IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - ХОМЕОПАТИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ХОМЕОПАТИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ХОМЕОПАТИЈА
    Испратена: 25.Февруари.2010 во 16:01
Kolku kaj nas e razviena HOMEOPATIJATA i shto mislite za istata.Dali nekoj ima lichno iskustvo?
Кон врв
-Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 750
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 16:10
Името хомеопатија потекнува од грчкиот збор homio што значи слично, и phatos што значи патње, сочуство... Самиот збор го потенцира главниот принцип на хомеопатијата similia similibus curentor, односно слично се лекува со слично. Хомеопатијата ги лекува заболувањата така што го следи природниот тек на болеста при тоа помагајќи му на организмот да се врати во својата рамнотежа. Додека спротивно на ова „алопатската“ или конвенционалната медицина делува потиснувајќи ги симптомите на болеста.
Кон врв
-Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 750
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 16:11
Постои и емотивната хомеопатија, каде што делувајќи само на одредените чуства му се помага на пациентот да се врати во својата рамнотежа.


Бидејќи не постои болест доколку човекот е во неговата рамнотежа. Но ако таа рамнотежа се наруши како ефект на стрес, тага или пак чуства како омраза, љубомора, тогаш болеста многу лесно доаѓа.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 22:57
ХОМЕОПАТИЈА ....природна сила на човекот !!!

Хомеопатијата е ефективен и научен систем на исцелување кој му помага на природното тежнеење на организмот да се излекува самиот од себе.Хомеопатијата е метод кој го почитува принципот дека сите симптоми на болест се манифестација на дисхармонија на личноста во целост и дека пациентот е тој на кој му е потребна терапија, а не на неговата болест.............губитник

Хомеопатските препарати можат да бидат од растително,животинско и минерално потекло.А ефектот на нивното дејство се состои во тоа што ги стимулираат механизмите за исцелување на самиот организам.

На пример....во случајот на бессоницата класичната терапија ќе предизвика вештачки сон, кој никогаш не резултира со одмореност, а крајниот ефект од таа терапија е што по подолго користење нема да делува а кај вас ќе предизвика зависност.........губитник

Наспроти тоа ,со хомеопатијата се воспоставува рамнотежа и притоа ќе се чувствувате наспано и одморено, а резултатот ќе биде повеќе да не ги користат хомеопатските препарати.Тука е важно да се напомене дека хомеопатските препарати  не се користат доколку нема симптоми.

Во издавањето на хомеопатската терапија најголем акцент се става на пациентот како комплетна личност, а не како издвоена болест.

Хомеопатијата има цел спектар на дејство како на акутни,така и на хронични заболувања.Всушност , нема ограничување во хомеопатската терапија ,бидејќи нема несакани ефекти и не создава зависност.Поради тоа се препорачува како терапија на сите тешкотии за време на бременоста ,кај децата и кај старите и изнемоштени лица..............да

За да ја примите насоодветната за вас терапија потрудете се да бидете што е можно поискрен со вашиот Хомеопат.Кажете му за терапиајата што ја користете.И посетете го хомеопатот со желба да оздравите, а не само за да ја тестирате терапијата.Хомеопатијата постои 200 години и од податоците од Светската здрваствена организација е на второ место од здравствените услуги  според користењето.  На прво место е кинеската медицина.

Бидете едно во себе, не дозволувајте болеста да ве издвои од животот.Помогнете си да ја воспоставите рамнотежата и здравјето да не ви претставува цел, туку состојба.............да



Изменето од bijonse1 - 25.Февруари.2010 во 23:02
Кон врв
Avatar23 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 36
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Avatar23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 09:42
Homeopatijata e odlicna, samo nasive "eksperti", mi sozdadoa samo alergija i se otkazaa. Nekoe pozitivno iskustvo so nas homeopat?
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 02:42
ХОМЕОПАТИЈА

ХОМЕОПАТИЈА ЕДНОСТАВНО ОБЈАСНЕТА


Хомеопатијата е ефективен и научен систем на исцелување кој му помага на природното тежнеење на организмот да се излекува самиот од себе.Хомеопатијата е метод кој го почитува принципот дека сите симптоми на болест се манифестација на дисхармонија на личноста во целост и дека пациентот е тој на кој му е потребна терапија, а не на неговата болест.
Ако прв пат слушате за хомеопатија, оваа идеја може да ви се чини чудна, но Хомеопатијата е воспоставена како терапевтски и научен метод уште кон крајот на 18 -тиот век, значи постои веќе над 200 години.

Татко на хомеопатијата е германскиот доктор на медицина Самуил Ханеман.Зборот хомеопатија е кованица од грчките зборови хомеос-сличен и пхатос- болест,страдање.Од оваа кованица произлегува и основниот принцип на хомеопатијата дека слично се лекува.Или, подобро објаснето-ако страдате од бессоница поради голема возбуда,ќе земете Цофеа тоаста(кофеин), кој примен во поголеми дози ги предизвикува истите симптоми.Исто така во хомеопатијата, покрај принципот на сличност, се почитува и принципот на минимални дози.Значи, хомеопатските препарати доагаат во повеќе кратни разредувања и нема јачина на хомеопатските препарати, разликата во разредувањето е што помалите разредувања имаат полокално дејство(делуваат на ринореата и кивавицата), за разлика од повисоките, за разлика од повисоките, кои делуваат посистематски (делуваат целосно на сите симптоми на поленската треска).
Хомеопатските препарати можат да бидат од растително,животинско и минерално потекло.А ефектот на нивното дејство се состои во тоа што ги стимулираат механизмите за исцелување на самиот организам. На пример,во случајот на бессоницата класичната терапија ќе предизвика вештачки сон, кој никогаш не резултира со одмореност, а крајниот ефект од таа терапија е што по подолго користење нема да делува а кај вас ќе предизвика завсиност.
Наспроти тоа ,со хомеопатијата се воспоставува рамнотежа и притоа ќе се чувствувате наспано и одморено, а резултатот ќе биде повеЌе да не ги користат хомеопатските препарати.Тука е важно да се напомене дека хомеопатските препарати не се користат доколку нема симптоми.
Во издавањето на хомеопатската терапија најголем акцент се става на пациентот како комплетна личност, а не како издвоена болест.Поради тоа во хомеопатијата за едно исто заболување се издаваат различни препарати .на пример во случајот на труење со храна кај пациентите со поизразени симптоми на повраќање и гадење се издава Нуџ Вомица,додека кај пациентите со поизразена дијареа се издава Алое.
Хомеопатијата има цел спектар на дејство како на акутни,така и на хронични заболувања.Всушност , нема ограничување во хомеопатската терапија ,бидејќи нема несакани ефекти и не создава зависност.Поради тоа се препорачува како терапија на сите тешкотии за време на бременоста ,кај децата и кај старите и изнемоштени лица.
За да ја примите насоодветната за вас терапија потрудете се да бидете што е можно поискрен со вашиот Хомеопат.Кажете му за терапиајата што ја користете.И посетете го хомеопатот со желба да оздравите, а не само за да ја тестирате терапијата.Хомеопатијата постои 200 години и од податоците од Светската здрваствена организација е на второ место од здравствените услуѓи според користењето. На прво место е кинеската медицина.
Бидете едно во себе, не дозволувајте болеста да ве издвои од животот.Помогнете си да ја воспоставите рамнотежата и здравјето да не ви претставува цел, туку состојба.


Основни принципи на хомеопатијата

 

Витална сила

Ова е првиот принцип по кој хомеопатијата се разликува од класичната медицина.

Виталната сила е енергија која го анимира телото, ги одржува неговите функции, се однесува како негов регулатор, се со цел да ја одржи хармонијата на телото. Таа не може да се измери, но со набљудување може да се процени колкава е животната сила на некоја особа. Во кинеската традиционална медицина оваа енергија се нарекува чи, а во ајурведската прана. Со други зборови тоа е виталноста на еден организам.

 

Законот на сличноста

Ова е основниот принцип на кој се базира хомеопатијата. Тоа значи дека супстанцата која предизвикува одредени симптоми кај здрава особа, може да се искористи за лекување на истите симптоми кај болна особа.

На пример

Allium cepa – кромид се користи за лекување на состојби кои имаат исти симптоми и сензации како кога сечеме кромид (солзење на очите, надразнување на носот).

 

Предизпозиција

Секоја особа има одредена склоност и предиспозиција и различно реагира на различни болести. Ова зависи од квалитетот на виталната сила и таа воглавно останува иста во текот на животот, но некои фактори можат да ја влошат состојбата (пушење, алкохол, лоша исхрана) и да го направат организмот поподложен на болести. Затоа, избалансиран урамнотежен живот, правилна исхрана и добар хомеопатски лек можат да ја намалат склоноста кон многу болести. 

 

Мијазми

Мијазмата е пореметување, грешка на животната сила. Ханеман во почетокот од применувањето на својот нов хомеопатски начин на лекување имал добри резултати, но со тек на времето приметил дека симптомите или болеста по извесно време се враќаат. Со години ги анализирал хроничните случаи и дошол до заклучок дека причина за тоа се мијазмите.

Тој ги поделил на три основни видови на мијазми

Псора – најстарата мијазма, основата на сите болести, која настанала со супресија на кожните промени и ерупции

Сикоза – потекнува од супримирана гонореја

Сифилис – потекнува од супримиран сифилис

 

Испитување на лековите

Секој лек кој се користи во хомеопатското лекување поминал низ процесот на испитување. Приготвениот лек се дава на група здрави испитаници (со контролна група – едни го добиваат лекот, а други плацебо) се до појавувањето на првите симптоми. Се прави прецизно и детално забележување на сите симптоми на физичко, емотивно и ментално ниво. Вкупните собрани симптоми ја представуваат сликата на лекот.

 

Потенцирање на лекот

Хомеопатскиот лек делува на виталната сила и причината за појава на болеста, а не на симптомите кои се последица на истата. Бидејќи виталната сила е динамична и лекот кој го даваме мора да биде динамичен, што се постигнува со потенцирање на лекот. Потенцирањето на лекот е посебна постапка кој се состои од разблажување-разредување и силно протресување на шишенцето во кое се наоѓа лекот (удирање на шишенцето од тврда подлога), така да во хомеопатскиот лек нема ниеден молекул од основната супстанца од која е направен.

 

Правило на препишување на еден лек

Хомеопатијата е холистичка метода и затоа симптомите ги посматра како израз на пореметена витална сила и врз основа на тоталитетот на симптомите се препишува еден лек кој го покрива основното пореметување на виталната сила.   

 

Херингов закон – насоки на излекување

Овој принцип го поставил Константин Херинг, следбеник на Ханеман. По овој закон го пратиме текот на хомеопатското лекување, односно движењето на симптомите.

  • Од внатре кон надвор – ако симптомите се движат од внатрешните органи кон кожата тоа значи дека препишаниот лек е добар и лекувањето се одвива во вистинска насока.
  • Од поважни кон помалку важни органи – ако симптомите се повлекуваат од срце и одат на зглобови, лекувањето добро се одвива.
  • Од горе према долу – ако пациентот има кожни проблеми на лицето, а после дадениот лек симптомите се спуштат на кожата околу половината, тоа значи дека пациентот се подобрува.
  • Од симптомите кои последни се појавиле кон симптоми кои први се појавиле – добро е кога симптомите се повлекуваат по обратниот редослед од нивното настанување.

 

Хомеопатија и здравје

Хомеопатите го дефинираат здравјето како состојба на слобода на сите три взаемно поврзани нивоа- физичко, емоционално и ментално ниво.

Здравата особа е физички витална и ослободена од физиолошки недостатоци, со емоционален мир и слобода во изразувањето, со ментална бистрина и креативност.

Хомеопатските лекови ја поттикнуваат природната способност на организмот да се излекува. Има широка примена како превентива и како начин на лекување на хронични и акутни состојби. Хомеопатијата пружа можност на природен начин да се врати нарушената рамнотежа.

 

Хомеопатски лекови

Хомеопатските лекови се добиваат од природни супстанци од минерално. Растително или животинско потекло и се потполно нештетни заради тоа што се многу разредени и се земаат во минимални дози. Теоретски секоја природна супстанца е потенцијален лек, а до денес се испитани околу 3000. Бидејќи не предизвикуваат несакани ефекти, па како такви се погодни за примена кај бебиња, деца, трудници и стари луѓе.

Хомеопатските лекови можат да се користат истовремено со алопатските лекови, но не би требало истите нагло да се прекинат бидејќи може да настане влошување. Во текот на хомеопатскиот третман пациентот може постепено да ги намалува дозите и да престане да ги зема алопатските лекови, кога ќе настапи излекувањето.

Лековите треба да се чуваат на темно место, подалеку од електомагнетни зрачења, топлина и јаки мириси. 

 

 

Денешниот статус на хомеопатијат во светот

По брзото ширење на популарноста на хомеопатијата пред 200 години кога била откриена, подоцна доживува стагнација, за да во последните 30 години забележи импресивни статистички податоци. Нејзината популарност е најголема во Европа и Азија, а потоа и во Америка.

Во однос на бројот на луѓе кои ја користат оваа метода на лекување, хомеопатијата се наоѓа на второто место, после кинеската медицина, а после неа се наоѓа фитотерапијата.




Изменето од ФорумскаБаба - 23.Јули.2010 во 05:06
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Pejik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pejik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 11:51

Имам пиено хомеопатски препарат со седативно дејство,но не сум задоволен од него,иако на почетокот делуваше!

Друго сметам дека хомеопатскиот препатат не треба да се пие заедно со останати суплементи,зошто има несакани дејства!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.