Злоупотреба на дроги меѓу учениците
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22475
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 03:27 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Злоупотреба на дроги меѓу учениците
Постирано од: mamamd
Наслов: Злоупотреба на дроги меѓу учениците
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 14:28
Најновите истражувања и анкети покажуваат дека границата на злоупотреба на дроги се симнува се пониско и дека сега учениците од основновните училишта се цел на дилерите. Родителите во апатија поради се поголемата сиромаштија, или од презафатеност на работа/со своите бизниси се помасовно своите деца ги препуштаат на улицата каде многу лесно стануваат мета на продавачите на опијати. Треба ли да се размисли за враќање на ’’нормалното’’ работно време до 15 часот, кога како така родителите можеа да ги контролираат своите деца. Треба ли во училиштата психолозите да се вратат на својата примарна работа- работа со деца со нарушено однесување или сеуште ќе се толерира башибузукот кој владее и кој по некое време ке се врати како бумеранг.Што
се случува со нашите деца? http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2017&ArticleID=140393 - - Основните
училишта на удар на дилерите
|
Коментари:
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 14:39
го прочитав ова од време и мислам дека имаат право...во моја близина има основно училиште и често знаеме да седнеме на клупите...ама околу нас преполно е со игли...децата почнаа иглите од училишните дворови да ги гледаат како нешто нормало па и со тоа им доаѓа размислувањето..ако оние можат да се дрогираат со такви дроги зошто јас да неможам да пушам марихуана...родителите(некои) во трка по пари го забораваат домот и важноста на домашното воспитување, а наместо тоа им ги нудат парите и празните ветувања за дека ќе добијат нешто ако се послушни...ги испуштаат од раце децата...кај се видело да им се дозволува на деца од 13-14 год. да остануваат до 3-4 навечер надвор...родителите презафатени..училиштата незагрижени...треба на тие деца да им се објасни што всушност може да се случи ако почнат да земаат дрога...ама во Македонија тоа некако не функционира
-------------
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Мај.2010 во 13:10
што е дрога?
а што е злоупотреба?
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 13:23
Кога ќе се спомене дрога - веднш тоа нешто е поврзано со злоупотребата и тоа во најшироко поимање на зборот.Очигледно уште еден производ на модерните општества.Зло кое носи големи профити и ме мачи дилемата за кокошката и јајцето.Кој ја турка - дали држави го поттикнуваат ова зло ( нејзини институции - се споменува ЦИА).
Зло...зло...зло...
До кога?
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Мај.2010 во 14:51
И си думам , думам како темава нема интерес за дискусија. Да беше некоја афера за некое швалерисување на јавни фаци, за некој арамилак ке се испотепавме сите да пишуваме купишта редови. За дрогата и децата штама. Толку ли отрпнавме, толку ли не не интересира една појава која бегло минува покрај нас и пред која замижуваме. Нејсе, јас ке си кажам да ми олесни на душата. Читам и не ми се верува...немало каде да ги сместат децата освен во дневните центри Немало начин како да им се одземе родителското право? И онака замајано си мислам, на оние кутрине од Штавица веднаш најдоа канал и законска регулатива и тоа само затоа што им се случи семејна трагедија додека мајката во услови на тешка бедотија и сиромаштија го ставила до огинот од каде летнало жарче и изгоре детево. За овие кои своите родени деца ги дрогираат (барем според медиумите) нема законска регулатива. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2032&ArticleID=141656 -
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 29.Мај.2010 во 16:09
Тоа ромите што дишат лепак... Стварно е жално и гнасно... Па таа мајката што се шиткала за 150 денари пред своите деца... Мора да има друго решение , грозно е да се каже дека немала/е решение , или само тоа ‘преостанало‘...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 08.Јуни.2010 во 11:14
од гледна точка на тинејџер, мислам дека не е се до родителите туку и до децата.јас знам девојчиња кои пушат цигари од 13, а за една од нив се зборуваше и дека се дрогира.е сега, ако јас не сакам да пушам цигари или да се дрогирам, нема да почнам.дрогирањето е само израз на слаби карактери кои не се способни да кажат не, на сметка на тоа да си го уништат животот.но, мал дел во сето ова имаат и родителите...сепак,мислам дека најмногу зависи од карактерот на детето...
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Јуни.2010 во 11:27
member_profile.asp?PF=22081&FID=67 - Charmedgirl18 а дали знаеш кој треба да ги едуцира тие деца? Училиштето и РОДИТЕЛИТЕ. Значи сепак родителите имаат голема улога во сето тоа, без разлика дали на некого му се допаѓа или не. Се додека родителите не седнат да разговараат со своите деца, тие ќе се чувствуваат како препуштени сами на себе. Нормално дека и училиштето треба да води грижа, но свесни сме како функционираат работите во земјава.
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 10.Јуни.2010 во 13:33
СЕ СОГЛАСУВАМ ЦЕЛОСНО!но, дали навистина мислиш дека родителите можат да направат нивното дете да престане да пуши или да се дрогира, ако веќе почнало, или пак ако му зборуваат на детето да не почне?еве јас сум пример, мене никој не ми зборувал цело време немој да пушиш, немој да се дрогираш.едноставно, јас знам дека тоа не е добро за мене и не го правам.исто така, живееме во 21 век, во кој децата можат да си прочитаат се на интернет, иако знам дека тоа не го прават.а од друга страна, родителите се помалку имаат време, и децата се оставени на сопствениот ум...
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 10.Јуни.2010 во 13:47
mamamd напиша:
Најновите истражувања и анкети покажуваат дека границата на злоупотреба на дроги се симнува се пониско и дека сега учениците од основновните училишта се цел на дилерите. Родителите во апатија поради се поголемата сиромаштија, или од презафатеност на работа/со своите бизниси се помасовно своите деца ги препуштаат на улицата каде многу лесно стануваат мета на продавачите на опијати. Треба ли да се размисли за враќање на ’’нормалното’’ работно време до 15 часот, кога како така родителите можеа да ги контролираат своите деца. Треба ли во училиштата психолозите да се вратат на својата примарна работа- работа со деца со нарушено однесување или сеуште ќе се толерира башибузукот кој владее и кој по некое време ке се врати како бумеранг.Што
се случува со нашите деца? http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2017&ArticleID=140393 -
|
овако...не знам за работното време, ама тоа за психолозите и нивната примарна улога е ок. и е сосема реалистично и возможно. сега, каj нас во училиштата на психолог се отпушта штатна броjка само кога броjот на учениците во дадено училиште е над 600. не знам како е каj вас, но таа граница е проблематична во Бг, барем за моментот, оти наборите се од тие години кога рагаемостта е на наjниско нивоа...тоа за средните училишта. не знам како ке отреагират во основните , кога таму веке не постои проблемот. рагаемостта се повиши после 1997 г. дали е така и во Македониjа?
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 10:23
хм, бидејќи имаше бугарски зборови а јас разбирам бугарски многу малку, ќе одговорам според тоа што го сфатив.кај нас психолози има и во средните и во основните училишта без разлика на бројот на учениците.само не знам како е во помалите места или во селата, околу тоа прашање.но, психолозите иако би требале да играат голема улога, не превземаат ништо за да ги предупредат учениците за дрогата...
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 10:40
Злоупотреба? Јас би рекол употреба на дрога, не злоупотреба.
Вака сега. Границата на возраст на децата, кои употребуваат дрога е намалена, т.е. дури и основците се дрогираат, не затоа што родителите нивни имаат се повеќе обврски, потешкотии да обезбедат средства за нормален живот, туку, затоа што дрогата е се` подостапна во денешно време, за разлика од пред 10-20 години.
Постарите рекле "подобро спречи, отколку лечи". Каде е проблемот? За ова многупати имам пишувано: државата во која живееме, плаќаме даноци и ред други работи, во која плаќаме за нашата безбедност и образование, не ги брка добро тие работи. Се шверцува со дрога, има разработена "мрежа" низ која се пренесува и продава дрогата. Па 21 век сме, век на технологија, можностите се големи да се следи се` што се случува низ улиците, а кај нас нажалост ништо не се прати. Буквално на секоја втора улица има по некој дилер, од каде што може да се купи дрога.
Башка, во време во кое се` помалку се стимулира спортот во нашата држава, во која и да нема успешен тим по било кој спорт, во која нема квалитетни младински школи, младите се` помалку се спортски активни. Слободното време главно го минуваат по кафиќи, дискотеки, конзумирајќи разни опојни и наркотични средства.
|
Постирано од: mimicria
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 10:43
Charmedgirl18 напиша:
од гледна точка на тинејџер, мислам дека не е се до родителите туку и до децата.јас знам девојчиња кои пушат цигари од 13, а за една од нив се зборуваше и дека се дрогира.е сега, ако јас не сакам да пушам цигари или да се дрогирам, нема да почнам.дрогирањето е само израз на слаби карактери кои не се способни да кажат не, на сметка на тоа да си го уништат животот.но, мал дел во сето ова имаат и родителите...сепак,мислам дека најмногу зависи од карактерот на детето... |
------------- Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 18.Јуни.2010 во 20:31
mimicria напиша:
Charmedgirl18 напиша:
од гледна точка на тинејџер, мислам дека не е се до родителите туку и до децата.јас знам девојчиња кои пушат цигари од 13, а за една од нив се зборуваше и дека се дрогира.е сега, ако јас не сакам да пушам цигари или да се дрогирам, нема да почнам.дрогирањето е само израз на слаби карактери кои не се способни да кажат не, на сметка на тоа да си го уништат животот.но, мал дел во сето ова имаат и родителите...сепак,мислам дека најмногу зависи од карактерот на детето... |
|
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 18.Јуни.2010 во 20:41
Лабилните карактери најчесто подпаѓаат под вакви тешки пороци како што е наркоманијата.
Има дрога во средните училишта и тоа сигурно,сум видел и сум разговарал за тоа со средношколци.
За основно не знам,а каде е грешката кој знае.
Не би рекол дека од презафатеност на родители нивните деца подпаѓаат под пороците од типот на дрога и цигари.
Социјалната структура на наркоманите е доста шаренолика,така да не може да се издвои само еден општествен слој.
Просто ме чуди како тоа да во градов кај што живеам знам барем 10 луѓе кои дилаат дрога,претежно Марихуана и на ниеден од нив влакно не му фали на главата.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: gOJDO
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 01:40
За греота децава. Колку по ѓубре дрога имаме толку повеќе се тие се дрогираат...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 15:40
И не е само дрогата, за жал. Каде ни одат децата? http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710104204&id=9&prilog=0&setIzdanie=22027 - Младите
си го ризикуваат животот со морбидни хит-игри
-------------
|
Постирано од: gOJDO
Датум на внесување: 08.Јули.2010 во 12:43
mamamd напиша:
И не е само дрогата, за жал. Каде ни одат децата? http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710104204&id=9&prilog=0&setIzdanie=22027 - Младите
си го ризикуваат животот со морбидни хит-игри
| Абе бабини десетини. Во кафичите во пијачките ставале дрога, па барем нека кажат во кои кафичи за децава да не си трошат пари кога има бесплатно...
Ние во основно си игравме "Јавување во Токио", "Прст без нокт" и слични игри.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 08.Јули.2010 во 14:01
mamamd напиша:
И не е само дрогата, за жал. Каде ни одат децата? http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710104204&id=9&prilog=0&setIzdanie=22027 - Младите
си го ризикуваат животот со морбидни хит-игри
|
ја знам таа игра „фајт клаб„(можам да кажам дека имаат многу деца јадено ќотек како предупредување да не се чепкаат со сите други деца „жртви„) се согласувам со гојдо, кога ставаат дрога во пијалокот нека кажат барем каде за да не даваат децата пари дополнително за дроги. don't do drugs it's bad for your organism, health, lung, heart, brain...
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|