IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
    Испратена: 06.Јуни.2010 во 20:29
Постојат 3 основни цели кои сакаат да се остварат преку менување на името:
1.
Во ЦИА во 1975год е донесена "Програмата за исламизација на Европа" која на Конференцијата на исламски држави во Џеда 1988 е прифатена.
Секојдневно слушаме дека се вели "Затворање на јужното крило на НАТО"-да тоа е точно ама за какво затворање зборуваат??!
-Постојат 2 вектори на кризи:исток-запад и север-југ!!!
За овој регион е битна трансверзалата исток-запад(Зетра,зелена трансверзала...или некои ја нарекуваат патот на свилата-"свилен пат)".
На оваа трансверзала долги години постои проблем за големите играчи.
Планот е затворање на трансверзалата од Британија до Ирак,Афганистан и обратно од Ирак и Афганистан до Британија и Скандинавија.
Ете токму на овој крстопат се наоѓа и Македонија-од кои едниот пат треба да води до Скандинавија а другиот до Западна Европа.
Секако дека во оваа глобална геополитика САД си има спротиставени интереси во однос на Европа-(која може секој да види дека е исплашена од напливот на мулсимани во Европа,највеќе во Франција и Германија).
Со тој план на ЦИА,МКД е планирана да влезе во картата на исламските земји.
Во 1990,1991год Грција нема вистински сериозни проблеми со нашето уставно име(секако дека имаше некои групи националисти кои тоа го поврзуваа со историјата со Античка Мак. но тоа не беше вистинскиот проблем.)
Главниот проблем беше Турција.Блискиот соработник на американската политика-премиерот на Турција-Озел,во тоа време јасно кажа во Њујорк дека:Сега е време Турција да ги обнови своите османски граници во економска и културолошка смисла.
Резулат на тоа негово тврдење и неговата политика е дека за првпат турски воени бродови влегоа во Драч,за првпат албански воени офицери отидоа во Турција и во исто време Албанија стана членка за Заедницата на исламски држави.Малку подоцна за првпат во Македонија дојде 200души делегација од Турција.
Проценките се на еден начин:Македонија е етноцентристичка држава.Таа етноцентристичка држава таква како што е создадена има сериозен проблем заради демографскиот дисбаланс.
Геополитички се оди на карта зближување на Турција со муслиманите на балканот.Идејата што ја одигруваше Турција за време и по војната во Босна и Херцеговина претеше да ја заобиколи Грција,односно геополитички да ја изолира-нешто што за грците е страшно како ксенофобичен народ.
-Од тие причини проценките говорат дека за 25-30г дисбалансот во Македонија ќе го генерира "либанското сценарио" од 1943.
Заради сето ова во тоа време се планира да се изврши пресија врз Македонија,да прифати или блага варијанта во Југославија или да се воспостави идејата на Милошевиќ и Мицотакис за заедничка српско-грчка граница.
Значи не се работеше за никаква лична омраза или хирови,туку во тоа време имаше сериозна игра која заврши со погрешни грчки проценки.
Оваа игра беше многу сериозна вклучувајќи ја трансверзалата БиХ-Узбекистан,каде имаше предлог на американската администрација да се попушти во Узбекистан за тие да попуштат во Босна и Херцеговина.
Таа игра беше огромна за големите играчи на Балканот(Грција и Турција) кои нажалост самите влегоа во таа игра.
Како доказ за блискоста на американсата дипломатија со планот на ЦИА(види погоре) и идејата на турскиот премиер Озел е и 1995година кога Фрањо Туѓман и Милошевиќ ја делат Босна,а од американската администрација му е речено на Туѓман да прекине со соработката со Милошевиќ и да се поврзе со муслиманите од Босна за да се овозможи историска средба на исламот со христијаните,а таа средба мора да се овозможи минувајќи низ Македонија.
2.
Втора цел со денешното евентуално преименување и внатрешно рекомпонирање на Македонија е да се потврди "правилноста" на Бук*решкиот договор,и да нема потреба во иднина од никаква негова ревизија.
3.
Третата НАЈВАЖНА ЦЕЛ е со промена на името подоцна да се изврши евентуален притисок од страна на Албанија врз Македонија
(со закана за вето при влезот во НАТО) да се изврши фердерализација на постојниот устав во Македонија со еден нов Федерален устав при што оној постојниот не би важел повеќе-Бидејќи кога ќе се докаже со пописот во 2011 дека албанското малцинство не е над 20% во Македонија,Меѓународната заедница ќе ја увиди сопствената грешка и би требало да им се одземат многу права на албанците кои ги стекнале преку рамковниот договор со лажна бројка на пописот од наводно 24%!!!
Ете таа е третата најсилната причина зошто се брза промена на нашето име пред пописот во 2011година.

Инаку што се однесува за ЕУ и НАТО:
-зачувување на името е уставна обврска
-а зачленувањето во некакви меѓународни огранизации е политичка одлука-па затоа неможе политичката одлука да биде над уставната обврска!!!

(следува преземен текст)

Топ 5 лаги на спин мајсторите за името!

Лага бр. 1
Името е веќе сменето, се чека само датумот тоа да биде објавено!

Оваа конструкција ја пласираат штабовите на опозициските партии и нивните медиумски потрчковци (колумнисти и експертутки),а имаат за цел да го ослабат т.н. ’тврдо ткиво’ кое ни под разно не сака да се смени името и кое е главната причина што оваа власт има се уште висок рејтинг. Нивните побуди можат да се сведат на два сегменти – првиот чисто партиски, и вториот веројатно во соработка со грчките политички фактори, што засега останува во доменот на шпекулациите.

Имено,партиската логика вели,дека ако најголема причина за високиот рејтинг на ВМРО ДПМНЕ е цврстиот став за името,кога тие ќе го променат името, апсолутно нивниот рејтинг ќе падне вртоглаво бидејќи ќе го изгубат најголемиот дел од довербата што ја добиле.
И тука е шансата на опозицијата.

Со други зборови, сведено на дневнополитичка шема – да се прикаже политичкиот противник како лажен патриот кој само ја заведува јавноста. Кога ќе се потврди тоа (ако ДПМНЕ го смени името), автоматски опозицијата ќе дојде на власт бидејќи цело време била во право и само сме загубиле драгоцено време.

Вториот сегмент може да се најде кај врските на видни опозициски членови, експертутки и тн. со грчките фактори, осведочени дури и во книгата на Киро Глигоров. Овој дел е малку понеблагодарен сега да се разјаснува, но голем дел од јавноста верува дека набрзо ќе се појават грчките листи на новинари, квазиексперти и сл. кои биле на нивниот платен список.

Зошто оваа конструкција е лага?

1. Затоа што во било кој момент (датум) владата да објави смена на името, ќе се соочи со истото - паѓање од власт и ќе заврши на буништето на историјата, како нивниот партиски претходник кој важеше за легенда, а заврши повеќе од неславно. Покрај тоа, големи се шансите да се случи народен бунт, кој ќе има неизвесен епилог.
2. Затоа што ова се кажува веќе 4 години, а може да се кажува и уште 40, но целта ќе биде само ослабување на македонското ткиво - односно оваа лага е ефективна како мртва лисица во кокошарник.
3. Бидејќи ако беше точна, актуелната влада немаше да поднесува тужба против Грција во Хаг и со разни потези да се обидува да парира на грчката политика (споменици и сл), ниту пак перманентно да потенцира дека ќе има референдум, туку едноставно ќе чекаше да се смири лончето за да ја обзнани капитулацијата.

Лага бр. 2
Секое друго име е подобро од Поранешна југословенска Република Македонија (ФИРОМ)

И оваа конструкција доаѓа од истите кругови и има иста цел како претходната. Да се ослабат македонските преговарачки позиции и да се испере мозокот на македонскиот народ. Имено, според оваа конструкција ФИРОМ е ’некрофилско’ име, кое е многу полошо од Северното, па затоа треба веднаш да го промениме и да го прифатиме грчкиот предлог.

Зошто оваа конструкција е лага?

1. Затоа што е апсолутно погрешно склопена.Имено,ПЈР Македонија е референца,а не име со кое настапува Република Македонија во ОН и другите меѓународни организации. Додека трае референцата, односно спорот, Македонија може да се бори да добие меѓународна поддршка преку признавање на нејзиното вистинско име, што и го правеше во досегашниве 15 години. Кога ќе ја прифати промената, крај на сето тоа. Македонија ќе мора да го прифати името Република Северна Македонија и збогум на приказната за нашето име!
2. Затоа што од ФИРОМ никој досега (освен радикалните Грци на интернет) не ја извел придавката фиромски, или за народот не рекол дека се Фиромци. Имено, засега ние се уште сме Македонци за поголемиот дел од светот, или граѓани на ПЈР Македонија за пицајзлите. Кога ќе го прифатиме името Република Северна Македонија, колку и да сакаат да не убедуваат дека нема да биде така, ние ќе станеме Северномакедонци, како што пишуваме за граѓаните на Северна Кореја – Севернокорејци или како што се вели за граѓаните на ЈАР – Јужноафриканци, затоа што под терминот Македонци ќе се подразбира граѓани на Грција, со грчки ентитет кои живеат во регионот Македонија! Така ќе стои и во Википедија, и во ОН и во сите можни меѓународни структури. Тоа впрочем е и целта на Грција, што нивните врхушки воопшто не го кријат дека е така.
3. Затоа што во преговорите Грците наметнуваат и дополнителни услови кои не значат само промена на името, туку се бара и промена на идентитетот, придавките и се што следува. Со сегашната референца, ние не сме обврзани да го користиме името Фиромци или придавката фиромски!
4. Затоа што сега кај необременетата светска јавност од политика, се уште сме Македонци. Ако појдете во Јамајка, таму пријатните домаќини ќе ве почестат со името Македонци, а кога ќе се потпише капитулацијата ќе ве пречекаат со Северномакедонци, па колку и да се буните вие, затоа што така сте се согласиле да ве викаат.
5. Затоа што Грците немаше да си го валкаат своето реноме како ’проблематична’ држава во надворешната политика, ако повеќе им одговараше ФИРОМ. Грција знае дека со влезот во НАТО и ЕУ под ФИРОМ, Македонија побрзо ќе се ослободи од оваа неблагодарна референца и дека спорот ќе го добие целосно. Јасно им е дека оваа референца им е глупава и на другите земји, па затоа сега со сите сили притиска Македонија сама да потпише капитулација, а во тоа одработуваат голем број новинари и квазиинтелектуалци кои плачат како бебенца кога некој, или тие самите ќе се наречат предавници.

Лага бр. 3
Мора да се промени името (да се реши спорот) бидејќи Албанците ќе се отцепат

Според оваа конструкција, која исто така има цел само да плаши мали деца, Албанците се воинствени, а истовремено и мошне проевропски настроени, кои нема да нѐ чекаат да си го решиме ’нерационалниот спор’, затоа што тие експресно сакаат влез во НАТО и ЕУ. Па затоа со оружје ќе припукаат и ќе се отцепат за да влезат во НАТО и ЕУ.

Зошто оваа конструкција е лага?

1. Затоа што почива на многу услови и на многу стаклени нозе. Прво, не е баш веројатно дека ЕУ со нетрпение ќе прими еден воинствен народ кој има огромен проблем со мафијашко-терористички структури апсолутно во сите територии каде што живее (албанската мафија е осведочена како една од најпроблематичните во светот), каде што се пука на свадби со зољи, а дрогата и проституцијата се апсолутно навлезени во сите пори на општеството. Да не зборуваме за последниот антиисламистички бран што се јави во поголемиот дел од европските држави, во кои се повеќе се забрануваат бурки, џамии и тн.
2. Доколку Албанците сакаат да се отцепат, тоа мошне веројатно е да се претпостави, дека Македонија нема да дозволи да се случи по мирен пат, што би значело дека ќе има воен конфликт, кој никој не го посакува. Ни жителите на Македонија, ниту државите во регионот, а верувам ниту ЕУ и САД. Што значи дека доколку има нов воен конфликт целиот регион ќе остане – заостанат, уште многу години, па Албанците нема експресно да влезат во ЕУ и НАТО, туку напротив може и нивната матична држава Албанија да остане надвор од портите на ЕУ уште многу, многу години! Токму ова го предупредија и група интелектуалци во ТВ емисија во Тирана, каде што го нападнаа Мендух Тачи дека работи против интересите на Албанците.
3. Тука би поставил едно реторичко прашање. Ако на Албанците навистина им се поважни евроинтеграциите од нивните национални прашања, тогаш зошто го отцепуваа Косово од Србија, кога според сите показатели Србија побрзо ќе се интегрира во ЕУ од Косово? Зошто едноставно не останеа во таа држава, за побрзо да влезат во ЕУ и НАТО, туку создаваа независна држава која уште најмалку 10 години нема шанси да почне преговори со ЕУ? Но, факт е дека кога нивните национални интереси се во прашање, тие се на прво место. Така и нашите! Македонија мора да го зачува своето име и идентитет, а Албанците мора да го разберат тоа, како ние што го разбравме нивниот интерес Косово да биде независно, па го признавме како независна држава!

Лага бр. 4
Само во ЕУ и НАТО Македонија може да опстои

Според оваа конструкција, Македонија сама не може економски и политички да се развива, напротив се тврди дека опстанокот на земјава е доведен во прашање, и дека прашање на ден е кога државата ќе се растури, исчезне или ќе доживее катаклизма.

Оваа лага се кажува над 10 години, и за волја на вистината, таа се засилува да се потенцира само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт. Имено, во периодот од 2002-2006, тоа слободно може да се провери низ архивите на медиумите на интернет, никој од сегашните душегрижници не го потенцираше ова.

Зошто оваа конструкција е лага?

1. Прво, авторите на оваа лага не го кажуваат до крај нивното кобно сценарио. Едноставно што ќе се случи со нашата земја, и како тоа „нема да опстои“. Дали ќе не окупира некоја соседна држава, дали ќе ја погоди земјата некоја нуклеарна бомба, или ќе не зафати некоја страшна болест. Едноставно, се кажува дека ќе не нема, а како, тоа не е баш јасно. Еве искрено, јас не планирам да ме снема, а верувам дека не го планираат истото уште најмалку 2 милиони луѓе. Значи некој ќе треба да не истреби. А, како, нека објасни тој што ги кажува ваквите конструкции!
2. Второ, затоа што апсолутно во досегашниот тек на историјата се покажала како лага. Служи само за плашење мали деца, а Македонија се уште опстојува. Не дека Македонците се задоволни да бидат надвор од ЕУ и НАТО и да имаат минимален или никаков економски раст, но едноставно цената да се самоукинеме како народ е неприфатлива.
3. Затоа што моменталните политички констелации во светски рамки не дозволуваат Македонија да се распадне. На големите сили и одговара Македонија, а тие се тука веќе со свои економски и политички структури на кои не им е баш во интерес да биде неизвесна судбината на земјава.

Лага бр 5.
Со решение на проблемот со името (со смена, продажба на името Македонија) ќе тече мед и млеко

Оваа лага е морковот, за разлика од претходните кои се стапот во приказнава. Според неа, кога ќе го смениме името, ќе заврши мачниот период на нашата транзиција, конечно ќе станеме дел од ЕУ и НАТО и со тоа ќе завршат сите наши проблеми, а ние среќни и весели ќе живееме во земја Дембелија до крајот на нашите животи. Не се знае само кој ќе биде принцот, а кој принцезата....

Зошто оваа конструкција е лага?

1. Затоа што досега сите вакви ’моркови’ се покажале како лажни. Имено, Македонија го смени знамето под притисок, ја прифативме референцата ФИРОМ под притисок, примивме над 300.000 косовски бегалци под притисок, направивме Рамковен договор под притисок, извршивме катастрофална територијална поделба под притисок, и пак ништо од нивните ’моркови’ кои цело време се верглаат. Ние се обесчестуваме,а земјата Дембелија е подалеку и од планетата Ааамазара.
2. Затоа што дури и да го смениме името, ние нема експресно да влеземе во ЕУ, туку ќе започнеме преговори кои ќе траат уште најмалку 5-6 години. Што значи дека за ’Дембелија’ ќе почекаме уште најмалку толку и плус уште толку за евентуалните економски ефекти од фондовите на ЕУ да добијат некаков минимален резултат. Тука ќе ги оставиме настрана и сите не баш пријатни предвидувања за економската иднина на ЕУ и можните црни сценарија што се се` поактуелни во последно време.
3. Затоа што факт е дека со влезот во НАТО и ЕУ, Бугарија не го реши проблемот со корупцијата и сиромаштијата, а Грција финансиски банкротираше и ќе биде во страшна економска криза уште многу години. На Белгија и се заканува политички распад на земјата – односно одделување на валонскиот и фламанскиот елемент иако Брисел е главен град на ЕУ. Ако горната конструкција е вистина, сите овие држави немаше да ги имаат проблемите што ги имаат! Едноставно ЕУ и НАТО не значат решение на сите проблеми, значат само подобри политички и економски услови во определени ситуации и можност за поголем просперитет. Но, не по цена на национално обезличување!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 20:53

Ајде Боби стави го линкот од страната што почнува на Т од каде што го презеде текстот,за да нема замерки и премерки бидејќи текстот е авторски и да се потврди автентичноста.Линкот нека биде ставен во текст по можност,доколку имаш проблеми во тоа прати ми го мене на порака и јас ќе го ставам,да не го барам ме мрзи.намигнување

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 22:05
Самиот текст е ЛАГА
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 22:16
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Самиот текст е ЛАГА

Поаргументиран одговор не се сеќавам дека имам прочитано. Ги поби сите 5 точки од текстот , нема што.
Кон врв
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 00:42
Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Самиот текст е ЛАГА

Поаргументиран одговор не се сеќавам дека имам прочитано. Ги поби сите 5 точки од текстот , нема што.


Кога аргументите не се во своја полза,наредниот чекор е игнорантски однос со едноставниот изговор:"Не тоа не е така".А зошто тоа не е така како одговор секогаш се изоставува!!!

Ова е веќе видено,дежаву...не ќе да е првпат!!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 00:46
Originally posted by ma4kica ma4kica напиша:

http://www.taratur.com/node/15758
намигнување
  so samoto toa shto na kraj izrichito kazuva deka  ne dozvoluva da mu kontrirash ,...se e jasno !....zatoa i ima tolku "mnogu" komentari!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 04:01
Па ти не ги читај коментарите, кажи нешто за текстот. намигнување

Утре ќе го прочитам на раат, засега на прв поглед - одлична анализа и сосема на место. Во најголем дел се поклопува со моите ставови.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 09:51
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Па ти не ги читај коментарите, кажи нешто за текстот. намигнување

Утре ќе го прочитам на раат, засега на прв поглед - одлична анализа и сосема на место. Во најголем дел се поклопува со моите ставови.
aa , ne!...pa, neli rekov deka ,..samiot si kaza deka ne sakal ...sparing partneri ,...tuku ,..samo vrekja,..koja nema da mu vrakja..изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 16:12
Секој си има свој став,може слободно да си го искаже тука ако веќе таму(на "Таратур")се осеќа "онеспособен"!!!
Демократија зар не?!:)

Инаку повеќе од јасни ми беа уште претходно некои работи во врска со преземениот текст.

Мене повеќе ме загрижува она со геополитиката кое подробно го образложив!!!

САД се покажува како "Mилица са два лица"-што и не е некое големо изненадување,но позагрижувачкото е она другото-дека не толку Грција колку што Турција е онаа која игра една голема "игра зад кули".
Не случајно од почетокот не признава под уставното име,не случајно експресно се изградија стотици џамии во последниве 10тина години,не случајно сме сведоци на влез на свеж капитал од Турција(земете го како последно авио сообраќајот),не случајно културолошки не окупираат со турски тв-сапуњарици,не случајно арапите од блискиот исток наеднаш се заинтересирани за влез на македонскиот пазар...итн.
Се си има своја цел,ништо не се случува туку-така!!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 16:14
da si ebesh demokratijata,..ako samo nekoja dodavka na imeto ti go,...diga!...да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 20:02
Originally posted by bobiii bobiii напиша:

не случајно културолошки не окупираат со турски тв-сапуњарици,не случајно арапите од блискиот исток наеднаш се заинтересирани за влез на македонскиот пазар...итн.
Се си има своја цел,ништо не се случува туку-така!!!

Се што се случува има своја позадина што секако НЕМА ДА НИ КАЖАТ ТИЕ НА МЕНЕ И НА ТЕБЕ
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 21:06
Originally posted by brza brza напиша:

da si ebesh demokratijata,..ako samo nekoja dodavka na imeto ti go,...diga!...да


Да токму така се што е меѓу "република" и "македонија" крајно задира во сите суштински елементи!!!

Верувам доволно можеш да сватиш зошто за грците не е прифатливо СРМ туку РСМ.

Исто така би те насочил кон фактот дека Република Романија прва го призна нејзиниот нов сосед Република Молдавија(Republic of Moldova) иако има иста таква покраина со истото име во Романија!!!

Тоа што главниот идеолог на грчката димпломатија Кофос бара јасна дистинкција меѓу "нивните македонци"(каде сите грци во исто време се сметаат и за македонци) и ние како "македонци",луѓето кај нивниот северен сосед-ФИРОМ!!!
Доволно ти зборува и "интересниот" предлог на Кофос што го дебатираше "makedonski language" и за nationality:makedonsko секогаш напишани на латиница без никаков превод на светска англиска транскрипција.
Доволно ти зборува и изјавата на Папуљас од пред неколку месеци-"ФИРОМ скапо ќе плати за македонизмот".
Ако ние зборуваме "makedonski language" а тие "μακεδονικι",тогаш за кого во светот ќе се однесува "macedonian"???(Пази не викаме за кого ќе се однесува "antique macedonian",туку "macedonian").
Пази нема ниедна земја во ООН што нема англиска транскрипција,ние би биле исклучок,преседан!!!
Пр.За германците иако си се "deutsche sprache" и "deuschen" во ООН се:"german language" и "germans" а не "deutsche language" или "deutschen"(овде дури англиската транскрипција подобро ги опишува-дека нивните корени се од племето германи),исто како што за русите не е: "русский language" или "ruskiј language" туку "russian language"!!!

Со самото постоење на "makedonski people" или "people of Republic of North Macedonia" се создава директно нов вештачки идентитет...нешто за што во историјата ќе имаме право да расправаме само од 1945 па наваму,или во полош случај нашите предци од 1945 биле југословени а ние од 1991 па натаму "makedonski people"!!!
Значи во светската историја право врз Филип 2,Александар 3 Македонски,Кирил и Методиј,Наум и Климент,цар Самуил,Гоце Делчев,Даме,врз Ченто,АСНОМ...-ќе немаме,нашите партизани не биле "macedonians" туку исклучиво југословени,додека оние српските биле ем "serbians" ем југословени,хрватските ем "croats" ем југословени итн.

Ајде сега чекам одговор од тебе,дај ми било каков аргумент што барем води дека целиот овој спор се однесува само на името,а не задира во ништо друго.

Забелешка:само немој и ти да почнеш со тие фрингирани прикаски како "Македонецот кога немал држава не го загубил идентитетот,зошто па сега да го загуби?!"-бидејќи творците на тоа забораваат дека викаа дека македонците не постоеле официјално до 1945(наводно немало до тогаш македонци) или "идентитетот е индивидуална работа,она што го осеќа поединецот"-бидејќи зборуваме за национален колективен идентитет,единствено нешто што сите заеднички не спојува,ДА тоа е право на самоопределба НО кое и другите треба да ти го почитуваат-а не само внатрешно ние да си го почитуваме и негуваме,туку и тие надвор исто така!!!

Изменето од bobiii - 07.Јуни.2010 во 21:09
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 21:42
додека некои луѓе анализираат дали некој лажел или не и која партија била боља, државата и натаму се тркала по провалијата и нема кој да ја сопре, а некој си игра и ни го тапи мозокот со своите пропаганди, комуњарски или патриотски не ме интересира, и вака знам дека на политичар не се верува, ниту на неговите поданици, па не се ни потрудив да го прочитам напорно напишаниот прв пост на темава, за да не забегам уште повеќе одколку што сум забеган сега
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 23:13
Вака мене ми се обрати една персона:
Кое име е трајно? Низ историјата се памтат пропаднати, заборавени имиња на држави, империи. Каде е сега Месопотамија...Персија... Рим ...???? Некои се свеле на мали земјички, некои ги однемало, некои се распарчиле.
Малку треба (ако се скачкаме со меѓнародната заедница) да не поделат (како што барал Љубчо), кој ке не брани, кој ке застане зад нас.И што ке ни остане, педа земјазбунетост
Си дојдов дома малку подзамислена. Ова плашење е или реалност? Може ли ова да ни се случи? Имаат ли право лугето кои така размислуваат?тага
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.