|
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ccc По логично е Македонците (ама само оние од вмро) останатите се опозиција да гледаат МТВ1 Малцинствата МТ2-ама со еднаква распределба на етерот а ВЛАДТА да си плати МТВ3-односно собранискиот кнал да с го плати собранието Е сега околу тубата не биди толку сигурен за отфрлањето- сите плаќаат еднакво но не добиваат сите еднаква услуга. И околу патот на процедурата- го знам ама го скратив во објаснувањево оти ме мрзи да пишувам. Ај оди во Вицови ке ти го напишам вицот со Итар Пејо, да ја разбереш во иднина мојата “скратена постапка“ Тука нема смисла да ја расипуваме темата Ииии онака објаснение од правен аспект- Ќе треба ли брат Љубе да плати- посебно за услугата за емисиите каде убаво се разработува неговиот патриотизам од патриотските новинари? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете, јас не гледам телевизија повеќе од половина час седмично, најмногу час, повеќе време поминувам пред компјутер или пак надвор и во читање книги. Дали тоа значи дека јас не треба да плаќам радиодифузна такса исто колку што и ти? Секако дека не. Или пак затоа што не гледам МТВ 2 дали треба да плаќам помалку отколку ти? Секако дека не. Радиодифузната такса е утврдена со закон, значи дека нема поделби на малцинство и мнозинство, Македонци и малцинства, гледачи или негледачи и слично. П.С. Во однос на постапката, сега има и таму измени, откако Врховниот суд стана надлежен за предмети кои траат неразумно долго. Но, сепак, доколку имаше законска основа за било што, досега ќе беше поведена, независно дали тоа ќе беше тужба, или пак постапка за оценување на уставноста и законистоста на законот пред Уставниот суд. П.П.С. За "патриотизмот на Љубе", кои не сум ги следел искрено, некој ако каже невистина, може да заработи тужба од самиот Љубе за клевета. А инаку чинам дека сите тие реклами се дел од платена политичка програма. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa za covekot e greota...Makedonec...kaj da plaka? |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Една моја пријателка вели- Во Македонија најлесно се носат и лесно паѓаат закони . Тешко е за оние кои “изгореа“ додека траеше оти нема начин како да си го врати она што му е земено. Така е и со овој закон- донесен гледајки го само едниот аспект, односно во интерес на МРТВ ( читај владеачката партија- ама сите до една).
Каде се обврските на МРТВ? Каде е можноста граѓанинот да си каже дека плаќа услуга која не ја користи? Најжалосно е кога се дерат и оние слоеви кои ама ич не им е дојдено до програмата на МТВ оти кутрите немаат ни тв приемник. Ама кога реакцијата е од опозицијата, од партии кои се во немилост заради тоа што друг им ја скрои ќулафката...никој не реагира. „Владата преку извршители создава социјални случаи“ |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
арно ама....
Одлагањето на законот не важи за долговите за радио и телевизија. МРТВ најави дека од оваа недела ќе почне со присилна наплата со извршители, а први на удар ќе бидат семејствата што не платиле за ниту еден месец од годината. Изменето од Andjelina - 13.Јуни.2010 во 22:19 |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На запад радиодифузна такса или телевисзиска претплата на free to air телевизиските куќи никој неплаќа. За поединците или крајните корисници тој сервис е бесплатен. Радиодифузна такса палќаат телевизиските станици како дел од лиценцата со која се стекнува правото да емитуваат програми. Парите одат во буџетот. Поединци плаќаат телевисиска претплата само во случај ако имаат склучено формален договор за користење на услугите, кабелска, сателитска телевизија..... Изменето од Platenik - 19.Јуни.2010 во 07:12 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Na zapad, dokolku ima drzhavna radiodifuzijska organizacija (ima i takvi), togash taa se finansira od budzhetot na drzhavata i od donacii.
Onoa shto se emitira preku predavateli i se prima so antena e besplatno, Se naplakja satelitskata televizija bidejki se podrazbira isto kako i kabelskiot sevis - lugjeto plakjaat za sevisnata usluga na ovie biznisi, a ne za kontentot na programite ili troshokot za nivnata produkcija. Televizijskite stanici (programi) se finansiraat voglavno od reklami i neshto od donacii. Изменето од Messenger - 19.Јуни.2010 во 06:34 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи зборуваме за исто. Радиодифузиски куќи како такви не потојат, но тоа можат да бидат владини институции или независни тела (формирани од самата индистрија) кои се во функција на регулриање на правилата во таа индустрија. Што се однесува до крајните корисници и за оние услуги за кои мора да се плати, висинaта на претплатата е во директна зависност со изборот на содржината, контентот. Значи за поголем избор и сумата е поголема. На располагање стојат и специјализирани канали, кои можат да се гледаат по нарачка и по потреба. Значи и тука се плаќа содржината. Pay per view! Изменето од Platenik - 19.Јуни.2010 во 09:11 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kako ne postojat radiodifuzijski kukji? Shto se MRT, CBS, ABC, CBC, PBS ? Jas ne govoram za vladini ili nevladini tela za regulacija na radiodifuzijata, tuku za onoa shto se podrazbira kako "radio stanica" , "televizijska stanica" ili "radio-telelvizijska stanica". Tie so eden zbor se narekuvat radiodifuzijski kukji.
Krajniot korisnik plakja za brojot na programite shto gi dobiva, a ne za nivnata sodrzhina. Normalno e deka sekoj program e razlichen po sodrzhina, no na korisnikot ne mu se naplakja za sodrzhinata. Servisot koj gi prodava programite ne veli "za vesti kje patish $5, a za sport $10". Toj naplakja za broj na upotrebeni kanali. Sodrzhinata na kanalite samo go reflektira interesot na konzumentot. Specijaliziranite "Pay per view" kanali se posebna grupa programi koi se naplakjaat spored interesot na konzumentite i nivnata ekskluzivnost. Toa obichno se zhivi programi ili programi po potreba (ne mora da se cheka odreden den i termin da se gleda neshto za shto se ima in teres vo daden moment). Za takvi neshta sekako deka se plakja premijum cena. Изменето од Messenger - 19.Јуни.2010 во 22:25 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро, расчистивме што значи радиодуфзиска куќа (broadcasters).
Значи на западот има 3 видови на радиодифузиски куќи - државни - комерцијални кои се приватни и одат слободно во етерот - сателитски и кабловски кои во суштина се приватни и ги наплаќаат своите услуги Крајниот корисник неплаќа никаков надоместок за сервисот кој го добива од државните и комерцијалните, но затоа тој мора да плаќа претплата доколку одлучи да користи сателитски и кабловски услуги. Радиодуфизиската такса не е обврска на крајните корисници, туку е обврска на радиодифузиските куќи кои со палтената такса тие се стекнуваат со правото да емитуваат радиотелевизиски програми. Телата кои го организираат ова се продолжена рака на владата, а може да има и независни тела формирани од самата индустрија. Преку нив се регулира целокупната проблематика на емитување, од доделување на фрекфенциите па се до надоместокот кои ќе треба да го платат за да се стекнат со валидна лиценца. Кога зворуваме за сателитските и кабловските телевизии, никој на сметката не назначува дека крајните корисници плаќаат за контентот и неговата продукција. Тие продаваат пакети, а пакетитет се дефинираат според потребите на одредан група на граѓани и нивните интереси. Не сите пакети содржат спортски, филмски или канали за вести. Дистрибутерот (телевизиската станица) ја формира неговата цена на чинење врз основа на неговите оперативни трошоци,неговите продукциски трошоци (ако има своја продикција) како и врз висината на договорите кои ги има потпишано со контент провајдерите, CNN, BBC, FOX, ESPN, EUROSPORT, SKY, MGM, TNT, PARAMOUNT, National geographic.... Јас како краен корисник можам да изберам да имам филмски и канали за вести, но неморам да имам и спортски итн. Врз основа на мојот избор се одредува и висната на мојата претплата. Со други зборови, никој не ме задолжува да плаќам за контентот, но индиректно јас плаќам за содржините кои сум избрал да ги гледам. Од програмски аспект во интерес е на дистрибутеорт да обезбеди што побогати содржини, да склучи договори со поголем број контент провајдери или продукциски куќи (кои се професионалци во тој домен) со цел да ме убеди дека моите 40, 50 или 100 долари месечна претплата се одлично потрошени пари. Може слободно да се каже дека овие дситрибутери се само продавачи на забава, дилери на професионалните продукциски куќи. Исто како еден дилер на Тојота, тој е само продавач кој е обврзан да ти даде пордшка и ти ја испрача содржината наречена Тојота. Застранивме од темата, но сепка сметам дека дискусијата е поучна и може некому да му помогне околу регулирањето на оваа проблематика во Македонија. Некој треба да направи студија и да дојде до заклучок дали на Македонија и е потребна национална радиотелевизиска куќа, колку ќе чини да се има еден таков сервис, а истовремено да се изнајде финансиски модел кој ќе биде економски оправдан. Норамлно е во едни несредени односи да се има еден ваков антагонистички став према единствената национала радио телевисиска куќа. Луѓето не би имале проблем да плаќаат доколку се убедени дека добиваат соодветна противвредност за потрошените пари. За жал, луѓето не веруваат во вредноста која ја добиваат, избегнуваат да плаќаат за нешто што не користат (ма колку тоа МТВ била од национален интерес) и се подготвени да им плаќаат на некои независни диструбутери кои обезбедуваат побогата и поиздржана содржина. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Satelitskite i kablovskite servisi se provajderi (distibuteri) na kontent, na onoa shto go produciraat radiodifuzijskite kukji, a tie samite mnogu retko se proizvoditeli na programi.
Sodrzhina i kontent znachi isto. Korisnikot na kablovskiot ili satelitskiot servis ne plakja za sodrzhinata (site kanali imaat razlichna sodrzhina), tuku za brojot na dobivanite kanali (programi). Radiodifuzijskite kukji se producenti (proizvoditeli) na programite, a ne dileri. Dileri se servis provajderite (kabel i satelit). Dobar ti beshe primerot so Tojota i dilerite. Tojota proizveduva, a drugi se zanimavaat so prodavanje na proizvodite. Jasno e deka na Tojota i odi vo prilog da napravi podobri avtomobili ( radiodifuzijskite kukji - programi). Vo Makedonija MTV se javuva istovremeno vo dve ulogi - kako proizvoditel i diler. Kako drzhavna ustanova taa uzhiva drzhavna protekcija i dostapna i e kasata na drzhavniot budzhet. Poradi toa, taa mozhe da bara samo individualni donacii, no ne mozhe so sila da naplakja pretplata. Faktichki korenot na problemov ne e vo nea, tuku vo zakonodavecot. Ne mi e jasno kako mozhel da donese zakon za nasilno naplakjanje na proizvod za koj nemozhe da dokazhi deka e koristen od onia od koi go naplakja, a istovremeno ne go finansira od drzhavniot budzhet koga vekje go smeta za drzhaven servis? Ova mu doagja kako drzhavno raketarstvo. Sakal gledal, sakal ne gledal, mora da platish! Изменето од Messenger - 20.Јуни.2010 во 18:34 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам, проблемот е во регулативата и нерешениот статус на МТВ.
|
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |