ако треба да се обнови нешто дома, гардероба, обувки. Искрено, не знааам |
||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Срамно е кога платата е услов со кој се фалиме пред потенцијалните инвеститори.Наместо струшноста, умот, способност, инаку и помала плата има во некои азиски и афрички држави.Владата сака со нив да не изедначува? Видете нешто за ЕСОП програмата па да зборуваме понатаму. Таа значи поделба во дел од профитот на вработените во дел во акции без даночно оптеретување.Кај нас е среден век.А ова ЕСОП програмата не е од самоуправниот социјализам од капитализмот е.... |
||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |