|
Дали верувате во Митарства? |
Внеси реплика | страница <1 15161718> |
Автор | ||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 13.Мај.2010 во 22:06 | |||||||
Види Messenger, јас како христијанка немам потреба да оформувам свој личен концепт за работи кои се веќе јасно објаснети во Библијата, или пак не се спомнати од причина дека се непостоечки. За мене Светото Писмо е Зборот Божји и затоа јас не гледам зошто јас би се правела попаметна од Бога. Мене искуството не ми е релевантно во однос на библиски вистини и христијански доктрини. Искуството е лична работа, а не универзална вистина како учењето на Библијата. Мене не ми требаат отци да ми кажуваат според нивното искуство или што и да е, дали има или нема митарства. Чистилиштето и сличните концепти (како митарствата на пример)се небиблиски и како такви се неточни и неприфатливи за вистинските, библиски христијани. Изменето од Rita.MD - 13.Мај.2010 во 22:15 |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 13.Мај.2010 во 23:36 | |||||||
Razbiram deka nemozhesh da imash svoe mislenje od aspekt na lichno iskustvo bidejki za da go imash, treba prvin da umresh, potoa da minesh preku mitarstvata (ako postojat), pa da voskresnesh i da ni gi opishesh istite kako shto nekoi pogore gi imaat nabrojano po red.
Toa voopshto ne go gledam kako negativnost, tuku naprotiv, kako iskrenost. E sega, poradi nemanjeto lichno iskustvo so mitarstva, razbiram deka vo oformuvanje na svoe mislenje za niv mozhesh da se povikash na Svetoto Pismo kako avtoritet spored tvojata vera. |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 01:19 | |||||||
Jas da bidam iskren ne razbiram za sto se raboti, ako diskutirame za mitarstva da diskutirame ovdeka diskusija nema samo kilometarski objasnuvanja i kilometarski citati od biblijata - znaci ubeduvanja koi ne davaat nisto konstruktivno nitu pak nesto novo, ednostavno tvrdoglavo sekoj si go brani svoeto bez i da pomisli na toa deka mozebi ne e vo pravo - da ne si vo pravo ne znaci deka treba da go smenish svoeto mislenje tuku znaci da go koregiras i da bide podobro ...
Mitarstvata kako legenda ili kako vistina koj kako saka spored mene sepak mislam deka stanuva za legenda mi izgledaat premnogu komplicirani i iskreno da kazam ne veruvam deka doklku postojat deka mnogumina minale kroz niv ... |
||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 02:01 | |||||||
Добро, таа САМАТА заклучува дека митарства не постојат (иако ниту лично искуство има, ниту пак се потпира на искуството на оние кои се подуховни од неа). Тоа го сфатив, повеќе и од јасно е, затоа што неколку пати повторив: Ако нема митарства, што тогаш се случува со душата по смртта? Освен Марија Магдалена, која делумно се обиде да го објасни своето сфаќање, и Благој кој даде видување на неговата заедница, друг никој нема дрзост да го стори тоа. Дали ти, можеби, ќе ме (не’) удостоиш со твоето размислување за тоа што се случува со душата после смртта?
А јас од тоа што се „разговара“ на оваа тема (ако воопшто и може тоа да се нарече разговор) е дека полесно е да се нападне туѓото верување, без да се даде образложение за сопственото. Тоа, очигледно е така, затоа што ниту некој сака да признае дека имало, има и ќе има подуховни и поискусни луѓе од него/неа, ниту пак самиот/самата не знае во што верува. Тоа што го велиш, за твојот заклучок, тоа и најмногу ме чуди. Значи, некој не се потпира на толкувањето на оние кои имале НЕПОСРЕДНО искуство со Божественото, туку на самоволното толкување на Светото Писмо, според непросветлен ум. Затоа и секојдневно расте бројот на нови и нови заедници (ако речам секти, ќе се лутите) во светот, чиј број во 1985 год. изнесувал 22,190, годишно се зголемуваа за 270, значи 5 нови заедници со ново толкување на Светото Писмо секоја недела. Браво, ги бива!!!
Го даде нејзиното мислење? Освен цитати со кои „докажува“ дека митарствата „не постојат“, јас не видов она да даде мислење за тоа што се случува со душата после смртта. Едниот стих кој таа го наведе е дека Господ на разбојникот му рекол дека денеска ќе биде со Него во рајот. Па ако Господ и на најголемите непокајани грешници им вели дека ќе бидат во рајот, се прашувам, каков е тој РАЈ? Па го наведе овој цитат за кој пред извесно време браќата протестанти тврдеа дека е само обична приказна, а не и вистина:
И кога веќе сака да цитира, без да образложува, мене ептен ме интересира кое е толкувањето на тоа дека АНГЕЛИТЕ го однеле во КРИЛОТО Авраамово? Како тоа ангелите го однеле? И какво е тоа крило Авраамово? Па потоа и овој цитат:
Интересно, се вели суд? Каков суд кога ќе умре човекот? Зошто суд? Нели не постојат митарства, од каде па сега суд, кога треба да се чека судот кога Господ ќе дојде по втор пат? Очебијно, многу небулози, само колку да се заташка сопственото непознавање на Светото Писмо, а и непризнавање на искуството на поопитните во духовноста!
Моето мислење за митарствата е дадено во најмалку 5 подолги постови поназад. Ако сакаш да го видиш, препрочитај. Мислам дека нема потреба од копи-пејст. Туку, кое е твоето мислење за душата после смртта? Ако не постојат митарства, што се случува со неа? |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 02:27 | |||||||
I jas moeto mislenje go kazhav ponazad.
Da ne se povtoruvam. |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 05:51 | |||||||
Месинџер, се потрудив да го послушам твојот совет и да ги разгледам твоите претходни постови т.е. коментари и го најдов следново што ќе го сумирам:
Значи, прво велиш дека не си убеден во постоењето на митарствата, потоа дека не е се’ запишано во Светото Писмо, па затоа и двата става (за и против митарствата) ги сметаш како еднакви по значење, па на крај даваш еден осврт на верувањето на старите Египтјани. Се’ е тоа во ред, но не е одговор на тоа што те прашувам. Моето прашање не беше насочено кон тоа кој друг верувал во митарства, туку, бидејќи не си убеден во постоењето на тие митарства (иако си малку контрадикторен со тоа што после велиш дека и ставот за и ставот против митарствата ти се еднозначни), те прашав што тогаш се случува со душата после смртта, според тебе?
Изменето од Maran Ata - 14.Мај.2010 во 05:54 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 07:42 | |||||||
Интересно, велиш дека ќе ми кажеш нешто за душата и ми даваш цитат од книгата Проповедник. А што да кажеме за овие цитати од истата книга: Проповедник 3:19-21 зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - се е суета! Се оди на едно место: се произлегува од земјата, и се ќе се врати во *земјата. Која знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата? Заклучокот е многу јасен: лепење цитат како поента дека тоа е твое мислење и не е некакво образложение за твојот став. А уште побитната поента - во една книга, две дијаметрално спротивни изјави. Што е толкувањето? Од каде ќе знаеме? И врз која основа ти си го зел едното за точно, а другото си го отфрлил? Изменето од Maran Ata - 14.Мај.2010 во 07:45 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 11:51 | |||||||
Многу време би ми одзело да цитирам посебни пасуси од повеќе форумџии затоа би бил сега краток.
Значи да сумираме,според Православното толкување на Светото Писмо и според преданието на Светите Оци има еден привремен суд(тоа е кога ќе починеме) и краен суд (општото воскресение).Разлкита е што во првиот суд телото се одвојува од душата(таа НЕприродна состојба е всушност СМРТ)и судот се однесува на душата, и затоа наградата/казната/утехата се повеќе како предвкус за она главното а тоа е општото воскресение кога и ТЕЛОТО И ДУШАТА повторно ќе се соединат и ќе се исправиме пред крајниот суд. Значи според нас учењето за митарствата(без разлика како и да се разликуваат од случај до случај,дури и не мора да се користи тој термин ако сакате!) е оној суд кој го спомнува апсотолот Павле во посланието до Евреите. Душата не спие ниту хибернира до општото воскресение и то те како е свесна, затоа и постои привремен суд. Е сега што нашите ни мили протестанти доживувата теолошки бродолом сакајќи да го објаснат тоа што точно се случува со душата до сеопштото воскресение е друга работа. Но барем благој си го кажа мислењето на неговата заедница,друг се УДАВИ(и тоа библиски!!) со користење на цитати од СТАРИОТ ЗАВЕТ,иако многу добро знаеме дека пред Овоплотувањето Христово старозаветните ликови имале сосема друга перцепција за задгробниот живот. И нормално дека тука никој не кажува свои лични искустав за задргобниот живот!! затоа не е на одмет и да чуеме каков е ставот на баптискичката деноминација од Скопје да го кажат во една две реченици својот став за тоа што се случува со душата по телесната смрт. Не препорачувам цитати без објаснување зашто сами гледате дека ние различно го толкуваме. Ај сега нема смислам само ние тука правоверните се ШИНУВАМЕ од куцање и објаснување за нашиот став,додека некои други само лепат цитат(без никаво објаснување)и нормално прават кариера од плукање на православниот став. ОК немора да се согласува некој со правоверното толкување ,но барем имајте и малку доблест да го кажете и својот став. |
||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 13:11 | |||||||
Мене поинтересна ми е католичката идеја за чистилиштето отколку православната идеја за митарствата. Таму барем човек со мака со ќотек сепак ќе си дојде до Небото. А кај митарствата, ако немаш доволно да ги подмитиш демоните, ојде у казанот
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 13:54 | |||||||
Почитувани,
Веќе подолго време ве следам сите на оваа тема,како пишувате,како се конфронтирате кој бил во право,кој згрешил,кој немал познавања и слично.
Ве читам како си лепите квалификации еден на друг,како ја фалите својата деноминација а ја напаѓате онаа на која припаѓа другиот дискутант и слично,а сето тоа обвиено со скриени прекори,навреди а не ретко тоа преминува во вулгарности,и читајќи ве мислам дека доколку би седнале на една маса би дошло и до физичка пресметка.
Оваа тема и дискусијата на истата до сега беше причина за неколку суспендирања од страна на Модераторот Месинџер,а исто и едно суспендирање од моја страна.
Како Администратор најмалку сакам да видам суспендирани членови,а најмногу ме разочарува тоа кога во форум информатор ќе прочитам дека тоа се дискутанти од подфорумот Вероисиповед кои во најголем процент се верници и треба да бидат пример за сите останати.
Почитувани членови,најмогу ме разочарува што сите вие припаѓате посветени Христијани од различни деноминации,кои место да бидат пример за посветеност,духовност и толеранција за останатите форумџии,се пример за тоа како се прават кавги и караници,а се тоа во име на Религија.
Секој од вас е убеден дека е во право самиот тој,а дека другиот од спротивната страна е во заблуда,во грешка и дека нема појма од ништо.
Почитувани,крајно време е да престанат овие дофрлања и конфронтации помеѓу вас Христијанските верници на подфорумов.
Прочитав доста тешки навреди тука од типот,ти немаш појма,шизофреник си,демонски опседнат и слично,и се запрепастив како тоа може да биде искажано од страна на еден верник,во случајов Христијанин.
Никој од вас не смее тука да одигрува улога на Крстоносец,да мафта со својот мач и да го обвинува онај другиот за било што.
Религијата во секој од вас треба да се носи во себе и да промовира љубов и кон верникот од своето јато а и кон спротивното,а не да се напаѓа.
Религијата е Љубов а не омраза и карање.
Бидете толерантни кон сите без разлика на кое јато прифаѓа другиот,бидејќи сите сте од ист род.
Ова нека биде моја јавна опомена кон сите членови-дискутанти на подфорумот Веросиповед,да бидат коректни и толерантни еден на друг и да не се расправаат,конфронтираат а најмалу од се да се навредуваат.
Ме молам да не го правите Веросиповед подфорум каде има караници и навреди кон другите и место од каде се шири омраза и нетолеранција,а се тоа во име на Бог.
Подфорумот Вероисповед треба да биде место каде и само каде ќе се промовира верба кон Бог,Љубов и Толеранција,ништо повеќе.
Ви благодарам
|
||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 14:08 | |||||||
Ti izbegal posledniot komentar:
So drugi zborovi, sakam da kazham deka idejata za mitarstva ne e hristijanska originalnost, tuku postoela odamna vo razni religii, kako shto ne postoela i ne postoi vo drugi. Nikoj ne umrel, ne pominal niz tie mitarstva (dokolku postojat) i ne voskresnal za da ni dade detalen opis kako shto beshe objaven nekoja strana ponazad. Spored toa, ne mozhe decidno da se tvrdi deka tie postojat ili ne postojat, tuku mozhe samo da se veruva vo nekoi kazhuvanja za niv ili da ne se veruva. Jas ne veruvam vo neshto takvo i bi se slozhil so EvAngelos deka, na krajot od kraishtata, podobra ideja e onaa za nekakvo chistilishte. Interesno e deka koga imam chitano za iskustva na lugje koi bile vo klinichka smrt, a potoa po nekoja sluchajnost bile vrateni vo zhivot, nekoi od niv govorat oti bile soocheni od nekakva lichnost so nivniot poraneshen zhivot so cel da osoznaat kakvi lugje bile vo nivnoto materijalno bituvanje, no nikoj nikogash ne govorel za minuvanje preku nekakvi mitarstva. Spored toa, smetam deka ne zvucham nerazuno ako kazham oti do sega praktichno nemame nikakov dokaz za postoenje na mitarstva i onoa shto se zboruva za niv verojatno pretstavuva edna teoloshka konteplacija na tema chistilishte, iskupuvanje od grevovi i t.n. Se nadevam deka sega mojot odgovor, kako podirekten i popotpoln, te zadovoluva. Изменето од Messenger - 14.Мај.2010 во 14:15 |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 14:35 | |||||||
Bi sakal da go povtoram obrakjanjeto na administratorot do nasheto chlenstvo bidejki smetam deka e potpolno na mesto.
Od moja strana nemam shto da dodadam, osven da posocham na nekolku praktichni soveti koi bi pomognale vo realizacija na pogore kazhanoto. Restriktirajte se od: 1.Kritikuvanje na drugoto lice zatoa shto ne veruva kako vas 2.Ponizuvacki iminja i etikiranje 3.Dijagnosticiranje - igranje amaterski psihijatar 4.Moraliziranje - popuvanje na drugiot 5.Preterano sovetuvanje 6.Postavuvanje i odgovaranje so nesoodvetni prashanja 7.Prenasocuvanje na temata 8.Zakanuvanje Изменето од Messenger - 14.Мај.2010 во 14:37 |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 14.Мај.2010 во 17:36 | |||||||
Зошто една спасена душа би морала да помине низ митарства за да дојде до Рајот? Зарем мора да подмитуваме демони за да стигнеме таму? Тоа не е воопшто библиски! Дали вие всушност го одобрувате митото/подмитувањето? Зарем Христос не не откупи, оправда и спаси? Не ја газете Неговата крв.
Од друга страна, зошто еден неверник би заглавувал на митарства кога и онака ќе отиде во казанот (што вика Ев)? Изменето од Rita.MD - 14.Мај.2010 во 17:36 |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 16.Мај.2010 во 12:22 | |||||||
Не сум задоволна од одговорот, затоа воопшто не е одговор на моето прашање. Ако го прочиташ мојот претходен коментар, ќе видиш дека јас реков дека во ред е твоето образложување зошто не веруваш во митарствата. Значи, ете, да земеме за пример демек не постојат митарствата, како што велиш. Тогаш, без митарствата, што се случува со душата после смртта? Еве упростено: Умира човекот и душата каде оди? Заспива? Станува пепел и прав? Продолжува да живее? Оди во друго тело? Станува енергија која се апсорбира од космосот?... Што мислиш? |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 15161718> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |