IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 23:42
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Вака мене ми се обрати една персона:Кое име е трајно? Низ историјата се памтат пропаднати, заборавени имиња на држави, империи. Каде е сега Месопотамија...Персија... Рим ...???? Некои се свеле на мали земјички, некои ги однемало, некои се распарчиле.Малку треба (ако се скачкаме со меѓнародната заедница) да не поделат (како што барал Љубчо), кој ке не брани, кој ке застане зад нас.И што ке ни остане, педа земјазбунетостСи дојдов дома малку подзамислена. Ова плашење е или реалност? Може ли ова да ни се случи? Имаат ли право лугето кои така размислуваат?тага

Мој предлог е на "таа персона" да и поставиш 3 прашања:
1.Дали тогаш(во далечното минато)важело Меѓународното право?
2.Што претставува меѓународното право,зошто е донесено,дали служи за да ги заштити "помалите" и стави во еднаква положба како и "поголемите","посилните"?
3.Дали во тоа време владеела политика на меѓународни принципи,кодекси или политика на војувања,разделба на територии?

Сведок си поради постоење на меѓународното право,помалите земји се далеку во порамноправна положба со посилните.
Секако дека постојат и денес различни методи на уцени и притисоци(вето за влез во организација,ембарго на увоз/извоз итн),за да ја исполниш желбата на некоја поголема сила,но сепак имаш избор да го направиш тоа доброволно(со твоја согласност и потпис) или ќе се спротиставиш за разлика од порано кога тоа било насилно без никој да те праша(пр.Бук*решки договор делба на народот и територијата без да прашаат дали на овој простор има народ кој сака заеднички да живее во своја самостојна независна земја Вардар+Егеј+Пирин).

Значи затоа денес и притисокот е на наша страна,за ние самите да се откажеме(со наш потпис) и прифатиме нешто што они од надвор неможат насилно да ни го направат,без наша согласност...значи тие неможеа ни референца да ни стават без ние самите да се потпишеме.
Затоа е и последната шпекулација далеку невистинита кога Делавек*рас рече дека САД+неколку помоќни земји од Европа ќе седнеле на маса заедно со членови од ООН и ќе ни ставеле име без нас да не прашаат а тоа ќе важело за меѓународна употреба без разлика дали ние ќе сме сакале или не.-Тоа е апсурд,поголема лага неможе да постои!!!
А тоа за влезот во ООН не е доказ дека си држава,а во спротивно не си-покажува и примерот со Косово...иако не е во ООН сепак е самостојна држава.
-Во тој случај ако не си членка на ООН губиш меѓународна финансиска мултилатерална помош во форма на кредити од меѓународни фондови,неможеш да имаш аранжмани со ММФ,не можеш да извезуваш надвор од земјата итн...но затоа пак
постојан
билатерални(финансиски,правни,трговски,воени)договори... а со добра надворешна политика земја по земја можеш да ги придобиеш и да создадеш пријатна општествено економска клима!!!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 02:32
Како поткрепа на муабетот за идентитетот и придавките, текст од Владимир Петковски, универзитетски професор и поранешен амбасадор:


Пресудна битка за придавките

Битката за придавките како ознака на идентитетот Грција веќе ја бие со сите расположиви средства. Најсвеж пример за тоа се огорчените настојувања во дебатата во Европскиот парламент по повод Извештајот за Македонија да се бришат сите придавки. Од аспект на придавките, со сегашниот нивни предлог за географска одредница во името - Република Северна или Горна Македонија - државјаните на земјава би биле „северномакедонци“, државјанството „северномакедонско“, јазикот „северномакедонски“ итн. Значи, клучното прашање е идентитетот, поточно, неговото меѓународно манифестирање. Тоа е алфа и омега на нивниот пристап, а начинот да се негира идентитетот е да се промени името со додавање придавка што ќе стане дефинитивен составен дел на идентитетот. Само во овие релации го гледам заемниот однос на името, референцата, идентитетот.

Попрецизно, каква е релацијата име/придавка? Придавката произлегува од именката, т.е. во овој случај, од името на земјата. Повторувам, придавките македонски (граѓанин), македонско (државјанство), македонски (јазик), македонско (општество, стопанство итн.) се врзани т.е. произлегуваат од името на земјата. Затоа за нас е многу битно овие придавки, кои сега недостасуваат, конечно да ги внесеме во личната карта на Македонија во ОН. Како појаснување, секоја земја во ОН има лична карта, која се состои од четири елементи: долго т.е. официјално име, кратко т.е. техничко име, придавка за јазик и придавка за народ. Ова е битно и заради фактот што овие придавки/ознаки, по автоматизам, ги преземаат и ги внесуваат во официјално користење и Советот на Европа и ЕУ.

Малку се зборува за еден друг аспект на прашањето за името, а тоа е таканареченото долго или официјално име и кратко или техничко име под кое се заведени земјите во списокот, адресарот на ОН. Кај нас ова прашање е во сенка на „главната дебата“ за името. За нас, како Република Македонија, овој аспект на прашањето за името е исто толку важен колку и користењето на референцата. Долгото име на Германија е Сојузна Република Германија, а краткото - Германија. Идентично, Руската Федерација - Русија, Француската Република - Франција. Уставното име на поранешна Југославија се менуваше неколку пати по Втората светска војна, но краткото име секогаш остануваше - Југославија.

Какви би биле пораките од оваа практика за Македонија? Со приемот на земјата во ОН во 1993 година под референцата поранешна југословенска Република Македонија, наместо под уставното име, создадена е ситуација во која референцата во меѓународната комуникација всушност фигурира како еквивалент на долго име. Македонија, засега, е единствена земја во ОН што нема кратко име.

Нагласувам, битката за краткото име што би морале да ја избориме е исто толку важна, бидејќи токму со него земјите се претставени во сите меѓународни организации. Опасноста од географската додавка на нашето име, на што жестоко инсистира Грција, е во тоа што придавката лесно се лепи за името на земјата и на тој начин се наметнува како решение и за придавките, македонски/македонско. Згора на тоа, краткото име полесно прозвучува и влијае врз формирањето на перцепцијата за земјата кај обичните луѓе, особено во меѓународните рамки. Да ги земеме за пример големите меѓународни спортски и културни манифестации - Олимписките игри, светските и европските првенства, регионалните натпревари, Евровизија и слично, на кои земјите се претставени со нивните кратки имиња.

Колку за појаснување, акронимот ПЈРМ во овој контекст нема никаква врска со краткото име. Иако е тоа несоодветен, би го нарекол, „нелегален акроним“ што го наметнува Грција, на прв поглед за да навреди и омаловажи, се работи за добро смислено подметнување со кое настојува на мала врата да го заобиколи зборот Македонија и да го наметне во јавната комуникација како еден вид колоквијално име. Тоа е само еден политичко-психолошки „ќор-фишек“, бидејќи и самите знаат дека обидите за користење на правно непостојниот акроним се однапред осудени на неуспех. Во овој поглед тие, иако ги знаат добро меѓународните норми, сепак, често се обидуваат според логиката, пробај, можеби ќе успееш, да наметнат такво означување на разни меѓународни собири.

Многу е важно колку ние како претставници на разни меѓународни собири сме вешти и добро подготвени да реагираме на ваквите провокации. За жал, често се случува наши претставници од разни области, поради неинформираност, лоши подготовки дома, неукост или недоволна координираност со МНР. Во вакви околности наједноставно е да се побара од организаторот да се користи референцата во целосен назив или во форма на ПЈР Македонија, а не акронимот ПЈРМ.

Овие аспекти на прашањето за името се од посебна важност и укажуваат на можните опасности од несоодветно решение на спорот со името врз идентитетот на земјава во меѓународен контекст.

Повеќе од очигледно е дека, според потезите на грчката надворешна политика во последниве 18 години, оспорувањето на официјалното име на Република Македонија е само преттекст за пошироко негирање на македонскиот идентитет, вклучувајќи го и прашањето на македонското национално малцинство во Грција.



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 02:39

 Se soglasuvam so tekstot sto go izlozi  Anastea pogore od prof. Vladimir Petkovski.

Mozebi, ako vekje se bara kako kompromis  geografska odrednica ,i ako toa bide Severna, treba da stoi pred Republika Makedonija, pa da bide S.R. Makedonija.


Togas moze da bide razumen kompromis, i Grcite zadovolni a i nie zadovolni.


No, dali namerite na Grcija se iskreni kon nas i dali ke se soglasat taka da bide?збунетост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 02:55
Кога сме кај намерите на Грција, дали се искрени или не, едно сведоштво од Дора Бакојани:


Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Бакојани отстапила од „црвените линии“


Важно за едно се согласни, црвената линија не смее да се помине, а таа е: “...ниедна грчка влада не може да прифати постоење на т.н. македонски етнос, идентитет и јазик. Тоа всушност беше и духот на ветото на Самитот на НАТО во Бук*решт“!



Дали некој верува во искреноста на намерите на Грција?
И дали уште ќе се залажуваме дека се’ ќе се заврши со промената на името???


Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 17:54
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 18:01
...ajde bee?!изненадување...mnogu jak ovoj o'gang izgleda...

...tuku,...ako i ja snema ,..nikoj nema da i bide kriv ,

..osven samata taa....

...t.e poedinci ,..koishto narodot si gi biral da gi vodi,...

...a ne da gi....eliminira!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 19:52
неОвој Робин...да не е некој пензионер и лобист па да кажува она што се очекува од него, всушност за тоа што е платен?да
И некако овој наплив на фактори од надвор кои всушност немаат никаква политичка тежина во моментов...зошто даваат изјави за јавноста и се труби на сите звона.не?
Еве ги и нарачаните однадвор..вувузели и мегафони..видете ги наредните листи за парламентарци од дијаспората...тие гарант ќе бидат на листите.не..
Сепак САКАМ да чујам предлози и ставови на ВЛАДАТА И ПРЕГОВАРАЧИТЕ а не на нејзини полтрони...Сепак владата ќе одлучи.да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 13:12
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 13:18
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 15:02
Originally posted by емил емил напиша:

 
 линкот не функционира ,новаце
 
Или поинаку:
НОВА Македонија од Петок 08.10.2010 година , број 22103
Содржината е следна:

Конечно, Друцас ги отвори грчките карти

Тој им порача на сите дека не се работи за името на државата, туку за т.н. „македонско прашање“! Стави до знаење дека името е само параван и начин да се постигнат многу подлабоки цели

1. Деновиве, на Генералното собрание на ООН, Друцас докрај ги отвори грчките карти, за да нема никакви дилеми за суштината на проблемот. Во дебатата тој рекол: „Спорот со името не е билатерален проблем и не е ситничарење за историски симболи, како што некои сакаат да го прикажат, туку регионално прашање, со длабоки историски корени, врзано за добрососедските односи!“

Со други зборови, Друцас им порача на сите дека не се работи за името на државата, туку за т.н. „македонско прашање“! Стави до знаење дека името е само параван и начин да се постигнат многу подлабоки цели. Името на нашата држава, која е прогласена во 1944 година, нема толку „длабоки историски корени“ за на него да се однесува оценката на Друцас, ниту тоа може да биде „врзано за добрососедските односи“. Во никој случај името не е ни „регионално прашање“ кое ги вознемирува соседите, како што тврди тој. Тоа можат да бидат само Македонците. Името на државата не им пречи ниту на Бугарија (спорни им се точно Македонците), ниту на Србија (црквата индиректно го оспорува народот), ниту на Албанија (која се држи до референцата надевајќи се дека Атина ќе го обезличи народот). Периодот на кој мисли Друцас е далеку пред Втората светска војна. Тоа е времето кога се делеше Македонија и кога беа оспорувани Македонците.

2. Што повеќе требаше да каже Друцас, или кој било од неговите, за да се разбере суштината на проблемот? Веројатно не сакајќи, тој го девалвира и „силниот“ адут на некои за т.н. „антиквизација“ - која, демек, ја поткопала позицијата на државава во спорот. Точно е дека таа не ни требаше во овој момент, ама тој им плисна во лице дека проблемот е многу подлабок отколку „ситничарење за историски симболи“.

3. Говорот на Друцас, прочитан во ООН, е уште една шлаканица за нашите ‘рбетовиткачи. Тие не смеат да признаат дека ова е обид да се затвори „македонското прашање“ со промена на идентитетот на народот. Ако тоа го сторат, „теориите“ им паѓаат во вода и ќе си ја пресечат гранката од која верглаат бесмислици и создаваат раздор во државава.

4. После говорот на Друцас веќе не мораме да ја прашуваме Атина што всушност таа бара, како јавно во ТВ-дебата предложи еден претседателски кандидат. Намерно како и другите истомисленици, и тој ја игнорира целта на Атина, ама „незнаењето“ воопшто не му пречи да поддржува и да промовира решенија за проблемот, кои се спротивни на нашите долгорочни национални интереси.

5. Тажна е вистината дека Атина настојува да го увери светот дека Македонците се сé уште јаболко на раздорот на Балканот и дека затоа треба да се прекрстат. Тоа што не сме на крајот на 19 туку веќе во 21 век, за нив - нема значење. Барем кога сме ние во прашање. Позитивно е што Друцас ја откри вистината за спорот, која досега ја криеја. Тоа е убава можност за наша соодветна реакција.

6. Сепак, факт е дека Македонците, во рамките на поранешна Југославија, не „бодеа“ толку очи бидејќи тие ни во самата федерација не доаѓаа (доволно) до израз. За надвор од неа и да не зборуваме. Надворешната политика беше во рацете на Белград, со одредено влијание на Загреб и на Љубљана. Ние (речиси) не се мешавме. Распадот на СФРЈ, меѓутоа, ги промени работите. Атина рано сфати дека независна македонска држава неизбежно ќе го промовира македонизмот. Свесна дека тоа мора да се спречи, во август 1988 година, таа за прв пат во историјата почна официјално да го користи името на регионот, Македонија, и за северниот дел од земјата и за три дистрикти. Целта набргу се потврди: да се оспори постоењето на Македонците, надвор од Грција.

Со тоа, почна ново, современо игнорирање на националниот идентитет на македонскиот народ, директно проблематизирајќи го и самото постоење на негова држава. Крајот на исклучително тешката голгота, и за народот и за државата, која трае речиси 20 години, не се наѕира.

7. Самитот во Лисабон, во ноември, нема што да одлучува за нас. Алијансата веќе го верификува нашиот прием, ама под неприфатлив услов. Засега, понудата е јасна: како Македонци не можеме да влеземе ниту во НАТО ниту во ЕУ. Ние сме на потег. Ако сакаме нешто да промениме, мора да се тргне во офанзива. Нема индикации дека тоа се прави. А на располагање имаме низа практични, политички и дипломатски чекори, кои треба и мора да ги преземаме. Со молчење, само си ја влошуваме веќе незавидната позиција.

8. Пред што било друго, треба да се преиспита нашиот однос кон НАТО. Брисел не заслужува наши војници и лекари да ги ставаат во опасност своите животи за нивните (проблематични) цели, а за возврат, тие да нé понижуваат. Тоа мора под итно да се преиспита. Зошто би го промениле тие својот однос, ако од нас добиваат сé што сакаат? Да биде апсурдот поголем, ние уште и го зголемуваме учеството во нивните опасни мисии. А згора на сé, наши „експерти“ тврдат дека ние не претставуваме никаков стратегиски интерес ни за Вашингтон, ни за Брисел! Ако продолжиме вака, сигурно дека ниту сме, ниту ќе бидеме.

9. Без да се преценуваме и не негирајќи го нашиот нагласен интерес за членство во НАТО, треба да тропнеме на маса и да кажеме дека уцени не прифаќаме. Ако немаме к*раж за такво нешто - со право (ќе) нé онадат.

10. Не треба да се заборава дека ниту САД, ниту НАТО, ниту ЕУ немаат никакви „светли точки“ веќе подолго време. Поминува половина од мандатот на Обама - без (некаков) успех. Светска економска криза, Авганистан и Ирак во хаос, еврото под прашање, БиХ... Единствена шанса со нешто да се пофалат, како изгледа, сите гледаат во можноста да се реши нашиов проблем. Би биле среќни ако не се обидуваа тоа да го постигнат со жртвување на Македонците.

Дали ќе успееме да ги спречиме, зависи пред сé од нас.

Авторот е поранешен амбасадор
 
   
Автор: Ристо Никовски  
 
   

 

 

 

 

 



Изменето од Анастеа - 11.Октомври.2010 во 01:10
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 16:44
......poleka be malku,...kaj se djapash?изненадување
 
...ti go osporuva samo onoj nametnatiot od nekoi tuka identitet ,a ne vistinskiot....
- i....ambasoadorot vika:
"................ Свесна дека тоа мора да се спречи, во август 1988?! година, таа за прв пат во историјата почна официјално да го користи името на регионот, Македонија, и за северниот дел од земјата и за три дистрикти. Целта набргу се потврди: да се оспори постоењето на Македонците, надвор од Грција."
 
...ajt'  majkataa?!изненадување...
 
 
...ovie grcive , pokraj se drugo i vidoviti da ti bile,a?изненадување
 
...pa, osetile ili nekoj im shepnal deka gorniot komshija ke im se raspadne , pa ajde, si rekle...pobrzo da prekrstime nie  se i seshto...za da gi dupime posle novite komshii,.....a?
 
...a, kolku shto pamtam , ushte pred triesetina godini sum videl tamu natpisi makedomija,...dodushe,...se chudev togash , otkaj pa i tamu  taa...ama..
 
 
...sega mi e pojasno,..shto ,..kako ,...i zoshto !да


Изменето од brza - 10.Октомври.2010 во 16:45
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 16:49
Абе Брза, не од 88'ма, туку од пред 10 години се знаеше дека е готова работата со Југославија штом умро је највечи мрав.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 17:02

бла, бла, бла... Се тече, се се менува, само името било одсекогаш и ќе остане засекогаш. Поради тоа што само уште глупоста е непроменлива категорија, сами изведете го следниот заклучок.

Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 17:06
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Абе Брза, не од 88'ма, туку од пред 10 години се знаеше дека е готова работата со Југославија штом умро је највечи мрав.
navistina?!изненадување
 
...e, pa sega e jasno zoshto i pred triesetina godini imashe makedonija tamu,..
 
..a i sigurno imalo,so desetici godini porano !да
 
mozebi , zashto celo vreme " se tresele grcite kutri...i se pitale...
...shto ke pravat ako nekogash se svestat onie od ...ogre?!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.