|
Манастирот Свето Преображение во Крушево |
Внеси реплика |
Автор | |
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Јуни.2010 во 11:02 |
Дали сте биле во Манастирот Свето Пребражение во Крушево ?И какви се вашите впечатоци...ако имате слики може и некоја слика да поставите.
|
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е изјавата на премиерот на вчерашното осветлување на манастирот
Ова е едно од оние места кои не поврзуваат со Тоше. Неговите зборови вечно ќе одекнуваат одовде. Манастирот, осветувањето и патот ги чуствуваме како должност кон Тоше. Денешниот ден има голема сомболика. Манастирот ја доби својата светлина, а светлината е симбол на животот и на вечноста, рече Груевски, додавајќи дека манастирот е вечен спомен за неговиот дух. |
|
One_lovE
Сениор Ветеринарка Регистриран: 10.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, ова лето ми пружи конечно можност да отидам за Крушево и секако отидов и до манастирот. Слушав пред тоа многу приказни, како местото е посебно, како се чувствува присуството на Тоше и искрено јас Тоше лично не го знаев, само еднаш го имам гушнато на еден концерт и толку, па затоа не ни очекував дека ќе го доживеам како нешто неверојатно.
Прво патот до таму, делот што го поминуваш низ шумата е прекрасен, јас толку убава и густа шума не сум видела во мојот живот, самото тоа ме тргна од тоа зградите во Скопје и како да се најдов во друг свет.. Стигнавме до манастирот, одма гледаш огромен како билборд со ликот на Тоше и неверојатно чист воздух.. и тишина. И неверојатен мир. Луѓе јас таков мир, таква смиреност не памтам кога последен пат сум почувствувала.. Нешто бев нервозна тој ден, бев вознемирена и наеднаш престанав да сум нерасположена, ми изгледаше беззначајна причината за мојата нервоза. Отидовме до влезот и не пречека како добри пријатели, чичкото на Тоше. Ни го покажа каменот што Тоше го бакнувал секогаш и ни раскажа до каде се работите со крстот, со манастирот. Му се гледаше тагата во очите, ама сепак толку беше љубезен и непосреден со мене и моите родители, а прв пат не гледа.. Тоа ми остави голем впечаток. Прошетавме и отидовме до спомен собата и само осетив празнина во мене.. Сакав да останам подолго на манастирот, ама моравме да одиме.. Мирот што таму го осетив, го нема на друго место. Секогаш кога сум нервозна мислам на тоа место и ми помага. Сега едвај чекам во декември да си дојдам во Македонија и обавезно ќе отидам за Крушево. Кој не бил да отиде. Да отиде без никакви очекувања, самиот поглед врз Пелагонија и шумата и чистиот воздух ќе ве воодушеват и ќе ве тргнат од напорното секојдневие! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |