Испечати | Затвори го прозорот

Исусовото воскреснување

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22439
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 09:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Исусовото воскреснување
Постирано од: manipura
Наслов: Исусовото воскреснување
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 08:55
Bidejki sum nov chlen neznam kolku temava e razrabotena na forumov me interesira vasheto mislenje dali navistina Isusu voskresnal ili ova e samo ushte edna lazna crkovna dogma ?!?!?!



Коментари:
Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 09:42
Здраво Манипура,

добредојде.
според прашањето смеам да претпоставам дека очекуваш одговор од христијани ?
бидејќи ако сакаш да прашаш не-христијани тогаш веројатно ќе добиеш различни други одговори.


Еве баш сега пишував на еден друга тема "ISUS BIL OBREZHAN..." па еве долу што напишав, и според мене Исус воскреснал, и тоа било предскажано за да биде валидно, и е еден важен дел на Библиското Христијанство (тука не подразбирам ниту една конкретна црква) :


Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:

...Не мора да бидеш крстосан, тоа е паганска работа, не Христијанска. Исус на своите верници (те молам, не го поистеветувај ова со сите самонаречени цркви со збир од секакви хоби-верници) им порача:


Исус им рече... 3 Внимавајте на себе! Ако ти згреши твојот брат, укори го и прости му, ако се покае. (Лука 17:3)


Па еве да ти кажам, во Стариот Завет е низ профетите ПРЕДСКАЖАНО доаѓањето на Исус Христос. Стариот Завет е полн со ТОЧНИ пророштва, и како таков ја потврдува валидноста на Новиот Завет.

Стариот Завет со Новиот Завет, се доказ дека Господ ЗНАЕ СВЕ уште пред да се случи.


Во многу други учења и денешни религии, има некои "учители" кои "си пишувале книги" или уште си пишуваат свои книги, но само Библијата е Пророшки запис, и е математички-статистичко творба, чија статистичка веројатност е недостижна за било кој човек.

Кратко кажано, Библијата Е Божјиот Збор, и е неспоредлива со било кое човечко писание.


И да повторам, не се грижи, јас се трудам да ги пратам Библиските учења, и затоа не мора да се плашиш од разапнување или крстосување од мене, плаши од некои други насилници кои се спремни на физичко насилство. Јас сум тука стриктно само за дебатирање. ...


Еве и еден осврт на Исусовот воскреснување од Библијата:

12 Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите?
13 Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал;
14 А ако Христос не воскреснал, тогаш е празна нашата проповед, празна е и вашата вера.
15 При тоа се наоѓаме и како лажни Божји сведоци, дека сведочиме за Бога, дека Го воскреснал Христа, Кого не Го воскреснал; ако навистина мртвите не воскреснуваат.
16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскреснал.
17 А ако Христос не воскреснал, суетна е вашата вера; вие сте уште во вашите гревови.
18 Тогаш и оние, кои умреле во Христа, загинале.
19 Ако само во овој живот се надеваме на Христа, ние сме најнесреќни од сите луѓе.
20 Но сега, Христос воскресна од мртвите, како првенец на оние кои умреле.
21 Бидејќи смртта дојде преку човек, така преку еден Човек дојде и воскресението од мртвите.
22 Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат.
23 Но секој по својот ред: првенец Христос, после оние кои се Христови, во времето на Неговото доаѓање.
24 Тогаш доаѓа крајот, кога ќе Му го предаде Царството на Бог и Таткото; откако ќе ги уништи: секое началство, и секоја власт и сила.
25 Зашто, Тој треба да царува „додека не ги положи сите свои непријатели под Своите нозе.”
26 Смртта ќе биде уништена како последен непријател. (1 Коринтјани 15:12-26)


Поздрав,


Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 09:52
Да не заборавам, Библијата можеш да ја најдеш он-лајн на:

македонски: mkbible.net


Поздрав,


http://www.mkbible.net - mkbible.net


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 10:53
Ochekuvam odgovori i od hristijani megutoa i ne-hristijani me interesirashe vasheto mislenje bidejki vo posledno vreme premnogu se pishuva za hristijanstvoto,Biblijata pa i ovoj konreten del deka Isus ne voskresnal
Jas eve so moite 16 godini i maliot stepen na sozreanost se najdov vo celosna konfuzija za toa dali postoi Bog ,vo shto da veruvam i sho vo ovaa kasha e vistina a shto laga od neodamna dobiv informacii deka Isus pomognat od rimskite vojnici pobegnal vo Libiskata pustina kade go prodolzil svojot asketski zivot vo nekoj od tamoshnite koptski manastiri druga verzija za negovoto voskresnuvanje e deka negoviot Uchenik Mika mu dava napivka chie dejstvo ke bide nekade okolu 2 dena a potoa ke mu dade protivotorov megutoa apostolite se pobunuvaat i ne dozvlouvaat protivotrovot da mu bide daden sho znachi deka Isus ne voskresnal tuku indirektno bil ubien od negovite sledbenici i tolku mn zboruvanite Templari se smeta deka gi poseduvaat negovite moshti sho povtorno ukazuva na negovoto "voskresnuvanje'' ............ kako bi mozela da imam chisti misli i da veruvam vo neshto koga doznavam deka seto toa vo koe veruvam e samo edna obichna laga i iluzija ?!?!?!


zatoa sakam da slushnam vashi stavovi za ovaa problematika


Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 11:18
Имаш право, приказни има многу, измислени човечки бајки, и има многу лаги, но само една може да биде вистината. За жал луѓето се жртви на демократијата, и погрешно мислат дека мнозинството на некој начин имплицира вистина.

На пример, дали е вистината "помалку" вистина во случај 1 или случај 2 во долниот хумористичен пример ??

Затоа ти советувам да не веруваш во мнозинството туку во есклузивноста.

А според статисткичката веројатност и 100% точност на пророштвата, само Библијата го има екслузивното право на вистинитост.

Проблем се понекогаш луѓето кои погрешно ја толкуваат Библијата (понекогаш не-намерно, но понекогаш намерно со одредена агенда).


Кога ти би бил лажго, и ти би имал цел да ја сокриеш вистината, кој од подолните примери би ти бил поефективен ?


случај 1)
овој форум е vidiidi.com.mk
овој форум е idividi.com.mk


случај 2)
овој форум е digiviki.com.mk
овој форум е vikipiki.com.mk
овој форум е likidiki.com.com
овој форум е mimimami.com.mk
овој форум е idividi.com.mk
овој форум е kikiviki.com.mk
овој форум е nanimani.com.mk
овој форум е vanikani.com.mk
овој форум е canilani.com.mk
овој форум е panikani.com.mk





31 Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици; 32 и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.

33 Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме му робувале; како велиш Ти: ‘Ќе бидете слободни?’ 34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. (Jovan 8:31-34)


Поздрав,


Постирано од: sk
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 12:07
"случај 1)
овој форум е vidiidi.com.mk
овој форум е idividi.com.mk


случај 2)
овој форум е digiviki.com.mk
овој форум е vikipiki.com.mk
овој форум е likidiki.com.com
овој форум е mimimami.com.mk
овој форум е idividi.com.mk
овој форум е kikiviki.com.mk
овој форум е nanimani.com.mk
овој форум е vanikani.com.mk
овој форум е canilani.com.mk
овој форум е panikani.com.mk"


originalno!!!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 17:35
Originally posted by manipura manipura напиша:

............ kako bi mozela da imam chisti misli i da veruvam vo neshto koga doznavam deka seto toa vo koe veruvam e samo edna obichna laga i iluzija ?!?!?!


Ne znam za kakvi "chisti" ili "nechisti" misli mislish, no prvo shto treba da razberesh e deka se raboti za veruvanje. Ako ne beshe taka, togash kje se raboteshe za nauka i kje bea navedeni nepobitni dokazi koi veurvanjeto kje go krenea na nivo na egzaknost preku sekoe somnenie.

Skoro site hristijani veruvaat vo Isusovoto voskresenie, kako shto veruvaat i vo nego kako Sin Bozhji. Ima drugi religii i veri koi velat deka Isus ne umrel na krstot i ne voskresnal, pa duri i deka ne bil raspnat toj, tuku nekoj drug namesto nego. Ima religii koi veruvaat deka bil raspnat i negoviot duh go napushtil teloto, no ne vo onaa smisla na hristijanskoto veruvanje kako vo voskresenie na Sin Bozhji i t.n. Ima veruvanja koi velat deka Isus voopshto ne postoel tuku e prenesen megju evreite kako idealizirana lichnost od egipetskite i hinduistichkite religii.

Ako prashuvash shto e vistinata, togash verojatno nikogash nema da dobiesh eden edinstven i nepobiten odgovor. Ako posteshe neshto takvo, togash nemashe da postojat site ovie razlichni veruvanja, neli?

Jas bi ti preporachal odgovorot da go pobarash vo sebe. Vistinskite odgovori sekogash postojat dlaboko skrieni vo nas. Samo treba da se smirime i da se stishime... i da chekame. Vo toa nema brzanje.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 17:51
Originally posted by manipura manipura напиша:

od neodamna dobiv informacii deka Isus pomognat od rimskite vojnici pobegnal vo Libiskata pustina kade go prodolzil svojot asketski zivot vo nekoj od tamoshnite koptski manastiri druga verzija za negovoto voskresnuvanje e deka negoviot Uchenik Mika mu dava napivka chie dejstvo ke bide nekade okolu 2 dena a potoa ke mu dade protivotorov megutoa apostolite se pobunuvaat i ne dozvlouvaat protivotrovot da mu bide daden sho znachi deka Isus ne voskresnal tuku indirektno bil ubien od negovite sledbenici i tolku mn zboruvanite Templari se smeta deka gi poseduvaat negovite moshti sho povtorno ukazuva na negovoto "voskresnuvanje''


За овој дел од она кое го говориш не постојат никакви историски извори. Како што кажа и Messenger, за воскресението и не може да очекуваме некаков материјален доказ, тоа останува во доменот на верувањето, но за нештава за кои говориш секако дека би имало. Замоли го оној кој ти ги кажал овие информации, да ти приложи и некаков материјален доказ, односно некаков историски извор. Не земај вакви информации здраво за готово, без да ти биде посочен историски извор, не брошура или некоја страна на интернет, туку материјален или пишан историски извор, кој може да се провери.

-------------


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 20:01
Informaciite ne mi se od internet ili broshuri tuku od knigi koi sekomu mu se dostapni pa duri i vo nashive gradski biblioteki


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 20:07
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by manipura manipura напиша:

............ kako bi mozela da imam chisti misli i da veruvam vo neshto koga doznavam deka seto toa vo koe veruvam e samo edna obichna laga i iluzija ?!?!?!


Ne znam za kakvi "chisti" ili "nechisti" misli mislish, no prvo shto treba da razberesh e deka se raboti za veruvanje


Dosta dvosmisleno izleze toa ''chisti'' megutoa mislev na toa da ostanam dosledna i da veruvam vo Boga i toa deka ima neshto pogolemo od nas obicnite smrtnici -vo toj kontekst


Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 20:20


Ako nema voskresenije, togas zaludna e nasata vera......

-------------
www.myspace.com/sblagoj


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 20:36
Originally posted by manipura manipura напиша:

Informaciite ne mi se od internet ili broshuri tuku od knigi koi sekomu mu se dostapni pa duri i vo nashive gradski biblioteki


Дали може да ни ги кажеш насловите на тие книги или пак историски извори на кои тие се повикуваат?

-------------


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 22:10
eve samo del od niv: "Nasledstvoto na Templarot" mislam deka e od Stiv Beri , "13-ot Apostol" nemozam da se setam na avtorot , "Evangelie po Lucifer" (megutoa ne Lucifer shto site go znaeme) - Pol Kristofer ova se knigi kade se pishuva za voskrenuvanjeto (nemozam da se setam na ushte nekoja),a ima mnogu drugi kade se pishuva za crkovni dogmi


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:11
Originally posted by manipura manipura напиша:

eve samo del od niv: "Nasledstvoto na Templarot" mislam deka e od Stiv Beri , "13-ot Apostol" nemozam da se setam na avtorot , "Evangelie po Lucifer" (megutoa ne Lucifer shto site go znaeme) - Pol Kristofer ova se knigi kade se pishuva za voskrenuvanjeto (nemozam da se setam na ushte nekoja),a ima mnogu drugi kade se pishuva za crkovni dogmi


Знаев дека е од книги од типот на Кодот на Да Винчи и сличните.
Ако навистина те интересира за вистинитоста на наведените нешта во тие книги, погледни ги референците кои ги нудат за историските извори на кои се повикуваат, па побарај ги тие извори и изврши сопствена анализа на сиот извор, не се потпирај на толкувања или извадоци од изворите бидејќи често толкувањето на авторот и вадењето на делови од изворите може да биде надвор од контекст. Дури тогаш ќе можеш да дознаеш дали тие книги се повикуваат на вистинити историски извори, или пак на некои фантазии, непотрепени со никаков доказ.

-------------


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:24
Megutoa najgolemiot problem shto me machi zoshto nekoj bi gu pishuval i bi go publiciral seto toa ,koga znae deka ke ima seriozni problemi so zakonot?!?! kako i da e vo sekoj sluchaj ova e prichinsko-posledichno se interesirav za ovaa problematika i eve kade me donese


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:34
Originally posted by manipura manipura напиша:

Megutoa najgolemiot problem shto me machi zoshto nekoj bi gu pishuval i bi go publiciral seto toa ,koga znae deka ke ima seriozni problemi so zakonot?!?! kako i da e vo sekoj sluchaj ova e prichinsko-posledichno se interesirav za ovaa problematika i eve kade me donese


Не си во право.

Ако некој пишува и анализира некои настани и личности кои живееле пред 2000 години, кој е тој кој ќе му направи проблем со законот? Кој има авторски права над некој настан пред 2000 години? Кој закон се повредува?
Од друга страна толкувањето на историските извори е плод на научна дејност и лично убедување. Еден извадок, надвор од контекст на останатиот текст може да се прикаже од гледна точка на оној кој анализира. Тоа не е повреда на норма или на самиот текст, туку нечие толкување.
А во однос на целта на ваквите пишувања, доволно говори профитот кој го оствари Ден Браун со "Кодот на Да Винчи". Погледни го, ако го најдеш, соочувањето на Ден Браун со историчари, тоа е дел од цела емисија на Discovery или National Geographic , да видиш на крајот немајќи каде, како ќе признае дека романот не е вистина, туку измислен сплет на настани. А и многу други интересни работи во однос на ваквите заговори.

-------------


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:45
verojatno vo nashiov sluchaj toa bi bila crkvata, mozebi i gresham samo se trudam da si gi razjasnam rabotite so Vasha pomosh .Izrasnav vo semejstvo kade roditelite ziveele vo komunizmot doma do pred godina dena go nemav Noviot zavet a za celosnata Biblijata pa i da ne zboruvam verojatno sevo proizleguva pa i od moeto semejstvo


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 00:02
Originally posted by manipura manipura напиша:

verojatno vo nashiov sluchaj toa bi bila crkvata, mozebi i gresham samo se trudam da si gi razjasnam rabotite so Vasha pomosh .Izrasnav vo semejstvo kade roditelite ziveele vo komunizmot doma do pred godina dena go nemav Noviot zavet a za celosnata Biblijata pa i da ne zboruvam verojatno sevo proizleguva pa i od moeto semejstvo


Црквата не е никаков сопственик на настани кои се случиле пред 2000 години. Ако некој го смета Христос за човек, а Црквата Го смета за Богочовек, за што би спореле на суд? Како ќе му докажат на судијата дека се случиле тие настани? Кои материјални докази ке ги покажат за докажување на воскресението, вознесението, слегувањето на Светиот Дух? Врз основа на што ќе суди судијата?
Тука не може да се примени правото кое важи денес, освен при фалсификување или уништување на нешта, кои се, на пример дел од културно наследство, а со пишувањето на роман, тоа не се прави, зар не?


-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 00:08
manipura, ne si ja chukaj glavata okolu raboti koi ne mozhat da se dokazhat na nachin kako shto toa go pravi naukata ili kako shto eventualno ti bi ochekuvala.

Kolku shto postojat knigi i podatoci za edno veruvanje, tolku postojat i za drugite. Ako imashe 100% fakti za ednoto od niv, togash drugite nemashe da egzisitraat.

Jas mozham da ti navedam seriozni dela od sveshteni lica i profesori na fakulteti od svetski kalibar koi argumentirano, koristejki gi istite sveti pisanija, gi doveduvaat vo prashanje religijskite dogmi i veruvanja.

S'e se sveduva na veruvanje. Hristijanite veruvaat vo edni dogmi, muslimanite vo drugi, hindusite vo treti, budistite vo chetvrti i t.n. Zatoa za hristijanite Isus e Bozhji sin i Bog koj voskresnal, za muslimanite e profet koj ne bil nitu razapnat, za hindusite i budistite e avatar, a za mnogu ateisti e prosvetlen chovek.

Mislam deka mnogu podobro za tebe sega bi bilo da ne zavzemash "a priori" nikakvi tugji stavovi samo zatoa shto nemash svoe mislenje za ovie raboti.

Ako seto ova te interesira, a gledam deka toa e tokmu taka, togash pochni poleka da se zapoznavash so rabotite i so vreme kje pochnesh da gi chuvstvuvash neshtata onaka kako shto treba - od srce. I koga kje ja sozdadesh i izgradish taa intimna vrska, povekje nema da ti bide vazhno koj shto rekol i koj shto kje ti sovetuva.

Togash kje stanesh sam svoj dushegrizhnik.






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 14:05
manipura


Mozebi opva ke ti pomogne vo tvorto razmisluvanje za opredelbata???




   Ова е приказна за двајца мажи кои делеле соба во болница. Секој ден, човекот кој беше поблиску до прозорецот му раскажуваше на неговиот пријател што гледа надвор. Му опишувал во детали: “Денес, гледам убаво изгрејсонце.. . децата си играат надвор ...дрвјата се расцветани...“

Другиот човек не можеше да стане од креветот, па не можеше да исчека да слушне што се случува надвор.

Тоа беше светлата страна во неговиот ден. Еднаш, човекот му раскажа како гледа парада која поминува, оркестар и деца кои слават и се забавуваат.

Ова траеше неколку недели се додека еден ден човекот кој беше блиску до прозорецот не умре.

Неговиот пријател ја праша сестрата дали може да го премести на креветот покрај прозорецот за да може да ужива во сите убави сцени за кои слушаше од неговиот пријател. Сестрата го премести, но кога погледна низ прозорецот , на негово изненадување, виде само ѕид од цигли.

На неколку метра подалеку беше другото крило на болницата.

Ја викна сестрата и и рече: “Што се случува? Мојот пријател ми опишуваше прекрасни сцени веќе неколку недели, а јас не можам да видам ништо.“ Сестрата се насмеа и рече: “Господине, зар не сфативте дека вашиот пријател беше слеп?“ Тој го гледаше сето тоа одвнатре.

На ист начин, без оглед на тоа што ни се случува во животот, ако имаме правилен став одвнатре, можеме да го пронајдеме доброто.

Можеме да ја видеме сончевата светлина дури и кога е облачно. Можеме да бидеме исполнети со радост дури и кога нештата не се во ред.

Животот е кревок, а денешниот ден ни е дар. Искористете го максимално.

Не ги земајте луѓето во вашиот живот здраво за готово. Не се фокусирајте само на тоа што е погрешно во вашиот живот, наместо тоа, пронајдете причина да бидете благодарни бидејќи семето на обесхрабрување не може да пушти корен во благодарно срце.

Ако станете секое утро и му се заблагодарите на Бог за секој ден и ако продолжите во денот со благодарен став, сигурно ќе бидете посреќни, ќе се извишите повисоко и ќе живеете живот на победа што Бог ви го чува во ризницата.


   Popzdrav

-------------
www.myspace.com/sblagoj


Постирано од: fileo
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 14:13
sepak mora da ima objektivna vistina koja sam ne si ja izmizlil kako slepiot do prozorot.

zdogleduvanjeto na vistinata sepak ke ni pomogne da odlucime pravilno, vo sto da veruvame, a vo sto ne. Vo kogo da veruvame a vo kogo ne.

Bidejki Isus voskresnal, i za toa ima 500 svedoci vo negovoto vreme, kako da gi negiram tie koi go videle so svoi oci, i se razbira ne bile slepi pa da ne im veruvame.

se sto se slucilo vo vremeto na Isus poznato e na celata rimska imperija.



Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 14:19
   
   Se uste NE!!!????



    Искушенијата на една шолја за чај!

Јас отсекогаш не бев шолја за чај. Бев само една обична ламба од глина.

Тогаш мојот господар ме зема и почна да ме обликува и да ми дава форма. Беше многу болно и Го молев да престане, но Тој само се насмеа и рече: “Се уште Не! “

Се разболев и мислев дека веќе нема да издржам но тогаш Тој конечно ме остави.

Тогаш ме стави на едно тркало што се врти и се вртев во круг цело време.

Не разбирав зошто сака да ме изгори.

Викав и молев да престане,да ме остави. Не можев да видам многу јасно низ стаклото на рерната, но Тој само се насмеа,но само замавна со раката и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш наеднаш, мојот Господар ме собра и почна да ме четка.

Зема четка за боење и почна да ме обојува. Миризбата беше толку јака што мислев дека ќе се онесвестам,но тој продолжи да се смее и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш ме стави во една друга рерна. Оваа беше двапати пожешка од првата.Знаев дека можам да се задушам. Молев, викав, плачев.

Но Тој се ште само се насмеа и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш вратата се отвори и Господарот рече: “ СЕГА !“

Ме подигна и ме стави на полицата да се одморам.

Подоцна дојде со огледало и ми рече да погледнам.

Како што се гледав себе си, не можев да им верувам на моите очи!

Јас реков: “Леле колку убава шолја за чај !“

Тогаш Господарот ми објасни:

Сакам да разбереш дека знаев дека ќе те боли кога те обликував.

Знаев дека од тркалото за вртење ќе ти се слоши.

Но ако те оставев само, ќе се исушеше и ќе беше само една обична ламба од глина и немаше да имаш идентитет во својот живот.

“Знаев дека е жешко кога те ставив во првата рерна, но ако не те ставев, ќе се скршеше.“

“Знаев дека ти смета да те исчеткам и обојам, но ако не го направев тоа, немаше да имаш ниту една боја во животот“.

“Ох, колку ли само знаев дека втората рерна дека беше претешка за тебе! Но ако не те ставев и во неа немаше да го издржиш притисокот во животот!“

“Твојата сила немаше да биде сочувана, и немаше да издржиш многу долго!“

“Но можеш да видиш, и кога мислеше дека е премногу тешко, Јас се грижев за тебе.Цело време знаев што ќе бидеш денеска. Го имав крајниот продукт на ум од денот кога прв пат те допрев!“



“Но сега, Господе, Ти си наш Татко, ние сме глина, а ти наш грнчар, сите ние сме дела на Твоите раце!“(Исаија 64,8)

-------------
www.myspace.com/sblagoj


Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 15:12
Originally posted by fileo fileo напиша:

sepak mora da ima objektivna vistina koja sam ne si ja izmizlil kako slepiot do prozorot.

zdogleduvanjeto na vistinata sepak ke ni pomogne da odlucime pravilno, vo sto da veruvame, a vo sto ne. Vo kogo da veruvame a vo kogo ne.

Bidejki Isus voskresnal, i za toa ima 500 svedoci vo negovoto vreme, kako da gi negiram tie koi go videle so svoi oci, i se razbira ne bile slepi pa da ne im veruvame.

se sto se slucilo vo vremeto na Isus poznato e na celata rimska imperija.



Само сакам да опоменам да не паѓате на лагата на змијата .... дека човекот може "сам од себе" да стане бог и "да распознава":

4 А змијата и рече на жената: „…ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.” (Битие 3:4-5)


Ние сите како грешници НЕ сме во состојба да расудуваме, ние сме под контрола на гревот, и страстите, ----затоа нашата мудрост нека е Живиот Господ Бог Исус Христос:


34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. (Јован 8:34)



22 И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост,
23 ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците,
24 а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост,
25 зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето.
26 Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род.
27 Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните;
28 и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто,
29 за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога.
30 Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога,праведност, и осветување, и искупување,
31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!”(1 Коринтјаните 1:22-31)


Поздрав,


Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 09:21
Исто да напоемнам дека Библиски човечкото срце за жал е лесен плен за ѓаволот, и како такво човечкото срце е извор на зло, па затоа на човечкото срце не треба да му се верува.



2 За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде -... (Јован 13:2)


Исус им рече... 18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот.
19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.
20 Тие се нештата кои го онечистуваат човекот.... (Матеј 15:18-20)



Поздрав,


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 11:03
manipura, еве ти една книга што ќе одговори на твоето воведно прашање на темава:



Книгата ги обработува следниве прашања:


Што се случи тој мистериозен ден во Ерусалим? Воскресна ли, беше ли привидение, лага, или пак најмонументалната случка во историјата? Во првиот дел книгата ја истражува веродостојноста на Христовото воскресение, а во вториот дел го разгледува значењето на воскресението за луѓето. Ако Христос воскресна, дали е тоа Христовото воскресение гаранција за нашето воскресение? Ако воскресението докажува дека смртта не е крајот, тоа ни го менува ставот кон смртта, ни покажува која вера да ја прифатиме, итн.


Книгата има 112 страни, а чини 150 ден. Истата можеш да ја набавиш во христијанската книжарница "Откровение" која се наоѓа во Скопје, во подвозникот кај хотелот "Континентал".
Поздрав!


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 11:33



    Евангелие според Лука 24, 1-47

А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги приготвија. И го најдоа каменот одвален од гробот. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека стоеја збунети заради тоа, ете,пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: ,,Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека беше уште во Галилеја: говорејќи: дека човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден! И си ги спомнаа Неговите зборови. И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други. А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив: им го кажаа тоа на апостолите. А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа. А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.

И ете во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, одалечено шеесет стадии од Ерусалим, и разговараа меѓу себе за сите овие настани. И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив. Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. И им рече: ,,Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени? И едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: ,, Дали си Ти единствениот странец во Ерусалим, Кој не знаеш, што се случило во него овие дни? И им рече: Што? А тие му рекоа:,, Онаа што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ: како нашите свештенички главатари и старешени Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа . А ние се надевавме дека е Тој Оној , Кој ќе го избави Израил. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. А не збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот , и не го нашле Неговото тело: дојдоа и кажаа дека виделе појава на ангели, кој им рекле дека Тој е жив. Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе. И тој им рече : О неразумни и спори во срце, за да верувате за се што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава? И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишана за Него во целото Писмо. И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму. Но, тие Го задражуваа, велејќи: ,,Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали! И влезе да остане со нив. И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде. Тогаш им се отворија очите и Го препознаа: но Тој стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг: Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата? И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив, кои зборуваа: Господ навистина воскресна: му се јавил на Симона! А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.

И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: Мир вам! А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. А Тој им рече: Зошто сте збунети? И зошто се се јавуваат сомненија во вашите срца? Погледнете Ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам. И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. А тие бидејќи од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: Имате ли тука нешто за јадење? И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. Тој го зеде и јадеше пред нив. И им рече : ,, Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се испони се што е напишано за Мене во Мојсевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.

Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата ...

-------------
www.myspace.com/sblagoj


Постирано од: manipura
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 14:49
Blagodaram ke ja pobaram knigata



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk