|
Изворни христијани, нивно основање и учење |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | |||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne prisvojuvaj nesto sto ne e tvoe tuku im pripadja na site...sega ako sakas da zboruvame so fakti ... Dali godinite 1730 ili 1920 ti znacat nesto ili da ti ja osvezam memorijata??? |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не реков дека присвојувам, јас се декларирам и живеам како Христијанин, а Црквата Христова е изградена токму од верници. Не е Црквата само моја, туку на сите кои веруваат и живеат според принципите на Основачот. Не можам да се сетам ниту на еден голем настан кој се случил во текот на овие години. |
|||
Вера, надеж, љубов
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А ти сакаш да кажеш дека не е апостол и дека не е свет? |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистинските изворни Христијани непрекинато си го знаат својот историски континуитет, што е доказ дека Црквата Христова опстојува низ вековите, без никакви вакуум простори. На овој ден се споменува Св. Артемон, епископ Селевкиски.
Овој свет човек беше роден и живееше во Писидиска Селевкија (Мала Азија). Тој беше благочестив и доблесен, поради што светиот апостол Павле, доаѓајќи во Селевкија, го постави св. Артемон за прв епископ на овој град, како најдостоен. Свети Артемон мудро го раководеше своето стадо што му беше доверено и стекна слава како утешител на сиромашните и угнетените. Свети Артемон умрел во длабока старост. Св. Апостол Павле ---------------> Св. Артемон, епоскоп Селевкиски |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистинските изворни христијани имаат поголем историски континуитет од 43 години и немаат вакуум простор од околу 19 века.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
19 veka ????? |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чинам посочуваш на МПЦ. Жалам што ќе те разочарам, ама Црковниот живот во Македонија потекнува од првите векови на Христијанството, не според рекла-кажала и "историските страници" како вашата веронаука, каде историските извори треба да си ги замислиме самите, туку според историската наука. Верувам си слушнал за Охридската Црква, што е сосема доволно, не ви навлегувал понатаму, за тоа се учи во шестто одделение. А колкав е континуитето на вашата Црква во Македонија? Од распадот на социјализмот наваму? Од кога е регистрирана? |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брат ми, Христос Воскресе!!! Хммм, интересно ти е прашањето: Кога е регистрирана првата „изворна“ црква на ЕвАнгелос во Македонија? Има цел регистар на верски заедници во Македонија, а „изворна“ црква не се ни спомнува. Значи, или „изворните“ се само една обична секта која никој не ја ни рецка дека постои, или пак „изворните“ лажно се кријат под името „изворни„, а всушност се баптисти, евангелисти и остали протестанти. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изворните Христијани, чија изворност е историски потврдена, денеска си спомнуваат на неколкумина свети апостоли од Седумдесетмината.
Еден од нив е светиот апостол Состен. Вистинските изворни христијани знаат дека овој свет апостол, пред да се обрати, беше началник на Коринтската синагога. Апостол Павле го преобрати во Христијанството и го направи свој помошник во работата. Обарќајќи и се на Црквата во Коринт, апостол Павле праќа поздрави од двајцата: „Од Павла, повиканиот апостол во Исуса Христа по волја Божја, и од братот Состен...“ (1 Коринт. 1:1). Потоа, св. апостол Состен беше ракоположен за епископ на Колофон (Мала Азија). Во Делата Апостолски се спомнува и светиот апостол Аполос: „А некојси Евреин, по име Аполос, родум александриец, човек благоглаголив и мошне упатен во Писмата, дојде во Ефес. Тој беше поучен во Господовиот Пат, и со својот распален дух зборуваше и поучуваше точно за Исус, иако го знаеше само Јовановото крштавање. Тој почна смело да говори во синагогата, а кога го чуја Присцила и Акила, го зедоа при себе, и му објаснија подетално за Божјиот Пат. Кога сакаше да замине за Ахаја, браќата го охрабрија и им напишаа на учениците да го примат. Штом пристигна, многу им помогна на оние кои беа поверувале преку благодатта; зашто тој силно и јавно ги побиваше Евреите, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.“ (Дела 18:24-28). Св. Аполос многу му помогнал во проповедта на апостол Павле. Св. апостол Павле зборува за раширувањето на Христијанството меѓу Коринтјаните: „ Јас посадив, Аполос поли, но Бог направи да израсте.“ (1 Коринт 3:6). Св. Аполос подоцна беше ракоположен за епископ во Смирна (Мала Азија). Светиот апостол Епафродит беше придружник на апостол Павле, кој праќајќи го кај Христијаните во Филипи, зборува за неговата ревносна работа на полето Христово: „... Најдов за потребно при вас да го испатам братот Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои, бидејќи тој копнееше да ви виде сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари жал врз жал. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видете пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален. Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте, бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот жибот, за да го пополни недостигот на вашата служба кон мене.“ (Филип 2:25-30). Св. Епафродит беше епископ на Адрианиум (Италија). Вистинските изворни христијани, покрај Светото Писмо, во обзир ја земаат и историјата на Црквата, која е дел од Светото Предание на Црквата. Она Предание кое го спомнува апостол Павле во своите совети: 2 Солунјаните 2, 15 И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание. 2 Солунјаните 3, 6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас! Токму од тоа Свето Апостолско Предание, вистинските изворни христијани знаат каква била улогата на овие апостоли кои денеска се споменуваат. Св. Апостол Павле -------------> Cв. Aпостол Состен Св. Апостол Павле -------------> Св. Апостол Акила и жена му Прискила -------------> Св. Апостол Аполос Св. Апостол Павле -------------> Св. Апостол Епафродит Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 05:21 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изворните Христијани, чија изворност е пред се библиски, а потоа и историски потврдена, денеска си спомнуваат на неколку од Божјите заповеди дадени преку светиот и од Бог повикан апостол Павле:
"избегнувај од нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност!" (Првото писмо на апостол Павле до Тимотеј 4:7, Библијата) "Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа." (Првото писмо на апостол Павле до црквата во Колос 2:8, Библијата) Изменето од EvAngelos - 12.Април.2010 во 10:05 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова ме заинтригира. Велиш: „историски потврдена“. Добро е тоа тврдење, само, има еден мал проблем - каде може да се види таа историска потврда? Ако сакам да прочитам за некој изворен христијанин од 5-ти век, или од 12-ти век, каде можам да прочитам? И уште нешто, вистинските изворни христијани ги знаат историските податоци за христијаните кои се само по име спомнати во Светото Писмо, а за кои нема никакви информации во истото за нивниот понатамошен живот. Ме интересира, што се случило со следните личности кои се спомнати: Дела Ап.6:5 И предлогот му се допадна на народот, па беа избрани: Стефан, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, прозелит од Антиох. Како тие живееле? Каде проповедале?... ЕвАнгелос, се надевам дека ќе добијам одговор од тебе, затоа што велиш дека историски е потврдена „изворноста“ со која што се декларираш. Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 12:41 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изворните христијани се држат исклучиво до изворното христијанство, проповедано од Христос и апостолите, запишано во Божјиот Збор - Библијата.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Izvornosta e bibliska ??? Pa nemoj sega da odime istoriski i da ispadne deka ne e taka ... |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ами што стана со „историската потврда“ кога не знаеш на едно просто прашање да одговориш:
|
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |