|
Што би им кажале на професорите ?? |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 32> |
Автор | |
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
де бре луѓе спуштете се на земја и прекинете со заканите зошо мразам кога ми се заканува некој.
решете се кога ќе испитувате или прегледувате зошо не мислам јас на 10 јуни да држам часови. |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бре бре... аша ако не ме прашаше за футурум 1 актив...
|
|
Bad_Boy17
Нов член Регистриран: 04.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Uste edna godina ke ve trpam YES xD preku glava mi dojdoa veke -.-'
|
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денешните генерации уткаат една многу битна филозофија во однос на школството. А тоа е да пробаат да сослушаат. Мислат дека знаат се ама не е така. Многу работи лежат во сослушувањето. ОК да, има одредени наставници кои некогаш претеруваат со суетноста. Но и за тоа има лек, гледајте не влегувајте во конфликт. Бидејки на наставниците им остана уште само една мерка за да имаат контрола на часот а тоа е БАНДЕРАТА. Се друго министерството го укина како мерки и ВИЕ учениците го искористувате тоа за да се ГЛУПИРАТЕ на часовите. Во мое време не сум ни помислувал да му проговорам на наставник ако воопшто не ми дозволи (иако дигам рака) а денес со ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ КОН СИТЕ ВАС, ГИ ВАДИТЕ СУРЛИТЕ ОД ПАНТАЛОНИ И МАСТУРБИРАТЕ НА ЧАС ПРЕД ПРОФЕСОР И СЕ ГЛУПИРАТЕ. И немојте многу да зборувате за некои особини негативни за професорите и наставниците, ЗНАЈТЕ ЕДНА РАБОТА, ПРВО ВИДЕТЕ СИ ЈА СОПСТВЕНАТА ЧЕРГА ПА ПОСЛЕ НА ДРУГИТЕ. Лесно е да ги нападнете наставниците вакви, онакви ... ај вас учениците да ве видиме какви сте ... ВРСКАЏИИ, АРОГАНТНИ, ВУЛГАРНИ, ДВОЛИЧНИ, ЗЛОБНИ, и вие сте богами СУЕТНИ, ЛИЦЕМЕРНИ, НАДИГНАТИ, ГОЛЕМИ ПРОВОКАТОРИ, (... секоја чест на исклучоците, кои за жал ги има се помалку) ... Пријатен ден, КастуС !!!
|
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А да .... и ова сакам да го искоментираме ако ви одговара ... ПЛАТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ т.е. ПРОФЕСОРИТЕ ... еве јас ке кажам прв .... ;)
Бидејки доста на удар се наставниците и професорите овие изминати неколку месеци, еве јас ќе говорам околу нивната заработувачка. Впрочем, сум и во постојан контакт со некои дописници од други земји кои патем се и во улога на наставници или професори. ... Нашите плати за наставниците се околу 18.000 денари и притоа не важи правилото (барем за средните и основни училишта) ако си Магистар или Д-р да ти се зголеми платата ... некои ке казете памногу им се и тие пари ... е сега, во другите земји за иста или може помалку активна работ на наставниците, им се плаќа (во просек за сите европски земји) околу 8.000 ЕУ. Дали е тоа многу ???? Нашата земја незнае да ја цени улогата на наставниците или професорите. Тие се креативците на идните поколенија, тие создаваат иднина, тие се педагози, методичари, а кај нас богами и џандари. На кратко, НИЕ СМЕ ЗА НИКАДЕ !!! |
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мора негде да е избиен к*ршлус кога толку многу учат Проект за модернизација на образованието (создавање на модерно училиште со квалитетно и креативно образование во кое учениците ќе бидат активни субјекти оспособени да го носат товарот на иднината.) Економско образование (да изградат и ставови за штедењето и најразлични економски активности - за пазарната економија, за идното работно место, да ја сватат својата улога во општеството и ученици да ја откријат хуманоста која го карактеризира човекот со разбирање, имање човечност во себе, со која ќе помага.) Граѓанско образование - пат кон граѓанско општество-(откривање и решавање актуелни општествени проблеми, развивање критичко мислење и ставови за донесување одлуки) Активна настава интерактивно учење (ефективно учење,ученикот активен субјект на воспитно-образовниот процес) Игри за разрешување конфликти (културно однесување и мирољубиво разрешување na конфликтите) Учиме и преку истражување-(учениците поставениот проблем го доживуваат како доверена задача,што треба да ја решат. Проект - Правата на детето- (секое дете да ги знае своите права и да ги практикува) Од горенаведеното изгледа излезе дека децата се преучија и пемногу-посебно во делот на искажување свој демократски став и МИСЛЕЊЕ. |
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ма сите тие работи се ок,имаат широк спектар на предмети кои се општествени и во кои има голем простор за дискусија, за искажување на сечии ставови. НЕ СЕ ПРЕУЧЕНИ !!! Мислам дека во она трио битно за ученикот (Родител, Ученик и Наставник) родителот изигрува една личност на дембел и незаинтересирена особа. Затоа крајниот резултат е слаб ученик, вулгарен и проблематичен. Плус родителите кај несиго знаат детето доволно, па во училиште кога одат ги навредуваат наставниците од типот ТИ ЛИ ГО ЗНАЕШ МОЕТО ДЕТЕ !!!! Е не ти ... Повеке муабет наставниците на школо прават со децата одколку вие дома. Само наставниците не се родители па да ги воспитуваат, уште таа работа им треба а одозгора па и за тоа критики ке добиваат.
ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ ПОД ИТНО !!! Инаку, .... немаме иднина (младина) |
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maximalno se slozuvam so ova, konecno i nekoj drug na forumot ( osven brza koj odamna kaza ) da si priznae deka sme zanikade |
|
|
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само да не речете дека јас сум тој БРЗА ... уште на старт да кажам дека не сум ...
Инаку бев критичен за мојата земја ... до каде што како. Во суштина мора секој да си е самокритичен ако сакада да се анализира, ако сака да напредува. Така се доаѓа до успех. Лесно е да фалиш, уште полесно да критикуваш нечие туѓо дело. Ако ми ги читате ставовите на темава ке согледате дека клучот е анализата, а потоа нервозниот завршен став кој го дадов ... НЕ НЕ БИВА !!! Инаку .... добро е да се има луѓе на слична бранова должина, впрочем така се добиваат повеќе анализатори кои ќе сугерираат. Поздрав до целата критична маса !!! |
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама зошто фрламе анатема на децата кога тие само ги имитираат возрасните. Излегоа ли бомбасти наслови по весниците дека децата ни ги учат НАСТАВНИЦИ ЕДИНИЧАРИ. Имаше ли барем една реакција од било каква просветна асоцијација , или синдикатот за изјавите на директорот на државниот просветен инспекторат( освен онаа на директорот од Тетово-на кој му симнувам капа)??? Јас нигде не прочитав ниедна реакција ни за сертификацијата на наставниците, нити за генерално прифаќање на проекти од (ај ке го земам за пример УСАИД) разноразни педагошки друштва или унивирзитети од било која пустелија низ светот (па нека е тоа и Америка). Зошто кај нас веднаш се се применува во сите училишта, низ целата држава? Зарем не може да оди како пилот, еден образовен циклус, па да се види дали е добро или не???? Ме интересира коментар на следново Оценување за подобро учење во уште 143 училиштаОд јануари уште 143 училишта се вклучени во ПЕП компонентата: Унапредување на оценувањето. Сега бројот на училиштата кои систематски работат на примена на стандарди за квалитетно оценување се зголеми на 203.Дали во Америка сите оценуваат по овој принцип???? |
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво како цитат ми го зема коментарот ... јас не ги напаѓам ни родителите ни децата (не им фрлам анатема, бидејки анатема значи забрана), јас само критички настапувам не напаѓам. Анализата за право ми дава да го кажам тоа кое во коментарот е презентирано РОДИТЕЛИТЕ ... и да не се повторувам што за нив ... Да треба контрола за наставниците еве трет пат викам, но ете ја напомена и Америка ... а знаеш што има таму ??? и служба која ја оценува улогата на ученикот како ученик. Оваа програма ее активна веке 10-на год. и затоа веке нам по филновите како црнците и било кои ученици галамат, се дерат во училните ... бидејки таа комисија ако оцени дека ти не си за во школо те праќаат во летен камус (кај нас попознато поправен дом), а за надвор од школите кај нив е дозволено што сакаш (тепачки, дроги, убиства, с*ксуални односи итн)
зашто за надвор други лица одговараат. Овој систем во превод иде вака ... влегува професор 2 мин. пред да звони и чека, кога зазвонува звоното гоп става пенкалото на маса и апсолутна штама владее во училната, безразлика дали бил стар проф. дали млад. Таму сеуште играат линијарите по рака и глава, само удирања не сум запознаен да има. Ајде кај нас те молам тоа направи го. Зашто не ? епа нема кој да стои позади наставниците ... кај нас сите институции се против наставниците како тие да се непријатели или сатани .... ЗНАЧИ ДА ЗА КОНТРОЛА НИВНА, ТОА ТРЕБА, НО ДАЈТЕ И ЗАШТИТА ... не се сите единичари. Оние кои партиски се вработија кои немаат елементарно познавање на улога наставник, или барем залутале во дејноста ДА, ама има доста наставници кои се прави наставници и биле ставени во кош единичари. Епа не е така. Ај учениците оценете ги преку некоја комисија и после во весник пишете сите ученици единичари !!! Ке им верувате на таквите натписи ??? |
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ха ха хааа, обично цитирам за да гледам што да реплицирам
Токму тоа ми беше муабетот.Зошто амблок во сите училишта, низ цела држава се што ќе се види надвор??? За да заработат бајаги пари оние кои влегле како обучувачи ? Банален пример е токму деновиве актуелното (од линкот што го стави Фикс) -сите наставници од прво до трео МОРА да ја поминат обуката за Подобрување на математика и природни науки??? Според мене зарем не треба првода се оди чекор по чекор, 3, па 5, па 10 училишта, па да се следат добрите и лошите страни? Може ли некој да ме убеди дека овој метод на учење е најдобар? Дали во сите училишта во Америка, во сите западно европски земји, па и источно европски е прифатен онака како што е кај нас-набрзина, бегло минување, без можност да се добие соодветна помош од координаторите???? Пак ке речам Брза кучка, слепи кучиња раѓа!!! Сега еуфорично ке внесиме нешто, а после полека ке згасни (кога ке се потрошат парите за проектот или ако дојде некоја нова влада и најде друг извор). И како за крај- боли девалвацијата на досегашниот нашиот обазовен систем. Па во кое школо и со какви методи учевме ние сите, а не сме па до толку за фрлање |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..pa i da im kazam neshto,..nema da me chujat,.osven ako gospod ne e ...i poshtar!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
KastuS
Група Регистриран: 01.Јуни.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и пак се вртиме во ист кокошарник ТРЕБА СЕМЕЈНИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ СРЕДАТ !!! се другото е супер. Тоа ни е фалинка. Инаку системот наш е најдобар ако ме прашуваш мене, ако го споредам со останатите. Кај нас барем можеш со професор муабет да направиш, ако нешто ти треба помош, да му се довериш, ... тоа го нема во другите земји и таму се борат тоа да го достигнат. Знаете дека наставници од Америка, Европа и Азија преку USAID сакаат тоа дфа го научат од кај нас? ... не е битно од каде е информацијата ама сакам да ја споделам. Тамошните наставници сакаат да се запознаат со таа наша вештина, која е најзначајната материја од образовниот процес. Со таа вештина ние го покриваме сето останато
... ЗНАЧИ НАЈБИТЕН Е ПРИСТАПОТ, а пак ке кажам НЕМАМЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ. Штознам, може треба повторно да го воведеме во семејствата подолго запоставениот СЕМЕЕН РУЧЕК ... може така нешто ке се промени |
|
"Not bound to swear allegiance to any master, wherever the wind takes me I travel as a visitor."
|
|
Внеси реплика | страница <1 2021222324 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |