|
Злоупотреба на дроги меѓу учениците |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Мај.2010 во 14:28 |
|
Најновите истражувања и анкети покажуваат дека границата на злоупотреба на дроги се симнува се пониско и дека сега учениците од основновните училишта се цел на дилерите.
Родителите во апатија поради се поголемата сиромаштија, или од презафатеност на работа/со своите бизниси се помасовно своите деца ги препуштаат на улицата каде многу лесно стануваат мета на продавачите на опијати. Треба ли да се размисли за враќање на ’’нормалното’’ работно време до 15 часот, кога како така родителите можеа да ги контролираат своите деца. Треба ли во училиштата психолозите да се вратат на својата примарна работа- работа со деца со нарушено однесување или сеуште ќе се толерира башибузукот кој владее и кој по некое време ке се врати како бумеранг.Што се случува со нашите деца? Основните училишта на удар на дилерите |
||
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
го прочитав ова од време и мислам дека имаат право...во моја близина има основно училиште и често знаеме да седнеме на клупите...ама околу нас преполно е со игли...децата почнаа иглите од училишните дворови да ги гледаат како нешто нормало па и со тоа им доаѓа размислувањето..ако оние можат да се дрогираат со такви дроги зошто јас да неможам да пушам марихуана...родителите(некои) во трка по пари го забораваат домот и важноста на домашното воспитување, а наместо тоа им ги нудат парите и празните ветувања за дека ќе добијат нешто ако се послушни...ги испуштаат од раце децата...кај се видело да им се дозволува на деца од 13-14 год. да остануваат до 3-4 навечер надвор...родителите презафатени..училиштата незагрижени...треба на тие деца да им се објасни што всушност може да се случи ако почнат да земаат дрога...ама во Македонија тоа некако не функционира
Изменето од ma4kica - 10.Мај.2010 во 14:39 |
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
што е дрога?
а што е злоупотреба? |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога ќе се спомене дрога - веднш тоа нешто е поврзано со злоупотребата и тоа во најшироко поимање на зборот.Очигледно уште еден производ на модерните општества.Зло кое носи големи профити и ме мачи дилемата за кокошката и јајцето.Кој ја турка - дали држави го поттикнуваат ова зло ( нејзини институции - се споменува ЦИА).
Зло...зло...зло... До кога? |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И си думам , думам како темава нема интерес за дискусија. Да беше некоја афера за некое швалерисување на јавни фаци, за некој арамилак ке се испотепавме сите да пишуваме купишта редови. За дрогата и децата штама.
Толку ли отрпнавме, толку ли не не интересира една појава која бегло минува покрај нас и пред која замижуваме. Нејсе, јас ке си кажам да ми олесни на душата. Читам и не ми се верува...немало каде да ги сместат децата освен во дневните центри Немало начин како да им се одземе родителското право? И онака замајано си мислам, на оние кутрине од Штавица веднаш најдоа канал и законска регулатива и тоа само затоа што им се случи семејна трагедија додека мајката во услови на тешка бедотија и сиромаштија го ставила до огинот од каде летнало жарче и изгоре детево. За овие кои своите родени деца ги дрогираат (барем според медиумите) нема законска регулатива. Прифатилиштата не се спас за децата Роми Изменето од mamamd - 29.Мај.2010 во 14:52 |
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа ромите што дишат лепак...
Стварно е жално и гнасно... Па таа мајката што се шиткала за 150 денари пред своите деца... Мора да има друго решение , грозно е да се каже дека немала/е решение , или само тоа ‘преостанало‘... |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
од гледна точка на тинејџер, мислам дека не е се до родителите туку и до децата.јас знам девојчиња кои пушат цигари од 13, а за една од нив се зборуваше и дека се дрогира.е сега, ако јас не сакам да пушам цигари или да се дрогирам, нема да почнам.дрогирањето е само израз на слаби карактери кои не се способни да кажат не, на сметка на тоа да си го уништат животот.но, мал дел во сето ова имаат и родителите...сепак,мислам дека најмногу зависи од карактерот на детето...
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Charmedgirl18 а дали знаеш кој треба да ги едуцира тие деца? Училиштето и РОДИТЕЛИТЕ. Значи сепак родителите имаат голема улога во сето тоа, без разлика дали на некого му се допаѓа или не. Се додека родителите не седнат да разговараат со своите деца, тие ќе се чувствуваат како препуштени сами на себе. Нормално дека и училиштето треба да води грижа, но свесни сме како функционираат работите во земјава.
|
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
СЕ СОГЛАСУВАМ ЦЕЛОСНО!но, дали навистина мислиш дека родителите можат да направат нивното дете да престане да пуши или да се дрогира, ако веќе почнало, или пак ако му зборуваат на детето да не почне?еве јас сум пример, мене никој не ми зборувал цело време немој да пушиш, немој да се дрогираш.едноставно, јас знам дека тоа не е добро за мене и не го правам.исто така, живееме во 21 век, во кој децата можат да си прочитаат се на интернет, иако знам дека тоа не го прават.а од друга страна, родителите се помалку имаат време, и децата се оставени на сопствениот ум...
|
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
овако...не знам за работното време, ама тоа за психолозите и нивната примарна улога е ок. и е сосема реалистично и возможно. сега, каj нас во училиштата на психолог се отпушта штатна броjка само кога броjот на учениците во дадено училиште е над 600. не знам како е каj вас, но таа граница е проблематична во Бг, барем за моментот, оти наборите се од тие години кога рагаемостта е на наjниско нивоа...тоа за средните училишта. не знам како ке отреагират во основните , кога таму веке не постои проблемот. рагаемостта се повиши после 1997 г. дали е така и во Македониjа? |
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
хм, бидејќи имаше бугарски зборови а јас разбирам бугарски многу малку, ќе одговорам според тоа што го сфатив.кај нас психолози има и во средните и во основните училишта без разлика на бројот на учениците.само не знам како е во помалите места или во селата, околу тоа прашање.но, психолозите иако би требале да играат голема улога, не превземаат ништо за да ги предупредат учениците за дрогата...
|
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Злоупотреба? Јас би рекол употреба на дрога, не злоупотреба.
Вака сега. Границата на возраст на децата, кои употребуваат дрога е намалена, т.е. дури и основците се дрогираат, не затоа што родителите нивни имаат се повеќе обврски, потешкотии да обезбедат средства за нормален живот, туку, затоа што дрогата е се` подостапна во денешно време, за разлика од пред 10-20 години. Постарите рекле "подобро спречи, отколку лечи". Каде е проблемот? За ова многупати имам пишувано: државата во која живееме, плаќаме даноци и ред други работи, во која плаќаме за нашата безбедност и образование, не ги брка добро тие работи. Се шверцува со дрога, има разработена "мрежа" низ која се пренесува и продава дрогата. Па 21 век сме, век на технологија, можностите се големи да се следи се` што се случува низ улиците, а кај нас нажалост ништо не се прати. Буквално на секоја втора улица има по некој дилер, од каде што може да се купи дрога. Башка, во време во кое се` помалку се стимулира спортот во нашата држава, во која и да нема успешен тим по било кој спорт, во која нема квалитетни младински школи, младите се` помалку се спортски активни. Слободното време главно го минуваат по кафиќи, дискотеки, конзумирајќи разни опојни и наркотични средства. |
||
mimicria
Сениор magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
|
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |