|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <1234 14> |
Автор | |
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: полица
за компакт дискови
Пред да почнеме со опишување на изработката, на сликата ќе ја прикажеме скицата на полицата каде сите димензии се во сантиметри. Сите делови од кои е изработена оваа полица се стари остатоци од дрвенарија. Позадинската плоча порано била странична плоча од ормар, материјалот е иверица со дебелина 18 мм, додека предните плочи се од медијапан, со дебелина 18 мм.
Прво ќе почнеме со спојување на предните плочи (од медијапан), при што прво се ги стегнеме со стеги, а потоа ќе ги зашрафуваме. Употребуваме шрафови со димензија 45x4 мм, бургија 3 мм. Медијапанот понекогаш знае и да испука кога се дупчи од бочна страна, па поради тоа треба да се внимава дебелината на шрафот да не биде многу поголема од дебелината на употребуваната бургија. Пред да го зашрафиме, секој шраф се потопува во лепило за дрво. Потоа фарбаме, со три раце бела основна и три раце светло сива боја.
Потоа задната плоча (иверката) фино ја брусиме и ја боиме со бела основна боја една рака и со бело-кафена три раце. Следи спојување на тие две плочи. Користењето на стеги практично е неизбежно, а употребуваме шрафови 6x70мм, бургија 4,5 мм. На крај, следи монтирање на полицата на ѕид. Употребуваме типли Ø10 (10x50 мм), шест шрафа (три од лева и три од десна) кои се со димензии 6x70мм и со нешто пошироки плочи како подлошки На тој начин добиваме полица која лесно се изработува и може да прими 354 CD-a. |
|
Mramoren
Сениор drtiot Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 434 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nisto ne mozam da napravam sam, zimi majka sum, kako fanat sum vo raceto i nozete
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a, zoshtoda se machite,....koga jas mozam da vi ja napravam?
samo "zvrnete",....i tolku ! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Napraviv cela spalna soba pred 3 godini...komplet...posle dolgo planiranje , merenje i premeruvanje...I zastediv 200 e ...Dva ednokrilni , eden dvokrilen ormar, agolen ormar ( tie se do plafon), komoda, dve natkazni, i lezaj...abe majstorce......doduse napraviv i dve pomali greski, ali ko za prva e super....
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... Нешто навистина интересно .... и лесно .....
.... направи сам .... Собна Фонтана ....
Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој.
Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, еве како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија. Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.
Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.
За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад...
Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.
Посадете ги растенијата...Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото...
Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво. ...
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...дете!за машко потребно е малку повеќе труд,одрекувања од многу нешта...фантазии..можеби и совет..ама вреди да се проба.мене ми оди од рака...
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом. Потребни работи:
Начин на изработка: |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
висечки полици Доколку ви се допаѓаат овие полици, може и вие самите да ги изработите и да ги поставите во вашата дневна соба, кујна, детска соба или друга просторија.
Потребни материјали и алати: • коноп - со должина околу 10 m и дебелина околу 2 cm;. • дрвени типли – се купуваат готови, а може и сами да ги изработите со должина околу 5 cm;. • даски – треба да имаат димензија 70 x 30 cm, 4 парчиња од масивно дрво; • боја за дрво и четка; • метална кука. Постапка: На даските кои ќе послужат како полици треба да се издупчат 4 отвори, кои треба да бидат доволно широки за да може непречено да пројде конопот. Доколку сакате може да ги обоите во боја по избор. Со остри ножици исечете две парчиња коноп со претходно измерена должина. Откога ќе го провлечете конопот низ отворите, на краевите врзете цврсти јазли. Измерите го растојанието меѓу полиците, па провлечете низ конопот типли кои ќе овозможат полиците да стојат хоризонтално. Кога полицата е готова, треба на ѕидот да се постави метална кука која ќе биде доволно голема за да ја држи полицата со предметите кои ќе бидат поставени на неа. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kако да направите јајце-срце Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непишано правило е на жените секогаш да им останува барем по малку неискористен лак во шишенце. Некогаш тоа е многу повеќе отколку што мислите, па ако веќе не ги користите за боење на ноктите, употребете ги за неколку забавни и уникатни проекти. Создадете уникатен дезен на саксиите за цвеќе Обичните алки обојте ги во повеќе бои и создадете интересна шара како на фотографијата Потполно изменете го изгледот на летните сандали Еднобојниот прстен претворете го во накит со силни бои Направете шарени магнети од капачиња и лак за нокти Освежете ги платнените патики Направете неодоливо дно на чашите за ликер Плик чантите пропрскани со неонски бои се вистински летен хит Направете апстрактна уметност со лакот за нокти Декорирајте ги летните вазни за цвеќе
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес постојат многу освежувачи за простор, но сте се запрашале некогаш дали се тие сосема безопасни и здрави кога ги вдишуваме? Разните спрејови содржат хемикалии кои би можеле да му наштетат на вашето здравје. Оние кои страдаат од астма, посебно би можеле да бидат погодени од овој проблем, во вид на појава на алергии, главоболки па дури и депресија! Токму затоа, еве пар совети како сами да си направите природен, пријатен освежувач за простор. Природни масла Користете мирисни масла како освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од вашиот омилен мирис на природно масло, помешајте го со пола шолја оцет и две шолји вода. Течноста исипете ја во сад со распрснувач и ете ви природен освежувач! Цветни екстракти Вашиот омилен цветен мирис претворете го во освежувач на вашиот дом. Како? Земете ливчиња од некој свет (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура околу 30 минути. Процедете ја водата и сипете ја во шишенце со распрснувач. Оставете да се олади, а потоа напрскајте низ просторот. Зачини Земете по една лажица од вашите омилени зачини како цимет, кардамон, каранфилче и слични и провријте ги во вода на висока температура од 20 до 25 минути. Сипете во шише со распрснувач и нека вашиот дом замириса на Индија. Свеќи од пчелин восок Не одете во супермаркет за да набавите скапи мирисни свеќи. Направете си сами од пчелин восок, бидејќи тој емитува мек мирис и го освежува просторот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уредувањето на домот не мора секогаш да биде скапо и напорно, особено ако во изработката на декорациите ги вклучите вашите десет прсти. Деталите како на пример завесите сликите, огледалата и ламбите за час ќе го освежат наједноставниот простор, а на вас останува да бидете креативни. Еве како од една жица, една фасонка и инка да направите најоригинален лустер во боја. Материјал за изработка:
Постапка:
Совети: Постојат разни бои на приклучоци за сијалица, а најчесто се користат белата и црната. Одберете ја онаа што подобро ќе се вклопи со бојата на жицата. Жици има во најразлични бои така што можете д аја одберете онаа што најдобро се вклопува со вашиот простор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |