|
НЛО, беспилотно летало или...? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Мај.2010 во 10:49 |
Вознемирени граѓани пријавиja пад на летало или пад на ракета во близна на обиколницата кај скопската населба Бутел. Од МВР засега нема информации за што точно станува збор.
Засега неидентификувано летало паднало во близина на скопската населба |Железарница, тврдат жители од околните населби. Граѓаните вознемирени се јавија во Канал 5, тврдејќи дека виделе чад во северниот дел на Скопје. Раскажуваат дека слушнале експлозија, помислиле дека се урнал авион или дека паднала градобијна ракета. - Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница. - Видов нешто како лета над мене и остава бела трага на небото слично како од авион. Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Ако сте сведок на настанот што според граѓните се случил утринава пишете ни коментар на нашиот интернет сајт. |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Три лица се поврдени во експлозија што утринава се случила во кругот на фабриката Железарница - соопштија за Канал 5 извори од противпожарната единица. На местото на несреќата веднаш пристигнале неколку амбулантни возила, а поврдените работници се префрлени во Градската болница.
Експлозијата предизвикала паника кај жителите во населбата, затоа што според нив неидентификувано летало се срушило во населбата, речиси истовремено кога настанала и експлозија во фабриката. Од противпожарната служба велат дека во железарницата работеле со апарат и при работата настанала експлозија и летнало големо парче железо и паднало во близина на фабриката. Сето ова ги загрижило од овој дел на Скопје кои утрово пријавија дека нешто чудно се случува и оти виделе чад на небото. - Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница. Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Од полицијата засега нема информации што всушност се случило. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60133 |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пуштив тв..ама на ниедна нема ништо за настанот. Поатрактивно е сериине и оние тв квизови од вест која ги вознемирува граѓаните.Читам на а1 некој пратил снимки од мобилен.
Летало или експлозија во Железара? |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На а1тв имаше околу 8,30 но на интернет.Инаку леталото испуштало звук како авион и при пад експлодирало по втор пат.Тоа ми е информација од другар, кој бил очевидец.
Експлозијата имала и некаков виолеткаст дим. Изменето од marsovec - 04.Мај.2010 во 13:46 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако е летало нема да дознаеме!.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се не се топи во железарницава, значи низ “контролата“ може да мине суво и сурово, па и ракета...
35 годишен работник на Макстил тешко повреден во утринската експлозија 35 годишниот Димо Пигуловиќ е тешко повреден во утринската експлозија што утринава се случи во кругот на фабриката Железарница. Повредениот има 60% изгореници на телото и се наоѓа на интензивната нега во градската болница во Скопје. Пацинтот, од пламенот кој настанал при експлозијата,добил со изгореници на лицето, грбот, како и двете натколеници. Веднаш по кратката реанимација е однесен во операционата сала, каде е интервенирано врз изгорениците. - Свесен е и контактибилен. Се уште не е ставен на апарати, но се очекува во текот на овие 24 часа да се јават дополнителни компликации кои се јавуваат кај вака висок степен на комбустија, изјави директорот на болницата Камиловски. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски, работниците сечеле големо парче железо, но при работата настана силна експлозија а голем дел од железото летнал и паднало во близина на скопската населба Бутел. Од МВР ги отфрлаат информациите дека можеби се урнал авион или друго беспилотно летало,како што сведоците на експлозијата утрово се сомневаа. Помошник-генералниот директор на Макстил Нове Георгиевски потврди дека утрово околу осум часот во делот „Челичарница“ се случила експлозија на тело кое имало експлозивно полнење при што е тешко повреден работникот Димо Пигуловиќ. - Најверојатно се работи за направа експлозивно тело кое имало експлозивно полнење, изјави Георгиевски. Утринската експлозија ги вознемири скопјани. Жителите од населбите што се во близина на фабриката во паника јавуваа дека виделе голем чад на небото. Некои од нив помислиле дека паднал авион или ракета. - Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница. И од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се во воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Екипи за антитероризам од МВР се на терен и го испитуваат случајот. Интервенирале и од противпожарната бригада. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако пред експлозијата имало звук сличен на оној како од борбените авиони , нема шанси да биде експлозија на БОЦА во ЖЕЛЕЗАРА
|
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па што е според тебе?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 км. високо како ракета летало парче од експлозијата, пазете 3 км. висоКо боцата ли ке лета..........ццццццццццццц, ЈАС НЕ ЗНАМ ШТО БИЛО НО БОЦА ЗНАМ ДЕКА НЕ Е Изменето од aLbaneso - 04.Мај.2010 во 14:55 |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама кој рече дека е боца?
Веројатно и било ракета, која некако „“се провлекла“ низ контролите како старо железо, бар така кажаа. Но и да е така, срамота голема. Ете колку е безбедно, од топилница за метали да летаат ракети кои може да паднат било каде. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦИТИРАМ од А1.
Blagoja од Skopje на 04.05.2010 во 10:32 напиша: Ne e mozno da se raboti za eksplozija, bidejki sabajlevo koga, odev nakaj rabota go vidov vo vozduhot. Bese letacki objekt definitivno, letase visoko i bese zapaleno, naednas pocna da pagja i se izgubi od vidikot. Spored mene se raboese za meteor. |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вестите се многу контрадикторни, експлозијата беше во 7:55 и до сега, комај 15:00 ништо не е дефинитивно и конечно. Но најдени се метални изгорени остатоци што сепак кажува дека не се работи за метеор. Освен тоа, не е случајно “истовремено“ да се случи експлозија во железара и да се повредат работници.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како може таа ај ракета да паѓа од каде беше запалена од работникот во ЖЕЛЕЗАРА, значи на исто место паѓала
|
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе, колку сме гладни за сензации не е чудно и некој марсовец да пронајдат во близина...
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |