Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Majkl
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 14:44 |
Македон напиша:
... поради сите настани во дваесеттиот век, во кои животот го загубија милиони. |
А зошто ги загубија милиони? Каде лежат вистинските причини и поттици? Која идеологија ги овозможи во крајна линија?(Мислам на духовната, и особено на теолошката позадина која ја овозможиле црковните институции).
Македон напиша:
Секако дека не се врзувале, но сепак таму проповедале, одела на празниците и слично. |
Проповедале во прв ред затоа што таму имало многу луѓе. Во пустина минувачите се многу помалубројни.
Точно е тоа дека некои од апостолите оделе и на празниците и вршеле одредени обреди во почетокот. Христос тоа го дозолувал бидејќи некои од нив биле сеуште врзани за надворешноста и преку тие ритуали и посети на храмови наоѓале пристап кон својот душевен мир. Но тоа не останало така. Кога веќе постигнале еден повисок стадиум во својот духовен развој, сфаќањето за надворешни храмови како Божји дом исчезнало.
Македон напиша:
Секако дека не трева да се убива, но, ќе те потсетам, Исус Христос говори и за казни, говори и за војни, па и говори дека најголема љубов е да се даде животот за ближниот. Инаку, должноста на Царот е да се грижи за своето население, па и да го заштитува. |
Кога Исус говорел за „казни„ тој не говорел за правото некој да казнува, туку опоменувал за активноста на каузалниот(причинско-последичниот) закон, законот на сеење и жнеење. ( Исус ја осудува свирепоста - од откровението Ова е Мојата Реч:Алфа и Омега
Кога вели дека донел меч а не мир, тоа е во смисла дека ќе биде направена поделба(пресек) помеѓу праведниците кои се трудат да ги држат заповедите и оние кои тоа не го прават или го прават лажно.
И убаво наведе: да се даде животот за ближнииот, а не да се одземе. Со војувањето животите се одземаат, никогаш не се даваат.
Македон напиша:
Дали за Царот важи законот? Каков верник е некој ако ги прекршува сите закони постојано? |
Духовните закони(Божјите заповеди, Проповедта на гората односно нивните пандани во другите религии) треба секој да ги почитува, па и царот. А царските закони се веќе човечка творба. Тие треба да се почитуваат доколку не се противат на Божјите.
Македон напиша:
Зарем Царот требал да дозволи Лициниј да ги убие сите Христијани, неговата жена да помине неказнето за убиството кое го предизвикала со своите сплетки и да не ја изврши правдата? |
Требал да посегне кон поинакви методи. Константин можел многу нешто да промени користејќи ја својата позиција на моќ. Што конкретно, тоа тој си знаел, зошто не го направил тоа, повторно тој си знае но и последиците од тоа тој си ги сноси или допрва ќе ги сноси ако веќе не го закажила жетвата на неговата сеидба.
Македон напиша:
Замисли дека си Претседател на една држава, а истата е нападната од терористи кои покрај војската го напаѓаат и цивилното население. |
Предмалку наведе аргумент според кој најголема љубов била да се положат животите за своите ближни.
Што мислиш од какви мотиви напаѓаат терористите? Поточно какво сулудо оправдание имаат тие во своите глави најчесто? И дали се војните случајност? Зошто се повторуваат, особено во одредени региони?
Македон напиша:
Нема да реагираш? Нема да потпишеш наредба за напад? |
Јас фала му на Бога не сум бил во таква ситуација, но еве еден пример од 1991 година кој би можел да се следи(барем за тоа конкретно, ако не за друго):
http://www.youtube.com/watch?v=SuZe8YMwzpw
Македон напиша:
Ќе го оставиш населението на милост и немилост на напаѓачите? |
Не. Ќе се превземат мерки за евакуација и сл. онолку колку пто е тоа возможно во дадената ситуација, е сега претседателот во современите општества многу зависи и од волјата на неговите соработници(министри, генерали, и тн.) така да соработката треба да биде широка и со многу добра волја. За жал демоните настојуваат во таквите ситуации работите да не успеат да одат кон мир, така што ги запоседнуваат и/или влијаат врз оние кои им се приемчиви т.е. оние кои негуваат сличен демонски сфаќања и желби.
Македон напиша:
Дури и во Библијата се говори за праведни Цареви и какви тие треба да бидат, чинам нема потреба да поставувам стихови, затоа што и таму праведните Цареви го почитуваат Законот. |
Законот Божји вели јасно и недвосмислено: „Не убивај!„ а не, не убивај, освен ако си во војна. Таа поделба ја направиле црковните институции низ вековите, имено дека смее да се усмрти но не смее да се убива. А за книгите од Библијата кои ја подржуваат наводната „праведна„ војна, сигурно е дека не доаѓаат од Бога чии особини се Љубов, Трпеливост и Милосрдие.
Изменето од Majkl - 21.Мај.2010 во 14:50
|
|
eptendosadno1
Сениор
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ
Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 17:52 |
dejanpp напиша:
eptendosadno1 напиша:
Халуцинација - (последица на болната раздразливост на централниот нервен система )
ВЕРО - ИСПОВЕД :
Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба.
Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.
Исповед е Света Тајна помегу духовникот и Христос.
Што е тоа Света Тајна - ТАЈНА ? | sekoj poim, sekoj covek posebno go dozivuva ,mene mi e zal sto si pravis ti tolkavi filmovi za nekoi realni i sekojdnevni poimi a sto se odnesuva do svetata tajna kazi kako e podobro ? da ispies leksilum ili da se ispovedas znam denes mladite ne koristat takvi slabi raboti odat direk na droga |
Кога збориш за “ РЕАЛНИОТ ЖИВОТ “ мене ми земаат средства за да го финансирам неурологот за да ми препише лексилиум . Никаде во системот , даночниот систем нема ставка за црквата .
И , во науката нема тајни , уште помалку свети .
Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
Повторно халуцинираш , живееш во некој паралелен свет ?
Изменето од eptendosadno1 - 21.Мај.2010 во 18:00
|
|
Blagoj_s
Сениор
Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 20:35 |
Едно од најголемите зла кои ја следат потрагата по знаење и истражувањето на науката е наклонетоста да се издигнува човечкиот ум над неговата вистинска вредност и над неговата вистинска улога. Мнозина се обидуваат да судат за Создателот и неговите дела според нивното несовршено познавање на науката. Тие настојуваат да ја спознаат природата и својствата и правата на Бога и се впуштаат во сомнителни теории во однос на Вечниот. Оние кои се впуштаат во вакви проучувања стапнуваат на недозволена почва. Нивното истражување нема да донесе никакви вредни резултати и може да биде проследено само со уништување на душата.
Нашите прародители биле наведени на грев поради желбата да го дознаат она што Бог го сочувал од луѓето. Сакајќи да го здобијат тоа познавање, тие загубиле се што е вредно да се има. Ако Адам и Ева не го допреле забранетото дрво, Бог во нив ќе втиснел знаење - знаење врз кое не почива клетвата на гревот, знаење кое би им донело вечна радост. Се што добиле слушајќи го искужувачот било познавање на гревот и неговите последици. Со својата непослушност, човештвото било отуѓено од Бога и земјата разделена од небото.
Оваа поука е за нас. Полето на кое сатаната ги навел нашите прародители е истото кон коеги намамува луѓето денес. Тој го преплавува светот со привлечни измислици. Со сите сили кои му се покоруваат, тој сака да ги наведе луѓето на шпекулации во врска со Бога. На тој начин се обидува да ги спречи да го добијат она знаење за Бога кое донесува спасение.
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
eptendosadno1
Сениор
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ
Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 22:15 |
Blagoj_s напиша:
Едно од најголемите зла кои ја следат потрагата по знаење и истражувањето на науката е наклонетоста да се издигнува човечкиот ум над неговата вистинска вредност и над неговата вистинска улога. Мнозина се обидуваат да судат за Создателот и неговите дела според нивното несовршено познавање на науката. Тие настојуваат да ја спознаат природата и својствата и правата на Бога и се впуштаат во сомнителни теории во однос на Вечниот. Оние кои се впуштаат во вакви проучувања стапнуваат на недозволена почва. Нивното истражување нема да донесе никакви вредни резултати и може да биде проследено само со уништување на душата.
Нашите прародители биле наведени на грев поради желбата да го дознаат она што Бог го сочувал од луѓето. Сакајќи да го здобијат тоа познавање, тие загубиле се што е вредно да се има. Ако Адам и Ева не го допреле забранетото дрво, Бог во нив ќе втиснел знаење - знаење врз кое не почива клетвата на гревот, знаење кое би им донело вечна радост. Се што добиле слушајќи го искужувачот било познавање на гревот и неговите последици. Со својата непослушност, човештвото било отуѓено од Бога и земјата разделена од небото.
Оваа поука е за нас. Полето на кое сатаната ги навел нашите прародители е истото кон коеги намамува луѓето денес. Тој го преплавува светот со привлечни измислици. Со сите сили кои му се покоруваат, тој сака да ги наведе луѓето на шпекулации во врска со Бога. На тој начин се обидува да ги спречи да го добијат она знаење за Бога кое донесува спасение. |
Ова е последица на дејството на опиумот ?
|
|
ahmar1
Сениор
Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 22:19 |
KINGDAVID напиша:
" Nie, koi bevme ispolneti so vojna, i vzaemno krvoprolivanje, i so sekoja zloba, go promenivme, sekoj od nas, po celata Zemja svoeto oruzje za vojuvanje- svoite mecovi vo plugovi,i svoite kopja vo orudija za obrabotuvanje na zemja, i neguvame poboznost i ljubov, pravednost, ljubov sprema covekot, vera i nadez, koja ja imame od samiot Otec preku Onoj koj bese raspnat"( Justin Macenik vo " Dijalog so Trifon Evreinot"), The Anti-Nicene Fathers(Grand Rapids, Mich.; reprint na edinburskoto izdanie od 1885, urednici A . Roberts i J. Donaldson, sv.1, str. 254). |
Каква коинциденција ,баш пред мене го имам делото Дијалог на Светиот Јустин философ и Трифон евреинот во англиски превод( зашто е буквално преведувано од старогрчки е малце напорно за читање).
Сакав да го најдам делот кој си го цитирал но ОРИГИНАЛНОТО дело дијалог има САМО 56 страни.Од кај се појавија 254 незнам,затоа би те замолил(нели ако не си цитал некоја книшка од стражарска кула) дај точно од која страна од ОРИГИНАЛНОТО дело е изваден тој дел.
Зашто јас пред неколку години го читав ова дело и мене ама баш не ми текнува дека Светиот Јустин збрувал против воената служба.Сепак друга работа е ако ТИ ГО ТОЛКУВАШ тоа така.
KINGDAVID напиша:
Inaku, nekade se do otprilika 180 godina od n.e. Hristijanite odbivale voena sluzba vo bilo koja vojska , ne sakale da vojuvaat i toa mozes da go proveris . |
КАДЕ ПОТОЧНО? Што толку лошо се случило по владеењето на царот филозоф што христијаните почнале да служат војска?
KINGDAVID напиша:
Inaku, ima mnogu bibliski stihovi na koi se povikuvale Hristijanite za ovoj stav: |
Прв пат слушам вакво толкување на овие стихови.Но за се има прв пат.
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
|
KINGDAVID
Сениор
Solomon's father
Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2010 во 23:32 |
ahmar1 напиша:
KINGDAVID напиша:
" Nie, koi bevme ispolneti so vojna, i vzaemno krvoprolivanje, i so sekoja zloba, go promenivme, sekoj od nas, po celata Zemja svoeto oruzje za vojuvanje- svoite mecovi vo plugovi,i svoite kopja vo orudija za obrabotuvanje na zemja, i neguvame poboznost i ljubov, pravednost, ljubov sprema covekot, vera i nadez, koja ja imame od samiot Otec preku Onoj koj bese raspnat"( Justin Macenik vo " Dijalog so Trifon Evreinot"), The Anti-Nicene Fathers(Grand Rapids, Mich.; reprint na edinburskoto izdanie od 1885, urednici A . Roberts i J. Donaldson, sv.1, str. 254). |
Каква коинциденција ,баш пред мене го имам делото Дијалог на Светиот Јустин философ и Трифон евреинот во англиски превод( зашто е буквално преведувано од старогрчки е малце напорно за читање).
Сакав да го најдам делот кој си го цитирал но ОРИГИНАЛНОТО дело дијалог има САМО 56 страни.Од кај се појавија 254 незнам,затоа би те замолил(нели ако не си цитал некоја книшка од стражарска кула) дај точно од која страна од ОРИГИНАЛНОТО дело е изваден тој дел.
Зашто јас пред неколку години го читав ова дело и мене ама баш не ми текнува дека Светиот Јустин збрувал против воената служба.Сепак друга работа е ако ТИ ГО ТОЛКУВАШ тоа така.
KINGDAVID напиша:
Inaku, nekade se do otprilika 180 godina od n.e. Hristijanite odbivale voena sluzba vo bilo koja vojska , ne sakale da vojuvaat i toa mozes da go proveris . |
КАДЕ ПОТОЧНО? Што толку лошо се случило по владеењето на царот филозоф што христијаните почнале да служат војска?
KINGDAVID напиша:
Inaku, ima mnogu bibliski stihovi na koi se povikuvale Hristijanite za ovoj stav: |
Прв пат слушам вакво толкување на овие стихови.Но за се има прв пат.
|
ahmar1, vidi vo ova delo sto go citirav ,( The Anti-Nicene Fathers(Grand Rapids, Mich.; reprint na edinburskoto
izdanie od 1885, urednici A . Roberts i J. Donaldson, sv.1, str. 254).tamu e na strana 254. No, stom go imas dijalogot pomegju Sv. Justin Macenik i Trifon Evreinot sigurno gi ima tamu tie zborovi , samo ne mozam da ti kazam tocno na koja strana. Inaku, ona sto ni izgleda kako koincidencija cesto pati i ne e . BOG e golem.
|
|
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2010 во 01:27 |
Majkl напиша:
Македон напиша:
... поради сите настани во дваесеттиот век, во кои животот го загубија милиони. | А зошто ги загубија милиони? Каде лежат вистинските причини и поттици? Која идеологија ги овозможи во крајна линија?(Мислам на духовната, и особено на теолошката позадина која ја овозможиле црковните институции). |
Поради нацизмот, комунизмот, фашизмот и разни други идеологии, како и лидерите кои беа претставници и креатори на истите. Не верувам дека постоела некаква телогоија, најмалку пак духовна позадина во Сталиновото расчистување со сите неистомисленици, затоа што истиот бил атеист. Кај Хитлер може и да говориме за постоење некакви верувања, но најмалку се тие Христијански, тој дури и толерирал окултизам.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Секако дека не се врзувале, но сепак таму проповедале, одела на празниците и слично. | Проповедале во прв ред затоа што таму имало многу луѓе. Во пустина минувачите се многу помалубројни.
Точно е тоа дека некои од апостолите оделе и на празниците и вршеле одредени обреди во почетокот. Христос тоа го дозолувал бидејќи некои од нив биле сеуште врзани за надворешноста и преку тие ритуали и посети на храмови наоѓале пристап кон својот душевен мир. Но тоа не останало така. Кога веќе постигнале еден повисок стадиум во својот духовен развој, сфаќањето за надворешни храмови како Божји дом исчезнало. |
Дали Христос истото им го забранил? Секако дека не. Чинам, тоа говори доволно. Истото го правел и св. Павле во текот на своите патувања за ширење на Словото Божјо. И јас дома имам икони и кандило, но тоа не значи дека јас сум "врзан" за кандилото и дека ако не би го имал истото, верата би престанала. Ниту пак одењето в Црква не ме "врзува".
Majkl напиша:
Македон напиша:
Секако дека не трева да се убива, но, ќе те потсетам, Исус Христос говори и за казни, говори и за војни, па и говори дека најголема љубов е да се даде животот за ближниот. Инаку, должноста на Царот е да се грижи за своето население, па и да го заштитува. | Кога Исус говорел за „казни„ тој не говорел за правото некој да казнува, туку опоменувал за активноста на каузалниот(причинско-последичниот) закон, законот на сеење и жнеење. (Исус ја осудува свирепоста - од откровението Ова е Мојата Реч:Алфа и Омега
Кога вели дека донел меч а не мир, тоа е во смисла дека ќе биде направена поделба(пресек) помеѓу праведниците кои се трудат да ги држат заповедите и оние кои тоа не го прават или го прават лажно.
И убаво наведе: да се даде животот за ближнииот, а не да се одземе. Со војувањето животите се одземаат, никогаш не се даваат. |
Majkl напиша:
Македон напиша:
Дали за Царот важи законот? Каков верник е некој ако ги прекршува сите закони постојано? | Духовните закони(Божјите заповеди, Проповедта на гората односно нивните пандани во другите религии) треба секој да ги почитува, па и царот. А царските закони се веќе човечка творба. Тие треба да се почитуваат доколку не се противат на Божјите. |
Некогаш животите се одземаат за да се зачуваат туѓите. Убиството на терорист не е грев ако тој е убиен пред да активира бомба во автобус со невини деца.
Па нормално дека и за Царот важи законот, ама Царот треба и да се грижи за својот народ. Каков Цар е тој кој не е како татко за својот народ? Каков Цар е тој што не го брани истото?
Со војувањето, војниците ги даваат животите за јас, ти и останатите да живееме безбеден и слободен живот, нашите права и слободи да бидат гарантирани.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Зарем Царот требал да дозволи Лициниј да ги убие сите Христијани, неговата жена да помине неказнето за убиството кое го предизвикала со своите сплетки и да не ја изврши правдата? | Требал да посегне кон поинакви методи. Константин можел многу нешто да промени користејќи ја својата позиција на моќ. Што конкретно, тоа тој си знаел, зошто не го направил тоа, повторно тој си знае но и последиците од тоа тој си ги сноси или допрва ќе ги сноси ако веќе не го закажила жетвата на неговата сеидба. |
Поинакви методи во време на војна? Дали знаеш дека посегнувањето кон поинакви методи само ќе го зголемел бројот на жртвите, страдањето и дополнително ќе ја затегнело и онака тешката ситуација? Лициниј започнал масовен прогон, што секако ќе резултирало со илјадници невини жртви.
Или какви поинакви методи да преземал за сопругата поради чија злоба починало неговото дете? Како што кажа ти погоре, Царот треба да го почитува законот.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Замисли дека си Претседател на една држава, а истата е нападната од терористи кои покрај војската го напаѓаат и цивилното население. | Предмалку наведе аргумент според кој најголема љубов била да се положат животите за своите ближни.
Што мислиш од какви мотиви напаѓаат терористите? Поточно какво сулудо оправдание имаат тие во своите глави најчесто? И дали се војните случајност? Зошто се повторуваат, особено во одредени региони? |
Терористите напаѓаат од разни методи, можеме да одиме до бескрај во набројувањето: идеолошки, верски, шовинистички и слично.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Нема да реагираш? Нема да потпишеш наредба за напад? | Јас фала му на Бога не сум бил во таква ситуација, но еве еден пример од 1991 година кој би можел да се следи(барем за тоа конкретно, ако не за друго):
http://www.youtube.com/watch?v=SuZe8YMwzpw |
Мислам дека нема потреба да те потсетувам како заврши Југославија и какво лудило настана поради одредени чекори.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Ќе го оставиш населението на милост и немилост на напаѓачите? | Не. Ќе се превземат мерки за евакуација и сл. онолку колку пто е тоа возможно во дадената ситуација, е сега претседателот во современите општества многу зависи и од волјата на неговите соработници(министри, генерали, и тн.) така да соработката треба да биде широка и со многу добра волја. За жал демоните настојуваат во таквите ситуации работите да не успеат да одат кон мир, така што ги запоседнуваат и/или влијаат врз оние кои им се приемчиви т.е. оние кои негуваат сличен демонски сфаќања и желби. |
Значи ке го лишиш населението од многу нешта, ќе го жртуваш истото?! Како тогаш некој да се нарече водач, а да не е способен да биде како татко за својот народ?
Многу поголем грев е оној кој има одговорност да го штити невиниот и слабиот, кој не може да се заштити самиот, да не го стори тоа и да се остави да страда и пати, наместо да се одврати оној кој решил да го нападне невиниот, со сите расположиви средства.
Пример за тоа е Сребреница. Ако тие кои требаше да го штитат населението, ги одвратеа напаѓачите, со сите средства, а ги имаа, немаше да дојде до тоа илјадници луѓе да завршат онака како што завршија.
Majkl напиша:
Македон напиша:
Дури и во Библијата се говори за праведни Цареви и какви тие треба да бидат, чинам нема потреба да поставувам стихови, затоа што и таму праведните Цареви го почитуваат Законот. | Законот Божји вели јасно и недвосмислено: „Не убивај!„ а не, не убивај, освен ако си во војна. Таа поделба ја направиле црковните институции низ вековите, имено дека смее да се усмрти но не смее да се убива. А за книгите од Библијата кои ја подржуваат наводната „праведна„ војна, сигурно е дека не доаѓаат од Бога чии особини се Љубов, Трпеливост и Милосрдие. |
Самиот Бог, кој го даде Законот, го заштитуваше и помагаше Израилот во времето на нападите кон нив. Кога фараонот го нападна народот кој бегаше, самиот Бог ја уништи фараоновата војска. Има и други случаи, верувам и самиот ги знаеш.
Изменето од Македон - 23.Мај.2010 во 01:31
|
|
Majkl
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2010 во 20:27 |
Македон напиша:
Поради нацизмот, комунизмот, фашизмот и разни други идеологии, како и лидерите кои беа претставници и креатори на истите. Не верувам дека постоела некаква телогоија, најмалку пак духовна позадина во Сталиновото расчистување со сите неистомисленици, затоа што истиот бил атеист. Кај Хитлер може и да говориме за постоење некакви верувања, но најмалку се тие Христијански, тој дури и толерирал окултизам. |
Но зошто црквите не успеаа да ја разобличат клеветата дека делат опиум за народ?
Доколку христијанските цркви навистина низ историјата го подучуваа Евангелието и за пример го живееа истото, воопшто не ќе дојдеше ниту до комунизам ниту до нацизам и тн. Тие деструктивни идеологии настанаа како последица на незадоволството на народите, тешкиот живот исполнет со немаштија. Каде беа речиси 2000 години христијанските цркви да ги опоменат царевите? Тие не само што не го сторија тоа туку ги уживаа благодетите од бракот црква-држава.. Народот бараше спас, црквата и царот многу многу не ги даваа. И ете ги комунистите со „месијанските„ ветувања. Се разбира дека всушност и тоа беше илузија, но сакам да речам не слулајно нашле плодно тло истата да ја шират.
Сталин инаку не останал атеист(инаку учел и самиот православна теологија). Тој, велат станал верник околу крајот на втората светска војна, и од тогаш имал поблаг однос(но далеку од идеалниот) кон православната црква. Според мене тоа не го прави ништо подобар или помудар, но вака како информација е интересно, порано не сум го знаел тоа.
Македон напиша:
Некогаш животите се одземаат за да се зачуваат туѓите. Убиството на терорист не е грев ако тој е убиен пред да активира бомба во автобус со невини деца. |
А што ако е тоа некоја тајна Божја промисла токму такла да се одигра? Што ако тој кој го убива терористот со тоа се вплеткува таму каде што не треба? Стариот завет од Библијата е полн со (наводни) Божји команди кон израелците да погубат се што е машко во „автобусот„(населбата).
Јас со тоа не се согласувам, и не мислам дека тоа има врска со Божјата волја, но и така некој може да си го протолкува ако оди според шемата која ја изнесе.
Македон напиша:
Со војувањето, војниците ги даваат животите за јас, ти и останатите да живееме безбеден и слободен живот, нашите права и слободи да бидат гарантирани. |
Нив можеби државниот апарат ги убедил дека тоа го прават поради тоа, можеби така нè учеле во школо(мене како мал ми го „переа„ мозокот со народни херои, сега сфаќам дека биле терористи своевремено).
Македон напиша:
Поинакви методи во време на војна? |
Кога веќе еднаш ќе загусти до таа мера да војната веќе пукне, навистина е тешко. Мудроста е во тоа да се одбегне војната. А за да се одбегне портебно е мнозинството народ и политичката елита да живее според Божјите закони и да внимава на своите мисли, чувства, зборови и постапки т.е. да ги одмерува со Божјите 10 заповеди и Исусовата проповед на Гората. Во спротивно, бидејќи се е енергија, се гради негативно енергетско поле(составено од завист, нетрпение, немир и тн.) кое според законот на духовен магнетизам(сличностите се привлекуваат) се поврзува со друго негативно поле кај други групи или народи и тогап преку серија „случајности„ доаѓа до војна. Тогаш е веќе за многу работи касно. Останува само евакуација и бегање онолку колку е тоа возможно, за да не се изградат т.е не се посеат нови семки кои ќе донесат повторно нови лоши плодови.
Македон напиша:
Или какви поинакви методи да преземал за сопругата поради чија злоба починало неговото дете? Како што кажа ти погоре, Царот треба да го почитува законот. |
Треба да го почитува Божјиот закон. А тој вели „Не убивај!„.
Тој пред се требал да размислува кога ја земал или кога му ја местеле сопругата. Потоа требал да размислува кога го зачнувал детето. Каква душа ќе привлече во ембрионот? Што имаат за расчистување они тројцата? Доколку тој живееше христијански тој благовремено ќе ги забележеше знаците кои укажуваат дека треба да се предаде детето на друга дадилка.
Македон напиша:
Терористите напаѓаат од разни методи, можеме да одиме до бескрај во набројувањето: идеолошки, верски, шовинистички и слично. |
Зарем не си помислил дека и тие се раководат со погрешното толкување на ставот: „Нема поголема љубов од таа да се положи животот за ближните!„?
Еднаш ги прашаа шехидите што се разнесуваат себе си(сосе автобусот полн деца и сл.) низ блискиот исток, па добро зошто го прават тоа??? Одговорот отприлика беше: „Немаме друг начин да им се спротивставиме на надмоќните непријатели. Патем, им овозможувам на роднините и пријателите да одат во рајот искупени од гревовите, ако убијам во нападот случајно праведник и тој ќе оди во рајот. Себе си не се жалам, и онака еден ден ќе морам да умрам, дали сега или подоцна исто е!„
Сметам дека тие луѓе се во голема заблуда, но малкумина се прашуваат какава ли несреќа ги натера да направат такво нешто? И дека за таа несреќа се одговорни во гоплем дел токму оние кои се многу пообразовани и и поупатени во Христовото евангелие отколку терористите на исток.
Македон напиша:
Мислам дека нема потреба да те потсетувам како заврши Југославија и какво лудило настана поради одредени чекори. |
Тие одредени чекори секогаш беа насилни и провокативни(некои само вербално, но толку требаше). Ниту еден од нив не беше христијански.
Македон напиша:
Значи ке го лишиш населението од многу нешта, ќе го жртуваш истото?! Како тогаш некој да се нарече водач, а да не е способен да биде како татко за својот народ? |
Народите имаат само еден Татко, тоа е Отецот во Небесата. Од тоа произлегува дека сите народи се духовно гледано браќа и сестри. Тоа да се има како спознание и став е еден од важните чекори кон глобален мир.
Македон напиша:
Многу поголем грев е оној кој има одговорност да го штити невиниот и слабиот, кој не може да се заштити самиот, да не го стори тоа и да се остави да страда и пати, наместо да се одврати оној кој решил да го нападне невиниот, со сите расположиви средства. |
Па ете на пр. терористите на блискиот исток тоа го прават, се трудат навистина од се срце. Дали навистина се за оправдување?
Македон напиша:
Самиот Бог, кој го даде Законот, го заштитуваше и помагаше Израилот во времето на нападите кон нив. Кога фараонот го нападна народот кој бегаше, самиот Бог ја уништи фараоновата војска. Има и други случаи, верувам и самиот ги знаеш. |
Бог не уништува никогаш никого. Така, ниту фараоните не ги уништил. Бог само не се вмешал кога Фараоните кои трчале по евреите за да повторно ги поробат едноставно си потпаднале под сопствената жетва кои самите ја посеале(во таа смисла Мојсес велел око за око заб за заб, а не во смисла дека треба да се врши освета).
Тие упорно сакаа да преклопат други со својата волја за да живеат на нивна сметка, на крајот водените бранови ги преклопиа нив. Што човек сее, тоа и ќе жнее...
|
|
eptendosadno1
Сениор
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ
Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:09 |
Мислам дека воопшто не е важна халуцинацијата , дека е смешно истата да се толкува .
Сметам дека е поважна потребата од опиум на народните маси , тоа е темата .
|
|
pagane
Сениор
Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:15 |
eptendosadno1 напиша:
Мислам дека воопшто не е важна халуцинацијата , дека е смешно истата да се толкува .
Сметам дека е поважна потребата од опиум на народните маси , тоа е темата . |
па секогаш треба да се има цел. во случаjов колективна. така се прави историjа. добра, лоша-важно да jа биде.
|
|
eptendosadno1
Сениор
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ
Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:19 |
pagane напиша:
eptendosadno1 напиша:
Мислам дека воопшто не е важна халуцинацијата , дека е смешно истата да се толкува .
Сметам дека е поважна потребата од опиум на народните маси , тоа е темата . |
па секогаш треба да се има цел. во случаjов колективна.така се прави историjа. добра, лоша-важно да jа биде. |
Па ајде да одредиме друга цел , а ?
|
|
pagane
Сениор
Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:24 |
Па ке забегаме тогаш во друг подфорум, бе!
|
|
eptendosadno1
Сениор
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ
Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:31 |
pagane напиша:
Па ке забегаме тогаш во друг подфорум, бе!
|
Не , јас онака , реторички .
Поентата е , “ЦЕЛТА“ е погрешна , нема “РАЈ“
|
|
KINGDAVID
Сениор
Solomon's father
Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2010 во 23:44 |
|
|