IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
Автор
Порака
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 16:16
Е значи сварно нема ништо боље од салата од компири.
Амин!
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 16:21
Пилешка со печурки и павлака... голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка Моја омилена...дадада
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 21:08

Македонска Салата

200 гр. Свежи домати сечени на коцки
200 гр. краставици сечени на коцки
40 гр. ситно сечкан кромид
120 гр. пиперки печени и сечени на коцки
40 гр. масло
сол

Сето ова се меша, се сервира во чинија за салата и се служи. По желба може да се стави лута пиперка.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 04:09

Малиџано

4 модри патлиџани
200 гр. овчо сирење
6 чешниња лук
50 гр. ореви
50 гр. масло
црн пипер

Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 14:03
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:



Како мислиш лимонов сок од шише од Кам?
Немој бе мамад, душата ќе те колне. Се знае како се “залева“ салата, лимон, маслиново масло (нека е и сончогледово), ама лимонов сок од шише?



таман ќе одам да си направам една салатичка, па си барав идеи шопска... оу јеа

цеденото сокче од лимонче, ако е тоа истото што мислиме, е мнооооогу убаво, па и за коктели или во овошна салата... ама во марула е... мммм и дава некој вкус што не ме асоцира на трева
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 17:18

Салата Маканица

300 гр. грав
3-4 лути суви пиперки
4-5 чешниња лук
200 гр. масло
сол

Сварете го гравот заедно со пиперките. Исцедете ги од вода, а пиперките излупете ги и извадете го семето и рачките. Сето тоа изгмечете го убаво и направете гycтa каша. Лукчето истолчете го и ставете го во кашата и налејте ја со маслото. Посолете по вкус.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 17:25
3 поголеми киселки јаболка
4-5 моркови
2-3 лажици оцет (или лимон)
мајонез по желба
сол

јаболката и морковите се рендаат, се ддава оцетот (или лимонот), се става мајонез и сол и сето тоа се меша.... Чудна малку е ама сепак е добра....

А место мајонез можи да се стави 2-3 жолчки биени додека не станат густи измешани со оцет или лимон... среќа
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 03:05

МЕШАНА САЛАТА СО ЈОГУРТ

            Потребно: 3 компири, 4 моркови, 1 праз, 1 лажица маринирани печурки, 3 краставици, 50 гр. црни маслинки, 200 гр. посна шунка во парче, 1 жолчка, 1 лимон, 1 чаша јогурт, масло, црн пипер и сол

            Сварете ги компирите и морковите, исцедете ги, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки. Во подлабока чинија изматете ја жолчката со малку сол и црн пипер и додадете сок од лимон. Ставете ги во длабок сад за салата сварениот зеленчук, исечканата шунка, краставицата на тркалца, печурките и маслинките. Преку салатата прелијте го сосот со јајце и промешајте. Потоа прелијте ја со јогурт и додадете неколку лажици масло. Украсете ја со тркалца од белиот дел на празот и оставете неколку минути да стои за да може зеленчукот да ги впие сите сокови. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 21:57

Салата Примавера

Салата%20Примавера
 

Потребни состојки:

  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 100 грама Пченка
  • 1   Пиперка/ки
  • 100 грама Моркови
  • 250 грама Макарони
  • малку   Магдонос
  • 100 грама Грашок
  • 100 грама Боранија
  • 200 милилитри Јогурт
  • малку   Црн пипер 
Во наслона вода сварете ги макароните, исцедете ги, измијте со ладна вода па пак убаво исцедете.

Посебно сварете ги морковите, грашокот, боранијата и пченката.

Сè исцедете, а боранијата и морковите исечкајте ги на ситни коцки.

Пиперката исчистете ја и исечкајте ја на коцки.

Во длабок сад ставете ги исцедените макарони, додајте го зеленчукот, изронетото сирење и сè заедно измешајте со јогуртот.

Зачинете со сол и црн пипер, додајте сечкан магдонос.


Изменето од емил - 05.Мај.2010 во 21:57
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 19:27

Балканска Салата

Потребни Состојки:
-4 компири
-2 главици цвекло,
-4 јајца,
-1/2 кг. кисели краставички,
-1 дцл. јогурт,
-100 гр. ореви,
-100 гр. црни маслинки,
-оцет, масло, црн пипер, сол.

Подготовка:
Компирите сварете ги со лушпа, а цвеклото посебно. Сварете ги и јајцата. Излупете ги компирите и цвеклото, исецкајте ги на коцки и ставете во длабока чинија. Тврдо сварените јајца исечете ги исто на коцки и измешајте ги заедно со цвеклото и компирите. Додајте ги исечените краставички. Извадете ги семките од маслинките, исецкајте ги и ставете во чинија. Јогуртот измешајте го со сецканите ореви и ставете го во салатата. Додајте сол, масло, оцет и уште еднаш добро измешајте.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 22:49
Неодамна дознав дека во Турција како прелив за марула се употребува сос од калинки. Пробав и доста е интересно. Сосот е доста кисел но не ги нагризува усните како оцетот.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 23:09
Да познат ми е сосот затоа што и арапите доста често го користат само што има друго име ама сепак за истиот состав станува збор...среќа

Го ставаат најчесто во салато до ДОМАТ,КРАСТАВИЦА и МАРУЛКА... среќа
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 00:00
Патем сосот од калинки го има во Ramstore да се купи, едната варијаната е околу 200 ден. другата околу 300.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 01:45
 
 
  Една едноставна но многу убава салата...
 
  варено гравче.... печени пиперки ..излупени... сецкани намигнување
  се промешуваат  се става  масло и сол... по желба
  може  малку лукче .....  и   за мерак.....голема%20насмевка
 
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.