IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - CIN I, II и III
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

CIN I, II и III

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: CIN I, II и III
    Испратена: 05.Мај.2010 во 09:14
sakam da ja otvoram temata zashto me interesira ,no i se poveke od mladata populacija i postarite se zafateni so ovaa ,,bolest,,moderna narecena CIN,1,2,3тага.
KAZETE SVOE MISLENJE NO I BARAM MISLENJE ZA LASERSKO TRETIRANJE?POZZZZZZ
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 11:08
nano  tehnologijata  e  najnovoto  dostignuvajne  vo  svetot  na  laserot.kade  sto  se  vnesuvaat  nano  cesticki  od  zlato   vo  organizmot  koi  doajdzaat  vo  kletkite  koi  e  potrebno  da  se  tretiraat  i  posle   se  tretiraat  nano  cesticite  so  laserski  zrak  pri  sto  se  zagrevaat  i    se  uspeva  da  se  ubie  sekoja  kletka  koja  nie  ne  posakuvana  od  temperaturata.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 11:43
hmm...не%20знам
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2010 во 22:05
Мислам дека темава има врска со HPV а за хумано-папилома вирусот веќе има постоечка тема Анита. Проверисреќа

Изменето од Glenn - 06.Мај.2010 во 22:07
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 23:35
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Мислам дека темава има врска со HPV а за хумано-папилома вирусот веќе има постоечка тема Анита. Проверисреќа
ne glence среќаmene licno me interesira samo za CIN 1,2,3 ne za HPV,
fala pozzzzголемо%20гушкање
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 13:40
Па промените Цин1, 2 и 3 се предизвикани од Хпв-то драга Анитке, затоа ти го постирав линкот, оди на темата таму и верувам дека ќе најдеш веќе некои постоечки одговори или само требало да продолжиш со прашање како се третираат  и лечат промените па верувам дека ќе се надоврзат и други луѓе на темата.
Ама како сакаш, и оваа тема е конкретна, ништо лошо.
поздрав
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 10:54
sakam da prasham dali nekoj e laserski treitran so pojava na cin 2збунетост
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 22:55
Прво вака Анита.....

Колку време имаш ЦИН 2? Дали ти направија биопсија? Што покажа биопсијата?

Кои начини ги испроба да се повлече син-от сам?
МИР со сите
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:11
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

sakam da ja otvoram temata zashto me interesira ,no i se poveke od mladata populacija i postarite se zafateni so ovaa ,,bolest,,moderna narecena CIN,1,2,3тага.
KAZETE SVOE MISLENJE NO I BARAM MISLENJE ZA LASERSKO TRETIRANJE?POZZZZZZ

Анитке...мило...колку барав...за да го најдам ова....ако ти помогне...ако не ..да сме здрави и живисреќа

      Лекување на ЦИН1 (LSIL) потврден со биопсија

Препораки за лекување на ЦИН1 потврден со цервикална биопсија

Препоракитеза лекување на ЦИН промените на грлото на матката се дадени на состанокот во градот Бетезда во 2006 год на која учествуваа представници на 29 емиенентни организации како и истакнати поединци од областа, а во организација на Американската асоцијација за копоскопија и цервикална патологија (ААКЦП).

Треба да се напомене дека иако е замислено препораките да помогнат во стандардизирањето на начинот на лекување на жени со ЦИН промени на грлото на матката, сепак не е можно тие да бидат применети во сите клинички ситуации. Поради тоа неопходна е консултацијата со гинеколог пред да се планира третман за одреден случај.

Кои опции стојат на располагање кај жени со ЦИН – 1

На кое време да се прават контролни прегледи кај жени кои имале ЦИН –1 потврден на биопсија

Најголемиот број случаи со ЦИН-1 промени на грлото на матката спонтано се повлекуваат без терапија. Поради овој факт најдобро е прво да се направи колпоскопија а потоа пациентката да се проверува само со ПАП тестови без лекување.

Постојат различити мислења за најдобриот начин на правење контролни прегледи кај пациентки со ЦИН 1. Според едни најдобро е да се прават само контролни ПАП тестови, додека според други, покрај ПАП тестовите, треба да се прават и дополнителни колпоскопски прегледи. Времето помеѓу контролните прегледи најчесто изнесува 4 до 6 месеци. Постојат и различити погледи во однос на тоа кога треба да се лекува ваквата промена и тоа од неколку месеци до неколку години. Научните студии укажуваат дека ризикот за повисока ЦИН-2,3 промена на грлото на матката постои само кај 9-16% од сите жени кои имале ЦИН-1 потврден со биопсија, а се контролираат само со ПАП тестови. Овој ризик е скоро идентичен како и ризикот за повисока промена на грлото на матката (ЦИН-2,3) кој го имаат жени со ПАП резултат означен како АСК-УС. Произлегува дека, пациентка која има ЦИН-1 промена потврдена со биопсија, може исто така сигурно да се контролира само со ПАП тестови, како што тоа го прави жена која има АСК-УС резултат. Тестирањето пак за постоење на ХПВ инфекција по 12 месеци од дијагнозата на ЦИН-1 може да замени 2 контролни ПАП тестови.

Вклучување на периодични колпоскопски прегледи за време на контролирањето помага да не се промашат ЦИН-2 и ЦИН-3 промени, но ја зголемува цената на контролните прегледи. Меѓутоа, нема студии кои ја потврдуваат супериорноста на правење контролни колпоскопски прегледи во споредба со пратење на пациентките само со ПАП тестови.

Ако колпоскопскиот наод бил незадоволителен (односно ако не можело да се види целото место на можни промени на грлото на матката), тогаш понатамошното пратење на пациентката само со правење на ПАП тестови е несигурно. Ваквите пациентки може да имаат скриена болест во самиот канал на грлото на матката. Една студија укажува дека дури кај 10% од пациентките кои имале ЦИН-1 и незадоволителна колпоскопија се промашува дијагнозата, односно овие пациентки наместо ЦИН-1 во стварност имаат повисока ЦИН-2,3 промена на грлото на матката. Со оглед дека ваквото промашување може да го загрози животот на пациентката, најдобро е жените кои имаат ЦИН-1 промена потврдена со биопсија и истовремено незадоволителна колпоскопија да имаат дополнителна дијагностичка ексцизиона процедура (ЛЕТЗ). Ова е многу посигурно одколку правење само контролни ПАП тестови без лекување, без разлика какви биле резултатите од ендоцервикалните брисеви.

Можности за лекување

Кај жените кои имаат ЦИН-1 и задоволителен колпоскопски преглед, најчесто се користат аблативни техники кои го уништуваат зафатеното цервикално ткиво, или ексцизиони процедури кои го отстрануваат зафатеното ткиво и овозможуваат патохистолошки преглед на исечокот. Покрај овие две методи понекогаш се користат некои фармацефтски препарати во вид на масти кои се ставаат на зафатеното место со цел да се излечи ЦИН промената на грлото на матката, меѓутоа до денес не постојат доволно медицински докази за да се даде препорака за или против нивна употреба.

Аблативните начини на лекување вклучуваат криотерапија, електрофулгурација, ласер аблација и ладна коагулација. Овие процедури исклучително се прават кај жени кои имаат задоволителен колпоскопски преглед и кај кои инвазивниот рак на грлото на матката е исклучен.

Ексцизиони начини на лекување вклучуваат ЛЕТЗ, ласер, како и класична конизација со скалпел (тн. дијагностички ексцизиони процедури). Вакви процедури се правземаат и во случаи кога и после лекувањето ЦИН промената продолжува да се појавува. Ова е поради фактот што повторувачка или постојана ЦИН промена најчесто се јавува во каналот на грлото на матката каде што не може да се открие со колпоскопија и поради тоа не е погодна за аблативна терапија. Аблативните процедури исто така не можат да се користат и во случаи кога колпоскопскиот наод укажува на можност од сомнителна инвазивна болест или на висок ризик од инвазивна болест. Одстранувањето на матката (хистеректомијата) носи многу поголем ризик за морбидитет дури и морталитет во споредба со ексцизионите или аблативните процедури. Поради тоа таа не се користи како првична терапија во лекувањето на жени со ЦИН-1.

Испитувањата укажуваат дека нема заначителна разлика во компликациите или процентите на успех помеѓу криотерапијата, ласер аблацијата и ЛЕТЗ лекувањето за ЦИН промените во сите стадиуми.  Исто така, сите начини на дијагностички ексцизиони процедури (ЛЕТЗ, ласер конизација и класична конизација со скалпел) се ефикасни. Иако електрохируршките конизации со жица се манифестирани со помал губиток на крв, со подобра колпоскопска достапност после процедурата како и со пократко време на оперирање отколку класичната конизација со скалпел, при овие процедури има почесто зафатени патолошки ивици и тие се потешки за интерпретација отколку кај скалпел конизациите. Поради тоа, одлуката која процедура е најдобра за некоја пациентка, зависи од обуката и искуството на докторот, ставот на пациентката, достапната опрема, очекувањата на пациентката и од веројатноста за постоење на инвазивен карцином. 
 
Можности за лекување кај жени кои имале задоволителен колпоскопски преглед

Кај жени кои имаат ЦИН 1 потврден со биопсија, изборот на лекувањето е помеѓу правење контролни ПАП тестови без лекување, или лекување со употреба на аблативни или ексцизиони техники (погледнете ја табелата).

Јачина
Докази
Консензус
Жени кај кои ЦИН-1 е потврден со биопсија

Доколку e направен задоволителен колпоскопски преглед:

Изборот е помеѓу следење без лекување или лекување со користење на аблативни или ексцизиони модалитети

Следење без лекување

Да се направат контролни ПАП тестови после 6 и 12 месеци, или да се провери ХПВ вирусот после 12 месеци. А
2
Предимство
Да се направи колпоскопски преглед ако повторните ПАП тестови се рапортирани како АСКУС, или ако ХПВ тестот е позитивен на високоризична подгрупа. А
2
Предимство
По два негативни ПАП теста, како и по негативен ХПВ тест, пациентката се враќа на еднаш-годишни ПАП тестови. Б
2
Предимство
Повторен ПАП тест со колпоскопија по 12 месеци, е исто така прифатлива метода на следење. А
2
Прифатливо
Ако има подобрување (намалување) на лезиите, за време на следењето се препорачува да се направи повторен ПАП тест по 12 месеци. Б
3
Препорачливо
Дали да се лекува ЦИН-1 кој постојано се повторува, зависи од одлуката помеѓу пациентката и гинекологот . Б
3

Лекување

Криотерапија, Ласер аблација или ЛЕТЗ се прифатливи методи.

А
1
Прифатливо
Начинот на лекување зависи од проценката на гинекологот. А
1

Проверка на каналот на грлото на матката (ендоцервикална проверка) треба да се направи пред да се изведе горење на ЦИН 1 лезијата. А
2
Препорачливо
Ако ЦИН-1 се повторува по предходно горење, се препорачува ексцизиона техника односно хируршко одстранување - конизација. Б
2
Предимство
Доколку е направен незадоволителен колпоскопски преглед:

Најпрепорачливо е да се направи дијагностичка ексцизиона процедура (ЛЕТЗ). А
2
Предимство
Кај бремени, имуносупримирани и адолесцентни жени, прифатливо е да се прават контролни прегледи. Ц
3
Прифатливо

Кај пациентки кои имаат ЦИН-1 промена потврдена со биопсија, а имаат истовремено изадоволителен колпоскопски преглед, препорачливо е да се направи:

  • Контролни ПАП тестови по 6 и 12 месеци, или ХПВ ДНА тест за високоризични групи на ХПВ по 12 месеци (докази: А,2).
  • Упат за колпоскопија при контролните ПАП тестови се дава ако тие се рапортирани како АСК или повеке и доколку ДНА ХПВ тестот по 12 месеци бил позитивен (докази: А,2).
  • Ако два контролни последователни ПАП тестови се негативни, или ако ДНА тестот за високоризични групи направен по 12 месеци бил негативен, се препорачува враќање на пациентката кон еднаш годишни ПАП тестови (докази: Б,2).
  • Во услови кога има можност за колпоскопски преглед, тогаш е прифатливо после 12 месеци повторно да се направи ПАП тест и колпоскопски преглед (докази: А,2).
  • Жените кои на контролните ПАП тестови и на контролние колпоскопски прегледи имале подобрување или намалување на промените и понатаму се смета дека имаат повисок ризик и тие треба да имаат ПАП тестови на 12 месеци (докази: Б,2).
  • Одлуката, дали да се лекуваат постојаните ЦИН-1 промени, зависи од погледите на пациентката и докторот (докази: Б,3).

Ако се превзема лекување (по задоволителен колпоскоски преглед), тогаш прифатливи методи се: криотерапија, електрофулгурација, ласер аблација, ладна коагулација и ЛЕТЗ (докази:А,1).

Кој метод на лекување ке се примени зависи од гинекологот, од неговото искуство, опремата и клиничката корист за пациентката (докази: А,1).

  • Пред да се направи аблација на ЦИН-1 промена препорачливо е да се земе примерок од каналот на грлото на матката (докази: А,2).
  • Ексцизиони методи се препорачуваат кај пациентки кои по аблативната терапија имаат повторна ЦИН-1 промена потврдена на биопсија (докази: Б,2).

Можности за лекување кај жени кои имале незадоволителен колпоскопски преглед

Кај пациентките кои имаат ЦИН-1 промена потврдена на биопсија и незадоволителен колпоскопски преглед, се препорачува:

  • Дијагностичка ексцизиона процедура (ЛЕТЗ, ласер конизација или конизација со скалпел) (докази: А,2).
  • Исклучоци, кога може да се определиме само за контролни ПАП тестови, претставуваат бремените жени и имуносупримираните жени (види ЦИН-2 и ЦИН-3 специјални случаи) и адолесцентните жени кај кои, според ограничено искуство во присуство на ЦИН-1 потврден на биопсија и незадоволителна колпоскопија, ретко постои истовремено ЦИН-2 и ЦИН-3 лезија (докази: Ц,3).

Неприфатливи начини на лекување

  • Неприфатливо е да се прават аблативни процедури кај ЦИН-1 промени и незадоволителен колпоскопски преглед (докази: Е,2).
  • Неприфатливо е да се користи Подофилин, или на него слични производи за вагинална употреба или за употреба на грлото на матката (докази: Е,2).
  • Неприфатливо е отстранување на матката (хистеректомија) како примарен и основен начин на лекување кај пациентки кои имаат ЦИН-1 потврден на биопсија (докази: Е,2).

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:13

      Лечење на ЦИН-2,3 (HSIL) потврден со биопсија

Термините ЦИН-2,3 се нови поими за опис на промените на грлото на матката и тие се користат наместо поранешните термини умерена дисплазија (ЦИН-2) и тешка дисплазија/карцинома ин ситу (ЦИН-3). Oвие промени се однесуваат различито кога се следат на подолг период без лекување и нивната хистолошка слика не е постојана. Студиите укажуваат дека без оглед на непостојаната хистолошка слика, за  сите ЦИН-2,3 клеточни промени поверојатно е дека тие ќе се одржуваат или влошат, отколку дека ќе се повлечат. Преглед на објавените студии укажува дека кај ЦИН-2 промените 43% ќе се повлечат без лекување, 35% ќе се одржуваат, додека 22% ќе се влошат во карцинома ин ситу или во инвазивен карцином. Кај ЦИН-3 промените се очекува 32% да се повлечат, 56% да се одржуваат, додека 14% да се влошат.

Лекување жени со ЦИН-2,3 потврден со биопсија.

Во случаи со задоволителен колпоскопски преглед.

Постои општа согласност, дека со употреба на аблативна или ексцизиона техника, во случај на ЦИН-2,3 промени на грлото на матката, генерално се намалува бројот на нови случаи на инвазивен цервикален карцином. Ова важи само доколку пациентката имала задоволителна колпоскопија и доколку е исклучена веќе постоечка инвазивна промена. Од аблативните методи можат да се користат криотерапија, ласер вапоризација, еклектокаутеризација, дијатермија и ладна коагулација, додека од ексцизионите методи можат да се користат ЛЕТЗ техниката, ласер конизацијата, класичната конизација со скалпел и хистеректомијата. За ефикасно лекување, потребно е да се отстрани целата трансформациона зона, а не само местото на промената кое е откриено со колпоскоп. Клиничките испитувања за исходот на различитите методи на лекување и во овој случај не успеале да докажат дека некоја метода е подобра од другата. Сепак, ексцизионите процедури имаат мала предност, бидејќи тие овозможуваат патохистолошка проценка на отсеченото ткиво, односно тие го намалуваат ризикот од промашување на микроинвазивен процес или скриен инвазивен карцином. Кај една од најголемите студии на жени кои имале аблативна терапија за ЦИН, од вкупно 3783 жени кај четири била пронаједена микроинвазија додека кај пет бил пронајден инвазивен карцином. Поради ова, некои автори препорачуваат кај пациентките кои имаат ЦИН 2,3 потврден со биопсија, да се прават ексцизиони процедури. Ова особено важи кога промените на грлото на матката се на поголема површина. Ваквите широки промени на грлото на матката се под поголем ризик за постоење на микроинвазивен карцином или скриен инвазивен карцином.

Во случаи со незадоволителен колпоскопски преглед

Студиите откриваат дека во вакви случаи околу 7% од пациентките имаат скриен инвазивен карцином на грлото на матката. Поради тоа кај нив е потребно да се направи дијагностичка конизациона процедура која овозможува правилна дијагноза на ткивото од ендоцервикалниот канал. Неколку студии кои ги споредувале класичната конизација и ЛЕТЗ конизацијата, укажуваат дека двете процедури имаат подеднаков успех и споредливи компликации. Не е исто мислењето во поглед на квалитетот на ивиците на исечоците добиени со двете методи. Некои студии укажуваат дека патолошки маргини се поретко зафатени и полесни за интерпретација кога се направени со класична конизација, отколку кога се направаени со електрохируршка конизација.

Каква е улогата на маргините кај жени кои имаат дијагностичка ексцизиона продецура

Ако одстранувањето на промената било некомплетно (односно ако ивиците од исечокот и понатаму се зафатени со промени) најчесто се смета дека продолжува ризикот за повторен или постојан ЦИН. Во една серија од 381 жени кои имале класична конизација, процентот на повторувачки или одржувачки ЦИН промени бил 16% кога одстранувањето било некомплетно а само 4% кога одстранувањето било комплетно. Доколку е земен примерок од цевикалниот канал одма после изведување на дијагностичката ексцизиона процедура има совпаѓање на наодите, односно ендоцервикалниот наод одговара на статусот на маргините. Ако резултатот од примерокот од ендоцервих бил позитивен може да се очекува повторување на промените.

Иако голем број студии известуваат дека повторувачка или постојана ЦИН промена на грлото на матката е почеста кај претходно некомплетно одстранување на промените, еден помал број студии укажува дека статусот на ивиците од исечокот не е единствен фактор за оваа појава. Кај најголем број жени со некомплетна ексцизија промените се повлекуваат без дополнително лекување. Студиите укажуваат дека кај ЛЕТЗ процедурата до 40% од пациентките имаат некомплетно одстранување на промените (потврдено со хистопатологија на ивиците од исечокот). Во вакви случаи најдобро е да се направи темелна консултација во која студиозно ќе се одмерат сите ризиците поврзани со ПАП следење наспроти ризиците поврзани со дополнително лекување. За конечната одлука треба да се земат во предвид и желбата за потомство кај пациентката, нејзината возраст,  како и нејзините ставови. Ако се одлучи за понатамошно хируршко лекување тогаш повторна ексцизија претставува баланс помеѓу ризикот од компликации и желбата да се ерадицира потенцијалниот ЦИН. Хистеректомија или комплетно отстранување на матката се прави само во одредени случаи.

Специјални случаи

Бременост

Во тек на бременоста постои минимален ризик од влошување на ЦИН-2,3 промената додека голема е веројатноста таа сосема да се повлече после раѓањето. Во една студија од 153 бремени жени со ЦИН-2,3, кај 69% настанало повлекување на промените и кај ниту една после раѓањето не се влошиле во инвазивен карцином. Според тоа, целта на менаџментот во случај да се најде ЦИН-2,3 кај бремена жена е да се исклучи веќе постоечка полоша промена на грлото на матката. Ексцизионите процедури како ЛЕТЗ и класичната конизација ако се прават во тек на бременоста поврзани се со компликации кои водат кон значително крварење и предвремено раѓање. Тие често не водат кон конечна дијагноза и се поврзани со висок процент на повторување и/или одржување на промените. Во една студија 47% од жените кои имале ЛЕТЗ во тек на бременоста продолжиле да имаат ЦИН и после бременоста. Поради ова дијагностичките ексцизиони процедури во бременост се користат само кај оние жени кај кои постои високо сомневање за инвазивен карцином.

Имуносупримирани пациенти

Кај пациентки кои се лечат од СИДА (ХИВ-1) со имуносупресија, постои висок процент на повторување или одржување на ЦИН-2,3 промените, односно нивото на ризик е согласно со нивото на имуносупресија. На пример, кај еднас група вакви пациентки забележан е 74% неуспех после ЛЕТЗ. Иако ефикасноста на лекувањето на ЦИН-2,3 промените потврден на биопсија кај ваквите пациентки изгледа понеуспешно отколку кај незаразените од СИДА, сепак, лекувањето има улога во спречувањето на прогресијата на болеста во инвазивен карцином. Една студија ја потврдува користа од употребата на маст 5-Флуороурацил (5-ФУ) двапати неделно после стандардна терапија за ЦИН-2,3. Во оваа студија е потврдено значително намалување на процентот од повторување или одржување на ЦИН промените и тоа од 47% на 28% случаи.

Адолесцентни пациенти

Иако во упатствата од 2001 година ЦИН2 и ЦИН3 лезиите се групирани како една група, сепак процентуално гледано повеќе се повлекуваат ЦИН-2 промените отколку ЦИН-3 промените. Бидејќи ХПВ инфекциите се почести кај помладите жени додека инвазивниот цервикален карцином кај истата група е скоро непостоечки, некои експерти, кои учествувале во составување на Упатствата од 2001 година, изразиле мислење дека пациентките со ЦИН-2 промена на грлото на матката после добра консултација можат да се следат само со редовни ПАП тестови.

Следење на пациентки со ЦИН-2,3 по лекувањето

Ризикот за повторен/постојан ЦИН-2,3, или за појава на инвазивен цервикален карцином после лекувањето, е релативно мал. Меѓутоа, кога ќе се разгледа ризикот на подолг период, тој е поголем отколку кај општата популација. Една голема долгогодишна студија, направена во Велика Британија, известува дека збирниот процент за појава на инвазивен цервикален карцином, по 8 години следење на жени кои претходно биле лекувани поради ЦИН промена на грлото на матката, бил 5.8 на 1000 пациентки. За споредба, појавата на нови случаи на ивазивен цервикален карцином (во истата возрасна група) во САД бил 8 на 100,000. По лекувањето, процентот на повторна или постојана ЦИН промена на грлото на матката е помеѓу 1% и 21%. Големината на промената има важна улога во повторувањето или одржувањето на промената, така што големите промени имаат повисок процент на неуспех во лекувањето отколку малите.

Еден ограничен број студии се обидува да утврди кој е најдобар начин на следење на пациентки по лекувањето на било кој стадиум ЦИН. За следење обично се користат: само ПАП тестови, комбинација на ПАП и колпоскопија и ХПВ ДНА тестирање. Најчесто се прават само ПАП тестови на секои 4-6 месеци во рок од две години, а потоа тестовите се прават еднаш годишно. На овој начин се откриваат повеќе од 90% од повторливите, или постојаните ЦИН-2,3 промени на грлото на матката. И покрај препораката, да се прават и сериски колпоскопски прегледи комбинирани со ПАП тестови во тек на првата година по лекувањето, клиничката корист од вклучување на колпоскопија, споредена само со ПАП тестови, е мала. Во една студија од 927 пациентки лекувани од ЦИН и следени со комбинација на ПАП тест и колпоскопија, биле откриени 27 случаи со повторна или постојана ЦИН промена. Од овие 27 случаи 26 имале абнормален ПАП тест, а само една имала лажно негативен ПАП тест и тој случај бил откриен на колпоскопија. Скорешни студии откриваат голем степен на негативен ХПВ-ДНА тест од грлото на матката. Овој податок само ја потврдува користа од ваквиот тест при следењето на промените на грлото на матката по лекувањето. Друга студија, направена на 79 жени кои имале конизација заради ЦИН-2,3, открива дека ниту една од пациентките со негативен ХПВ-ДНА тест немала повторувачка или постојана ЦИН промена, додека кај 74% од оние кои биле ХПВ-ДНА позитивни имало повторување или одржување на ЦИН промената. Слично известува и една друга студија, која е направена на 58 жени кои имале конизација заради ЦИН 3 промени на грлото на матката. Од овие жени, 80% постанале ХПВ ДНА негативни по лекувањето и кај сите е направен ХПВ ДНА тест. Од оние кои имале негативен ХПВ ДНА тест, ниту една не добила повторна или постојана ЦИН промена на грлото на матката. Од оние пак, кои продолжиле да бидат ХПВ ДНА позитивни и по лекувањето, 46% имале дијагноза на повторна или постојана ЦИН промена. Поради овие факти, се смета дека е корисно да се врши проверката на ХПВ ДНА по лекувањето на ЦИН,2,3. За да се даде доволно време на организмот да се ослободи од ХПВ инфекцијата по лекувањето, тестирањето треба да се направи најмалку 6 месеци по третманот. Ако пациентката немала ризични фактори за повторлива или одржувачка ЦИН промена, како на пример кога постои широка промена на грлото на матката која навлегува во цервикалниот канал, тогаш може да се направи ХПВ ДНА тест и по 12 месеци од лекувањето. Ова е поради фактот што ризикот за повторна или постојана ЦИН-2,3 промена кај пациентки кои претходно биле лекувани од ЦИН е ист како и кај пациентките кои имале ЦИН 1 лезија потврдена на биопсија и имаат само контролни ПАП тестови. Лонгитудиналните студии покажуваат дека повторливата ЦИН промена или инвазивен карцином, се појавуваат многу години по лекувањето и поради тоа е важно да се продолжи неограничено со контролните прегледи.

Препораки за менаџмент на пациентки со CIN-2,3

Почетен менаџмент на ЦИН-2,3 потврден на биопсија.

Одлуката за начинот на менаџмент кај пациентки кои имаат ЦИН-2,3 потврден со биопсија, зависи од тоа дали колпоскопскиот преглед бил задоволителен или незадоволителен, Табела 2. Двете методи ексцизија и аблација на трансформационата зона се прифатливи методи доколку колпоскопскиот преглед бил задоволителен (докази: А,1) . Меѓутоа, доколку кај пациентките со ЦИН-2,3 промената се повторува, тогаш е подобро да се примени ексцизиона метода (докази: А,2). Исто така, дијагностичка ексцизиона метода се препорачува кај жени кои имаат ЦИН-2,3 потврден со биопсија и истовремено имале незадоволителна колпоскопија (докази: А2). Освен во специјални случаи (види понатаму), правење само контролни прегледи со ПАП и колпоскопија без лекување, не е прифатливо кај пациентки кои имаат ЦИН-2,3 потврден со биопсија (докази: Е,2). Хистеректомија не е прифатлива како примарна терапија за ЦИН-2,3. (докази: Е,2)

Контролни прегледи после лекување на ЦИН-2,3 потврден со биопсија

По лекувањето на ЦИН-2,3 прифатливо е да се прават ПАП тестови во комбинација со колпоскопија. Прегледите се прават на 4 до 6 месечни интервали се додека не се добијат 3 последователни резултати кои се “негативни за сквамозна интраепителна лезија или малигнитет“ (докази: А,2). Потоа се прават годишни контролни прегледи (докази: А,2). За време на контролните ПАП тестови, доколку се добие резултат АСКУС или повисока промена, пациентката се испраќа на колпоскопски преглед (докази: А,2). Препорачливо е да се направи и ХПВ тестирање по 6 месеци од лекувањето (докази: Б,2). Доколку се откријат високо ризични ХПВ поттипови, се препорачува колпоскопија (докази: Б,3). Ако ХПВ тестирањето е негативно, се препорачува премин кон годишни ПАП тестови (докази: Б,3). Не е прифатливо да се направи повторна конизација или хистеректомија врз основа на еден позитивен ХПВ резултат, кој не е поддржан со други наоди, како на пример позитивен ПАП тест, колпоскопија или хистологија (докази: Д,3). Доколку има ЦИН промена на границите од исечокот на грлото на матката, или по земање на примерок од каналот на грлото на матката, препорачливо е да се направи колпоскопија и проверка на каналот на грлото на маткта по 4-6 месеци (докази: Б,2). Доколку се открие ЦИН-2,3 на ивиците на исечокот, или на примерокот од каналот на грлото на матката по дијагностичка ексцизиона процедура, прифатливо е да се направи повторна дијагностичка ексцизиона процедура (докази: А,2). Хистеректомија може да се направи ако во оваа ситуација не може да се направи повторна дијагностичка ексцизиона процедура (докази: Б,2). Хистеректомија, исто така, може да се направи и во случај на повторлива или постојана ЦИН-3 промена потврдена со биопсија (докази: Б,2).

Специјални случаи

Адолесцента возраст

Доколку во овааа возраст постои ЦИН-2 промена која е потврдена со биопсија, тогаш таа промена може да се контролира само со колпоскопија и ПАП тестови на секои 4-6 месеци, само под услов доколку постои: задоволителна колопоскопија, негативни примероци од каналот на грлото на матката и доколку пациентката презема ризик од скриен рак (докази: Б,2). Доколку пациентката во оваа возраст има ЦИН-3, тогаш треба да се направи аблација или ексцизија (докази: Б,3).

Табела 2.

Табеларен приказ на менаџментот кај жени кои имаат ЦИН – 2,3 потврден на биопсија:

Јачина
Докази
Консензус
Почетно лекување

Доколку ваквите пациентки имаат задоволителен колпоскопски преглед, тогаш двете методи, ексцизионата и аблационата се прифатливи и можат да се применат.
А
1
Прифатливо
Доколку колпоскопскиот преглед кај пациентките со ЦИН -2,3 лезии бил незадоволителен, тогаш се препорачува да се направи дијагностичка ексцизиона процедура.
А
2
Препорачливо
Обсервација на ЦИН-2,3 со правење контролни ПАП тестови и контролни колпоскопски прегледи не се препорачува, освен во специјални случаи.
Е
2
Неприфатливо
Хистеректомија како првична терапија за ЦИН 2,3 не е прифатлива.
Е
2
Неприфатливо
Следење по лекувањето

Прифатливо е да се следи исходот на лекувањето секои 4 – 6 месеци, користејќи ПАП тестови или комбинација на ПАП тестови и колпоскопија, се додека се добијат најмалку 3 негативни ПАП тестови.
А
2
Прифатливо
Доколку за време на следењето со ПАП тестови, добиеме резултат АСК или повеќе, пациентката се упатува на колпоскопски преглед.
А
2
Пепорачливо
По 3 негативни ПАП тестови се препорачува ПАП тест еднаш годишно.
А
2
Прпорачливо
ХПВ ДНА тестирање, најмалку 6 месеци по лекувањето претставува прифатлива контрола.
Б
2
Прифатливо
Доколку се откријат високоризични видови на ХПВ, тогаш пациентката се испраќа на колпоскопски преглед.
Б
3
Препорачливо
Доколку ХПВ тестот е негативен, тогаш се препорачува премин кон еднаш годишни ПАП тестови.
Б
2
Препорачливо
Повторна конизација или хистерктомија, базирана на еден позитивен ХПВ резултат, не е прифатливо.
Д
3
Неприфатливо
Доколку е откриен ЦИН на маргините од дијагностичката ексцизиона процедура, или за време на ендоцервикална киретажа по процедурата:

Се препорачува да се направи колпоскопски преглед и ендоцервикална киретажа по 4-6 месеци.
Б
2
Предимство
Повторна ексцизиона дијагностичка процедура е прифатлива.
А
2
Прифатливо
Хистеректомија е прифатлива ако не може да се направи повторна дијагностичка ексцизија.
Б
2
Прифатливо

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 10:56
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

nano  tehnologijata  e  najnovoto  dostignuvajne  vo  svetot  na  laserot.kade  sto  se  vnesuvaat  nano  cesticki  od  zlato   vo  organizmot  koi  doajdzaat  vo  kletkite  koi  e  potrebno  da  se  tretiraat  i  posle   se  tretiraat  nano  cesticite  so  laserski  zrak  pri  sto  se  zagrevaat  i    se  uspeva  da  se  ubie  sekoja  kletka  koja  nie  ne  posakuvana  od  temperaturata.
fala dejanсреќа
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 11:09
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

хипнотизиран.......fala dushoголемо%20гушкање
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 11:11
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Прво вака Анита.....

Колку време имаш ЦИН 2? Дали ти направија биопсија? Што покажа биопсијата?

Кои начини ги испроба да се повлече син-от сам?
biopsijata pokaza CIN2-3тага I BEV LASERSKI TRETIRANA segas um vo red no sepak se plasam za ponatamu dali mozi da se povtoriзбунетост
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 23:59
 
ДИЈАГНОЗА НА ЦИН

Кај повеќето пациентки кај кај кои се развил ЦИН1 ќе дојде до спонтано повлекување на болеста. Кај помал број, ќе се развие трајна инфекција со ХПВ која може да се развие во потешки облици на  ЦИН. Пушењето, употребата на контрацептивни средства, инфекции со други полно преносливи болести, промискуитетно однесување и ухранетоста, се фактори кои би можеле да влијаат на развој на болеста. Секој фактор што ја потикнува интеграцијата(вградувањето) на ДНК на ХПВ во човечкиот геном може да биде причина за напредување на болеста во инвазивен карцином.
 
Самиот ЦИН, не предизвикува посебни субјективни тегоби. Промената на вагиналниот секрет најчесто е последица на пратечкиот цервицит или колпит. Можно е и контактно крварење кај големи  еритроплакии (нежен, цилиндричен епител на грло на матка). 
Обично ЦИН се дијагностицира при рутински гинеколошки преглед или при организирано земање на брисеви од грло на матка (скрининиг) за цитолошка анализа (т.н. ПАП-тест) во одредена старосна група. 
Патолошки (ненормален) наод на ПАП-тест се класифицира како:
  • атипични плочести клетки со неодредено значење (АСЦУС)
  • сквамозна интраепителна лезија од низок степен (лоњ СИЛ) што одговара на ЦИН1
  • сквамозна интраепителна лезија од висок степен (хигх СИЛ) што одговара на ЦИН 2 и ЦИН 3.
Во наодот се назначува и дали постои  цитолошки видлива инфекција со ХПВ.   
За да биде дијагностичката обработка на ЦИН потполна, потребно е да се применат следниве, три комплементарни методи:

1.ПАП-тест  2.Колпоскопија и 3.Биопсија (земање на ткиво од цервикс и киретажа на цервикален канал со патохистолошка анализа на земениот материјал).   

  • ПАП-тест значи земање на материјал (клетки) од површината на цервикс и цервикален канал со специјална шпатула и четка.
  • Колпоскопија е преглед на цервикс под силно осветлување и зголемување од 7 до 50 пати, по премачкување со 3% оцетна киселина.
  • Во зависност од наодот се прави  биопсија на цервикс со специјална клешта и киретажа на цервикален канал со мала кирета во краткотрајна анестезија.

Дополнителна метода е типизацијата на ХПВ, за ориентација дали се работи за ХПВ со висок или низок ризик.  
Понатамошната постапка зависи од колпоскопскиот наод, патохистолошката дијагноза, присутноста на ХПВ, а притоа земајќи ја во обзир возраста на пациентката, дали има раѓано или не, постоење на друга гинеколошка болест, можноста за редовни контроли и желбата на самата пациентка.

Околу 15% од ЦИН1 промените со тек на време ќе напредуваат до потешки промени. Но исто така околу 60% од ЦИН1 со тек на време спонтано ќе се повлечат па и само редовно контролирање е добар избор за совесни пациентки кои  би доаѓале на редовни контроли секои 4-6 месеци. Доколку ЦИН 1 постои и после една година а промената е и колпоскопски видлива и докажана со биопсија, потребно е да се отстрани. Секоја пациентка со ПАП-тест кој укажува на ЦИН 2 И ЦИН 3, треба веднаш да се упати на колпоскопија и биопсија, а лечењето се продолжува во склад со дијгнозата и постоечките методи на лекување. Епидемиолошките и клинички иследувања во последните години укажуваат на се поголем број на млади жени кои имаат преканцерозни промени на грло на матка а сеуште немаат родено. Затоа е потребно да се одбере метода која е ефикасна во одстранување на промената, а нема да остави трајни последици на грлото  на матката.
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.