|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 2829303132> |
Автор | |
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Серафим Саровски
Секој успех во било што треба да Му Го препишуваме на Господа и со пророкот да говориме: Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава (Псалм 113:9). |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Non nobis, non nobis, Domine Sed nomini tuo da gloriam.
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ава Зенон
Оној кој сака Бог брзо да ја услиши неговата молитва треба пред сѐ и пред да се помоли за својата душа да се помоли за своите непријатели. Ако прави така Бог ќе го услиши во сѐ што ќе побара. Изменето од Maran Ata - 16.Мај.2010 во 13:00 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Максим Исповедник
Изгони ја од себе негрижата и со тоа ќе го изгониш злото кое е погрешна употреба на мислите, на која ѝ следува злоупотребата на нештата. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ава Јаков
Оној когошто го фалат нека си спомне за своите гревови и така нема да заборави дека не е достоен за тоа што е речено за него. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Јован Златоуст
Сакаш да му оддадеш почит на Телото Христово? Не игнорирај го ако е голо. Не Му оддавај почит во храм облечен во свила, за потоа да Го занемариш надвор каде што е студено и лошо облечено. Тој кој кажа: "Ова е моето тело" е Истиот кој кажа: "Што и да им сторите на најмалите мои браќа, мене сте ми го сториле"...Каква добрина е ако Евхаристиската маса е преполна со златни пехари, кога братот твој умира од глад? Започни со задоволување на гладот а потоа со она што ќе остане, можеш и да го украсиш олтарот истотака. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Авва Евагриј
Најлоша сопственост е недоличниот живот. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Пајсиј Светогорец
Кога ве навредуваат, прифатете го тоа како голем Божји благослов. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PREUBAVO I VISTINSKI. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Треба ли да ги гледаме кралевите и принцовите за да ги видиме разликите помеѓу богатите и сиромашните? Треба ли да бараме војници да појдат и да го земат златото на богатите и да го поделат помеѓу сиромашните соседи? Треба ли да го молиме императорот да наметне давачки на богатите, толку големи што ќе го доведе нив до нивото на сиромашните, а потоа да ги подели добивките од давачките на сите? Еднаквост наметната со сила нема да постигне ништо, а ќе направи многу штета. Оние кои што имаат сурови срца и остри умови наскоро повторно ќе најдат начини за да се обогатат. Уште полошо, богатите чие што злато било одземено ќе се чувствуваат огорчени и навредени; додека пак сиромашните кој го добиле златото од рацете на војниците нема да чувствуваат благодарност, затоа што немало дарежливост која што го поттикнала подарокот. Далеку од тоа да донесе морални придобивки за општеството, всушност ќе донесе морална штета. Материјалната правда не може да се постигне со принуда, нема да следи промена во срцата. Единствен начин да се постигне вистинска правда и превенствено да се променат човечките срца- потоа тие радосно ќе го делат нивното богатство.“
Свети Јован Златоуст |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поуки од Свети Исак Сирин
„Нека ве гонат, но вие не гонете ги другите. Нека ве распнуваат, но вие не распнувајте ги другите. Нека ве навредуваат, но вие не навредувајте ги другите. Нека ве клеветат, но вие не клеветете ги другите... Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат. Тоа е знакот на чистотата. Страдајте со болните. Тагувајте со грешните. Воскликнете со оние кои се каат. И секому бидете пријатели. Но, во духот останете осамени... Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го. И доколку не можете да ја превземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност.“
†††
Кога во човековиот ум пламти сеќавањето на Бога, тогаш и срцето негово се разгорува со огнот на љубовта Божја, а неговите очи постануваат вруток на обилен плач. Човекот кој се наоѓа во ваква состојба никогаш не е без солзи, оти тоа што го тера постојано да се сеќава на Бога секогаш врие во него. Таквиот човек разговара со Бога дури и кога спие. Зошто љубовта потребува сé да биде вака. Тоа е совршенството кое започнува уште во овој живот. Оној кој ја стекнал љубовта, Го вкусува Христос секој ден и секој час, со што постанува бесмртен. Љубовта е многу послатка од животот. Оној кој се здобил со љубовта се облекува во самиот Бог. |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св„Антоније Велики“
Оној што го оставил светот навлегува во сосема нова животна област, која, иако не му е сосема непозната, сепак си ги поставува прашањата: „Што да се прави? Како треба да се живее?“На сб.Антониј често му ги поставувале овие прашаеа.Еве ги неговите одговори. Со вакви прашања му се обратил и абба Памво, а св.Антониј му одговорил: “Не надевај се на својата праведност, кај се вистините за некогашните гревови; зауздај ги јазикот срцето и стомакот. Еве што уште му рекол на абба Пимен, одговарајќи на едно од овие прашања:Најславното дело што може некогаш човек да го направи е: да ги исповеда сите гревови пред Бога и пред своите старци, да се самоосудува, да биде готов да го пречека секое искушение-се до своето последно издивнување Некој друг го прашал цвети Антониј што треба да прави, за да му угодина бога, а светиот старец му одговорил:каде и да појдеш имај Го секогаш Бога пред себе си-пред своите духовни очи;што и да правиш имај потврда за тоа во светото писмо;во какво и место да живееш не напуштај го често, Запазувај ги овие совети и ќе се спасиш.На еден друг свој ученик му го дал следниов совет: “Имај одвратност спрема својот стомак, спрема барањата на овој свет, спрема похотта и спрема човечката чест; живеј така и како да не живееш во овој свет, и ќе добиеш спокој“ Цвети Атанасие Велики пишува дека свети Антоније вака ги поучувал браќата, кои доаѓале кај него: Секогаш имајте страв пред своите очи; спомнувајте си за Оној, Кој дава и смрт и живот(1.Цар. 2,6). Намразете го светото и се што е во него;намразете го секое телесно успокојување;одречете се од својот живот, за да живеете за Бога, зашто Он ќе го побара тоа од во судниот ден. Гладувајте, жеднувајте, одете недооблечени, правете бденија, плачете, ридајте, воздивнувајте во своето срце;самоиспитувајте се дали сте достојни за Бога..Презирајте го телото за да ги спасите вашите души така светиот наш отец Антоније ги советувал своите браќа своите ученици и своите ближни за да можат да се удостојат , да ги удостојат, своите души за царството Божјо!
Овие поуки треба да ни бидат спасение на нашите души...!
|
|
Внеси реплика | страница <1 2829303132> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |