IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:28
Нема сомнение, чудовиштето Неси постои!

Без сомнение чудовиштето Неси од шкотското езеро Лох Нес постои, се наведува во полицискиот извештај од триесеттите години од минатиот век кој денеска го објави Националната архива на Шкотска.

Во овој документ околу Неси, Вилјам Фрејзер, тогашниот шеф на полицискиот округ Инвернес, предизвикал загриженост поради безбедноста на чудовиштето.

- Да, постои чудовиште во Лох Нес и нема сомнение во тоа. Но, полицијата не може да го заштити, напишал тој.

По бројните пријави и нејасни фотографии од Неси, од шкотската влада било побарано да го потврди постоењето на чудовиштето во езерото.

Иако британските министри не биле убедени во постоењето на Неси, сепак предложиле околу Лох Нес да се постават чувари кои би го фотографирале евентуалното појавување на чудовиштето.

Доколку би се докажало неговото постоење, следниот чекор би бил Неси да се зароби без да се повреди – што поради длабочината на езерото и големината на самото чудовиште била тешка задача.

Како што покажува документот, одлучено било да се пушти легенда за чудовиштето, а секој вистински научен обид да се открие што лежи во длабочините на Лох Нес бил забранет.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:29
Нови откритија околу изумирањето на диносаурусите

Диносаурусите биле збришани од ненадејниот пад на температурата на морињата, објави новото истражување.

Научниците веруваат дека катаклизмата која се случила пред 65 години поради пад на комета на земјата ги довела до нови сознанија.

Британските истражувачи тврдат дека падот на температурата на 9 Целзиусови степени на температурата на морињата пред повеќе од 137 милиони години бил одговорен за исчезнувањето на диносаурусите.

Студијата која вклучила фосили и минерали од Artic Svaldbard во Норвешка заклучи дека ненадејната промена на температурата на Атлантскиот океан и Голфската струја во текот на Cretaceous периодот речиси сигурно била одговорна за исчезнувањето на диносаурусите во светот.

- Ние веруваме дека голем дел од диносаурусите живееле во плитките и топли делови од морињата и мочуриштата. Сепак, климатските промени биле одговорни за збришувањето на диносаурусите. Јас и мојот тим откривме дека тие постепено починале најверојатно од серијата на климатски промени, изјави Грегори Прајс, од Универзитетот во Плимут за Daily Telegraph.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:33
Вознемјаните можеби се опасни за човештвото

Еден од најпознатите светски научници, Стивен Хокинг, истакна дека вонземјаните најверојатно постојат, но го предупреди човештвото дека не е добра идеја да се стапи во контакт со нив.

Хокинг тврди дека во универзум кој содржи повеќе од 100 милијарди галаксии, секоја со по милиони ѕвезди, не е возможно Земјата да е единственото место на кое има живот.

-За мојот математички ум самите бројки се сосема доволни за да помислам дека размислувањето за вонземјаните е сосема рационално. Вистинскиот предизвик е во тоа да се открие какви во суштина се вонземјаните, вели Хокинг.

Според него тие може да се микроби- прости организми како црви кои биле на Земјата милиони години, но сугерира дека вонземскиот живот може уште повеќе да се развива.

-Ако вонземјаните некогаш не посетат, мислам дека исходот ќе биде нешто слично како кога Кристофер Колумбо за прв пат дојде во Америка, што не беше воопшто добро за американските домородци, додава Хокинг.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 18:30
Откриена мистеријата зошто диносаурусите имале долги вратови

Растителната храна која растела високо на дрвјата помогнала диносаурусите да прераснат во џинови. Диносаурусите не џвакале, а храната во нивните стомаци се преработувала брзо, велат научниците.

Со ова може да се објасни зошто диносаурусите, како што бил argentinosaurus тежел до 100 тони, имал долг врат и мала глава.

Животните кои многу јадат и џвакаат, како што се слоновите, имаат поголеми глави поради мускулите за џвакање и вилицата.

Научниците го објаснија долгиот врат на диносаурусите, кој им помагал да стигнат до храна без да се мрднат од одредена точка.

Додека на слоновите им се потребни 18 часа со цел да го задоволат својот апетит, на џиновскиот диносаурус му требаат неверојатни 30 часа јадење за да го задоволи апетитот.

Научниците со новото истражување пробале и да ја откријат загатката како диносаурусите кои што јаделе растителна храна биле толку големи, на пр. sauropods.

Истражувањето од страна на Универзитетот во Бон е објавена денес во списанието Biological Reviews.

Главен дел од вегетаријанската храна на диносаурусите биле папратите, кои биле високо хранливи, а најчесто ги имало во праисториските мочуришта.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 01:25
Јупитер изгуби една од своите линии

Планетата Јупитер „изгуби“ една од црвените линии, една од своите препознатливи шари, а научниците не знаат зошто.

Најголемата планета во сончевиот систем е позната по двете дебели црвени линии, по една на северната и јужната хемисфера. Овие шари астрономите ги нарекоа Северен и Јужен екваторијален појас. Но, црвената линија од јужната хемисфера исчезнала, па јужната полутопка на планетата сега изгледа необично празно.

Фотографиите направени кон крајот на минатата година покажуваат дека појасот тогаш сè уште бил видлив, но на фотографиите кои се направени кон почетокот на месецов од астрономи аматери линијата веќе ја нема.

Боб Кинг, новинар кој аматерски се занимава со астрономија е еден од првите кои го воочиле овој феномен.
- Да го видите Јупитер со само еден појас е скоро исто како да го видите Сатурн, кога неговите прстени ќе се распоредат така што извесен период да бидат невидливи. Тоа едноставно не изгледа така како што треба, изјави Кинг, познат по прекарот Астро Боб.

Ова не е првпат на Јупитер да му исчезне еден од појасите. Оваа планета губи и добива нов појас секои 10 до 50 години, а научниците за сега немаат вистинско објаснение за овој феномен..

Јупитер е голема сфера составена од гасови и течности, оддалечена околу 800 милиони километри од Сонцето.

Неговата површина се состои од густи црвени, кафени, жолти и бели облаци, кои се распоредени така што формираат светли области наречени зони, и темни области, познати како појаси.

Облаците се наоѓаат на различна висина, во зависност од тоа од која материја се формирани.

Светлите облаци и зони се наоѓаат на поголема висина, а се составени од кристали на замрзнат амонијак. Темните пониски облаци кои се наоѓаат во појасите, претежно се составени од сулфур и фосфор.

Силниот ветер, предизвикан од јупитеровата брзината на ротирање, од пониските облаци направил темни појаси.

Ентони Весли, австралиски астроном- аматер, кој минатата година прв ја забележа темната дамка предизвикана од удар на непознат објект во Јупитер, вели дека претходно забележал оти Јужниот екваторијален појас избледува.

- Уште минатата година беше очигледно дека појасот избледува. Сите кои внимателно го набљудуваат Јупитер можеа да го забележат тоа, вели Весли.

Тој смета дека појасот исчезнал поради силните бури на планетата.

- Сега најважното прашање е кога Јужниот екваторијален појас повторно ќе се појави, додаде Весли.

Наместо темниот појас, се формирала голема светла област, а со текот на времето темните облаци повторно ќе станат видливи и ветерот од нив пак ќе формира појас..

Годинава Јупитер ќе биде најблиску до Земјата на 24-ти септември. Тоа ќе биде одлична можност за сите кои ќе сакаат да го видат новиот изглед на планетата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 15:25
ete kaj bil 'gospod"...na zemjata ,..ne na nebo!изненадување

Создаден првиот синтетички живот
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 20:30
Пронајдени 57 гробници со саркофази и мумии

Археолозите открија 57 антички гробници во Египет кои биле скриени под земја неколку илјади години. Во поголемиот дел од 57-те гробови биле пронајдени украсени саркофази со мумии, соопшти Врховниот совет за антиквитети.

Најстарите пронајдени гробници датираат од 2750-та година пред новата ера, односно од добата на владеењетио на првата и втората египетска династија, додека 12 гробници датираат од периодот на 18-тата династија која владеела од 1550-та до 1292 година пред новата ера.

Врховниот совет за антиквитети соопшти дека ова откритие фрла ново светло на древната египетска религија.

Водичот на тимот археолози Захи Хавас вели дека пронајдените мумии од периодот на владеење на 18-тата династија сè покриени со ленено платно кое е декорирано со верски текстови од „Книгата на мртвите“ и со перформансите на египетските богови.

„Книгата на мртвите“ се состои од песни и инструкции за тоа покојникот да ги совлада пречките во задгробниот живот. Една од најчестите сцени во таа книга е она каде срцето на покојникот се става на вага. Доколку срцето е полесно од перото, тогаш на покојникот му се дозволува да прејде во задгробниот живот.

Археологот Абдел Рахман Ел Ајди напомена дека една од гробниците е скоро не чепната и во неа е пронајдена целата посмртна опрема и древен саркофаг, во кој се наоѓа мумијата замотана во ленено платно.

Гробниците се откриени во местото каде се наоѓа најјужната египетска пирамида, близу 100 километри од Каиро.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 14:03
Антарктикот некогаш бил зелена долина

Најновото научно откритие на група меѓународни експерти, кои во Јужниот поларен океан ја истражуваа историјата на Антарктикот, говори за тоа дека денес најстуденото место во светот пред околу 53 милиони години имало блага и суптропска клима. По 57 дена престој на самиот крај на светот, во Хобарт на Тасманија, наместо дупчење на самиот Антарктик, научниците го истражуваа океанот каде можат да дупчат до 1.000 метри длабочина и со тоа да навлезат подлабоко во минатото. Врз основа на 3.000 примероци земени со геолошко дупчење, заклучиле дека климата на Антарктикот драстично се менувала. Научниците очекувале да допрат до минатото 37 милиони години наназад, но со фосилите, камењата и микробите, успеале да допрат до праисторија постара од 50 милиони години. Успеаја да ја прочитаат „историската книга“ на Јужниот пол.

Експертите заклучиле дека Земјата во праисторијата постојано се ладела. Проучувајќи ги геолошките примероци, сакале да утврдат зошто се создал мраз и со промена на климата се менувала замрзнатата кора која прекрива 95 отсто од Антарктикот. Тие заклучиле дека Земјата наеднаш почнала да се лади, па во еден момент било толку студено што почнала да се појавува првата покривка од мраз. Најновото истражување научниците го спровеле на бродот „JOIDES Resolution“ долг 143 метри, кој е сопственост на Здружението на океанографските институции за длабинско дупчење и земање примероци. Од порано се знае дека половите на Земјата ја контролираат нашата глобална клима, каде огромните ледници се однесуваат како своевидни огледала, одбивајќи ја Сончевата енергија и моделирајќи ги светските температури. Појавата, растот и потоа исчезнувањето на глечерите на половите придонесува за промени и на нивото на морињата, но и влијае на океанската циркулација која ја регулира нашата клима, пренесувајќи топлина по планетата.

Наспроти моменталната состојба и најстудените температури на Земјата, ни Арктикот ни Антарктикот не биле секогаш студени и пусти подрачја. Некогаш имало богат растителен и животински свет. Во текот на тој период, познат и како период на стакленик, нивото на атмосферскиот јаглерод диоксид било за 10 пати поголемо од денешното, велат научниците. Потоа наеднаш, бујната вегетација и богатиот животински свет на Антарктикот се промениле во денешно царство под мраз. Зошто и како, тоа треба да се истражува. Во само 400.000 години, во кус геолошки временски период, концентрацијата на атмосферскиот јаглерод диоксид и глобалните температури се намалиле и се појавила замрзната покривка. Антарктикот бил под мраз. Научниците заклучија дека според законот за ентропија т.е. цикличност, се мора да се повтори, значи може да се верува дека климата на половите повторно ќе се промени.

Вилкес Ланд е подрачје на Антарктикот кое е еден од климатски чувствителните региони на поларниот континент, а геолошките примероци собрани во текот на експедицијата во тоа подрачје се единствени бидејќи даваат прв директен запис во светот за растот и појавата на мразот на Антарктикот. Откриени се седименти и микрофосили сочувани внатре во примероците кои го докажуваат почетокот на ладењето и појавата на првите глечери на Антарктикот како и растот и повлекувањето на замрзнатите покривки на Антарктикот. Примери од едно наоѓалиште слични со трите прстени, со наизменични ленти на светли и темни седименти ја откриваат сезонската променливост на последното повлекување на мразот кое почнало пред 10.000 години.

Тоа истражување фрли ново светло на историјата на климата на целата Земја, посебно пружи увид во однесувањето на антарктичките замрзнати покривки, кои имаат важна улога во можноста за изградба на јасни и делотворни климатски модели кои се користат за да се предвиди климата во иднина. Мерењето на параметрите како што се староста, температурата и концентрацијата на јаглен диоксидот, на научниците пружаат драгоцени докази кои помагаат да се зголеми точноста на тие модели.

Научниците сакаат да го продолжат истражувањето. Податоците собрани во текот на оваа експедиција ќе ги дополнат претходните истражувања со операции со дупчење спроведени во други делови на Антарктикот во текот на последните 40 години. Истражувањето ќе овозможи важни ограничувања на староста кај моделите за развојот и еволуцијата на антарктичките глечери и со тоа да се создаде одреден модел на однесување на замрзнатите слоеви во иднина и на поларните климатски промени.

Ќе може да им послужи и како одговор зошто топењето на глечерите на Антарктикот во последните неколку години се одвива со алармантна брзина. Имено, последното истражување на многу научници покажуваат дека брзината на топењето на некои големи глечери се зголемила четири пати во последните десет години, што на некои од најголемите глечери на Јужниот пол се даваат помалку од сто години „живот“, тврдат истражувањата.

Антарктик и неговата иднина имаат големо влијание на судбината на целата човечка цивилизација, бидејќи топењето на мразот на јужната хемисфера може да значи катастрофа за населението дури на југот на Африка, во крајбрежјето на Малдивите или во Австралија, предупредуваат научниците.

Но, тоа што ги возбудува денес е фактот дека на Антарктикот и денес и покрај мразот има многу живот. До сега топлите тропски предели се сметале за пречка која ги раздвојува поларните мечки на Арктикот од пингвините на Антарктикот. Најмалку 235 видови живеат во морињата на двата пола, наспроти нивната меѓусебна оддалеченост од 11.000 километри, се вели во „Попис на животот во морињата“, меѓународен проект со кој податоците за светските океани се собираат на едно место, чии резултати по десет години траење на самиот проект, треба да бидат познати во ноември оваа година. Резултатите од истражувањето, како и откритието дека во студените мориња има живот, доведоа до тоа сега да се постави прашањето од каде стигнале вообичаените поларни животински видови и како завршиле на двата краја на Земјата.

Сето ова е потврдено од најновите научни истражувања дека некогаш на Јужниот пол имало бујна вегетација и животински свет...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 19:30
НАСА пронајде живот на Титан

Истражувачите на американската национална вселенска агенција НАСА открија знаци на живот на Титан, сателит на Сатурн, објави Би-Би-Си. 

Податоците добиени од американската меѓупланетарна сонда „Касини“ покажаа дека на Титан живеат примитивни биолошки видови. Овие „животни форми дишат атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги конзумираат хемиските соединенија од површината на Титан, со што ја добиваат потребната за нив енергија“, се вели во информацијата. 

- Сметаме дека овие биолошки форми користат водородот од атмосферата на Титан на ист начин како што живите суштества на Земјата дишат кислород , рече Крис Макеј од научниот тим на НАСА.

Тој не исклучува дека станува збор за апсолутно непозната форма на биолошки живот, целосно различен од земјиниот.

Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот систем. Дијаметарот му е 5.152 километри, односно 50 отсто поголем од оној на Месечината. Откриен е во 1655 година од холандскиот астроном Кристијан Хујгенс.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 11:30
Човечкиот род ќе изумре во следните 100 години?!

Френк Фанер. Угледен пензиониран професор по микробиологија од австралискиот Национален универзитет тврди дека човечкиот род ќе изумре во следните сто години. Имено, тој смета дека луѓето не се во состојба да го надживеат брзиот пораст на популацијата и неконтролираното трошење на природните добра.

- Човечкиот род ќе изумре во следните сто години, како и многу животински врски. Сега е прекасно за што било да се направи за да се спречи, изјави научникот Фенер за австралиските медиуми.

Имено, според податоците на OOН, на Земјата во моментов живеат 6,8 милијарди луѓе, но до 2011-та години овој број ќе ја прејде бројката од 7 милијарди.

- Човечката род ќе изумре како и многуте видови што изумреле или исчезнале, сигурен е научникот Фенер, кој освои многубројни награди за помагање во искоренувањето на вирусот вариола кој предизвикува сипаници.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 06:07
Прва фотографија на новата мистериозна планета

Научниците ја објавија првата фотографија на планетата наречена „1RXS 1609“ која кружи околу оддалеченото Сонце во групата на планети за кои се проценува дека настанале пред околу пет милиони години.

Планетата според изјавите на групата научници од Универзитетот во Монтреал, е снимена уште во септември 2008-ма година, а фотографијата и поединостите тогаш не биле објавени сè додека астрономите не се увериле дека навистина се работи за планета, а не за некој неидентификуван вселенски објект кој изгледа како планета.

Како на својата интернет страница пренесува National Geographic, снимката која што е фотографирана со помош на телескопот Gemini Nord на Хаваите, потврдила дека навистина станува збор за планета која кружи околу млади ѕвезди и која со нив е гравитациски поврзана.

Планетата која што е оддалечена околу 500 светлосни години, е дури осум пати поголема од Јупитер.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:39
Пронајдени остатоци од морско чудовиште долго 17 метри

Научниците во Перу откриле фосилни остатоци од праисториски кит. Ова „морско чудовиште“ било долго 17 метри и имало огромни заби. Животното старо 12 милиони години научниците го нарекоа „Leviathan“, објави BBC.

Leviathan бил грабливец кој веројатно ловел други китови, наведуваат научниците во магазинот „Nature“.

Со својата големина и изглед тој потсетува на денешните китови, но тоа е единствената сличност. За разлика од китовите кои се пасивни животни и се хранат со лигните од морските длабочини, Leviathan ловел големи морски животни, делфини, фоки, па дури и други китови.

- Тоа било вистинско морско чудовиште. Интересно е дека во исто време во морињара живеело уште едно чудовиште, а тоа е ајкулата која била долга околу 15 метри. Постои можност овие две чудовишта да се бореле меѓусебно, изјави др. Де Музон.

Научниците шпекулираат дека Leviathan можел да изеде плен долг 8 метри кој би го уловил со огромната вилица и би го растргал со забите.

Три метри долгиот череп бил откриен од страна на научниците во 2008-ма година во Перу. Меѓу нив бил и др. Оливие Ламберт.

- Веднаш видовме дека се работи за огромен кит со големи заби, вели др. Ламберт.

Научниците не ја знаат причината за изумирањето на ова праисториско животно. Сè претпоставува дека дошло до промени на еколошкиот систем и животната средина па поради тоа ова животно го сменило начинот на својата исхрана.

Тоа веројатно довело до појава на денешните китови убијци.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 10:34
Откриен тајниот код на Платон

Универзитетот во Манчестер објави дека неодамна неговиот историчар на уметност, професор др. Џеј Кенеди ја открил тајната во делата на класичниот грчи филозоф Платон (428-ма или 427-ма година п.н.е. – 348-ма или 347-ма година п.н.е.), кој според обичаите од тоа време бил и математичар.

Со својот учител Сократ и ученик Аристотел тој го втемелил западно грчкиот начин на размислување и системот во науката.

Платон е познат како писател на т.н. Сократов дијалог. Неговата филозофија е позната по 36 дијалози и 13 писма кои му ги препишува традицијата.

Филозофските теми ги излагал во облик на разговор во често препознатливите групи ликови во некоја тема, цитирајќи го својот учител Сократ со неговите клучни изјави.

Проучувајќи ги дијалозите на старогрчки јазик, Кенеди дешифрирал некои традиционални тези – според кои Платон како вешт математичар и реторичар, во своите текстови под одреден клуч вметнувал прикриен текст.

Во магазинот за стара физиологија и природна наука „Apeiron“, по пет години студирање на Платоновиот труд, Кенеди докажува како на питагорејски начин, Платон во текстовите навистина го сокривал тврдењето, кое изречено јавно во негово време, можело да биде многу опасно.

Неговиот учител Сократ токму поради неприкладни испади во јавноста беше осуден на смрт.

Античката стихометрија е вистинско безбедно криење на дополнителната содржина. Тоа е многу чест начин за криење и откривање на тајните содржини од антиката па се до Данте.

Во својот труд Џеј Кенеди покажува на кој математички начин во текстовите може да се откријат скриените слоеви.

Клучевите претворени во математички алгоритми им овозможиле на компјутерите од изворните старогрчки текстови многу едноставно да ги извлечат Платоновите мисли, кои во негово време, биле добро скриени во тектот.

Во соопштението на Универзитетот во Манчестер цитирани се некои од Платоновите тајни зборови, кои биле прикриени.

- Биди љубезен, бидејќи со секој кој се среќаваш водиш тешка битка.

- Ако од жената се бара да ги работи истите работи како и мажот, тогаш мораме да ги подучиме.

- Незнаењето е коренот на сите зла.

- Само мртвите го доживеале крајот на војната.

- Цената која добрите луѓе ја плаќаат за незаинтересираноста за јавни работи е злобните да ја преземат власта.

- Мудреците говорат, бидејќи имаат што да кажат, будалите говорат, бидејќи нешто мораат да кажат.

Др. Џеј Кенеди го велича Платон како клучен мудрец кој воената култура успеал да ја преобрази во култура на мудроста и знаењето.

За западната цивилизација и неговото време тој е значаен како Исак Њутн или Алберт Ајнштајн. Да не бил тој, не би го славеле како генијален Вилијам Шекспир, смета Кенеди.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 17:28
Неверојатно затемнување на ѕвездите

Сите љубители и посматрачи на ѕвезденото небо во четврток вечер ќе имаат можност да се соочат со еден од ретките божествени настани над Европа во 21-от век. Имено, станува збор за астероид кој поминувајќи пред ѕвездите за момент ќе ја затскрие нивната светлина. Највозбудливиот дел од ова астероидско затемнување ќе биде можноста тој да се проследи со голо око.

Сличен ваков настан беше и сончевото затемнување при кое се забележуваа карпести и метални објекти останати уште од формирањето на сончевиот систем. Верувале или не, бројката на ваквите објекти изнесува околу 400.000, а од нив повеќе од 6.500 се наоѓаат во близина на земјената топка. Како последица од нив, а во зависност од нивната големина , може да настанат помали и поголеми штети на Земјината топка.

Иако овој астероид нема да биде толку голем за да го прикрие сонцето, сепак тој ќе затемни дел од ѕвездената светлина притоа создавајќи неверојатна ѕвездена таинственост.

Како што вели Европската Вселенска Агенција, станува збор за астероидот Рома кој со неговата должина од 50 км ќе ја затскрие ѕвездата Delta Ophiuchi- четвртата по големина во соѕвездието Ophiuchi. Ова значи дека затемнувањето ќе може да се проследи во должина од 50 км тргнувајќи од Централна Европа и Шпанија па се до Канарските острови.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.