Испечати | Затвори го прозорот

НЛО, беспилотно летало или...?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22425
Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 19:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: НЛО, беспилотно летало или...?
Постирано од: aLbaneso
Наслов: НЛО, беспилотно летало или...?
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 10:49
Вознемирени граѓани пријавиja пад на летало или пад на ракета во близна на обиколницата кај скопската населба Бутел. Од МВР засега нема информации за што точно станува збор.

Засега неидентификувано летало паднало во близина на скопската населба |Железарница, тврдат жители од околните населби.

Граѓаните вознемирени се јавија во Канал 5, тврдејќи дека виделе чад во северниот дел на Скопје. Раскажуваат дека слушнале експлозија, помислиле дека се урнал авион или дека паднала градобијна ракета.

- Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница.

- Видов нешто како лета над мене и остава бела трага на небото слично како од авион.

Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато.

Ако сте сведок на настанот што според граѓните се случил утринава пишете ни коментар на нашиот интернет сајт.


-------------
Љаеш НЕ касаш !



Коментари:
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 10:50
Три лица се поврдени во експлозија што утринава се случила во кругот на фабриката Железарница - соопштија за Канал 5 извори од противпожарната единица. На местото на несреќата веднаш пристигнале неколку амбулантни возила, а поврдените работници се префрлени во Градската болница.

Експлозијата предизвикала паника кај жителите во населбата, затоа што според нив неидентификувано летало се срушило во населбата, речиси истовремено кога настанала и експлозија во фабриката.

Од противпожарната служба велат дека во железарницата работеле со апарат и при работата настанала експлозија и летнало големо парче железо и паднало во близина на фабриката. Сето ова ги загрижило од овој дел на Скопје кои утрово пријавија дека нешто чудно се случува и оти виделе чад на небото.

- Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница.

Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Од полицијата засега нема информации што всушност се случило.
mailto:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60133 - http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60133

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 12:41
Пуштив тв..ама на ниедна нема ништо за настанот. Поатрактивно е сериине и оние тв квизови од вест која ги вознемирува граѓаните.Читам  на а1 некој пратил снимки од мобилен.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122762 - Летало или експлозија во Железара?




-------------


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 13:45
На а1тв имаше околу 8,30 но на интернет.Инаку леталото испуштало звук како авион и при пад експлодирало по втор пат.Тоа ми е информација од другар, кој бил очевидец.
Експлозијата имала и некаков виолеткаст дим.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 13:56
Ако е летало нема да дознаеме!.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:46
Што се не се топи во железарницава, значи низ “контролата“ може да мине суво и сурово, па и ракета...
35 годишен работник на Макстил тешко повреден во утринската експлозија
35 годишниот Димо Пигуловиќ е тешко повреден во утринската експлозија што утринава се случи во кругот на фабриката Железарница. Повредениот има 60% изгореници на телото и се наоѓа на интензивната нега во градската болница во Скопје.

Пацинтот, од пламенот кој настанал при експлозијата,добил со изгореници на лицето, грбот, како и двете натколеници. Веднаш по кратката реанимација е однесен во операционата сала, каде е интервенирано врз изгорениците.

- Свесен е и контактибилен. Се уште не е ставен на апарати, но се очекува во текот на овие 24 часа да се јават дополнителни компликации кои се јавуваат кај вака висок степен на комбустија, изјави директорот на болницата Камиловски.

Според портпаролот на МВР, Иво Котевски, работниците сечеле големо парче железо, но при работата настана силна експлозија а голем дел од железото летнал и паднало во близина на скопската населба Бутел. Од МВР ги отфрлаат информациите дека можеби се урнал авион или друго беспилотно летало,како што сведоците на експлозијата утрово се сомневаа.

Помошник-генералниот директор на Макстил Нове Георгиевски потврди дека утрово околу осум часот во делот „Челичарница“ се случила експлозија на тело кое имало експлозивно полнење при што е тешко повреден работникот Димо Пигуловиќ.

- Најверојатно се работи за направа експлозивно тело кое имало експлозивно полнење, изјави Георгиевски.


Утринската експлозија ги вознемири скопјани. Жителите од населбите што се во близина на фабриката во паника јавуваа дека виделе голем чад на небото. Некои од нив помислиле дека паднал авион или ракета.

- Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница.

И од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се во воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Екипи за антитероризам од МВР се на терен и го испитуваат случајот. Интервенирале и од противпожарната бригада.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:48
Ако пред експлозијата имало звук сличен на оној како од борбените авиони , нема шанси да биде експлозија на БОЦА во ЖЕЛЕЗАРА

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:49
Па што е според тебе?


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:52
      

3 км. високо како ракета летало парче од експлозијата, пазете 3 км. висоКо боцата ли ке лета..........ццццццццццццц, ЈАС НЕ ЗНАМ ШТО БИЛО НО БОЦА ЗНАМ ДЕКА НЕ Е

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:55
Ама кој рече дека е боца?
Веројатно и било ракета, која некако „“се провлекла“ низ контролите како старо железо, бар така кажаа. Но и да е така, срамота голема. Ете колку е безбедно, од топилница за метали да летаат ракети кои може да паднат било каде.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 14:57
ЦИТИРАМ од А1.
Blagoja од Skopje на 04.05.2010 во 10:32 напиша:
Ne e mozno da se raboti za eksplozija, bidejki sabajlevo koga, odev nakaj rabota go vidov vo vozduhot. Bese letacki objekt definitivno, letase visoko i bese zapaleno, naednas pocna da pagja i se izgubi od vidikot. Spored mene se raboese za meteor.

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:00
Вестите се многу контрадикторни, експлозијата беше во 7:55 и до сега, комај 15:00 ништо не е дефинитивно и конечно. Но најдени се метални изгорени остатоци што сепак кажува дека не се работи за метеор. Освен тоа, не е случајно “истовремено“ да се случи експлозија во железара и да се повредат работници.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:00
како може таа ај ракета да паѓа од каде беше запалена од работникот во ЖЕЛЕЗАРА, значи на исто место паѓала

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:02
Да бе, колку сме гладни за сензации не е чудно и некој марсовец да пронајдат во близина...смеење




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:08
Да да дојдоа МАРСОВЦИТЕ да ни ги решаваат проблемите

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:12
Не дај боже тој неидентификуваан објект да паѓаше во некоја куќа , па после ова ќе беше навистина катастрофално

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 15:16
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

како може таа ај ракета да паѓа од каде беше запалена од работникот во ЖЕЛЕЗАРА, значи на исто место паѓала


Епа не е баш на исто место. И сведоците кажаа дека прво виделе како нешто излегува од фабриката, па лета па паѓа.
Се работи за несреќа-но кој ќе ја сноси одговорноста, какво било тоа тело, зошто експолодирало и како се провлекло, тоа допрва ќе се испитува.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:14
Тој објект што летал е од Железарницата каде што топат старо железо.
Работникот сечејки стара бомба(проектил ) од топлината се активирал, свртил неколу кругчиња околу железара и плоетал во вис. Паднал негде во населбата Бутел и за среќа не повредил никого.
Работникот од Железара е тешко повреден со опекотини од 60%. Господ нека му е напомош.
Ова ми го кажа денеска во 7часот некој што работи  таму вотој погон каде се случило ова. Јас си мислев дека ме заебава ама кога ми раскажа какво ли све старо железо доаѓа за топење језа ме фати.
Старото железо (вкл. бомби проектили и такви убавини) воглавно доаѓа од Косово Србија или Бугарија


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 01:38
Не да делам памет....ама од експлозив не може ништо да полета така и толку високо без притоа да се распрсне (да експлодира) .....
така може да летне , само ако е полно се течно гориво....мазут или керозин....


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 11:10
НЛО, летечки објекти :-D и ред други рабојќе...што не ќе чуеш...
Наредно очекував да кажат дека и Исус ќе дојде во Македонија.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 11:28
Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:

НЛО, летечки објекти :-D и ред други рабојќе...што не ќе чуеш...
Наредно очекував да кажат дека и Исус ќе дојде во Македонија.
da da

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 17:16
Руска ракета било.Но старо железо.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 20:58
Па што сакавте вие да биде? Американски " Tomahawk"???
Ви пишав убаво од каде доаѓа тоа старо железо во Железара само заборавив да ви напоменам дека многу често знае и радиоактивно да дојде..
Ама кој има време такви ситници да проверува кога све е зафатено со спомениците.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 23:44
Дел од руска ракета - земја воздух, од типот Нева-М, вчера експлодирала над скопската Железарница, покажале првичните анализи на одделот за антитероризам и крим техника. На парчето пронајдено кај северната капија во Железарница пишувало „заправка ваздуха“.
Голема среќа имал Пагуловиќ што во неговите раце не бил делот од Нева-М, со барутно полнење, тогаш велат познавачите, ќе било опасно не само по животот на работникот, туку разорната моќ би можела да ја срамни фабриката со земја.


-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: ajpogodi
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 13:17
Јас лично го видов леталото,сабајле околу 8 часот.Наеднаш додека седев на тераса, видов како паѓа нешто со голема брзина и светкаше додека паѓаше,отпрвин помислив дека е сигурно некој мал метеор кој паѓа и согорува,но,откако падна се крена чад,поентата е дека чадот кој го испушташе зад себе беше како да бил испукано од земја (во кружен лак)но,да беше од небо би се влечел димот во вертикала (од горе па надолу) а не криволиниски,што значи не е паднато од небо


Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 19:03
koj be lud,..voopshto i lpomislil da chachka bilo koj del od ,..proektil , bomba,...k*rshum,...a , ne pak da go sechesh...изненадувањезбунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk