|
Исусовото воскреснување |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
manipura
Нов член Регистриран: 04.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Megutoa najgolemiot problem shto me machi zoshto nekoj bi gu pishuval i bi go publiciral seto toa ,koga znae deka ke ima seriozni problemi so zakonot?!?! kako i da e vo sekoj sluchaj ova e prichinsko-posledichno se interesirav za ovaa problematika i eve kade me donese
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не си во право. Ако некој пишува и анализира некои настани и личности кои живееле пред 2000 години, кој е тој кој ќе му направи проблем со законот? Кој има авторски права над некој настан пред 2000 години? Кој закон се повредува? Од друга страна толкувањето на историските извори е плод на научна дејност и лично убедување. Еден извадок, надвор од контекст на останатиот текст може да се прикаже од гледна точка на оној кој анализира. Тоа не е повреда на норма или на самиот текст, туку нечие толкување. А во однос на целта на ваквите пишувања, доволно говори профитот кој го оствари Ден Браун со "Кодот на Да Винчи". Погледни го, ако го најдеш, соочувањето на Ден Браун со историчари, тоа е дел од цела емисија на Discovery или National Geographic , да видиш на крајот немајќи каде, како ќе признае дека романот не е вистина, туку измислен сплет на настани. А и многу други интересни работи во однос на ваквите заговори. |
|
manipura
Нов член Регистриран: 04.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
verojatno vo nashiov sluchaj toa bi bila crkvata, mozebi i gresham samo se trudam da si gi razjasnam rabotite so Vasha pomosh .Izrasnav vo semejstvo kade roditelite ziveele vo komunizmot doma do pred godina dena go nemav Noviot zavet a za celosnata Biblijata pa i da ne zboruvam verojatno sevo proizleguva pa i od moeto semejstvo
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црквата не е никаков сопственик на настани кои се случиле пред 2000 години. Ако некој го смета Христос за човек, а Црквата Го смета за Богочовек, за што би спореле на суд? Како ќе му докажат на судијата дека се случиле тие настани? Кои материјални докази ке ги покажат за докажување на воскресението, вознесението, слегувањето на Светиот Дух? Врз основа на што ќе суди судијата? Тука не може да се примени правото кое важи денес, освен при фалсификување или уништување на нешта, кои се, на пример дел од културно наследство, а со пишувањето на роман, тоа не се прави, зар не? |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
manipura, ne si ja chukaj glavata okolu raboti koi ne mozhat da se dokazhat na nachin kako shto toa go pravi naukata ili kako shto eventualno ti bi ochekuvala.
Kolku shto postojat knigi i podatoci za edno veruvanje, tolku postojat i za drugite. Ako imashe 100% fakti za ednoto od niv, togash drugite nemashe da egzisitraat. Jas mozham da ti navedam seriozni dela od sveshteni lica i profesori na fakulteti od svetski kalibar koi argumentirano, koristejki gi istite sveti pisanija, gi doveduvaat vo prashanje religijskite dogmi i veruvanja. S'e se sveduva na veruvanje. Hristijanite veruvaat vo edni dogmi, muslimanite vo drugi, hindusite vo treti, budistite vo chetvrti i t.n. Zatoa za hristijanite Isus e Bozhji sin i Bog koj voskresnal, za muslimanite e profet koj ne bil nitu razapnat, za hindusite i budistite e avatar, a za mnogu ateisti e prosvetlen chovek. Mislam deka mnogu podobro za tebe sega bi bilo da ne zavzemash "a priori" nikakvi tugji stavovi samo zatoa shto nemash svoe mislenje za ovie raboti. Ako seto ova te interesira, a gledam deka toa e tokmu taka, togash pochni poleka da se zapoznavash so rabotite i so vreme kje pochnesh da gi chuvstvuvash neshtata onaka kako shto treba - od srce. I koga kje ja sozdadesh i izgradish taa intimna vrska, povekje nema da ti bide vazhno koj shto rekol i koj shto kje ti sovetuva. Togash kje stanesh sam svoj dushegrizhnik. Изменето од Messenger - 07.Мај.2010 во 00:11 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
manipura
Mozebi opva ke ti pomogne vo tvorto razmisluvanje za opredelbata??? Ова е приказна за двајца мажи кои делеле соба во болница. Секој ден, човекот кој беше поблиску до прозорецот му раскажуваше на неговиот пријател што гледа надвор. Му опишувал во детали: “Денес, гледам убаво изгрејсонце.. . децата си играат надвор ...дрвјата се расцветани...“ Другиот човек не можеше да стане од креветот, па не можеше да исчека да слушне што се случува надвор. Тоа беше светлата страна во неговиот ден. Еднаш, човекот му раскажа како гледа парада која поминува, оркестар и деца кои слават и се забавуваат. Ова траеше неколку недели се додека еден ден човекот кој беше блиску до прозорецот не умре. Неговиот пријател ја праша сестрата дали може да го премести на креветот покрај прозорецот за да може да ужива во сите убави сцени за кои слушаше од неговиот пријател. Сестрата го премести, но кога погледна низ прозорецот , на негово изненадување, виде само ѕид од цигли. На неколку метра подалеку беше другото крило на болницата. Ја викна сестрата и и рече: “Што се случува? Мојот пријател ми опишуваше прекрасни сцени веќе неколку недели, а јас не можам да видам ништо.“ Сестрата се насмеа и рече: “Господине, зар не сфативте дека вашиот пријател беше слеп?“ Тој го гледаше сето тоа одвнатре. На ист начин, без оглед на тоа што ни се случува во животот, ако имаме правилен став одвнатре, можеме да го пронајдеме доброто. Можеме да ја видеме сончевата светлина дури и кога е облачно. Можеме да бидеме исполнети со радост дури и кога нештата не се во ред. Животот е кревок, а денешниот ден ни е дар. Искористете го максимално. Не ги земајте луѓето во вашиот живот здраво за готово. Не се фокусирајте само на тоа што е погрешно во вашиот живот, наместо тоа, пронајдете причина да бидете благодарни бидејќи семето на обесхрабрување не може да пушти корен во благодарно срце. Ако станете секое утро и му се заблагодарите на Бог за секој ден и ако продолжите во денот со благодарен став, сигурно ќе бидете посреќни, ќе се извишите повисоко и ќе живеете живот на победа што Бог ви го чува во ризницата. Popzdrav Изменето од Blagoj_s - 07.Мај.2010 во 14:07 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sepak mora da ima objektivna vistina koja sam ne si ja izmizlil kako slepiot do prozorot.
zdogleduvanjeto na vistinata sepak ke ni pomogne da odlucime pravilno, vo sto da veruvame, a vo sto ne. Vo kogo da veruvame a vo kogo ne. Bidejki Isus voskresnal, i za toa ima 500 svedoci vo negovoto vreme, kako da gi negiram tie koi go videle so svoi oci, i se razbira ne bile slepi pa da ne im veruvame. se sto se slucilo vo vremeto na Isus poznato e na celata rimska imperija. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se uste NE!!!???? Искушенијата на една шолја за чај! Јас отсекогаш не бев шолја за чај. Бев само една обична ламба од глина. Тогаш мојот господар ме зема и почна да ме обликува и да ми дава форма. Беше многу болно и Го молев да престане, но Тој само се насмеа и рече: “Се уште Не! “ Се разболев и мислев дека веќе нема да издржам но тогаш Тој конечно ме остави. Тогаш ме стави на едно тркало што се врти и се вртев во круг цело време. Не разбирав зошто сака да ме изгори. Викав и молев да престане,да ме остави. Не можев да видам многу јасно низ стаклото на рерната, но Тој само се насмеа,но само замавна со раката и ми рече: “Се уште Не! “ Тогаш наеднаш, мојот Господар ме собра и почна да ме четка. Зема четка за боење и почна да ме обојува. Миризбата беше толку јака што мислев дека ќе се онесвестам,но тој продолжи да се смее и ми рече: “Се уште Не! “ Тогаш ме стави во една друга рерна. Оваа беше двапати пожешка од првата.Знаев дека можам да се задушам. Молев, викав, плачев. Но Тој се ште само се насмеа и ми рече: “Се уште Не! “ Тогаш вратата се отвори и Господарот рече: “ СЕГА !“ Ме подигна и ме стави на полицата да се одморам. Подоцна дојде со огледало и ми рече да погледнам. Како што се гледав себе си, не можев да им верувам на моите очи! Јас реков: “Леле колку убава шолја за чај !“ Тогаш Господарот ми објасни: Сакам да разбереш дека знаев дека ќе те боли кога те обликував. Знаев дека од тркалото за вртење ќе ти се слоши. Но ако те оставев само, ќе се исушеше и ќе беше само една обична ламба од глина и немаше да имаш идентитет во својот живот. “Знаев дека е жешко кога те ставив во првата рерна, но ако не те ставев, ќе се скршеше.“ “Знаев дека ти смета да те исчеткам и обојам, но ако не го направев тоа, немаше да имаш ниту една боја во животот“. “Ох, колку ли само знаев дека втората рерна дека беше претешка за тебе! Но ако не те ставев и во неа немаше да го издржиш притисокот во животот!“ “Твојата сила немаше да биде сочувана, и немаше да издржиш многу долго!“ “Но можеш да видиш, и кога мислеше дека е премногу тешко, Јас се грижев за тебе.Цело време знаев што ќе бидеш денеска. Го имав крајниот продукт на ум од денот кога прв пат те допрев!“ “Но сега, Господе, Ти си наш Татко, ние сме глина, а ти наш грнчар, сите ние сме дела на Твоите раце!“(Исаија 64,8) |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само сакам да опоменам да не паѓате на лагата на змијата .... дека човекот може "сам од себе" да стане бог и "да распознава": 4 А змијата и рече на жената: „…ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.” (Битие 3:4-5) Ние сите како грешници НЕ сме во состојба да расудуваме, ние сме под контрола на гревот, и страстите, ----затоа нашата мудрост нека е Живиот Господ Бог Исус Христос: 34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. (Јован 8:34) 22 И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост, 23 ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците, 24 а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост, 25 зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето. 26 Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род. 27 Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; 28 и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, 29 за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога. 30 Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога,праведност, и осветување, и искупување, 31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!”(1 Коринтјаните 1:22-31) Поздрав, Изменето од Niko777 - 07.Мај.2010 во 15:14 |
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исто да напоемнам дека Библиски човечкото срце за жал е лесен плен за ѓаволот, и како такво човечкото срце е извор на зло, па затоа на човечкото срце не треба да му се верува.
2 За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде -... (Јован 13:2) Исус им рече... 18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот. 19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули. 20 Тие се нештата кои го онечистуваат човекот.... (Матеј 15:18-20) Поздрав, Изменето од Niko777 - 08.Мај.2010 во 09:22 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
manipura, еве ти една книга што ќе одговори на твоето воведно прашање на темава:
Книгата ги обработува следниве прашања: Што се случи тој мистериозен ден во Ерусалим? Воскресна ли, беше ли привидение, лага, или пак најмонументалната случка во историјата? Во првиот дел книгата ја истражува веродостојноста на Христовото воскресение, а во вториот дел го разгледува значењето на воскресението за луѓето. Ако Христос воскресна, дали е тоа Христовото воскресение гаранција за нашето воскресение? Ако воскресението докажува дека смртта не е крајот, тоа ни го менува ставот кон смртта, ни покажува која вера да ја прифатиме, итн. Книгата има 112 страни, а чини 150 ден. Истата можеш да ја набавиш во христијанската книжарница "Откровение" која се наоѓа во Скопје, во подвозникот кај хотелот "Континентал". Поздрав! |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелие според Лука 24, 1-47 А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги приготвија. И го најдоа каменот одвален од гробот. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека стоеја збунети заради тоа, ете,пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: ,,Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека беше уште во Галилеја: говорејќи: дека човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден! И си ги спомнаа Неговите зборови. И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други. А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив: им го кажаа тоа на апостолите. А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа. А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило. И ете во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, одалечено шеесет стадии од Ерусалим, и разговараа меѓу себе за сите овие настани. И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив. Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. И им рече: ,,Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени? И едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: ,, Дали си Ти единствениот странец во Ерусалим, Кој не знаеш, што се случило во него овие дни? И им рече: Што? А тие му рекоа:,, Онаа што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ: како нашите свештенички главатари и старешени Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа . А ние се надевавме дека е Тој Оној , Кој ќе го избави Израил. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. А не збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот , и не го нашле Неговото тело: дојдоа и кажаа дека виделе појава на ангели, кој им рекле дека Тој е жив. Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе. И тој им рече : О неразумни и спори во срце, за да верувате за се што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава? И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишана за Него во целото Писмо. И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму. Но, тие Го задражуваа, велејќи: ,,Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали! И влезе да остане со нив. И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде. Тогаш им се отворија очите и Го препознаа: но Тој стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг: Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата? И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив, кои зборуваа: Господ навистина воскресна: му се јавил на Симона! А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот. И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: Мир вам! А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. А Тој им рече: Зошто сте збунети? И зошто се се јавуваат сомненија во вашите срца? Погледнете Ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам. И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. А тие бидејќи од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: Имате ли тука нешто за јадење? И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. Тој го зеде и јадеше пред нив. И им рече : ,, Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се испони се што е напишано за Мене во Мојсевиот Закон, во Пророците и во Псалмите. Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата ... |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
manipura
Нов член Регистриран: 04.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Blagodaram ke ja pobaram knigata
Изменето од manipura - 08.Мај.2010 во 14:51 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |