|
ЦАР САМОИЛ |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 50> |
Автор | |||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Comitatus Има една дилема . Хан Борис христијансвото го примил од Константинопол , неговиот син е познат во историјата како “ полугрк “ , па прашањето е , зашто е на латински ? |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тие уште од времето на Атила биле под Латинско влијание,само не сакале да бидат составен дел на Римската империја инаку најголемите платенички одреди се баш од таканаречените Вулгарни,Барбарски племиња
|
|||
eptendosadno1
Сениор ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па незнам , ако Никола , таткото на Самуил бил поданик на Петар , бугарскиот Цар , не е логично титулата со примена на етимологија да дознаеме дека истата има латински корен . Изменето од eptendosadno1 - 21.Април.2010 во 14:51 |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Докажано е дека Самоуил бил христијанин, тука нема поговор. Би додал дека религиската одереденост неможе да ја одреди и етничката. Многу Папи го прифатиле католицизмот, многу Евреи во Шпанија, Португалија, Холандија... за да се спасат од прогоните ја прифаќаат католичката вера. Дали имињата се од Стариот или Новиот Завет воопшто не е битно од причина што добро се знае од каде потекнуваат двата завета, од кого и која е основата за истите. Прашањето се однесува повеќе на тоа дали Самоил е од ерменско потекло? Се смета, но не е сигурно потврдено. Врз основа на тоа сметам дека некои работи би требало да се земат во предвид при утврдувањето на неговото потекло. По потекло е од Ерменија, која во тоа време велгувала во склопот на Хазарсиот Каганат. Илјадници Ашканази Евери се населуваат на териториториите на хазарскиот каганат, а на нејзината територија доминирале трите религии, христијанството, јудеизмот и исламот. Дали имињата на браќата се чиста коинциденција? Хазарите се сметаат за турска група на народи, како и Бугарите. Дали бугарската историографија игра на таа карта, штом го прави Самоила етнички Бугарин? Дали Бугарите во суштина се Хазари? Зошто во Визнатија имало најмногу Императори кои се од ерменско потекло? |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво Борис склучил сојуз со Лудвиг Германски во 862-863г. и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа... ...Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во Ватикана. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патриарх. Во 867 год. нови бугарски пратеници се дојдени во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патриарх. Папа Николај I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адриан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови... Борис І Што чудно има? Пет години работите са били на кантар (или кон папата или кон константинополскиот патриарх). Латинците са наричали "комитати" бугарските воено-административни области. Вероjатно самите Бугари не са ги наричали така, но под латинско влиjание са возприели тоа название. Комитат |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како и да е смешно е да се тврди дека Самуил има ТуркоМонголски корен или дека било како е поврзан со Дуло родот.Самуил е друга сосема различна приказна во историјата која Бугарите со двете раце сакаат да ја дограбат
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во тоа време религиската припадност е клучна, не националната, затоа што да се говори за постоење нации не може. Во однос на тоа дека многу Папи го прифатиле католицизмот, чинам дека си грешка, затоа што услов да се стане Папа е личноста да е Католик и да е од машки пол. Во однос на Христијанството на Самуил, да, тој е Христијанин, но се поставува прашањето дали, доколку е Ерменец, тој е Православен Христијанин или пак е дел од Ерменската Црква, која е дел од ориенталните Цркви, кои пак се монофизитски Цркви. Тоа и ми беше целта на постот погоре во кој ги споменав и Халкедонскиот Собор, каде дошло до разделба меѓу Ортодоксната Црква и Ерменската Црква. Ако Самуил бил припадник на Ерменската Црква, а следствено на тоа монофизит, ниту Рим, ниту Охридската Црква немало да го крунисаат, затоа што на Соборите Рим и Цариград застануваат против монофизитите и нивното учење, па и се разделуваат од Ерменската Црква. |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно, религиската припданост ќе сотане доминантен критриум во нардните 8-9 века. Ѓаурот ќе си остане ѓаур се до 19 век. Моја гешка, сигурно треба прво да бидеш католик пред да станеш Папа. Мислев на луѓе со еврејско потекло кои станале Папи. Ерменците го прифаќаат христијанството во 301 година. Одвојувањето на Ерменската Црква се случува по четвртиот севселенски собор, некаде во средината на 5тиот век. Официјалната поделба во христијанската вера се случува во 1054 година, значи 40 години по Самоила. Може слободно да се заклучи дека тој бил христијанин, без разлика дали бил со ерменско потекло. На крајот на криштата тој е роден на овие простори. Неговото крунисување му е оспорено од Констатинопол, а за истото бара благослов од Ватикан. Свесно избегнувам да користам современа терминологија, односно да му ја одредам некому националноста. Тоа е понов феномен и нема никакво историско значение, посбено кога зборуваме за средновековието. Но, сепак може да се зборува за некаква етничка припадност, за дел од некаква група на луѓе кои имале слични карактеристики од која подцна ќе се изродата современите нации. Па нели се обидуваме да го откриеме неговото потекло, па велиме дека е од ерменско потекло?! Ја се прашувам само да не е Ашканази Евреин, сепак можеби потеклото му е од тој дел на светот?! Изменето од Platenik - 21.Април.2010 во 16:46 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Според византискиот историчар Теофан, Павликjaните се преселени од Ерменија во Тракија во 747 година. Подоцна, во времето на императорот Лав V Арменец, императрица Теодора и цар Василиј I, се вршат нови преселби на Павликjaни. Последната голема преселбата е во 970 година, кога во регионот на Филипополис (денешен Пловдив) се населиле 200 000 Ерменци-тондракити (види В. Джурас во линковите). Според американската византоложка Н. Гарсоjaн, овие Ерменци се потомци на Павликjaните кои биле преселени во Сирија по падот на Павликjaнската држава во 871 година, а Тондракитите се следбеници на павликjaнството во Ерменија (види во линковите Paulicians). Некои истражувачи сметаат дека Рипсиме (типична ерменско име) или на латиница Hripsime, мајката на цар Самуил е од виден павликjaнски род.
Павликjанство Изменето од чоли - 21.Април.2010 во 17:03 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1. Тоа што го соопштил Асохиг не е возможно, зошто комитопулите се познати многу време пред Василиј Втори. Мајката Рипсимија може и да била Ерменка, но таткото Никола во никој случај. Тој бил комит, а не е возможно некој да дојде од Ерменија и одма бугарскиот цар да му даде да управува со дена од областите во своето царство. 2. Ана Комнена јасно пишува дека Мокрос е човек, а не е област, значи верзијата на д-р Бранко Панов е неверодостојна. Што ќе каже докторот ако името Кромос било преиначено од Ана Комнена и предадено како Мокрос? |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зашто да неможе,баш спротивно многу е веројатно дека му е дадено да управува но со присила бидејки Бугарите се во војна,ако не си заборавил
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сети ме на некоj Ерменец со лично име "Никола"? |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па во моментов Никола Пашинијан само ми паѓа на памет,знаеш новинарот на Ерменија тајмс што беше осуден на затвор
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па и тоj е Бугар со поарменчено име - унук е на Бугаринот Никола Пашич |
|||
Внеси реплика | страница <1 2526272829 50> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |